Фудбалерите на Башкими и Вардар во понеделник ќе го затворат осмото коло од новата сезона во Првата македонската фудбалска лига, во натпревар кој што ќе се одигра во Куманово. Врз основа на писменото барање од страна на Kомисијата за Hатпреварување, Фудбалската Федерација на Македонија токму овој дуел го прогласи со голем ризик. „Ве молам во врска со првенствениот натпревар да преземете мерки согласно вашите овластувања. Клубовите да ги ...

Европа и САД ќе работат заеднички за да ги вратат дома исчезнатите деца од Украина и да ја ублажат нивната тешка положба, изјави доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк. „Имав добра дискусија со претседателот Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН. Разговаравме за агресијата на Русија врз Украина. Се согласивме за потребата од брзо ...

Тренерот на Тотенхем, Томас Франк се залага англискиот репрезентативец Хари Кејн да се врати во Тотенхем. Тој е играч на Баерн Минхен, а се шпекулира дека во неговиот договор постои клаузула за која имаат право да го откупат за 57 милиони на крајот од сезоната. Со тоа се разгори мечтата на фановите на Тотенхем да го вратат назад својот некогашен прв голгетер, кој сега е одличен во Баерн Минхен. Неколкупати имаше шпекулација за негово враќање ...

Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си, му одговори градоначалничката Данела Арсовска на премиерот Христијан Мицкоски чија партија ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа за кандидатка за градоначалничка на Локалните избори 2021. Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за натрупаното ѓубре во Скопје, кажа дека досега десет пати се извинил што ја поддржал кандидатурата на ...

Народна банка не ги утврдува каматите и стапките на кредитите и одлуката е објавена во Службен весник. Банките имаат цели два и пол месеци за подготовка и очекуваме да се придржуваат на таа одлука од аспект на тоа што е во надлежност на Народна банка во регулирањето на учеството во однос на месечната рата на кредитот и она ограничување што се однесува на висината на сопственото учество и вредноста на имотот којшто станува залог, истакна ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска во Обединетите нации во Њујорк, ќе има средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Како што јави известувачот на МИА, средбата е во рамки на работната посета на претседателката на САД и учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН, на кое обраќање ќе има во текот на утрешниот ден. По средбата со Гутереш, Сиљановска – Давкова, во Постојаната мисија на ЕУ во Њујорк, ќе ...

Листата на лекови ќе биде ревидирана два пати годишно и ќе имаме нови лекови. При крај е една од процедурите и се надевам дека набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Тој посочи дека веќе има прв чекор, има нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови” и преку него ќе се ...

Светската здравствена организација (СЗО) денес изјави дека во моментов нема убедливи научни докази што ја поддржуваат можната врска помеѓу аутизмот и употребата на парацетамол за време на бременоста. Во соопштението на СЗО, објавено од Ројтерс, се наведува дека во моментов не постои конзистентна врска помеѓу аутизмот и употребата на парацетамол. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно го поврза аутизмот со употребата на вакцини во ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствува одговорност што на минатите локални избори ја поддржал актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска. Мицкоски ова го кажа како одговор на новинарско прашање за тоа дали се чувствува одговорен за хаосот со ѓубрето во Скопје. Прашањето поточно гласеше „дали се чувствува одговорен за екоцидот што му се случува на градот“. Мицкоски не даде одговор, туку наместо тоа повика „невладините ...

Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините. За оваа точка се поднесени три инцијативи. Првата е поднесена од Скендер Реџепи кој наведува дека оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи според него, Владата без законско овластување ја донела Одлуката со која е утврден бројот на членовите на советите во општините. Во ...

По срамната одлука за докторката од Онкологија треба да се стави крај на судството кое функционира во полза на дружината предводена од Филипче, а не се грижи за основните човекови права, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава: „Судството секојдневно само вади докази во јавноста дека работи исклучиво по насока на Зоран Заев и неговата дружина, во која е Венко Филипче и дел од раководството на СДС. Последен во низата докази е ...

Се надевам дека дел од приватните високообразовни установи кои навистина не ги исполнуваат условите самите ќе пристапат кон затворање, ако не ние ќе ги затвориме – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска еден ден откако МОН привремено го затвори приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје. Говорејќи за Факултетот за бизнис економија, кој постои од 2011 година, Јаневска рече дека функционирал релативно добро до 2022 ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која меѓудургото ќе се одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември. На изборите ќе учествуваат речиси ...

Дел од патот се урна утрово пред болницата Ваџира во главниот град на Тајланд, Бангкок. Дупката беше долга 30 метри, широка 30 метри и длабока 50 метри. За среќа, никој не е повреден, објави „Бангкок тајмс“. Soil rushing into an underground subway tunnel, possibly triggered by a burst water pipe, is being investigated as the cause of a massive road collapse on Samsen Road in Bangkok’s Dusit district, which forced the evacuation of Vajira ...

Паралелно со пристапните процеси на кандидатите за членство во ЕУ, самата Унија мора да ги спроведе неопходните внатрешни реформи со што ќе стане поинтегрирана, поефикасна и подемократска, помалку ќе се придржува до консензусот при носење и ќе обезбеди посилна улога на Европскиот парламент. Ова се наведува во Извештајот за институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, што синоќа го усвои Комитетот за уставни прашања на ...

Арапските земји повикаа на итен прекин на она што го нарекуваат геноцидна војна на Израел во Појасот Газа, која е на прагот да влезе во втората година. Кувајскиот престолонаследник, шеикот Сабах Халед Ал-Хамад Ал-Сабах, зборувајќи во име на земјите од Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), на отворената седница на Советот за безбедност на ОН, изјави дека состанокот се одржува во време на едно од најтемните поглавја од трагедијата во Газа. ...

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ. Во него се додава: „За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден. Наместо ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на територијата на Северна Македонија во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворено. Од нив, три се активни, три се под контрола, а 23 се веќе изгаснати. Активен пожар има во Општина Гевгелија, на планината Кожуф каде гори букова шума. Се уште гори и во Општина Македонски Брод, над селото Бенче, на планината Добра Вода, каде пожарот има зафатено ...

Полскиот претседател Карол Навроцки синоќа, во своето обраќање на првиот ден од дебатата на Генералното собрание на ОН, изјави дека неговата земја ќе биде подготвена да ја брани својата територија, по неодамнешните упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на членките на НАТО и ЕУ. „Полска секогаш ќе реагира соодветно и е подготвена да ја брани својата територија. Полскиот народ и земјите од Централна и Источна Европа нема да се ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа го посети скопското село Страчинце, каде што се сретна со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина. Меџити, информираат од неговиот кабинет, ги информираше жителите дека министерството со кое раководи донело негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на ...

Рехабилитацијата на Ламин Јамал поминува подобро од очекувањата и тој ќе се врати во тимот за неделниот натпревар против Сосиедад. Многу веројатно на тој меч нема да биде дел од стартната постава, но ќе добие минути во второто полувреме, како загревање за она што следува – дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите идната недела. Јамал сезонава одигра само три од шесте досегашни меча на Барселона, последниот од нив пред репрезентативната пауза, ...

Семејството на починатата Теодора Ристовска е незадоволно од одлуката на Апелацискиот суд во Гостивар, кој ја потврдил пресудата на Основниот суд во Тетово со која Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за смртта на девојката. Во писмо до јавноста, семејството Ристовски ја оценува пресудата како „срам за правдата“ и „подбив“ за животот на нивната 22-годишна ќерка. Тие истакнуваат дека наместо вистинска правда, добиле „минимализирање ...

Еурофарм Пелистер соопшти дека сите влезници за денешниот натпревар против данскиот тим ГОГ Гудме, се целосно распродадени, а во Битола владее голем огромниот интерес за овој важен натпревар. Се очекува неверојатна атмосфера во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а Гудме ќе биде на мака во салата со единствен ракометен амбиент, а на ова ќе ја додадеме и прославата на 40 години “Чкембaри“. Победа против ГОГ Гудме би значела нови ...

Супер тајфунот Рагаса, најмоќниот тропски циклон во светот за оваа година, денеска стигна до Хонгконг со силни ветрови со сила на ураган и обилни поројни дождови, пренесува Ројтерс. Тајван од понеделникот е погоден од Рагаса, што резултираше со смрт на 14 лица, а за исчезнати се водат над 100 лица. Super Typhoon Ragasa is expected to make landfall in China after bringing torrential rain and damaging winds to parts of Taiwan and the ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и други земји ѝ понудиле на Русија разговори на лидерско ниво, вклучително и во Казахстан, објави „Фокс њуз“. Во интервју за „Фокс њуз“, украинскиот претседател рече дека е подготвен да се сретне со лидерот на Кремљ Владимир Путин, каде било – но не во Москва, како што претходно предложи рускиот претседател. „И тимот на Трамп, мојот тим, Европејците, вклучувајќи го Макрон и ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Минималната температура ќе биде од 7 до 14 степени, а максималната од 28 до 33 степени“, велат оттаму. И во Скопје ќе биде топло со мала облачност. „Минималната ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 33 степени“, пишува во прогнозата на синоптичарите. Во четврток ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се обрати на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Трамп, кој пристигна во ОН во придружба на неговата сопруга Меланија, на почетокот од својот говор рече дека поминале шест години откако последен пат се обратил на Генералното собрание на ОН. Тој веднаш ја критикуваше претходната американска администрација, обвинувајќи го својот претседателски претходник Џозеф Бајден за ...

Граѓаните треба да знаат дека суштинската реформа што се бара за судиите и обвинителите е како да се зголеми нивниот буџет. Имам дилема дали и овие плати што ги земаат тие ги заслужуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Сакам граѓаните да знаат дека сите оние таканаречени експерти кога излегуваат и кога ја критикуваат Владата за застој во реформите во обвинителството и во судството, ова е суштинската реформа – како да се ...

Доколку барате здрава алтернатива за кафето која ќе ве разбуди без несакани нуспојави, цикоријата би можела да биде идеалното решение. Овој древен напиток, кој се добива од коренот на растението крес (Cichorium intybus), со векови се користи како замена за кафето, а денес доживува вистинска ренесанса поради многубројните здравствени придобивки. Цикоријата има богат вкус кој потсетува на кафе, со мала нота на јаткасти плодови. Кога коренот на ...

Шпанската влада во вторник одобри „тотално“ ембарго за извозот на оружје кон Израел, дел од пакет мерки насочени кон запирање на она што премиерот Педро Санчез го нарече „геноцид во Газа“. Со декретот се забранува целиот извоз во Израел на одбранбен материјал и производи или технологии со двојна употреба, како и увозот на таква опрема во Шпанија, изјави министерот за економија Карлос Куерпо на прес-конференција. Со декретот, исто така, се ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
85%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.67
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.59
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.58
80%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
97%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
86%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.03

Сребро

2460.50

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Родиум

336779.07

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Злато

159231.39

Бакар

11.69

Кобалт

64.04