Дали некогаш сте се запрашале што ќе се случи со Сончевиот Систем кога Сонцето ќе згасне? Дали тоа ќе значи крај за планетата Земја, или пак животот ќе се прилагоди и ќе пронајде нови методи за да опстане? Сонцето во иднината како црвен џин кој ја пече планетата Земја. Заслуги: Fsgregs/Wikimedia Commons За околу 5 милијарди години Сонцето ќе ја потроши својата енергија, а тоа драстично ќе влијае врз Сончевиот Систем. Океаните ќе пресушат, ...
Во почетокот на септември 1859 година, земјата беше обвиткана од монументална соларна бура, која ја мавташе нашата магнетосфера со исфрлање на коронална маса, нешто што никогаш порано не се случило. Наречен е Карингтонов настан, и се случи за време на Технолошката револуција. Привремено ги нокаутираше телеграфските системи, но во тоа време сè уште не бевме зависни од електричната технологија преку која што невремето може да предизвика ...
Поставувањето на телескопот има големо значење, бидејќи кога тој зголемува, не ја зголемува само сликата што сакаме да ја видиме, туку ги зголемува и сите пречки. Значи телескопот мора да биде стабилен за време на набљудувањето, но и лесен за ракување, што значи, добро избалансиран. Телескопот исто така мора да поседува и можност за набљудување на сите точки од небото, што се над хоризонтот. Тој мора да биде поставен на масивна основа, со ...
Функцијата на објективот е двострана: да собира што е можно повеќе светлина и да овозможи набљудување на објектот под што е можно поголем агол. Што повеќе се собира светлина тоа значи дека може да се набљудуваат послаби тела, според тоа јасно е дека колку е поголем објективот толку е подобар од причина што има поголема површина. Ако земеме дека дијаметарот на зеницата кај човековото око кога е отворена, значи навикната на темно, е 7mm ...
Телескопот е основниот астрономски инструмент. Тој ни овозможува многу подобро да ги набљудуваме слабите и ситни тела на небесната сфера отколку со голо око. Најважниот дел на секој телескоп е објективот. Тој ја создава сликата на небесните објекти во својот фокус. Кога телескопот се користи за фотографирање или пак за некои други врсти на инструментални набљудувања, фокусот е местото каде што се мести филмот на апаратот или пак влезниот отвор ...
Двогледи во астрономијата главно се користат ако помагала за полесно наоѓање на некои небесни тела. Главни карактеристики на еден двоглед се неговото зголемување и дијаметарот на неговите леќи. Притоа, при описот на еден двоглед прво се дава неговото зголемување, а потоа дијаметарот на леќите изразен во милиметри. Принципот на кој работи еден двоглед е многу сличен на оној кај телескопите рефрактори за кои ќе стане збор малку понапред, па затоа ...
Огледалото на вашиот телескоп рефлектор е најважниот дел од инструментот. Од состојбата во која се наоѓа огледалото во голема мера зависи квалитетот на сликата што ја гледате во окуларот. Еве неколку практични совети за тоа како правилно да го исчистите огледалото по долга употреба. 🙂 Потребни материјали: Огледало на телескоп пред чистење Прво исчистете го лавабото каде што ќе го чистите огледалото. Исчистете го темелно. Подгответе го растворот ...
Сјајот на ѕвездите зависи од два фактори: од оддалеченоста на ѕвездите и од тоа колку тие навистина зрачат светлина: E= I/r2 , интензитет на зрачењето, I, и оддалеченоста на изворот до нас, r. Ако сакаме да видиме која од две ѕвезди е посјајна, мораме да ги доведеме на исто растојание. За таа цел се воведува поимот апсолутна магнитуда (МV), која се дефинира како привиден сјај на ѕвездата на оддалеченост од 10 pc (парсека). Апсолутниот сјај се ...
Привиден сјај на ѕвездите Во 19. век Норман Погсон забележал дека разликата во сјајот помеѓу ѕвездите од првата и шестата група (магнитуда) е околу 100 пати. Со развојот на фотометриската апаратура потврдена е точност на Вебер-Фехнеровиот психофизички закон, кој гласи: (m2-m1) log c = log E1/E2 Во оваа равенка, m1 и m2 претставуваат привидни ѕвездени величини (субјективни чувства на дразбата), а E1 и E2 се соодветните осветлености кои се ...
Долната скала е дадена како пример да се има општа претстава како функционира скалата на магнитуди. Скалата е со намера да биде визуелна; максимумот на ефикасност на детекција на човековото око (при ноќна адаптација) е околу 495 нанометри, додека формалниот фотоелектричен (ве) V максимум (филтрирана лента блиска до визуелната) е околу 550 nm; максимумот кај цецеде (CCD) тежнee околу 700 nm. Примерите се дадени за целобројни вредности и не се ...
Астрономијата е најстара природна наука. Нејзините задачи се: a) проучување на привидните и вистинските положби и движења на космичките тела и нивните форма и големина, б) проучување на градбата на космичките тела, нивниот хемислки состав, соодветните физички услови, физичките и хемиските појави и процеси, в) проучување на постанокот и еволуцијата на космичките објекти и системи, како и на целата Вселена. Најдобро во објаснувањето на ...
Главен недостаток на хоризонтскиот систем е во рамномерната промена на координатите на дадениот астрономски објект како што ротира Земјата околу својата оска во текот на денот. Овој недостаток е отстранет со користење на координатен систем кој е поврзан со вртењето на небесната сфера. Најчесто овој систем го објаснуваме со проекција на Земјиниот географски (велиме геоцентричен) координатен ситем на небото во одреден временски момент (в. сл. 1). ...
Првиот Кеплеров закон кажува дека планетите се движат по елипси околу Сонцето и дека Сонцето се наоѓа во едниот фокус на елипсата. Точките F1 и F2 претставуваат фокуси на елипсата. Најблиската, до Сонцето, точка од орбитата на планетата се нарекува перихел, а најодалечената од него точка се нарекува афел. Елипсата е крива која има две полуоски: голема (а) и мала (b). Големата полуоска на елипсата претставува средно растојание на планетата од ...
После законите на Кеплер, наредно прашање кое барало одговор било: што е тоа што дејствува на планетите за да тие се движат на тој начин околу Сонцето. Во тоа време бил познат принципот на инерција на Галилеј, согласно кој природна состојба на секое тело е да се движи по права линија со постојана брзина. Значи, ако на планетата не дејствува ништо, таа би се движела по инерција: праволинински со некоја постојана брзина. Меѓутоа, планетата не се ...
Њутновиот закон не егзактен, тој не е во состојба точно да го опише движењето на сите тела во природата. Овој закон, во текот на историјата, бил повеќе пати проверуван. Првото сомневање во точноста на законот било поврзано со движењето на сателитите на Јупитер. Со прецизно набљудување на движењето на сателитите било забележено дека, тие понекогаш избрзуваат за 8 минути, а понекогаш каснат за 8 минути од времето пресметано со помош на законот за ...
Објаснување на ваквото “неправилно” движење на Меркур немало се додека Ајнштајн не покажал дека Њутновиот закон не е сосема точен и дека е потребно тој да се модифицира. Во 1905 година тој ја дава својата револуционерна теорија, позната како специјална теорија на релативност, во која го променува класичното сфаќање за просторот и времето. Десет години покасно, во 1915 година, Ајнштајн ја дал општата теорија на релативност во која ...
Денот, или поточно деноноќието, трае 24 часа само затоа што човекот сакал така да биде. Не постои ништо поврзано со астрономијата или природата со самата поделба на часови, минути и секунди. Но, има нешто што се случува за времетраење од еден ден. Секогаш кога Земјата ќе се заврти еднаш околу својата оска поминува определено време, кое се нарекува ден. Астрономите многу прецизно го имаат измерено денот, и тоа со помош на ѕвездите. Во големите ...
Првиот месец во годината е месецот јануари и со него започнува секоја нова година. Што се однесува до астрономијата, на овој датум (1 јануари) во Вселената не се случува ништо значајно, што значи дека празникот 1 јануари или Нова Година е вештачка творба на човекот. Во светски рамки, овој празник не е претставен со еден ден, кој ќе го прославува целата планета. Така на пример: Евреите новата година ја слават на 6 септември, а Кинезите некаде ...
Знаете ли што е претставено на цртежот? Денес би рекле дека е тоа стап забоден во земја, но во минатото тоа бил моќен и прецизен астрономски инструмент. Стручно се нарекува гномон и тоа е првиот астрономски инструмент кој го создал човекот, а во суштина е многу едноставен. Не се знае точно од кого и кога е откриен, но се споменува во Кина од пред повеќе од илјада години, потоа во Месопотамија и стариот Египет и др. Како работи гномон? Кога е ...
Марко Теренцие Варон, голем римски научник, кој живеел во вториот и првиот век п.н.е бил првиот кој за датирање на изминатите настани ги користел датумите на затемнување на Сонцето и Месечината. По него, ова станало вообичаена пракса за одредување на датумот на некое случување за кое не постоеле други податоци, а се спомнувало некакво затемнување, и астрономијата во оваа смисла допринела многу за историската наука. Овој метод за одредување на ...
Да ја продолжиме приказната за оддалеченоста на нашата Месечина (првиот дел прочитајте го овде). Стигнавме до оваа точка во минатото: Земјата и Месечината имаат иста брзина и свртени се една кон друга со иста страна. И се движат како едно тело, како да се поврзани со некаква ригидна спрега. Тоа беше фантастична глетка, бидејќи Месечината толку се доближи до Земјата, скоро да ја допре. Сликата недоволно потсетува на старите приказни во кои ...
Во почетокот на 18-ти, 19-ти, и 20-ти век, астрономијата како наука сè уште не била во целост Њутнова. Помеѓу астрономите и филозофите сè уште владеело мислењето дека Сончевиот Систем ги содржи само оние шест планети познати уште од антична доба: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер и Сатурн. Меѓутоа, кога сер Вилијам Хершел во 1781 година ја открил седмата планета, Уран, скоро сите биле убедени дека мора да постојат уште слични ...
Со почеток од 17 март 2020 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија 23-ти пат по ред. Придружете ни се, затоа што учењето го правиме забавно, а овие предавања се одлична можност да се запознаете и со нашата работа и доколку сакате да ни се придружите како членови. Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни ...
Еве како да не купите скапа закачалка. Секој јануари мојот астрономски клуб одржува работилница за телескопи каде што им помагаме на луѓе да разберат како да ги користат телескопите кои ги добиле за празниците или како да ги наштелуваат оние кои собирале прашина во шкафови. И секоја година се соочуваме со истиот проблем: како благо да им кажеме дека тоа што го имаат е подобро снабдено да биде котва околу телескоп. Можеби е тешко да се поверува, ...
Конечно! Телескопот кој го очекувавте пристигна! Можеби се работи за вашиот прв телескоп. Или пак четврти. А за некои можеби дури и дваесет и трет. Со нетрпение ја чекате следната ведра ноќ и го поставувате телескопот. Но нешто не е во ред. Што понатаму? Тестирањето на еден телескоп под ѕвездите е клучен дел од севкупната проверка. Речиси секој телескоп има нешто по што се разликува од другите. Како што велат оптичките дизајнери: „“ ...
Сè уште има време пред повторно да започне училиштето – искористете ги пријатните вечери за да го разбудите интересот за астрономијата. Децата се природно љубопитни за светот, така што приближувањето на вашите деца во астрономија би можело да биде лесно ако се направи правилно. Започнете со нешто забавно за да го привлечете интересот, како набљудување на ѕвезди или игра. Еве девет начини да ја направите астрономијата број еден ...
Неодамна излегоа две студии со анализи на ширењето на заразата со коронавирусот, едната за преносот во затворени простории и а другата за отворен простор. Во првиот дел од статијата е прикажана анализа како се шири заразата со коронавирусот во три различни простории (дневна соба, бар и училница) при различни услови, а во вториот дел се резултатите од студијата за пренос на зарзата на отворен простор. Работата е „Јој разлике – ...
За сите оние на кои им фалат нашите дела, објавуваме каталог од последната изложба „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво”. Изложбата беше поставенa во декември 2018 г., по повод 20 години од постоењето на друштвото и беа презентирани астрофотографии од нашите членови, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти. За повеќе информации околу астрофотографиите, пишете ни на ...
Пред две недели на небото можевме да видиме светол круг околу Месечина и Сонцето. Тоа е атмосферски феномен зад кој стои феномен на прекршување на светлина од Месечина и Сонцето низ ситните кристали високо над нашите глави. Подолу е објаснување како тој круг се формира и зошто. Прекршувања на зраци Зраците кои поминуваат низ две страни на призми кој формираат агол од 60° помеѓу себе, скршнуваат од 22° до 50°. Патот на зраците кај ...
Појавата на новата варијанта на корона вирусот повторно предизвика интерес за делот од вирусот познат како шилест протеин. Новата варијанта носи неколку промени во однос на шилестиот протеин наспроти останатите посродни варијанти што е и една од причините за грижа. Новите промени може да влијаат врз биохемијата на протеинот а со тоа и врз трансмисијата на вирусот. Овој протеин е и основата за сегашните вакцини кои се насочени кон развој на имун ...