Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Peugeot Македонија ја лансира својата најнова кампања со која на клиентите им нуди повеќе избор, повеќе стил и повеќе престиж. Четири модели ја предводат понудата: градскиот шармер Peugeot 208, најпосакуваниот SUV 2008, динамичниот fastback 408 и хедонистичкиот 3008 – сите достапни по нови цени. Ова е вистинскиот момент да се доживее возењето на Peugeot – комбинација на француски дизајн, напредни технологии и удобност без компромиси. ...
Скопјани на Локалните избори 2025 ќе имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати, од кои само една жена. За 45 советнички места на изборниот натпревар има 19 листи со 855 кандидати, од кои 398 жени. Кандидати за градоначалник на Скопје се Орце Ѓеорѓиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Каја Шукова, поддржана од СДСМ и коалицијата, Драган Николовски, поддржан од група избирачи, како и Сашо Маневски, Зоран ...
Германија, која е позната по заостанувањето во бесконтактните и безготовинските плаќања, наскоро би можела да воведе нова законска обврска, со која ќе се бара од трговците на мало и угостителите да прифаќаат плаќања со картички покрај готовина. Според коалицискиот договор, целта е да се обезбеди слобода на избор за граѓаните: готовината останува законско средство за плаќање, но барем една дигитална опција ќе мора да се понуди заедно со неа. ...
Нема сомнение дека Путин не сака да ја заврши војната, а Европејците треба да се погрижат Украина да остане силна, изјави денес германскиот министер за надворешни работи Борис Писториус. Зборувајќи на Варшавскиот безбедносен форум, Писториус рече дека тековните разговори за мировен договор се во голема мера „неостварен сон“ бидејќи „дипломатските напори не даваат никакви значајни пробиви“, објави Гардијан. „Сето ова остава сомнеж дека ...
Партиите и независните кандидати денеска на првиот ден од кампањата за Локалните избори 2025 започнуват со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања започна денеска и ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври (втор круг 2 ноември). Освен на терен меѓу и со поддржувачите, кампањата е веќе започната и на социјалните мрежи. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изборната кампања за ...
Вчера околу 10:30 часот на крстосница за с.Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола. При преглед во возилото „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, поседувале дозвола ...
Мостот на Големиот Кањон Хуаџијанг, највисокиот мост во светот, официјално е отворен за сообраќај во покраината Гуиџоу во југозападна Кина, објави „Глобал тајмс“. Со овој проект, Кина го потврди својот статус на светски лидер во изградбата на инфраструктура, а Гуиџоу уште еднаш покажа зошто се нарекува „покраина на мостови“. Мостот, со вертикална висина од 625 метри, речиси двојно повисок од Ајфеловата кула, и должина од 2.890 метри, е ...
Украина би сакала да изгради заеднички штит за воздушна одбрана со своите европски партнери против руските закани, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Лидерите на НАТО претходно изјавија дека упадите на Русија во воздушниот простор на Полска и балтичките држави ја тестираат подготвеноста и решителноста на алијансата, додека Киев изјави дека искуството на Украина во справувањето со ваквите воздушни закани би било корисно, ...
Секој оној, кој на било каков начин и во било каква форма има поврзаност со случајот во Кочaни треба да биде изведен пред лицето на правдата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид во градежни активности на улицата „8 Септември“ во Градско. Прашан за коментар за новата сторија на ИРЛ, во која се тврди дека има вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени со обвинението, тој нагласи дека ...
САД го разгледуваат барањето на Украина за купување ракети „Томахавк“ со долг дострел во обид да ги одвратат руските напади, изјави во недела американскиот потпретседател Џ.Д. Венс. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД да им продаваат ракети „Томахавк“ на европските земји, кои потоа би ги испратиле во Украина, објави Ројтерс. Во разговор за „Фокс њуз Сандеј“, Венс рече дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, предводи иницијатива за унапредување на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ и покрај противењето од Унгарија, додека лидерите се подготвуваат за клучен самит во Копенхаген оваа недела. Според петмина неименувани дипломати и функционери, Кошта бара поддршка од европските престолнини за да го поедностави процесот за нови членки и да го прекине застојот околу потенцијалното членство на ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утрово со уште една блокада на крстосницата кај мостот близнак. Од иницијативата и денеска потенцираа дека депонијата е без ограда, повтроно е присутен отпад и недоволно е обезбедена. Од Стоп за Вардариште и денеска потсетија дека биле во посета на депонијата но не им било дозволено да влезат внатре, однадвор виделе противпожарно возило и полициско присуство што обезбедува, само од една страна, а ...
Ние мораме да си ги задржиме врските, да бидеме во постојана комуникација, мораме да си ја повратиме дијаспората, а тоа ќе го сториме преку набрзо формирање на советот за дијаспора, со регистар на луѓето, им порача претседателката Сиљановска – Давкова на македонските иселеници во Детроит при посетата на црквата „Света Богородица“. – Посакувам да бидеме во постојана врска, бидејќи во светот има едно семејство што се вика македонско, а знам ...
Tренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо се соочува со проблеми со повредени фудбалери. Откако претходно беше потврдено дека поради повреда ќе отсуствува Дани Карвахал, сега отпаднал и Едер Милитао. Бразилецот според последните информации не се повредил, но почувствувал непријатност и поради тоа Алонсо го изоставил и нема да патува на долгото гостување. Ова е дополнителен проблем во одбраната каде што надвор од терените се уште: Арнолд, Рудигер ...
Искусниот Ал Хорфорд во новата сезона ќе биде нов стартен центар на Голден Стејт со кој ќе потпише повеќегодишен договор, пренесуваат американските медиуми. Хорфорд наближува кон 40-тата година од својот живот, но нема намера да ги „закачи патиките“ и се очекува да има клучна улога во поранешниот доминантен тим и во годините кои следат. Хорфорд кој во текот на кариерата настапуваше за Атланта, Бостон, Филаделфија и Оклахома носи и шампионско ...
Автомотосојуз на Македонија соопшти дека од 24.09.2025 год. започнaa градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2, обиколница Скопје на км 21+840,00 до км 21+987,00, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во времетраење од 4 (четири) месеци. На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на ...
Најмалку четири лица загинаа, а осум се повредени при вооружен инцидент во Гранд Блан, во американската сојузна држава Мичиген, кога напаѓач со возило влетал во Мормонска црква, отворил оган врз верниците и ја запалил црквата. Напаѓачот, кој е идентификуван како Томас Џејков Санфорд, е елиминиран во престрелка со полицијата. Тој бил воен ветеран, кој од 2004 до 2008 година бил на мисија во Ирак. Санфорд бил жител на блискиот град Бартон. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 13 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 22 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 13 степени, а максималната 22 Целзиусови степени. Во следните денови од УХМР ...
Данска ги забрани сите цивилни летови со беспилотни летала до 3 октомври пред самитот на Европската Унија во Копенхаген, објави данскиот министер за транспорт. Министерството соопшти дека одлуката е донесена за да се олесни безбедносната работа на полицијата, објаснувајќи дека не можат да дозволат странски беспилотни летала да создаваат несигурност и нарушување. Данска, како и неколку други европски земји, пријави голем број инциденти со ...
Преспанското Езеро забрзано исчезнува пред очите на сите. Државата го губи едно од најстарите езера во Европа, кое од ден на ден се повеќе наликува на бара.Ако некогаш површината на Езерото била 284 квадратни километри, сега е само 259. За неколку децении нивото е намалено цели 12 метри. Во туристичката населба Крани, тоа е повеќе од очигледно. Потребно е да се испешачат стотина метри низ езерото, за да се стигне до ниво доволно за капење.Се ...
Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно ...
Неполн месец откако заврши преодниот рок веќе започнаа гласини за новите засилувања на најсилните фудбалски тимови во јануари. Еден од нив несомнено е Реал Мадрид кој според шпанските медиуимe e фудбалерот на ПСЖ. Станува збор за Витиња кој заврши како трет во гласањето на изборот на “Златна топка”. Португалецот и сам покажува интерес Париз да го замени со Мадрид, но за тоа да се оствари ќе биде потребна понуда од над 100 милиони евра. ...
Американецот Тејлор Фриц обезбеди полуфинале на АТП турнирот во Токио, откако го елиминираше сонародникот Себастијан Корда со 2-1, по сетови 6-3, 6-7/5 и 6-3. За Фриц ова е голем успех, особено ако се земе предвид фактот дека на новото рангирање на АТП листата ќе го „прескокне“ славниот Новак Ѓоковиќ и ќе ја заземе четвртата позиција. Американскиот тенисер во полуфиналето ќе игра со уште еден колега од својата држава – Џенсон Бруксби, но ...
Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернадеш беше трагичар во вчерашниот пораз на Манчесстер јунајтед откако не реализираше пенал во 76. минута при резултат 2-1, а на тој начин испиша и негативна историја. Имено, за Фернандеш тоа беше дури седми промашен пенал во перидот од 2020 година наваму со што се израмни со легендата на Лестер, Џејми Варди. Зад португалецот и Варди е Мохамед Салах со пет промашени удари од 11 метри. Инаку, сезонава ...
Со дуелите од Суперкупот „Драган Василов Цевка“ во машка и женска конкуренција, стартува новата сезона во македонската клупска кошарка. Од 19:30 часот, МЗТ Скопје ќе се сретне со Кожув во обид да ја продолжи доминацијата во македонската кошарка, а особено во Суперкупот што го освојуваше претходните четири години. Тоа ќе биде и реприза на финалето од Купот на Македонија што се одигра во Гевгелија, а МЗТ на доминантен начин стигна до пехарот. ...
Виетнам денеска ги затвори аеродромите и евакуираше илјадници луѓе во областите што потенцијално би можеле да бидат погодени од сè посилниот тајфун Буалој, кој се движи кон земјата од Филипините, каде што предизвика најмалку десет смртни случаи и разорни поплави. Се очекува тајфунот со брзина на ветер од 133 километри на час да стигне до централниот дел од Виетнам во текот на денот, соопшти Виетнамската национална метеоролошка агенција. „Ова ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека изминатиот ден израелските воздухопловни сили нападнале околу 140 цели во Појасот Газа, вклучувајќи згради што ги користат терористичките групи. Нападите се случуваат во време кога копнените трупи од три дивизии на ИДФ продолжуваат да напредуваат во градот Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Армијата соопшти дека трупите на Голанската бригада на ИДФ во еден инцидент во Газа забележале ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 08:00 часот се наврнати во Тетово – 19 литри на метар квадратен, потоа во Претор 11 и Куманово 10, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Потоа следи Пожаране со 9 литри на метар квадратен, 8 во Попова Шапка, по 6 во Крушево и Маврови Анови, 5 во Битола, по 4 во Крива Паланка и Лазарополе, по 3 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Охрид, 2 во Прилеп и еден литар на метар квадратен во Тополчани. ...
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 ...