Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Министерството за животна средина посочува и дека во моментов Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина Откако вчера во медиумите се објавија фотографии и видеа на кои се гледа како илјадници пластични шишиња и ...
На прв поглед, Синхуи е обична населба во кинескиот град Џијангмен, кој се наоѓа во јужната кинеска покраина Гуангдонг. Но, ако се најдете таму на есен или зима, улиците ќе бидат исполнети со прекрасен мирис на сушени лушпи од мандарина, познати како ченпи. За луѓето од Синхуа, тоа е мирис на злато. Имено, зборот за мандарина на кантонски, локалниот дијалект, се изговара исто како „злато“ – „гам“. Како скапоцен метал, некои од овие лушпи ...
Италија ризикува да загуби околу 20 проценти од своите плажи до 2050 година, а дури 40 проценти до крајот на векот, поради порастот на нивото на морето поврзан со климатската криза, како и поради поплави и ерозија на земјиштето, се наведува во новиот извештај на Италијанското географско друштво „Потопени предели“. Според извештајот, најзагрозени подрачја се северниот дел на Јадранот, плажите на Гаргано во Апулија, неколку делови од тиренската ...
Ураганот Мелиса попладнево треба да ја погоди Јамајка, откако во текот на неколку дена прерасна од тропска бура во ураган од петта категорија. На почетокот на викендот Мелиса сè уште беше тропска бура, но помалку од 24 часа подоцна брзината на ветерот се зголеми на околу 225 километри на час. До вчера достигна петта категорија, придружена со предупредувања од метеоролозите дека последиците би можеле да бидат „катастрофални“ додека се ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска очекува дека и следната година ќе има раст на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува. На денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог-буџетот за 2026 година, министерката за финансии рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за илјада денари, а за септември дополнително Владата ќе одлучи дали ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „Европската Унија нема никаква важност“ и оцени дека американскиот претседател, Доналд Трамп, „греши во врска со рускиот претседател Владимир Путин“. Анса денеска објави дека италијанската премиерка Џорџа Мелони на средбата со Орбан во Рим, се обидела да посредува меѓу унгарскиот премиер и другите европски лидери во врска со ветото на Унгарија врз клучните одлуки на ЕУ за Украина. Пред средбата со ...
Американскиот онлајн малопродажен гигант „Амазон“ денеска соопшти дека планира да отпушти околу 14.000 административни работни места. Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл се стреми да ја намали својата работна сила по масовното вработување за време на пандемијата. „Волстрит џурнал“ објави дека компанијата би можела да отпушти до 30.000 работни места во неколку бранови. „Амазон“ соопшти дека ќе бидат создадени нови работни места во други ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека на веб-страницата на институцијата е објавен нов дел со проширена база на знаење – прашања и одговори поврзани со даночните обврски. Целта на оваа алатка, како што информираат од УЈП, е да овозможи едноставен и брз пристап до точни информации за примената на даночните прописи, лесно достапни до секој обврзник – фирма или граѓанин. -Објавени се вкупно 260 прашања, поделени ...
Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а веќе се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани, додаваат од МЗ, можат да ...
Празот не е омилен зеленчук на секого, но во овој малку понеобичен начин на подготовка на чорби, празот е вистинската ѕвезда! Состојки: Подготовка: Исчистете ги компирите и исецкајте ги на коцки, додадете 2,5 дл вода, иста количина млеко и една коцка за супа. Во меѓувреме, добро измијте го празот и исечете го на прстени. Кога компирите малку ќе омекнат, додадете го празот. Во посебна тава, ситно исецкајте ја сланината и лесно запржете ја. ...
Кашлицата и кивањето се неизбежни во ова време од годината. Покрај тоа, и нови соеви на коронавирусот се раширени, а во морето од информации и лажни информации, сè потешко е да се каже дали болното грло и растечениот нос е знак на ковид-заболувањето или обична сезонска настинка. Што предизвикува настинка, а што – ковид? Според лекарите, настинката е предизвикана од низа различни вируси, но најчестиот причинител е риновирусот. – Тој „сака да ...
По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. -На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства ...
Пред 60 години, Римокатоличката црква се отвори кон други, нехристијански религии. Со векови, ова изгледаше незамисливо, особено кога стануваше збор за јудаизмот и исламот. Декларацијата Nostra aetate (Во наше време) е првиот официјален документ на Римокатоличката црква во кој другите, нехристијански религии се признаваат на позитивен начин. Се смета за „пресвртница“ во односите на Римокатоличката црква со нехристијанските религии, еден вид ...
Илон Маск и неговата компанија xАИ ја лансираа Грокипедија, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на онлајн енциклопедијата Википедија, која е креирана и уредувана од волонтери, а која некои американски републиканци ја обвинуваат за политичка пристрасност и, заедно со Маск, тврдат дека е „премногу левичарска“. Името Грокипедија доаѓа од четботот Грок на xАИ, за кој Маск тврди дека „бара максимална вистина“. Верзијата 0.1 од ...
Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) тврди дека Франција планира да распореди контингент од приближно 2.000 војници во Украина. – Јадрото на формацијата ќе го сочинуваат јуришните трупи на Француската легија на странци, пред сè од латиноамериканските земји, прецизираше во извештајот руската разузнавачка агенција, пренесува РИА Новости. Според овие тврдења, трупите се веќе распоредени во подрачјата на Полска кои граничат со Украина, ...
„Да го продолжиме развојот, да ја зајакнеме општината и да обезбедиме подобар живот за секој жител на Крушево,“ порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Томе Христоски, на средбата со жителите во селото Јакреново. Тој посочи дека во изминатите години, како во градот, така и во сите населени места, се реализирани бројни инфраструктурни и комунални проекти. „Токму тука, во Јакреново, се чувствува промената. Во изминатиот период од осум ...
Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е под санкции од САД поради мнозинско руско сопствеништво, не коментираше засега за наводната блокирана испорака на околу милион барели казахстанска нафта наменета за компанијата, доставена до Омишаљ во Хрватска. Српски медиуми јавија, пренесувајќи информација на агенцијата Ројтерс дека танкер со казахстанска сурова нафта е пристигнат во Омишаљ на 9 октомври, но товарот не е доставен во Србија. ...
Повеќе од 100 последователни потреси беа почувствувани по земјотресот со јачина од 6,1 степен што го погоди регионот Баликешир во Турција синоќа, од кој најсилниот беше со јачина од 4,4 степени. Во земјотресот беа повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања. Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, ...
Мнозинството жени во Германија не се чувствуваат безбедно на јавни места, покажа анкета објавена денеска. Во анкетата спроведена од институтот за истражување на јавното мислење Civey во име на Funke Media Group, 55 отсто од анкетираните жени изјавиле дека се чувствуваат небезбедно на кое било од наведените јавни места, како што се улици, јавен превоз или паркови. Клубовите и железничките станици се покажаа најлошо, при што само 14 отсто од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагираше на засилената негативна кампања во вториот изборен круг, оценувајќи дека таа е резултат на јасниот сигнал што граѓаните го испратија уште во првиот круг. „Ги гледаат анкетите, ги видоа резултатите од првиот круг и се обидуваат на секој можен начин – преку црни кампањи, омаловажување, притисоци и ширење лаги – да направат подобар резултат. Но таа работа во Центар и кај центарци ...
Бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, ќе се врши денеска од 10 до 12 часот на Универзитетската клиниката за неврологија, во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар. Целта на настанот е подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар. Отворениот ден, како што информираат од Министерството за ...
Европската Унија и нејзините 27 земји членки во 2024 година од јавните средства издвоиле 31,7 милијарди евра за поддршка на земјите во развој за намалување на емисиите на стакленички гасови и за прилагодување на влијанијата од климатските промени. За истите цели, ЕУ дополнително мобилизирала и 11 милијарди евра од приватни извори. Овие податоци се наведени во соопштение објавено од Советот на ЕУ во пресрет на Конференцијата на ОН за ...
Во услови кога во Србија продолжуваат продемократските протести предводени од студентите, а довербата во Брисел еродира, ЕУ се наоѓа заглавена помеѓу демократските принципи и нејзината зелена индустриска стратегија, оценува бриселскиот портал „Еурактив“ во својот осврт на состојбите во Србија. – Актуелните антивладини протести и контроверзиите околу отворањето на рудникот за литиум поврзан со ЕУ во Србија, ги затегнуваат и онака веќе ...
Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија денеска и утре во Охрид ќе ја организираат 16-тата Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги. На годинашната конференција, која се одржува под мотото „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера – приклучувањето кон СЕПА: Ново ...
Состојки за маринада 1 литар оцет 2 литри вода 80 грама сол 80 грама шекер 1/2 пакетче бибер во зрна 2 глави лук една рака магданос по потреба масло за јадење, модар патлиџан 3 килограми 1. Модриот патлиџан исечете го на форми по желба, посолете го и оставете 2 -3 часа да се отстои, па исцедете го. 2. Водата, оцетот, шеќерот, солта и биберот ставете во поголемо тенџере да зовријат. Ставајте во маринадата од модриот патлиџан да проврие на ...
Шведска, која е зафатена од тежок криминал поврзан со банди, денеска објави планови за сместување на сторители на кривични дела на возраст од 13 години во младински центри за притвор од следното лето – иако тие не можат да бидат кривично одговорни поради нивната возраст. Владата во Стокхолм претходно ја задолжи националната затворска управа да создаде оддели во притворните установи за 15- до 17-годишници кои извршиле сериозни кривични дела. ...
Ураганот „Мелиса“, кој се приближува кон Јамајка, денеска ја достигна петтата, најсилна категорија на разорност и се очекува на оваа островска држава во Карипското Море да предизвика катастрофални поплави, одрони и штети. Јамајканските власти му наложија на населението да се евакуира, предупредувајќи дека времето за подготовки за ударот на стихијата „веќе е речиси истечено“. View this post on Instagram A post shared by Jamaica Gleaner ...
Руската нафтена групација „Лукоил“ денеска соопшти дека има намера да ги продаде своите меѓународни активи, како резултат на „воведувањето рестриктивни мерки против компанијата и нејзините подружници од страна на некои држави“. Соопштението е објавено на веб-страницата на концернот. Компанијата дополнува дека веќе е започнато разгледување на понудите од потенцијални купувачи. Продажбата на имотот се спроведува во согласност со лиценцата за ...
Германската полиција откри голем арсенал оружје, меѓу кои автоматски пушки, базуки и митралези, при акција против организирани мрежи за трговија со оружје во западниот дел на земјата, јави ДПА. Оружјето било пронајдено во градот Ремшајд, близу Вупертал, во покраината Северна Рајна – Вестфалија. Обвинителот Волф-Тилман Баумерт изјави дека се работи за едно од најголемите количества оружје некогаш пронајдени во таа покраина. По тајна операција ...