Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за план за продажба на американските операции на TikTok на американски и глобални инвеститори, во согласност со законот од 2024 година, кој би ја забранил апликацијата доколку нејзините кинески сопственици не ја продадат. Според извршната наредба, TikTok ќе биде во мнозинска сопственост и контролиран од американски субјекти. Според наредбата објавена од Белата куќа, договорот ...
Доменико Тедеско би можел многу брзо да си замине од клупата на Фенербахче, иако седна на неа пред само дваесетина дена како наследник на Жозе Мурињо. Според информациите од Турција, поразот од Динамо Загреб (3-1) во Лига Европа дополнително ја разниша неговата позиција, која ионака беше оценета како нестабилна. Италијанско-германскиот стратег досега има само една победа на четири натпревари, против Трабзонспор, а управата веќе размислува за ...
Ураганот „Габриел“ се приближува кон Европа, а се очекува да ги погоди Азорските Острови, Шпанија и Португалија. Поради заканата од силна бура, Азорските Острови се на највисоко ниво на тревога. Таму се очекуваат екстремни временски услови во текот на ноќта од четврток до петок. Во центарот на ураганот се регистрираат ветрови со брзина до 200 км/ч, а можни се и торнада, обилни врнежи од дожд и бранови високи до 18 метри. Делови од островите ...
Втора година во низа во Ријад ќе се организира „Слемот на шесте крала“. Саудиска Арабија ќе ги собере најдобрите тенисери на светот на егзибициски турнир со награден фонд од шест милиони евра. Веќе е познат и распоредот за турнирот, поточно паровите. Бидејќи има шест учесници, најдобриот на светот Карлос Алкараз и најтрофејниот на турнирот Новак Ѓоковиќ добија место директно во полуфиналето. Претходно за полуфинале против Ѓоковиќ ќе се борат ...
Меѓународна флотила што носи хуманитарна помош за Газа треба да ги напушти грчките води и да се упати кон палестинската енклава денес, и покрај предупредувањата од Израел дека ќе ги искористи сите средства за да го блокира пристапот на бродовите до воено разорената Газа, објави Ројтерс. Флотилата „Глобал Сумуд“, која е составена од околу 50 цивилни бродови, има за цел да достави хуманитарна помош, но и „да испрати порака на солидарност и ...
Окружен суд во Берлин пресуди дека опозициската партија Алтернатива за Германија (AfD) мора да ги испразни своите федерални простории. Спорот се однесува на канцеларии што AfD ги изнајмува од 2022 година во берлинскиот округ Витенау, објави денес Bild. Откако партијата ги прослави своите изборни резултати во февруари и постави логоа и шатори во изнајмените простории и дворот, сопственикот на зградата, Quercus GmbH, објави итно иселување без ...
Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, посочи дека неговата земја е во војна со НАТО и Европската Унија поради Украина. „НАТО и Европската Унија сакаат да објават, всушност веќе објавија, вистинска војна против мојата земја и директно учествуваат во неа“, рече Лавров. Неговите коментари дојдоа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ја Русија „хартиен тигар“, изрази увереност дека Киев ...
Полската амбасада во Минск упати итен апел до полските граѓани во Белорусија веднаш да ја напуштат земјата со сите расположиви комерцијални и приватни средства, поради евентуално затворање на границите и „други непредвидени околности“. Предупредувањето дојде еден ден откако полско-белоруската граница беше повторно отворена по речиси две недели затворање, објави денес „Варшава во Пигулце“. Службениците предупредија дека границата би можела ...
Според обвинението, Коми дал лажен исказ пред Конгресот во септември 2020 година, кога сведочел за тоа дали дозволил протекување на доверливи информации кон медиумите. Веста доаѓа само неколку дена по повикот на претседателот Трамп до министерката за правда, Пем Бонди, да води поагресивни истраги против неговите политички противници, меѓу кои и Коми, пренесе BBC. По објавата за поднесување на обвинението, Трамп реагираше на својата социјална ...
Поранешниот британски премиер Тони Блер е во преговори да ја предводи преодната власт во Газа доколку се постигне прекин на огнот, објави Би-би-си. Блер, кој ја предводеше Велика Британија во војната во Ирак во 2003 година, учествува во разговори на високо ниво со сите страни за да се стави крај на војната и да се испланира иднината на палестинската територија по конфликтот. Во срцето на најновиот предлог, што го дискутираа американскиот ...
Она што мислам дека треба час поскоро да го направам е да го конституирам советот за дијаспора за да може преку него континуирано да си ги регулираме односите, рече претседателката Сиљановска – Давкова, обраќајќи се на нашинците кои присуствуваа на настанот по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД. – Должници сме кон вас и јас ветувам дека се што можам ќе сторам за да ги интензивираме контактите и за да бидеме ...
Италијанскиот пазарен регулатор денес објави дека им изрекол вкупна казна од над 936 милиони евра на водечките нафтени компании за картелски договор за фиксирање на цените на горивата. Истрагата е покрената врз основа на жалба од информатор и ги вклучува Ени, Есо, Ип, К8, Сарас и Тамоил, додека Иплом и Репсол се ослободени од санкциите, објавува „Соле 24 Оре“. Според соопштението, Ени е казнет со 336,2 милиони евра, Есо со 129,3 милиони, Ип ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да му дозволи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го анектира Западниот Брег, окупиран од Израел, пренесува BBC. Претседателот на САД им рече на новинарите во Белата куќа пред обраќањето на Нетанјаху пред Генералното собрание на ОН во петок: „Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег… Тоа нема да се случи“. Трамп, кој ќе се сретне со Нетанјаху во понеделник, исто ...
Во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум се упатени на Клиниката за пулмологија поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Како што информира министерот за здравство Азир Алиу, според информациите од тимовите на Клиниката за пулмологија, пациентите кои биле упатени на Клиниката имале симптоми на потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите. Во ...
Општина Аеродром поднела кривична пријава против Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ за загрозување на животната средина, бидејќи десет дена не го собирало отпадот на повеќе локации во општината. Поради ова, како што соопштија утрово од општината, работниците од нивното Јавно претпријатие за комунални дејсности во изминатите три дена успеале да соберат 24 тони или 170 метри кубни отпад од домаќинствата во Аеродром, работа која, ...
Изгаснат е огнот во депонијата во скопско Арачиново, каде што гореше поголема количина пакуван сончоглед, информира утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Огнот, како што вели Ангелов, е изгаснат по неколкучасовна интервенција на скопските пожарникари со помош на специјална пена. Додава дека пожарот е целосно изгаснат иако на неколку места сè уште се забележува чадење. Директорот на ДЗС вчеравечер ...
Ханси Флик и Барселона добија тежок удар со повредата на Гави за време на репрезентативниот собир, па самиот германски стручњак се одлучи да проговори за времето на играње на своите млади играчи кои се оптоварени со настапите за клубот и репрезентациите. Тој конкретно зборуваше за случајот со Ламине Јамал, за кого верува дека има премногу „минути во нозете“ и не мора да биде на секој собир на шпанската репрезентација. Па, на тие негови ...
Легендарниот Серхио Бускетс на свои 37 години објави дека ќе ја заврши фудбалската кариера на крајот од сезоната, па Интер Мајами ќе биде неговиот последен клуб во кариерата. Тој и неговиот клуб веќе се квалификуваа за плејофот во МЛС, а тој реши да им ја соопшти својата одлука на сите преку емотивно видео. „Ова се моите последни месеци на теренот. Чувствувам дека дојде време да се збогувам како професионален фудбалер. Речиси 20 години ...
Лидерот на Британската реформска партија, Најџел Фараж, би можел да стане следниот премиер на Велика Британија, според најновата анкета на YouGov. Проекцијата на YouGov, врз основа на примерок од 13.000 гласачи собрани во текот на изминатите три недели, предвидува дека Реформската партија на Велика Британија би освоила 311 од 650 места во Долниот дом, 15 места помалку од формалното мнозинство, објави денес Sky News. Резултатите од анкетата ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе има обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, во рамки на 80. Сесија на ГС на ОН. Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“. Како што јави известувачот на МИА, Сиљановска – Давкова од пленарната сала на Генералното собрание ќе се обрати шеста по ред, а пред неа обраќања ќе имаат претседателите на Тунис, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 16 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 октомври САД ќе воведат 100 проценти царини на увоз на брендирани лекови, 25 проценти царини на тешки камиони, 50 проценти царини на кујнски елементи, додека за тапациран мебел тие ќе изнесуваат 30 проценти. Тој изјави дека новите царини на тешки камиони имаат за цел да ги заштитат производителите од нечесна странска конкуренција и дека овој потег ќе им користи на компании како ...
Училиштата што не нарачале учебници да ги отпечатат и да им ги дадат на родителите, изјави синоќа министерката за образование и наука Весна Јаневска. – На училиштата им рековме да нарачаат учебници, но тие не нарачале. Сега казната е што сега тие треба да им ги отпечатат учебниците и да им ги дадат на родителите. Оние родители кои се заинтересирани, па сами тоа го прават, еве ќе речам, издавачките куќи имаат право 10% од учебниците да ги ...
Шефот на руската дипломатија ги обвини НАТО и ЕУ дека ја користат Украина за водење војна против неговата земја, јавија британските медиуми. Највисокиот руски дипломат оваа забелешка ја упати во синоќешниот говор на маргините на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Британските медиуми пренесоа дека овие негови тврдења официјален Лондон ги оценил како „лажни искривувања од светот на фикцијата“. Лавров зборуваше на ...
Вредности (комбинирано) за Opel Mokka GSE според WLTP: потрошувачка на енергија 18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A Вредности (комбинирано) за Opel Grandland Electric AWD Ultimate според WLTP: потрошувачка на енергија 17.8-18.0 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A На својата светска премиера на IAA Mobility во Минхен пред неколку дена, новиот Opel Mokka GSE предизвика заинтересираност и возбуда. Со својот ...
Обединетите нации денес се соочуваат со геополитички и геоекономски земјотрес што ги тресе самите темели на поредокот изграден по Втората светска војна. Денешните кризи се последица на длабоки тектонски поместувања што ги подриваат принципите што го обликуваа светот изминатите 80 години. Ова денеска го рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на почетокот на нејзиното обраќање на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации ...
Возачот на цистерната со нафта што се запалила претпладнево откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, се здобил со полесни повреди, а во тек е безбедно отстранување на истеченото гориво, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој претходно информираше дека пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите, а пради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин. -Претпладне камион цистерна ...
Претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, повика на прекин на геноцидот во Газа. „За доброто на идните генерации, за да ја исполниме нашата одговорност како човечки суштества, за да се осигураме дека сме на вистинската страна од историјата, мора да го сториме вистинското. Ние не го запревме Холокаустот. Ние не го запревме геноцидот во Руанда. Ние не го запревме геноцидот ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози денес изјави дека е невин и дека одлуката на парискиот суд да го осуди на пет години затвор за учество во криминална организација во случај покренат поради сомневања за либиско финансирање на претседателската изборна кампања во 2007 година е скандалозна. „Оваа пресуда е исклучително сериозна за владеењето на правото. Омразата не познава граници. Ако навистина сакаат да спијам во затвор, ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес им изјави на новинарите во Овалната соба дека Израел и Хамас се блиску до постигнување „некаков вид договор“ за потенцијално примирје. „Имавме одличен состанок пред некој ден во Генералното собрание на ОН и мислам дека сме блиску до постигнување некаков вид договор. Да, сакаме, сакаме да ги вратиме заложниците. Морам да ги вратам заложниците“, рече Трамп, според Си-Ен-Ен. Тој рече дека се сретнал ...