Средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин веројатно нема да се одржи, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, иако претходно беше најавена од американскиот претседател Доналд Трамп. „Очигледно нема да се случи средба меѓу Зеленски и Путин, без разлика што било договорено меѓу претседателот Трамп и Путин“, изјави Мерц во четвртокот пред новинарите во близината на Тулон, Франција. Белата куќа ...

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе воведе „значителни“ царини за земјите што применуваат дигитални даноци, само неколку дена откако извршниот директор на „Мета платформс“ (Meta Platforms Inc.), Марк Закерберг, изразил загриженост околу овие давачки за време на средба во Белата куќа. Коосновачот на Фејсбук (Facebook) ја посетил Белата куќа кон крајот на минатата недела, наведуваат лица запознаени со приватната средба, кои побарале ...

Минатогодишното издание на конференцијата за финансиски пазари на Црна Гора (Montenegro Financial Markets) ја позиционира Црна Гора како точка на средба на регионалниот и меѓународниот финансиски сектор. Кои се, според вас, клучните поместувања што се остварија во изминатата година – и каде се можностите што сè уште не се доволно искористени? Минатата конференција дефинитивно беше пресвртница - покажа дека Црна Гора може да биде домаќин на ...

Додека траат напорите на САД за мир во Украина, Русија испука речиси 600 дронови, две ракети „Кинжал“ и девет „Искандер-М“ ракети, како и 20 крстосувачки ракети „Кха-101“ во нападите низ земјата ноќта во средата. Според пресметки на „Блумберг“ врз основа на податоци од украинското Воено воздухопловство, ова беше вториот по големина напад оваа година. Рускиот напад уби 14 луѓе, меѓу кои и три деца, и најмалку 48 беа повредени, соопштија ...

Во четвртокот сите очи беа вперени во највредната компанија во светот, „Енвидија“, чии благи прогнози предизвикаа сомнежи кај инвеститорите во врска со одржливоста на бумот на вештачката интелигенција. Во меѓувреме, пошироката јавност речиси и не забележа вест за една кинеска компанија од истиот сектор што тивко бележи раст што далеку го надминува тој на „Енвидија“, но и вредност што сугерира дека пазарот очекува чуда од неа. Дизајнерот на ...

Во март, кога американскиот претседател Доналд Трамп ја засилуваше својата трговска војна со Кина, Пекинг започна стабилен и тивок пристап кон Индија. Претседателот Шји Џјинпинг испрати писмо до индиската колешка Друпади Мурму — која е првенствено церемонијална фигура — за да ја испита можноста за подобрување на односите, според индиски функционер запознаен со прашањето. Писмото изрази загриженост за какви било американски договори што би ...

Русија ноќеска ослободи бран дронови и ракетни напади врз Киев, спротивно на повиците на САД за крај на борбите, додека Украина и нејзините сојузници продолжија со напорите за обезбедување идни безбедносни гаранции за земјата погодената од војната. Рускиот напад уби 14 луѓе, меѓу кои и три деца, и најмалку 48 беа повредени, соопштија украинските власти. Можно е уште тела да се наоѓаат под урнатините, изјави украинскиот претседател Володимир ...

Мексиканската влада планира да ги зголеми царините за Кина како дел од буџетскиот предлог за 2026 година, кој ќе биде претставен следниот месец, со цел да ги заштити домашните компании од евтин увоз и да го исполни долгогодишното барање на американскиот претседател Доналд Трамп. Зголемувањето на царините, кое се очекува да важи за увозот на автомобили, текстил и пластика, има за цел да ги заштити домашните производители од субвенционирана ...

Највредната светска компанија, „Енвидија“, објави млаки прогнози за раст на приходите во тековното тримесечје, со што сигнализираше забавување на растот по две години на огромни скокови благодарение на трошоците за вештачка интелигенција. Приходите од продажба во третиот фискален квартал, кој завршува во октомври, би требало да се движат околу 54 милијарди долари, објави компанијата во средата во соопштение. Иако тоа е во согласност со ...

Амбициозниот проект за интегрирање на регионалните берзи би требало да го претвори Загреб во сериозен финансиски центар, доколку се реализираат плановите на министерот за финансии Марко Приморац и неговите колеги од седум други земји. Да потсетиме дека Загрепската берза (ЗБ), како сопственик на Љубљанската и Македонската берза (во Македонската берза со 30 отсто од капиталот), во првиот обид за обединување на регионот неславно потфрли. Ова ...

Царинските политики на Трамп остануваат во фокусот. Вчера тој наметна царини од 50 отсто на индиските производи за да ја казни земјата поради тоа што купува руска нафта. Со тоа ја наруши децениската заложба на Вашингтон за поблиски односи со Њу Делхи. Европската Унија пак, брза до крајот на неделата да донесе закон за укинување на сите царини на американските индустриски производи, барање што го постави претседателот Доналд Трамп пред САД да ...

Финансискиот пазар во Македонија не е подготвен за ИПО - иницијални јавни понуди на акции (од англиски: Initial public offering - IPO), а примерот на стриминг-платформата „Глеј“ го потврдува тоа, вели во изјава за „Блумберг Адрија“ Дарко Перушески, извршниот директор на компанијата „Свод мастер“, која управува со платформата. Во 60-те дена, колку што траеше тргувањето со обичните акции, беа истргувани 6.672 акции во 60 трансакции по цена од ...

Европската Унија ќе се обиде до крајот на неделата по забрзана постапка да донесе закон за укинување на сите царини на американските индустриски производи, барање што го постави претседателот Доналд Трамп пред САД да ги намалат своите давачки за извозот на автомобили од ЕУ. Според упатени извори, Европската комисија, која е надлежна за трговските прашања на ЕУ, ќе одобри и поволни царински стапки за одредени морски и земјоделски производи. ...

Претседателот Доналд Трамп наметна царини од 50 отсто на индиските производи за да ја казни земјата поради купувањето руска нафта, нарушувајќи ја децениската заложба на Вашингтон за поблиски односи со Њу Делхи. Новите царини, највисоки во Азија воопшто, стапија во сила во 12:01 часот по полноќ во Вашингтон во средата, со што постојната царина од 25 отсто на индискиот извоз се удвои. Давачките ќе погодат повеќе од 55 отсто од стоките што се ...

По мало одложување, „Рајнметал“ (Rheinmetall AG) ја отвора најголемата фабрика за муниција во Европа бидејќи дискусиите за безбедносните гаранции за Украина се засилуваат, а Германија се подготвува за масовно проширување на својата војска. Главниот извршен директор Армин Папергер, германскиот министер за финансии и вицеканцелар Ларс Клингбајл, министерот за одбрана Борис Писториус и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба денеска да ...

Трговските тензии меѓу САД и остатокот од светот се заоструваат. Европската Унија го брани правото на дигитален данок, Индија трпи последици поради соработката со Русија, а американскиот претседател Доналд Трамп влегува во уште еден институционален судир – овој пат со Федералните резерви (Фед). Освен политичките неизвесности, на движењата на светските пазари влијае и очекуваниот финансиски извештај на „Енвидија“. Еве преглед на главните ...

По мало одложување „Рајнметал“ (Rheinmetall AG) ја отвора најголемата фабрика за муниција во Европа бидејќи дискусиите за безбедносните гаранции за Украина се засилуваат, а Германија се подготвува за масовно проширување на својата војска. Главниот извршен директор Армин Папергер, германскиот министер за финансии и вицеканцелар Ларс Клингбајл, министерот за одбрана Борис Писториус и генералниот секретар на НАТО Марк Руте треба денеска да ...

Откако денеска објави рекордни бројки за продажба во првата половина од годинава, „Лего“ (Lego A/S) извести дека ќе го одржи својот замав со удвојување на пазарот во Азија. Данскиот производител на играчки објави приход од 34,6 милијарди круни (5,4 милијарди долари) за првата половина од 2025 година, што е повеќе од остварените приходи на конкурентите „Мател“ (Mattel Inc.) и „Хасбро“ (Hasbro Inc.). Бројките покажуваат дека „Лего“ ...

Европските производители на автомобили изјавија дека планираната забрана на Европската Унија за мотори со внатрешно согорување повеќе не е реална, предупредувајќи дека климатските правила ризикуваат да ја ослабат автомобилската индустрија во регионот и нејзината мрежа на добавувачи. Преку писмо лидерите на главните лоби групи во индустријата ја повикаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ги преиспита плановите ...

Претседателот Доналд Трамп со невиден и сè поостар притисок врз Федералните резерви ризикува да предизвика контраефект, со повисоки долгорочни трошоци за задолжување што може да ги погоди финансиските пазари и економијата. Со недели тој го критикува претседателот на ФЕД, Џером Пауел зашто не ги намалил каматните стапки поодлучно за да ја стимулира економијата и, според Трамп, да ги намали трошоците на владата за сервисирање на државниот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови царини и ограничувања за извозот на напредна технологија и полупроводници како одмазда за дигиталните даноци на услуги наметнати од други земји, кои ги погодуваат американските технолошки компании. „Мерките се целосно насочени кон нанесување штета или дискриминација врз американската технологија и скандалозно, им даваат целосен имунитет на најголемите кинески технолошки ...

Американскиот берзански пазар се подготвува за еден од најважните моменти оваа година – објавата на кварталните резултати на компанијата „Енвидија“ (Nvidia). Перформансите на технолошкиот лидер би можеле да го одредат правецот на целиот индекс S&P 500, предупредуваат економистите, додека нервозата на пазарот ја поттикнуваат повеќе фактори. Ажурираните податоци за работењето компанијата ќе ги објави во среда по затворањето на берзата во ...

Македонските граѓани никако да здивнат од растот на цените на производите и услугите односно од инфлацијата, која во јули годинава забрза на 4,8 проценти. Највисок годишен раст на цените од 6,8 проценти минатиот месец имаше кај храната, што претставува и најголем удар за семејните буџети во Македонија. На прсти може да се избројат производите во земјава што годинава ја задржале истата цена како и во минатата година или што поевтиниле. Сепак, ...

Неоспорно е дека висината на платата е многу значајна при изборот на работното место, но исто така непобитен факт е дека во денешно време многу други бенефиции играат улога при изборот на работодавец. Одамна веќе се обрнува големо внимание на тоа што дополнително ќе им се обезбеди на вработените за да дојдат и да останат во компанијата во услови на глобален недостиг од работна сила, за што сме пишувале многупати досега. И не станува збор само ...

Европската унија остро реагираше на тврдењата дека нејзините дигитални регулативи се неправедни, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за земјите што имаат даноци за дигитални услуги. „Тоа е суверено право на ЕУ и на нејзините земји членки да ги регулираат нашите економски активности на нашата територија во согласност со нашите демократски вредности,“ изјави портпаролката на Европската ...

Цената на нафтата падна по четиридневен раст, додека инвеститорите чекаа појасни сигнали за снабдувањето, а наедно ги следеа и пошироките пазарни потреси предизвикани од потегот на претседателот Доналд Трамп да разреши гувернер на Федералните резерви. Брентот се спушти кон 68 долари за барел, а вест тексас интермидиејт (ВТИ) падна под 65 долари. Министерството за внатрешна безбедност на САД во понеделникот издаде соопштение дека ќе ги удвои ...

Вештачката интелигенција го прави потешко наоѓањето на работа за работниците на почетни позиции во САД, во области како што се развој на софтвер и корисничка поддршка, според ново истражување. Во студијата објавена неодамна, истражувачите од Универзитетот Стенфорд соопштија дека откриле дека во последните три години вработеноста кај лицата кои започнуваат во области кои се најизложени на вештачката интелигенција опаднала за 13 отсто. Во оваа ...

Биткоинот падна на најниско ценовно ниво за речиси седум недели, со што продолжува дополнителното повлекување на токенот од рекордот поставен во средината на август. Во рамки на денешното азиско тргување вредноста на најголемата криптовалута падна за дури 0,8 проценти, на 108.719 долари, а воедно се лизна под својот 100-дневен просек на движење, покажуваат податоците собрани од „Блумберг“. XBTUSD:CUR XBT-USD Cross Rate 110.132,15 USD ...

Францускиот премиер Франсоа Бајру распиша гласање за доверба што може да ја урне француската влада веќе следниот месец, предизвикувајќи распродажба на француски средства додека инвеститорите се штитат од поголема политичка неизвесност. Крајно десничарската Национална алијанса, левичарското движење „Непокорена Франција“ и Зелените најавија дека ќе гласаат против предлогот на 8 септември, додека социјалистите порачаа дека нема да ја поддржат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови царини и ограничувања на извозот на напредни технологии и чипови, како одмазда за даноците на дигиталните услуги што другите земји им ги наметнале на американските технолошки компании. Трамп објави на социјалните мрежи дека целта на сите тие земји е „да ја оштетат или дискриминираат американската технологија“ и „да им овозможат целосна предност на најголемите кинески ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
51%
997
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
66%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.32
100%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
87%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
91%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
79%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Алуминиум

3.09

Цинк

3.29

Паладиум

55781.55

Калај

48.78