Тридимензионалните модели на астрономските тела знаат да бидат пресложени. Големината на овие модели може да се движи од црни дупки па до целиот Универзумот и сè помеѓу нив. Не секој објект го добива потребното внимание за да се развие комплетен модел за него, но можеме официјално да додадеме уште еден многу сложен модел на нашите списоци. Артистичка претстава на VY Canis Majoris Астрономите од Универзитетот во Аризона развија модел на VY Canis ...

За прв пат во човечката историја, NASA и Кина планираат да испратат астронаути на Марс следната декада или поточно во 2025 год. Тоа значи и многу предизвици, почнувајќи од технолошки и проблеми со логистиката, осигурување дека астронаутите можат да се справат со отпадоците и дека би имале доволно храна и вода за транзитот што би траел со месеци до и од Марс. Но, секако, во прашање се и здравјето и сигурноста на астронаутите кои би патувале со ...

Единствениот примерок од услови за живот кај егзопланетите кој го имаме е планетата Земја. Нашиот дом е единствената планета за која знаеме со сигурност дека има живот. Но тоа не значи дека условите за живот можат да бидат исполнети само кај планетите слични на Земјата. Научниците открија еден вид на егзопланети кој може билиони години да подржува услови за живот. Уметнички приказ на планетата K2-18b, нејзината ѕвезда-домаќин и уште една планета ...

Сонот на многу љубители на вселенските патувања, да се вратиме назад на човечки летови до Месечината, па и подалеку во Сончевиот систем конечно станува реалност. На 16 ноември, после повеќегодишни подготовки конечно го видовме полетувањето, на сега најмоќната ракета лансирана од човештвото, СЛС – Space Launch System или со името Артемис / Артемида 1. Капсулата Орион, која на идните мисии ќе го носи човечкиот екипаж околу и на Месечината, веќе е ...

Сите сме слушнале за ѕвезди, комети, планети, астероиди и џуџести планети. Но, дали ја знаете приказна за едно небесно тело што било и ѕвезда и комета, потоа стекнало слава како планета и прв астероид за денес да биде џуџе планета? Откривањето на оваа ѕвезда ни кажува како знаењето постојано еволуира и еднаш утврдените заклучоци се менуваат со новостекнатите податоци. Ни кажува дека еден научник може сам да ги допре ѕвездите, но ни треба цела ...

Сите сме слушнале за ѕвезди, комети, планети, астероиди и џуџести планети. Но, дали ја знаете приказна за едно небесно тело што било и ѕвезда и комета, потоа стекнало слава како планета и прв астероид за денес да биде џуџе планета? Откривањето на оваа ѕвезда ни кажува како знаењето постојано еволуира и еднаш утврдените заклучоци се менуваат со новостекнатите податоци. Ни кажува дека еден научник може сам да ги допре ѕвездите, но ни треба цела ...

Според Ајштановата општа теорија за релативност гравитацијата патува со брзина на светлината. Докажувањето за ова тврдење е многу комплицирано пред сè бидејќи не можеме да ја вклучиме и исклучиме гравитацијата како што можеме да го вклучиме и исклучиме светлото. Со опсервациите направени на гравитациските бранови во 2017 година научниците покажале дека Ајштан бил во право и за ова тврдење. Низ текот на научната историја познати се два ...

Црните дупки се најекстремните објекти во универзумот. Супермасивните верзии на истите се незамисливо густи објекти, кои пак се наоѓаат во центрите на галаксиите. Црните дупки пак, кои спаѓаат во категоријата црни дупки близу сончева маса, односно оние кои тежат 5 до 100 пати повеќе од сончевата маса, се далеку почести и нивната бројка очекуваме да изнесува околу 100 милиони и тоа само во нашиот Млечен Пат. Заслуги: International Gemini ...

Чудните двојни гребени на површината на Јупитеровата ледена месечина-Европа, би можеле да бидат знаци за плитки резервоари со вода. Анализата на слични карактеристики на ледената покривка на Гренланд покажува дека, овде на Земјата, овие гребени можат да се создадат од џебови со течна вода присутна во самиот мраз. Ова откритие нуди нов увид во геофизичките процеси кои го обликуваат замрзнатиот свет. Исто така, сугерира дека вонземскиот живот, ...

Стефановиот Квинтет е визуелно групирање на галаксии. Особено е познато ова групирање поради филмот „It’s a Wonderful Life.“ Но сега, Вселенскиот Телескоп Џејмс Веб на НАСА повторно го стави фокусот на Стефановиот Квинтет. Се работи за најголемата слика на Џејмс Веб до сега која опфаќа околу една петина од дијаметарот на Месечината. Сликата има над 150 милиони пиксели и составена е од 1 000 посебни слики. Од оваа слика можеме да дознаеме како ...

Неодамнешен модел за формирање на ѕвездите укажува на хипотезата дека повеќето, а можеби и сите ѕвезди се родиле заедно со најмалку уште една ѕвезда. Најверојатно дури и нашата ѕвезда во средината на Сончевиот Систем не е исклучок од оваа хипотеза. Некои од астрономите претпоставуваат дека ѕвездата-близнак на Сонцето можеби имала удел во смртта на диносаурусите. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/UCLA При детална анализа на податоците од радиобрановиот ...

Скопско астрономско друштво повторно ве кани на предавањe во Планетариумот во Скопје кое ќе се одржи на 26ти септември во 19ч. На предавањата ќе можете да видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Нашиот член и предавач Радан Митровиќ ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо. Централна улога има Планетариумот и неговата ...

Првиот контакт со вонземјански интелигентен свет (ETI), не само што е многу честа тема во научно фантастичните филмови, туку денеска е и тема на истражувања и дискусии меѓу научниците и академците. Оваа тематика е многу голема, опфаќа експертиза од најразлични научни дисциплини и може да се случи предвидувањата од различни студии да бидат контрадикторни. Таков пример е студијата што се фокусира на влијанието на целокупното човештво од ...

Првиот контакт со вонземјански интелигентен свет (ETI), не само што е многу честа тема во научно фантастичните филмови, туку денеска е и тема на истражувања и дискусии меѓу научниците и академците. Оваа тематика е многу голема, опфаќа експертиза од најразлични научни дисциплини и може да се случи предвидувањата од различни студии да бидат контрадикторни. Таков пример е студијата што се фокусира на влијанието на целокупното човештво од ...

Мисијата на НАСА, наречена DART (Double Asteroid Redirection Test), при којашто вселенското летало намерно беше судрено со астероидот Диморфос, успешно ја промени орбитата на овој астероид. Ова е првпат во историјата на човештвото со испланиран судир да се промени движењето на некој вселенски објект. Заслуги: NASA/ESA/STScI/Hubble Пред ударот, на астероидот му биле потребни 11 часа и 53 минути да орбитира околу својот “родител” астероид. По ...

Следниот пат кога ќе земете чаша „свежа“ вода сетете се дека некои од молекулите во таа вода се стари милијарди години – многу повеќе од самиот Сончев систем. Иако навидум невозможно, еден нов труд објавен во Science го потврдува токму ова. Астрономите дојдоа до заклучокот со тоа што докажаа дека водата во нашиот Сончев Систем би морало да била создадена во густиот облак на гас и прав од кој се формирало Сонцето. Ова значи дека водата која ...

Станува збор за дискутабилен систем кој содржи поголем број ѕвезди и е алка која недостасува во ѕвездената еволуција. Ѕвездениот систем ХР 6819 (илустрација) воопшто не содржи црна дупка, како што беше претходно објавено, туку две сини ѕвезди од кои што едната неодамна извлекувала гас од другата. L. CALÇADA/ESO Најблиската црна дупка до Земјата – воопшто не е црна дупка. Наместо тоа, она што научниците претпоставуваа дека е ѕвездено трио кое го ...

Процесот на формирање на ѕвезди сè уште не е целосно јасен за астрономите, а најголемата причина за тоа се густите облаци во родилиштата на ѕвезди, кои пречат во создавањето на јасни телескопски слики. Вселенскиот телескоп Џејмс Веб е многу понапреден од неговите претходници и штотуку ѕирна низ еден регион на такви густи облаци во маглината Тарантула. NIRCam на Џејмс Веб вселенскиот телескоп го прикажува регионот каде што се одвива раѓање на ...

Во 1959 година за прв пат ја видовме далечната страна на Месечината. Сѐ до тогаш, поради плимината зависност од Земјата, луѓето единствено ја имаа видено блиската страна на Месечината. Кога вселенското летало Луна 3 и последователните вселенски летала ги испратија првите слики од далечната страна на Месечината, можеше јасно да се забележи дека оваа хемисфера има значително повеќе кратери и е послична со Меркур и со природниот сателит Калисто на ...

Во 1959 година за прв пат ја видовме далечната страна на Месечината. Сѐ до тогаш, поради плимината зависност од Земјата, луѓето единствено ја имаа видено блиската страна на Месечината. Кога вселенското летало Луна 3 и последователните вселенски летала ги испратија првите слики од далечната страна на Месечината, можеше јасно да се забележи дека оваа хемисфера има значително повеќе кратери и е послична со Меркур и со природниот сателит Калисто на ...

Потрагата по ѕвездена паралакса започнува уште во античка Грција пред новата ера и трае многу долго. Ѕвездената паралакса е значајна како еден од доказите дека Земјата се движи. Со нејзиното мерење се одредува растојанието од Сонцето до ѕвездите, а со одредување на растојанието се отвараат врати за многу други откритија за ѕвездите. Во потрагата по паралакса значаен придонес дале многу научници, математичари, астрономи и инженери од различни ...

Живееме во богато и добро организирано општество, во време во кое секое научно откритие може да биде предмет на преиспитувања и повторни истражувања. Но, понекогаш се случува тоа да се заборави и затоа дозволете за момент да се вратиме во 1054-та година во Европа. Тоа била година на голем раскол и година на суперновата SN1054, т.н. време на мрачна доба. Работодавец веројатно тогаш би ни бил самиот цар на Византија, Константин IX Мономах (владеел ...

Планетите Уран и Нептун се најсличните планети помеѓу себе во Сончевиот Систем. Како да се планети-близначки. Тие имаат слична маса и големина. Уште повеќе, имаат сличен состав и слична структура, па дури имаат и слична брзина на ротација. Сето ова прави да се истакне една многу зачудувачка разлика помеѓу нив. По боја, Нептун има некоја нијанса на сина боја и на планетата јасно можат да се забележат силни бури во вид на вртлог. Од друга страна, ...

Шансите некој да биде убиен од пад на вселенско ѓубре изгледаат смешно мали. Никој до сега нема загинато од такво нешто и покрај случаите на повреда и штета на имот. Но, со зголемениот број на сателити кои се лансираат, ракети и сонди во вселената, дали треба да го сфатиме ризикот посериозно? Заслуги: Mark Farías/Unsplash Нова студија објавена во Nature Astronomy, ја пресметува можноста да некој загине од пад на вселенско ѓубре во наредниве ...

Јупитер речиси целосно е составен од водород и хелиум. Количината на секој од нив е во согласност со теоретските количини во примордијалната соларна маглина. Но, Јупитер содржи и други, потешки елементи, кои астрономите ги нарекуваат метали. Иако тие се релативно малку застапени во составот на планетата, самото присуство на металите и нивната распространетост, на астрономите им кажуваат многу. Заслуги:Kevin M. Gill/NASA/JPL-Caltech/SwRI/MSSS ...

Вселенскиот Телескоп Џејмс Веб на НАСА ја фотографираше најдлабоката и најквалитетната инфрацрвена слика од далечниот универзумот до сега. На првата длабока слика на Џејмс Веб го гледаме галактичкото јато SMACS 0723 заедно со илјадници галаксии, па дури и со најбледите објекти кои се некогаш набљудувани во инфрацрвена светлина. Заслуги: NASA, ESA, CSA, and STScI Привидните димензии на набљудуваното поле се големи колку едно зрно песок во вашата ...

Вселенскиот Телескоп Џејмс Веб на НАСА забележа потпис на вода заедно со докази за облаци и магла во атмосферата на една жешка гасовита планета која орбитира околу далечна ѕвезда слична на Сонцето. Од набљудувањето може да се заклучи постоењето на специфични молекули во гасот на тој начин што одредени бои во белата светлина имаат намалена јачина. Ова набљудување е најсовремено до сега и сведочи за извонредната способност на Џејмс Веб за ...

Вселенскиот Телескоп Џејмс Веб на НАСА забележа потпис на вода заедно со докази за облаци и магла во атмосферата на една жешка гасовита планета која орбитира околу далечна ѕвезда слична на Сонцето. Од набљудувањето може да се заклучи постоењето на специфични молекули во гасот на тој начин што одредени бои во белата светлина имаат намалена јачина. Ова набљудување е најсовремено до сега и сведочи за извонредната способност на Џејмс Веб за ...

Некои ѕвезди се највпечатливи на нивниот крај. Бледата ѕвезда во средината на оваа глетка испушта прстени од гас и прашина веќе илјадници години во сите насоки. Сега Вселенскиот Телескоп Џејмс Веб на НАСА за прв пат откри дека оваа ѕвезда е обвиткана во прашина. Заслуги: NASA, ESA, CSA, and STScI Оваа планетарна маглина (NGC 3132) е насликана преку двете камери на Џејмс Веб и е позната под името Јужна Прстенеста Маглина. Таа се наоѓа на околу 2 ...

Во доцните часови, вчера на 11 јули беше објавена првата фотографија направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Овој телескоп беше лансиран во декември 2021 година со што ја презема улогата на познатиот вселенски телескоп, Хабл. Примарната цел му е да се фокусира на набљудување и аназлиза на објектите во инфрацрвениот спектар. Како резултат на подобрувањата на оптиката во текот на годините, осетливоста и резолуцијата ќе придонесат да добиеме ...

Викај УРА!

3 минути - Frontline

Скопје

8ᴼ/8ᴼ
4.63
31%
1027

Белград

0ᴼ/0ᴼ
4.63
75%
1026

Софија

2ᴼ/1ᴼ
10.29
57%
1026

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
11.34
52%
1023

Љубљана

6ᴼ/5ᴼ
1.03
72%
1027

Атина

18ᴼ/17ᴼ
5.36
40%
1017

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
6.17
43%
1025

Подгорица

11ᴼ/10ᴼ
2.06
22%
1026
Currency

61.525

Currency

59.0731

Currency

74.0053

Currency

38.4211

Currency

42.2553

Currency

66.0699

Currency

8.15589

Currency

0.56615

Currency

0.38126

Currency

0.52544

Currency

1.70935

Currency

0.69921

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

501848 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

1006 $

Злато

87228 $

Бакар

8 $

Паладиум

31961 $

Платина

31045 $

Родиум

147909 $

Цинк

95337 $