Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил повеќе билатерални средби со своите колеги од Португалија, Либан, Узбекистан и Соломонските Острови, како и со генералниот секретар на ОБСЕ. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата со португалскиот министер за надворешни работи, Пауло ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за МИА рече дека се подготвува тест верзијата на Дигиталниот паричник и оти таа ќе биде презентирана на Дигиталниот самит на Западен Балкан што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје. -Граѓаните тоа треба да го замислат како еден паричник со лични документи. Наместо да носите возачка дозвола и лична карта со вас како картички, можете да ги носите во вашиот мобилен телефон, ...
Дисциплинскиот Комитет на Меѓународната Федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) воведе санкции против Фудбалската асоцијација на Малезија (ФАМ) и играчите Габриел Палмеро, Факундо Гарсес, Родриго Холгадо, Иманол Мачука, Жоао Фигеиредо, Џон Иразабал и Хектор Хевел за фалсификување и прекршување на Дисциплинскиот кодекс. Овие играчи имаат аргентински, шпански, бразилски и холандски корени, а Гарсес игра за тимот од Ла Лига, Алавес . Се тврди ...
Турбулентниот период е зад Тиквеш, клубот повторно е на градот, па фудбалерите знаат на што се и во една таква ситуација се надеваат дека ќе почнат да доаѓаат и резултатите. „Мора да се признае дека ова е турбулентен период за Тиквеш. Доколку победиме денеска ќе се вратиме во нормален тек. На гостувањето против Шкендија одигравме добро и штета што не успеавме да освоиме бод. Очекувам дека во иднина ќе постигнуваме подобри резултати. Ако ја ...
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Софија ја одржа 37. средба, на која, како што информираат од македонскиот тим, македонската страна во Комисијата ја претставила новата реалност во историското образование во Македонија, при што на бугарската страна ѝ го доставила новиот учебник по Историја за VII одделение. -Средбата протече според традиционален дневен ред: дискусија по ...
Денеска со почеток во 17:05 часот, ќе се одржи 24-тиот Марш на ангелите, најавува здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“, додавајќи дека маршот е посветен на нивните 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година. -Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме, се наведува во ...
Откако Општина Аеродром соопшти дека поднела кривична пријава против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, од Градот Скопје објавија дека се приклучуваат кон ваквиот потег и дека поднеле кривична пријава против претседателка на Управниот одбор на претпријатието Јулијана Спироска за загрозување на животната средина. Како што посочуваат од Градот, во кривичната пријава се наведува дека во периодот од 2022 година до денес се констатира дека ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради брзо влошената безбедносна ситуација, објави синоќа меѓународната хуманитарна организација на својата официјална веб-страница. – Ескалирачките напади од страна на израелските сили создадоа неприфатливо ниво на ризик за нашиот персонал, принудувајќи нè да ги прекинеме медицинските активности што спасуваат ...
Претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне ...
Со паролата на Струга плуќа да имам, и со едно часовна блокада на раскрсницата кон Дебар и Ќафасан , стружани денес го изразија својот револт поради актуелниот проблем со кој градот повеќе години се соочува, а тоа е дивата градска депонија, која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи. Во меѓувреме стружани повеќе од еден месец стануваат и си легнуваат со неподнослива миризба од чадот кој доаѓа од бројните диви депонии, а градот мириса на ...
Вечерва, на отворањето на изборниот штаб во Дижонска 1, кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека граѓаните веќе се одлучни за промени и за достоинствено управување со општината, се вели во соопштението на кандидатот за градоначалник на општина од редовите на ВРЕДИ кое МИА го објавува интегрално. “19 октомври ќе биде историски ден за Чаир, за Скопје и за сите Албанци. Нашата победа ќе биде величествена, ...
Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамки на европското семејство зашто сме виделе во минатото многу пати – ...
Двете млади туристки од Португалија, кои денеска се изгубиле во реонот од врвот на Водно кон Матка, попладнево се пронајдени, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. -Денес околу 17:00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка. Дирекцијата за заштита и спасување итно изврши мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш беше ...
Двајца тинејџери од Пенсилванија се соочуваат со обвиненија откако опасните „ТикТок“ предизвици доведоа до смрт на 17-годишник и сериозна, трајна повреда на 20-годишна жена, соопштија властите. „Важно е јавноста да разбере дека овие предизвици можат да имаат сериозни последици во реалниот живот, претставувајќи огромен ризик за учесниците и минувачите“, рече окружниот обвинител на округот Нортхемптон, Стивен Барата на прес-конференција. ...
Најавувајќи го воведувањето на дигитални лични карти, британскиот премиер Кир Стармер во петокот изјави дека новиот документ за идентификација зачуван на мобилни телефони ќе биде „огромна можност“ за земјата бидејќи ќе го отежни работењето на нелегално. Дигиталната лична карта ќе стане задолжителна како средство за докажување на правото на работа, но луѓето нема да бидат обврзани да ја носат или да ја покажуваат. Задолжителните лични карти ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, зборувајќи за потенцијалните нови граници меѓу Русија и Украина, рече дека Украина е подготвена да разговара за тоа. „Ако утре има прекин на огнот… Ако немаме сила да ги вратиме овие територии, тогаш сме подготвени да разговараме за тоа. Подготвени сме да ги вратиме некогаш во иднина преку дипломатија, а не со сила“, рече Зеленски во интервју за Аксиос, одговарајќи на прашањето дали е подготвен да ...
Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека во Европа започнала „хибридна војна“ откако данскиот воздушен простор беше затворен неколку пати оваа недела поради беспилотни летала. Данските власти привремено затворија два главни аеродроми преку ноќ во среда поради беспилотни летала во близина, а слични инциденти беа пријавени и на други аеродроми, објави бриселскиот весник „Политико“. Аеродромите во Копенхаген и Осло беа затворени и во ...
Црниот пијалок станува многу популарен ширум планетата бидејќи е ефикасен во исфрлањето на токсините, согорувањето на масните наслаги околу желудникот и чистењето на цревата. Неговата главна состојка е активниот јаглен, кој ги чисти цревата, ја намалува надуеноста, но во комбинација со лимон е најефикасен. Состојки: 4 чаши вода две лажици свеж сок од лимон две лажици активен јаглен (една таблета) Измешајте ги сите состојки и по желба ...
Поместувањето на стрелките на часовникот или зимското сметање на времето, во 2025 година ќе започне ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25 и 26 октомври, кога во 3 часот наутро ќе ги вратиме часовниците за еден час назад, односно на 2 часот. Специфичноста е што оваа промена е најрана во споредба со претходните години, а на 26 октомври часовниците последен пат се сменија пред 11 години. Зошто е тоа така? Зимското сметање на времето е фиксно ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет. -Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7 000 по пензионер што ...
Педесет и шестгодишен тетовец, Р. Љ., е приведен откако полицијата го затекнала со автомобил „мерцедес“ чии регистарски таблички биле обоени во црвена боја. Настанот се случил вчера попладне околу 16:40 часот. Освен што табличките со тетовски ознаки биле обоени во црвено, на автомобилот биле вградени и светлосни сигнали – флешери. Полициски службеници од одделението во Теарце му ги одзеле табличките и флешерите, а по документирање на ...
Силна океанска аномалија се шири низ Северниот Тихи Океан, носејќи потопли температури на водата сè до западниот брег на Соединетите Американски Држави. Оваа голема област на аномалија е регистрирана неколку пати во минатото и често е предвесник на постудена зима во Соединетите Американски Држави, Канада, а понекогаш и во Европа. Овогодишната аномалија е една од најголемите во поновата историја, што го поставува прашањето: дали може да се ...
Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит и регионот и значително ќе го намали времето на патување од Скопје до Солун и до Атина, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Ние по долг временски период разговараме со Грција за поврзување, за економија, за бизнис, за она што го прави животот. ...
Моето мислење за академик Кедев и неговите констатации е врвна индикација за да се преземе веднаш нешто, да се открие што и дали е правено и да се проверат целосно сите индиции што беа изнесени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Мицкоски порача дека нема да се остави ништо на случајност, како и дека ќе има одговорност за секој што ...
Црногорскиот тренер Радомир Ѓаловиќ повеќе не е тренер на Марибор, потврди клубот на својата официјална веб-страница, како последица на тепачката меѓу двајца играчи, Омар Рекиќ и Бенџамин Тете, а откако Ѓаловиќ се обидел да ги смири страстите и да ги раздели играчите – тој самиот наводно добил удар во големиот хаос кој избувнал на тренингот. Ова е навистина шокантен крај на неговата приказна во Марибор, од причина што откако дојде на клупата ...
На претстојните локални избори право на глас имаат вкупно 1 832 415 избирачи, колку што се запишани во Избирачкиот список, информира денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко. Согласно евиденцијата на надлежните органи, како што рече Кондарко, право на глас имаат вкупно 112 000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2 162 избирачи кои се во притвор или издржуваат затворска казна и 450 ...
Истражувачи го измислија терминот „отроверт“, изведен од шпанскиот збор „отро“ што значи „друг“, за да го опишат новиот тип личност што не се вклопува во едноставната поделба на интроверт и екстроверт. Отровертите имаат желба за поврзаност, но под свои услови. Тие не чувствуваат потреба да бидат целосно сами како интровертите, но не бараат ниту постојано внимание и социјална стимулација како екстровертите. Типичен пример е личност која со ...
Шумската терапија, практика што подразбира долги прошетки во природа и за која се смета дека помага за намалување на стресот, намалување на крвниот притисок и зајакнување на имунитетот, се воведува во словенечкиот образовен систем во градот Накло. Биотехничкиот центар Накло ја предводи иницијативата за интеграција на шумската терапија во наставната програма, како и организирање работилници. Здравствените придобивки од оваа практика делумно ...
Охрабрува поддршката од Вашингтон за повеќе стратегиски прашања – порача претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со шефот на Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, Брендан Ханрахан. За време на средбата во Њујорк, претседателката ја придружуваа и министрите за надворешни работи и надворешна трговија и за европски прашања Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани. Во фокус на разговорите ...