Владата бара решение за Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска и решение ќе се најде со сигурност, вети при денешната посета на Велес премиеро Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. Воедно информира дека во заеднички договор со вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски, во понеделни вработените на Колска ќе добијат плата. Премиерот Мицкоски појасни дека кога биле избрани за Влада, ...

Земјоделците можат самите да направат електронски увид на податоците во Платежната агенција поврзани со поднесените барања за субвенции. Министерството за земјоделство размислува и за промени во системот на субвенционирањето за негова поголема ефикасност … Преку електронскиот преглед на Платежната агенција земјоделците можат да ги добијат потребните податоци за поднесените барања за субвенции, односно за одобрување, исплатен износ и датум на ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 % во однос на одлуката од 5.02.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,055%, кај дизелот ...

Речиси три и пол децении по напуштањето на Советскиот Сојуз, балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија веќе нема да бидат поврзани со електричните мрежи на Русија и Белорусија почнувајќи од овој викенд, бидејќи тие целосно се свртуваат кон своите сојузници од Европската унија. Прекинувањето на електроенергетските врски со Русија богата со нафта и гас има и геополитичко и симболично значење. Работата на ова се забрза откако рускиот ...

Во 2021 година Министерството за економија набавило софтвер вреден два милиони денари кои никогаш не бил ставен во употреба. Ова го утврдиле ревизорите на Државниот завод за ревизија. Тендерот бил распишан за набавка на софтвер за управување со апликации. Актуелниот министер за економија, Бесар Дурмиши, информираше дека постојат индиции за прекршување на процедурите при јавната набавка, бидејќи целиот процес бил завршен за само 15 дена, што ...

Граѓаните и денеска ќе ги бојкотираат маркетите поради високите цени на основните прехранбени производи. Надлежните најавија мерки кои треба да бидат познати во текот на денешниот ден или во понеделник. До крајот на неделата треба да завршат и шестмесечните контроли на Пазарниот инспекторат со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците по што Инспекторатот треба да излезе во јавноста со податоци. По примерот на ...

Милијардерот и ко-основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изрази негативен став за криптовалутите, нарекувајќи ги безвредни и бескорисни. Во интервју за The New York Times, Гејтс одговори на прашањето за вредноста на криптовалутите велејќи: „Нема вредност (ништо)“. „Дури и луѓе со висок коефициент на интелигенција се залажуваат дека криптовалутата има вредност“, додаде Гејтс. Гејтс често изразува скептицизам и ги критикува криптовалутите. Во ...

Во неочекуван пресврт на ситуацијата, американската поштенска служба (USPS) денес објави во кратко известување дека од 5 февруари ќе продолжи да ги прифаќа сите меѓународни влезни пошта и пакети од кинеското копно и поштата во Хонг Конг. Претходно во вторникот, USPS објави дека повеќе нема да прифаќа пратки од Кина и Хонг Конг, откако САД воведоа дополнителни 10% царини за кинески стоки и го прекинаа царинскиот исклучок што дозволуваше ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска пред медиумите соопшти дека одлуката на Уставниот суд да се поништи т.н. солидарен данок е конечна и мора да се почитува, а оти сите засегнати субјекти имаат легитимно право да си побараат надомест на име затезна камата. Тој на прашање на новинарите рече дека нема намера да ја коментира одлуката на Судот, а дека во рамки на Владата заедно со Министерството за финансии ќе направат мапирање ...

Минатата година вкупниот обем на трговија со злато изнесувал 4.974 тони, што е зголемување од 4.899 тони во 2023 година. Во 2024 година, глобалната побарувачка за злато, поттикната од зголемените геополитички и економски несигурности, достигна ново рекордно ниво, коментира Шаокаи Фан, глобален шеф на централните банки во Светскиот совет за злато. Трета година по ред, глобалната трговија со злато надмина 1.000 тони, а апетитот на централните ...

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека за годинава е можна „стабилизација“ на цените на становите. Но, тој додаде дека не очекува намалување на цената на квадратниот метар бидејќи, според него, потребни се многу мерки кои треба да се спроведат за тоа да се случи. „Веќе полека се појавува помал интерес на купување на готови станови, затоа што сите ...

Минималните плати во Европската унија (ЕУ) покажуваат значителни разлики меѓу земјите членки, при што месечните бруто минимални плати се движат од 551 евро во Бугарија до 2.638 евра во Луксембург. Овие разлики се намалуваат кога се зема предвид стандардот на куповна моќ (PPS), но сепак остануваат значајни. Во регионот на Западен Балкан, минималните плати исто така варираат: Овие податоци укажуваат на значителни разлики во минималните плати ...

Премиерот Христијан Мицкоски, во однос на замрзнувањето на програмите на УСАИД од страна на новата американска администрација на Доналд Трамп, изјави дека ова треба „да нè освести, да нè отрезни и да сфатиме дека во иднина ќе треба самите за себе да се грижиме, самите да градиме општество кое ќе биде наше заедничко општество“. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски рече дека „ќе треба да бидеме свесни дека ова е наш заеднички дом и дека ...

Земјоделците кои сакаат да инвестираат во своето производство можат да се подготвуваат за аплицирање на новиот јавниот повик од ИПАРД 3 програмата. Неповратната финансиска поддршка се однесува за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. Кофинансирањето е најмалку 60 проценти од вложените средства … инвестициите Прифатливи се набавките на градежни материјали за изградба или реконструкција на згради и објекти, на нова ...

Групацијата на небанкарски финансиски друштва ги претстави резултатите од работењето. Компаниите од оваа дејност во последниот период се на удар на јавноста по се поголемиот број случаи на измами со брзи кредити, па и нивно подигнување во туѓо име… Месечните обврски не смеат да бидат над 70 отсто од приходот, утврден е максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот според новото законско решение кое ги штити потрошувачите на брзи ...

Бројот на работниците во индустријата минатата година е намален за 0.3 % во однос на 2023-та. Во декември лани, пак, во споредба со истиот месец од 2023, нивниот број е помал за 4.7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од ...

Земјоделците самостојно можат да направат електронски увид за најважните податоци поврзани со поднесените барања за субвенции. Министерството за земјоделство подготвува нова програма со одредени промени на системот во субвенционирање… Од оваа година субвенционирањето ќе претрпи одредени административни олеснувања за скратување на времето за аплицирање на земјоделците. Преку електронскиот преглед во платежната агенција ќе можат да ги добијат ...

Цената на кафето арабика продолжува да расте осми ден по ред достигнаувајќи го денеска својот историски максимум, како последица на намалените испораки и во пресрет на веројатното намалување на жетвата во Бразил во 2025 година предизвикано од топлото и суво време. Од почетокот на годината цената на арабиката порасна за 21 отсто. Фјучерсите за сортата арабика на берзата International Exchange Inc. (ICE) утринава пораснаа за 2,4 отсто до $3,87 ...

Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша указ со кој наложи Министерството за финансии и Министерството за трговија во наредните 90 денови да изготват план за создавање на суверен фонд за благосостојба на САД. -Политика на Соединетите Држави е да се максимизира управувањето со националното богатство исклучиво во полза на американските граѓани. Во таа насока, од интерес на американскиот народ е федералната влада да воспостави суверен фонд со ...

Цените на криптовалутите денеска забележаа остар пад, при што биткоинот достигна најниско ниво во последните три недели, а етереумот падна на најслабата вредност од септември, додека загриженоста за можен глобален трговски конфликт ги турка инвеститорите кон помалку ризични вложувања. На азиските пазари во денеска наутро, биткоинот падна на 94.476 долари, а во еден момент достигна тринеделен минимум од 91.441 долари. Етереумот загуби околу ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го прекине целото идно финансирање за Јужноафриканска Република (ЈАР), сè додека не се спроведе истрага за, како што рече, „многу лошиот третман“ на „одредени групи луѓе“. „ЈАР конфискува земјиште и одредени групи луѓе ги третира многу лошо“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл, без да приложи докази за тврдењата. „САД нема да го толерираат тоа, ќе преземеме мерки. ...

Од полноќ ќе има нови цени на горивата според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на 30.01.2025 година и со тоа же изнесува 79,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на претходната одлука и ќе биде 81,50 ден/лит. ...

Ако САД и Европската Унија започнат трговска војна, онаа што „ќе се смешка“ од страна на тоа, ќе биде Кина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на неформалниот Самит на Унијата, што денеска се одржува во Брисел. – Внимателно ги слушаме најавите што доаѓаат од американска страна и ние, исто така, се подготвуваме од наша страна. Но, она што е важно е дека во трговските ...

Бојкотот на петте најголеми трговски синџири во Црна Гора на 31 јануари доведе до пад на прометот за 56,14 отсто во споредба со истиот ден од претходната недела, соопшти црногорската Даночна управа. Граѓаните беа повикани на бојкот од граѓанската иницијатива „Алтернатива Црна Гора“, во знак на протест против високите цени на прехранбените производи. Бојкотот се однесуваше на супермаркетите „Воли Трејд“, „Хард Дискон Лаковиќ“, „Идеа-ЦГ“, ...

Измина една година од потпишувањето на важните протоколи за слободен пристап до пазарот на труд и поврзување на системите за електронска идентификација на граѓаните на Македонија, Србија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“. Тоа значи слободен пристап до вработување во Македонија за државјани на Република Албанија и Република Србија, како и вработување на граѓани од Македонија во тие две земји. Во Агенцијата за вработување ...

А на социјалните медиуми од синоќа се шири нов повик за бојкот но не на сите туку само за двата големи маркети Тинекс и Веро. Се повикуваат граѓаните денеска да се воздржат од купување на производи од овие два маркети додека за петок повторно се најавува бојкот на сите колеми синџири, а истиот е насловен како „Црн петок“ за маркетите. На бојкотот во петокот граѓаните беа со поделени мислења околу тоа дали треба ваква акција и дали истата ќе ...

Состанокот на извршниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска треба да одржи состанок бидејќи претстојното повлекување на Соединетите држави предизвика дупка во буџетот, јави ДПА. Откако претседателот Доналд Трамп им нареди на САД да излезат од СЗО на неговиот прв ден на функцијата, во седиштето на агенцијата на ОН во Женева владее атмосфера на тревога. САД се убедливо најголемиот придонесувач за СЗО. Во 2024 година, ...

Еврото падна на почетокот на неделата поради зголемената загриженост поради ескалацијата на трговскиот спор меѓу Соединетите држави и неколку други земји. Курсот се намали во текот на ноќта на 1,0141 долари, што е најниско ниво од ноември 2022 година, пред малку да се опорави на 1,0245 долари утрово, сè уште повеќе од еден цент под вредноста во петокот навечер. Еврото е под притисок по изборот на Доналд Трамп за американски претседател на ...

Доналд Трамп изјави дека многу брзо ќе воведе царини за добра увезени од Европската Унија, што следува откако тој почна трговска војна со Канада, Мексико и Кина, трите најголеми трговски партнери на САД. „Европската Унија ја искористува Америка. Тие не купуваат наши автомобили, не купуваат наши земјоделски производи. Не купуваат речиси ништо, а ние купуваме милиони нивни автомобили и огромни количини храна и земјоделски производи“, кажа ...

Проблематичен и доста комплициран е годинава откупот на ориз во кочанскиот регион. Наместо приход за оризарите, неодамнешното воведување на субвенцијата од 6 денари за килограм предадена арпа резултира со загуби, обвинуваат кочанските прoизводители и објаснуваат дека по најавата за субвенцијата земјоделците всушност добиле пад на откупните цени од страна на откупувачите за онолку колку што ќе добијат од државата. Дополнително голем проблем е ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.58
74%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Софија

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
44%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
0.99
74%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1018
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
100%
1018
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
73%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.34
81%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0037

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Бакар

12.06

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09