Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Томислав Јованов, долгогодишен професионалец во областа на противпожарната заштита, јавно објави дека одбил соработка со компанијата „Еуромакс Ресурсис“, потенцијалниот концесионер на рудникот Иловица-Штука. Во својата објава на Фејсбук, Јованов истакна дека, иако обемот на работа му се зголемил поради зголемената свест за безбедност по неодамнешната трагедија во Кочани, тој не можел да прифати соработка со компанија која, според него, е ...
Срамна слика пред основното училиште „Панајот Гиновски“ – наместо поддршка за својата грижа, учениците беа дочекани со насилство. Децата излегоа на мирен протест, барајќи едноставно: нивното училиште да се исчисти од глувци. Реакцијата? Вработена во училиштето ги удри со нога додека ја држеа вратата. Ова не е само здравствен проблем, туку и прашање на достоинство и безбедност. Наместо институциите да ги сослушаат младите и да реагираат, ...
Компанијата „РКМ“, сопственост на Ратко Капушевски, а од 2022 година во партнерство со Ерџан Сулкоски, е во фокусот на голема истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција, поврзана со наводна злоупотреба при набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Според Антикорупциската комисија, токму по нивна иницијатива била отворена предистрага која резултираше со сегашната кривична постапка, вредна дури 167 милиони евра. Во периодот од ...
Иако од Државниот инспекторат за животна средина и раководството на рудникот „Тораница“ уверуваа дека водата во Тораничка Река е „само заматена“ и безбедна, снимките од загрижени граѓани ја покажуваат суровата реалност – реката е потполно матна, а загадувањето е очигледно. Хаваријата во рудникот остави траги и низводно, каде риболовното друштво „Мрена“ и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, алармираат за значително зголемено ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку кратка, но значајна објава на својот фејсбук-профил, најави дека пратениците од Левица ќе поднесат интерпелација за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Повод за овој чекор е трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животите до сега ги загубија 61 млад човек. „Еве, баце, работно… #Интерпелација“, напиша Апасиев, алудирајќи на конкретни чекори што ги презема ...
Секторот за култура при партијата Левица жестоко реагира на одлуката на Владата предводена од ДПМНЕ да инвестира во реконструкција на покривот на Археолошкиот музеј, каде моментално е сместен Државниот архив на Македонија, наместо конечно и трајно да го реши проблемот со враќање на Архивот во неговата стара, наменски изградена зграда. „Владата на Мицкоски наместо суштинско решение, повторно ќе фрла пари за санација на нефункционален простор“, ...
Драги пријатели, се ближи моментот на еден од најубавите настани за деца со аутизам, „Гуш и бац е љубов“, кој ќе се одржи на 11 мај (недела) во Школка. Оваа година, настанот расте и се шири, а за да биде сè уште посебен и покриен, организаторите упатуваат апел до фотографи и сниматели кои би сакале да се вклучат како волонтери и да помогнат во документирањето на оваа убавина. „Ние имаме веќе потврдени учесници, но секој дополнителен придонес ...
Додека младите масовно ја напуштаат државата во потрага по подобри можности, старото партиско лице Петар Богојески повторно добива висока позиција во јавниот сектор. Овој пат, тој е назначен за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, иако зад себе има осум функции во различни владини институции. Според Црвената младина, ова именување е уште еден доказ за постојаното наградување на истиот кадар, кој бил ...
Делегациите на САД и Русија денес пристигнаа во Истанбул за разговори кои имаат за цел нормализирање на работата на нивните дипломатски претставништва, јавува агенцијата „Ројтерс“. Според извештаите, новинарите снимија возила кои влегуваат во зградата на рускиот конзулат во центарот на Истанбул. Разговорите ќе ги водат новиот руски амбасадор во Вашингтон, Александар Дарчиев, и заменик-помошникот државен секретар на САД, Соната Култер. Според ...
Став на Игор Ѓуровски, заменик координатор на ПС Политичка економија на Левица. Кога капитализмот ќе се соочи со крајот на својата последна фаза – империјализмот, состојба во која не постојат повеќе пазари, потрошувачи и ресурси што можат да се освојат и експлоатираат, тој ќе се сврти и ќе почне да ги глода институциите кои се основа на она што тој го слави како негови темелни вредности. Одненадеж сите замислени слободи: слободниот пазар, ...
Ако некој во Европа сè уште живее во илузијата дека Соединетите Американски Држави со раширени раце ќе притрчаат во случај на напад – време е за будење, вели Јан Филип во анализа за „Политико“. Последните протечени приватни пораки од американски политичари јасно покажуваат: Америка е уморна од спасување на Стариот Континент. „Едноставно мразам што треба повторно да ја спасувам Европа“, пишува потпретседателот Џеј Ди Венс во пораките објавени ...
Вечерва повторно стапува на сила забрана за летање со дронови над централното градско подрачје на Скопје, поради најавениот протест организиран од иницијативата „Кој е следен“. Забраната ќе важи до утре, 11 април 2025 година, до 19:00 часот. Надлежните апелираат до граѓаните протестот да го изразат мирно и достоинствено, а до операторите на дронови да се придржуваат до важечката забрана за лет во наведениот период и зона. Протестот е најавен ...
Во Ликовниот салон на Велес е отворена изложбата „Насликај го својот живот“ на чешкиот ликовен уметник Онджеј Мишек. Поставката претставува визуелен дневник на авторот и ги отсликува неговите животни искуства преку дваесетина дела во формат на големи плакати, работени со акрил на платно. Изложбата е поделена на два тематски сегмента. Првиот дел ги прикажува делата создадени во Варшава, инспирирани од студентските денови и општествените ...
Вонредна инспекција е започната во Општина Тетово поради случајот со спорната легализација на дивоизградена викендичка на Попова Шапка, сопственост на универзитетскиот професор Фатон Мурсели. Објектот, кој според документи е изграден на државно земјиште, е легализиран врз основа на, како што утврди Агенцијата за катастар, незаконски геодетски елаборат. Случајот беше првично откриен од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), чија ...
Кинеската влада објави официјално соопштение – т.н. „Бела книга“ – со која ги појаснува своите ставови за тековните економски и трговски односи со Соединетите Американски Држави, нагласувајќи ја важноста на соработката, но и критикувајќи ги растечките протекционистички политики на САД. Во документот се наведува дека Кина, како најголема земја во развој, е најголем придонесувач во глобалниот економски раст, додека САД, како најголема развиена ...
Петтото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 24 до 26 април на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“ и Галерија), во кафе-книжарницата „Буква“ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје. Ќе гостуваат поети, од пет држави, а ќе настапат и триесетина домашни поети. Од странство ни доаѓаат автори од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија и од Бугарија. Мотото ...
„Под исто небо“ е слоганот на седмото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кое ќе се одржи од 23 до 25 април во Сули Ан, Скопје. Фестивалот годинава ќе ја прослави моќта на литературата и илустрацијата како универзален јазик што ги поврзува децата од различни култури и општества. Во рамки на „Литера 2025“ ќе се организираат интерактивни работилници, средби со автори и илустратори, како и специјални ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на Фејсбук упати сериозни обвинувања кон поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, тврдејќи дека истиот дал лажен исказ во постапка пред Уставниот суд. Апасиев најави дека ќе поднесе нова кривична пријава против Џафери, овојпат за, како што вели, давање лажен исказ. „Ауууу сине, ама се навлече…“, започнува Апасиев во својот пост, додавајќи дека дури сега забележал оти Уставниот ...
Француско-македонската балерина, прогласена за Ѕвезда на Париската опера, Роксан Стојанов, е добитничка на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во танцовата уметност, на 21. издание на интернационалниот фестивал „Танц фест Скопје“ 2025. „Благодарение на извонредниот талент и на уметничката визија, Роксан Стојанов се издига високо во балетската уметност, за што е промовирана во ѕвезда на Париската опера (Étoile de l’Opéra National de ...
Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, денеска на својот профил на „Фејсбук“ објави дека донирал половина од својата мартовска плата за помош на девојче кое преживеало во трагедијата во Кочани. „Како што јавно ветивме, половина од МАРТОВСКАТА ПЛАТА денес ја донирав на преживеано девојче од пожарот во Кочани. #РеченоСторено“, напиша Апасиев. Оваа донација доаѓа откако трагичниот настан во Кочани ја потресе јавноста, а ...
Советникот од редовите на Левица во Општина Битола, Горан Велевски, преку објава на социјалните мрежи упати сериозни обвинувања кон раководството на Зоолошката градина во Битола, обвинувајќи за финансиски злоупотреби, непрофесионално раководење, сомнителни вработувања и негрижа кон животните. Според Велевски, институцијата – една од најстарите зоолошки градини на Балканот – е во состојба на распаѓање, додека актуелното раководство работи ...
Деновиве, брегот на Дојранското Езеро, особено на потегот меѓу Стар и Нов Дојран, беше прекриен со бела пена, мртви риби и ракови, тоа предизвика загриженост кај локалното население и посетителите. Обидите за добивање официјални информации од надлежните институции, како што се Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за земјоделство, засега останаа без одговор. Причините за појавата на белата пена и поморот на рибите и ...
По објавениот извештај од Државниот завод за ревизија за работењето на ЈКП „Брегалница“ – Делчево за 2023 година, локалниот огранок на Левица излезе со остра реакција, барајќи итна кривична одговорност за раководството на претпријатието. Извештајот завршува со крајно неповолно ревизорско мислење, кое укажува на системска негрижа, незаконитости и несоодветно управување што, според Левица, го довеле претпријатието до работ на колапс. „Ова не ...
Судијата Пајазит Пајазити, кој лани му овозможи бегство од правдата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, ќе ја задржи својата функција, иако Судскиот совет официјално констатираше сериозни пропусти во неговото постапување. Наместо разрешување, Пајазити ќе добие само дисциплинска мерка – намалување на платата за 30% во следните шест месеци. Овој случај ја отвори Пандорината кутија на прашања околу отчетноста во правосудниот систем и ...
Советникот од Левица во Општина Велес, Игор Смилев, алармира за сериозни пропусти поврзани со пешачкиот мост Мало Мовче, кој повеќе од две децении по неговата изградба, сѐ уште нема извршен технички прием. „Дали сериозно е нарушена неговата стабилност и колку е безбедно минувањето по него?“ – прашува Смилев, укажувајќи на загрижувачката состојба на мостот што секојдневно го користат граѓаните. Дополнително, во 2006 година – само четири ...
Пратеникот од партијата Левица, Реџеп Исмаил, со остра критика кон актуелни претставници на власта објави став на својот профил на „Фејсбук“, обвинувајќи ги за политичко лицемерие и поткопување на поддршката за Палестина. Исмаил објави три фотографии, симболично поврзани со односот на македонските институции кон израелско-палестинскиот конфликт. На првата се наоѓа Бурим Биљали, претставник на Македонија во Женева, кој, според Исмаил, „без ...
И покрај обидите на Владата да прикаже отвореност кон зголемување на платите, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) останува на ставот дека најавениот штрајк за 1 Мај ќе се одржи. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ја обвини извршната власт дека не презема конкретни чекори за да ги подобри условите за работниците, туку, како што рече, „тактизира и ја префрла одговорноста кон синдикатите“. „Работниците во Македонија немаат толку ...
Управата за извршување на санкции денеска објави детали за настан што се случил на 20 февруари годинава во дворот на штипскиот затвор, при што било пронајдено пакетче со сомнителни супстанции, за кое се претпоставува дека содржи 35 грама кокаин и 50 грама марихуана. Според изјавата на директорот на Управата, Александар Пандов, во случајот биле инволвирани и затворски полицајци кои, наместо да спречат недозволени активности, наводно помогнале ...
Споменикот на насилно прогонетите деца Македонци од Граѓанската војна во Грција (1946–1949), поставен во Паркот „Жена борец“ спроти Собранието на Македонија, повторно е цел на вандализам. Утрово, минувачи пријавиле дека од споменикот е откорната металната плоча која симболизира жена со три деца – дел од уметничката композиција што сведочи за трагедијата на илјадници семејства од Егејска Македонија. Ова е трет регистриран напад врз истиот ...
Во трикатна куќа од почетокот на 20 век во центарот на Белград, со премиера на „Триптих на луцидност“ ќе се отвори новиот театар, кој ја брише границата меѓу сцената и публиката. Белградската театарска сцена ќе биде побогата за друг, во овој случај извонреден театар – Pinecone Teatar– кој ја брише границата помеѓу сцената и публиката. Револуционерното театарско катче ќе биде отворено во петок и сабота навечер, на 11 и 12 април, со премиера на ...