Преку различни мерки, пред се преку диверзификација, Австрија значително ја намали зависноста од рускиот гас од претходните 79 отсто на 21 отсто, соопшти австриското Министерство за енергетика. Според регулаторното тело Е контрола, уделот на рускиот гас во февруари изнесувал 79 отсто, а Австрија, како што се наведува во соопштението, успеала да ги замени испораките од Русија кои сега изнесуваат 21 отсто. Така, Австрија изнајми 40 терават часови ...

Имено, многу домаќинства во Германија ќе претрпат нов удар во јануари во вид на зголемени сметки за енергија, бидејќи добавувачите на електрична енергија и гас се соочуваат со повисоки пазарни цени на големо и зголемени мрежни трошоци. – Нивото на цените на енергијата е историски високо и ја намалува куповната моќ на домаќинствата – изјави Торстен Шторк, експерт за енергија од порталот Verivox. Порталот, инаку, следел 800 добавувачи на ...

Според пресметките на Електростопанството на Србија, просечната сметка за струја за домаќинствата ќе биде зголемена за околу 300 динари (околу 2,5 евра). Последното поскапување од 6,5 отсто на струјата беше на 1 септември, а на гасот во август за девет отсто. Ѓедовиќ на Инстаграм напиша дека гасот во Србија во моментов е меѓу најевтините за индустријата и трет најприфатлив во Европа за домаќинствата. Таа рече дека државата ќе продолжи да ја ...

Растат штедните влогови на граѓаните. Од почетокот на годината тие се повисоки за 130 милиони евра. Се забележува и зголемување на каматите на денарските депозити. Довербата во домашната валута се задржа, за што се доказ и операциите на централната банка на девизниот пазар, односно од јули наваму се откупуваат девизи, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија. „Кога започна војната во ...

Австриските нафтени и гасни компании ќе треба да плаќаат до 40 отсто данок на дополнителниот профит што го оствариле за време на војната во Украина. Владата во Виена најави воведување специјален данок за оваа и следната година, што е веќе планирано во слична форма и во другите земји од ЕУ. „Вонредните времиња бараат вонредни мерки“, рекоа вицеканцеларот Вернер Коглер и министерот за финансии Магнус Брунер. Скокот на цените на природниот гас и ...

На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително се зголеми, откако минатата недела зајакна за околу 0,5 отсто. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 107,18 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 106,90 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 140,35 на 140,45 јени. И ...

Соларните панели се еден од најкористените извори на обновлива енергија во светот денес. Тие може да ја претворат светлината од сонцето во електрична енергија, па затоа се многу корисни и популарни. Дали некогаш сте се запрашале како се произведуваат тие? Процесот вклучува подготовка на материјалите, редење на сончевите ќелии и склопување на панелот. Голем дел од овие работи се прават со машини и роботи, но за местењето на некои делови се ...

СВЕТОТ е на работ на недостиг на сребро, што би можело да се случи до крајот на оваа година, објави меѓународната асоцијација Silver Institute, во која членуваат некои од најголемите светски компании за производство и преработка на тој благороден метал. Глобалната побарувачка за сребро, составена од индустриски потрошувачи, производители на накит и домашни производи и инвеститори, ќе се зголеми за рекордни 16 отсто во споредба со минатата ...

Американската компанија за пиво „Бадвајзер“ (Budweiser), еден од официјалните спонзори на Светското првенство во фудбал, се најде во неволја поради забраната на Катар да се служи алкохол на сите стадиони. Затоа се одлучиле на интересен маркетиншки потег. Добивај вести на вибер Поради забраната за послужување алкохол на стадионите во Катар, Бадвајзер сега може да служи само безалкохолно пиво и затоа на својот Твитер објави дека ќе ги донира сите ...

Регулаторната комисија за енергетика во текот на утрешниот ден ќе донесе одлука за нова цена на горивата. Како и секој понеделник РКЕ оддржува редовна седница на која се утврдуваат новите цени на бензинот и дизелот, како и другите деривати. Според последните флуктации на берзите, моменталната цена на нафтата од типот брент е 87 долари, а нафтата WTI круд е 80 долари за барел, при ослабнат долар, што според анализите може да значи и поголемо ...

Германската влада донесе одлука да исплати 200 евра еднократна помош за да ги ублажи последиците од поскапувањето на енергенсите на учениците и учесниците во стручните училишта. Околу 3,4 милиони ученици и учесници во стручните училишта во Германија треба да имаат корист од оваа мерка, која е дел од пакетот помош за германските граѓани, кој треба да ги ублажи финансиските последици од поскапувањето на енергијата, особено гасот. Студентите можат ...

Народната банка уште од минатата година, преку низа инструменти го започна затегнувањето на монетарната политика, во насока на закотвување на инфлациските очекувања, вели во интервју за МТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. “Иако ова не е класичен шок од страна на побарувачката, инфлациските притисоци траат подолго време, подисперзирани се, влијаат на инфлациските очекувања и оттаму централните банки мора да реагираат. ...

Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека се отповикува небезбеден производ – БАЛAНС + ферментиран млечен производ, нето количина 1 кг, поради испратена количина која не е наменета за македонскиот пазар со неусогласена концентрација на афлатоксини според македонските прописи и е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и ...

Во рамки на Глобалната недела на претприемништвото, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) потпишаа Меморандум за стратешка соработка со цел зајакнувањето на претприемачкиот и иновацискиот екосистем во земјата и обезбедување на поддршка во развојот на младите претприемачи преку користењето на можностите на програмата Еразмус за млади претприемачи, која е една од ...

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали. Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно до сега во оваа година се издадени лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 MW се за мали хидроцентрали ...

Под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и со поддршка на Стопанската Комора, Делегацијата на германското стопанство, Сојузот на стопански комори, Western Balkan 6 и Австриската амбасада во земјава, денеска во Скопје се одржува Балкан Економик Форум. На настанот, покрај официјалниот државен врв и претставници од дипломатскиот кор, добредојде на учесниците преку видео пораки ќе им посакаат и потпретседателката на Европската ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 16.11.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,881%, кај дизелот за 1,145%, кај екстра лесното за 1,165% и кај мазутот ...

Деновите на финансиската писменост, коишто се организираат по шести пат, годинава ќе се одржат од 23 до 25 ноември, со обезбедување на предавања на повеќе теми за секој заинтересиран граѓанин. Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот ...

Скопје, 17.11.2022 – А1 Македонија најавува нова атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2023 година со неограничена комуникација, многу содржини и многу ТВ уреди, мобилни уреди и паметни часовници по најповолни цени. Како и секогаш, и овој пат, A1 Македонија е насочена кон потребите на корисниците и ги нуди најдобрите мобилни, интернет и телевизиски услуги по пристапна цена. Овие празници, со тарифниот ...

Новиот сопственик на Твитер Илон Маск (Елон Маск) предупреди во средата дека целиот персонал на комуникациската платформа мора да биде „екстремно тврдоглав“ или да се соочи со отказ и дека само „вонредните перформанси ќе бидат задоволителни“. Вработените на Твитер во полноќна е-пошта, видена од The Wathington Post, дознаа дека имаат рок до четврток да одлучат дали ќе останат во компанијата. Оние кои сакаат да продолжат да работат на новата ...

Илон Маск, новиот сопственик на „Твитер“, им поставил ултиматум на своите вработени во интерна електронска порака да „посветат напорна работа“ или да ја напуштат компанијата, објави Си-ен-ен. „За да го изградиме револуционерниот ‘Твитер 2.0’ и да успееме во сè поконкурентен свет, ќе мора да бидеме многу посветени“, напиша Маск. „Ова значи дека ќе мора да работите прекувремено и многу интензивно. Само најдобрите ќе можат да останат“, додаде тој. ...

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 18 јули 2014-та година. Согласно дискусијата основната причина поради којашто Судот се одлучи за поведување на постапка е дека оспорената Одлука не била донесена со потребно мнозинство, согласно Законот за локална самоуправа. Информираме дека ова е прва фаза кога Судот формално-правно изразува сомнеж во уставноста и ...

Дополнително зголемување на каматните стапки на Народната банка и натамошно раздвојување на стапките на задолжителната резерва во полза на денарското штедење На 15 ноември 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст ...

На првиот ден Глобалната недела на претприемништвото, на 14-ти ноември, 2022 година, успешно заврши економската дебата, на тема: „ПОСТ-КОВИД ПЕРИОДОТ И ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА – ЕФЕКТИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА И БАНКИТЕ“ Видни домашни експерти и општествени титулари од областа на финансиите и банкарството, говореа на настанот за ефектите на кризниот период, актуелните настани во државата на економски план и предвидувања за идните текови. Оттука, како ...

Инфлацијата во Британија го достигна највисокото ниво во последните 41 година. Причина за тоа се зголемените цени на енергијата, храната и транспортот, пренесува Ал Џезира. Индексот на потрошувачките цени достигна 11,1 отсто во октомври и сега е на највисоко ниво од 1981 година, објави Заводот за национална статистика (ONS). Во септември таа изнесуваше 10,1 отсто. Сметките за гориво сега дополнително се зголемија, и покрај тоа што владата ги ...

Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) – специјализирана рударска компанија со седиште во Лондон, Велика Британија. Најголемиот македонски рудник за олово и цинк го посетија британскиот амбасадор Метју Лосон, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски. За време на посетата тие се запознаа со досегашните ...

На самиот старт на Глобалната недела на претприемништво, Институтот Хајделберг во Скопје реализираше настан со цел презентирање на моделот на германско дуално високо образование, со истакнување на бенефитите за студентите и за компаниите во земјата. Станува збор за онлајн дискусија како дел од програмата на „Глобалната мрежа на претприемништво“, која има за цел преку настани кои истовремено се одржуваат во околу 180 земји ширум светот да иницира ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 % во однос на одлуката од 14.11.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,887%, кај дизелот за 2,869%, кај екстра лесното за 2,857% и кај мазутот ...

Деновиве социјалните мрежи се преплавени со реклами од познати македонски компании кои решија да се вклучат во големиот празник на купувањето познат како “Црн Петок”. Додека црниот петок во САД е вистинска атракција, а граѓаните можат да пазаруваат по несекојдневни цени, кај нас црниот петок како маркетиншки трик почна уште од пред една недела. Голем број на компании поставија натписи со намалување на цените кои сега важеле како загревање за ...

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време. Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот. Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.43
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.26
91%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Цинк

3.23

Злато

135056.24

Алуминиум

2.91