Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД досега уништиле девет ирански воени бродови во нападите врз Иран. „Тукушто бев информиран дека уништивме и потопивме девет ирански воени бродови, од кои некои се релативно големи и важни. Ги бркаме другите – наскоро ќе пловат на дното на морето! Во вториот напад, главно го уништивме нивниот поморски штаб. Освен тоа, нивната морнарица се справува многу добро“, рече Трамп во објава ...
НАТО внимателно ги следи случувањата во Иран и на Блискиот Исток, а нивниот врховен командант во Европа ги прилагодува силите по потреба за одбрана од „потенцијални закани“, се вели во соопштението на алијансата. Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, „продолжува активно и редовно да разговара со воените лидери од двете страни на Атлантикот“, изјави портпарол на НАТО. Врховниот ...
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) вели дека три танкери за нафта од САД и Велика Британија биле „погодени од ракети и горат“, според државните медиуми. САД и Велика Британија не ги потврдија овие извештаи. Операциите за поморска трговија на Велика Британија во своето дневен резиме велат дека „биле пријавени повеќе инциденти со поморската безбедност“ во областа. Се вели дека два брода биле погодени од „непознат ...
За време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Бор и неговата средба со граѓаните, се случи емотивна и контроверзна сцена кога една жена, на инсистирање на претседателот, откри семејна тајна пред своето болно дете и присутната публика. Сцената започнала кога Гордана Кариќ, корисничка на социјална помош, побарала збор за да укаже на административните проблеми со кои се соочува. Таа објаснила дека девет месеци не добила ...
Поради насилното однесување на синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, кога четири часа дивееја пред Владата и Парламентот, уапсени се 46 лица. Судирите меѓу полицијата и демонстрантите започнаа веднаш по говорот на лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, кога поддржувачите почнаа да фрлаат молотови коктели и пиротехнички средства кон објектот на Владата. Тие продолжија пред Парламентот, каде што демонстрантите беа уште понасилни ...
На својот „Инстаграм“ профил се огласи претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Планирале да го претепаат, да ми го заколат детето – напиша претседателот Вучиќ на својот Инстаграм профил „avucic“. На прашањето за апсењето на осомничените за планирање на атентат врз претседателот Вучиќ и дали ова е резултат на повеќегодишната кампања против него и неговото семејство, Вучиќ претходно одговори дека не навлегувал во детали и дека не знае точно ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во подрачјето на Елбасан, Албанија, кој е почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид. Според извештаите, потресот е регистриран во 20:06 часот на длабочина од 13 километри. Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан. Засега нема информации за причинета материјална штета. МИА Земјотрес со јачина од 4,3 степени според ...
Блокадата на патниот правец Либражд – Прењас поради големо свлечиште продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот кон југоисточна Албанија, парализирајќи го и граничниот сообраќај со Македонија. – Поради уништување на дел од коловозот на Ќафасан – Елбасан, како и големото оштетување и поместување на мост кај Прењас, сообраќајот е целосно во прекин, а десетици товарни возила се принудени да чекаат неколку дена за да ја преминат ...
Полициски инспектор од полициската станица Камза, со уште две други лица, се уапсени на преминот „Мердаре“ при влез од Србија во Косово, со непријавени милион евра. – Дирекцијата за професионални стандарди во државната полиција веднаш го суспендираше инспекторот Аурел Казиу, откако косовската страна извести дека тој вчера бил уапсен заедно со уште две лица, откако се обидел да прошверцува еден милион евра непријавени, објави Дирекцијата. ...
Претседателот на СПС и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, беше итно хоспитализиран по ненадејно влошување на неговата здравствена состојба. Следните 72 часа се клучни, изјави д-р Спасоје Поповиќ, кој е еден од лекарите кои се борат за животот на Ивица Дачиќ. Тој е на респиратор, има двојна пневмонија и ги прима сите лекови што му се потребни. Се бориме за неговиот живот и следните 72 часа се клучни – изјави д-р Спасоје Поповиќ. ...
Четворицата обвинети бизнисмени, поврзани со компанијата „Интелекса“ и шпионскиот софтвер Предатор, се прогласени за виновни во судскиот процес за скандалот со прислушувањата во Грција од 2022 година и на секој од нив изречена му е вкупна казна затвор од 126 години и 8 месеци, а ќе треба да издржат осумгодишна затворска казна, но со одложно дејство до судењето на втор степен, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за основачот на ...
Помошникот-директор на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Спасоје Попевиќ, докторот задолжен за лекување на министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека состојбата на министерот, кој беше хоспитализиран поради воспаление на двата белодробни крила, е сè уште тешка и сериозна, но дека во овој момент нема влошување. „Медицинскиот тим што се занимава со неговиот третман вложува огромни ...
Албанскиот премиер Еди Рама вечерва соопшти реконструкција на владиниот кабинет „Рама 4“, формиран во септември минатата година по мајските парламентарни избори. Од владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која од Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) е осомничена за корупција. Нова вицепремиерка ќе биде Албана Кочиу, актуелна министерка за внатрешни работи. ...
Состојбата на Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи, е непроменета и стабилна, изјави Спасоје Попевиќ, помошник-директор на Клиниката за пулмологија на UKCS. -“Неговата состојба е непроменета, стабилна. Сега, поради стабилизацијата на неговата состојба, ни е дадена можност да спроведеме дополнителни дијагностички тестови. И тоа е сè што можам да ви кажам во овој момент” – изјави д-р Попевиќ за состојбата на Ивица Дачиќ. Да ве потсетиме ...
Албанската театарска и филмска актерка, Анила Биша, стана лице и глас на првата министерка за вештачка интелигенција во светот – Диела, но без нејзина согласност, пишува „Економист тајмс“. Минатиот септември, албанскиот премиер Еди Рама претстави дигитален аватар наречен Диела, вештачка интелигенција на која ѝ е доверена задачата да ги следи јавните тендери со цел борба против корупцијата. Кратко по презентацијата, виртуелната министерка ...
Грчкото Министерство за финансии ги откажало плановите за издавање под закуп на делови од две познати плажи на островот Куфониси: Италија и Пори, за поставување чадори и лежалки, по силната реакција од локалната заедница, објави Б92. Одлуката, потпишана од генералниот секретар Антигони Јанакаки, има за цел зачувување на автентичниот карактер на островот и го исполнува барањето на општина Наксос. „Министерството не беше информирано за ...
Грчкиот претседател Константинос Тасулас во денешниот говор на приемот за дипломатскиот кор во земјата, одржан во Претседателската палата, посочи дека Грција во однос на непосредните соседи од Западен Балкан, не штеди напори за забрзување на нивната интеграција во европското семејство, придонесувајќи во усвојување и ефикасна примена на правото на ЕУ, а паралелно промовира проекти за поврзување, јави дописничката на МИА од Атина. Тасулас се ...
Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година во вкупен износ од 650.000.000 денари се обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 253/25) Дел од средствата од делот I од оваа програма во износ од 423.346.596 денари ќе се користат за следните мерки за ...
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) – Oткупот и продажбата на земјоделските производи во четвртото тримесечје од 2025 година изнесуваат 12,5 милијарди денари што во однос на истиот период претходната година е зголемување за 15 отсто, информира Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје од 2025 година, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 30,1 отсто, а кај продажбата на ...
При најголем буџет досега, земјоделците имаат најниски субвенции кои се исти 10 години. Освен тоа, условени се и што не оди во прилог на поттикнувањето на малите производители, реагираа земјоделците и фармерите од Националната земјоделска мрежа на денешниот состанок во Прилеп. Ѓорѓи Каракамишев, претседател на Националната земјоделска мрежа, изјави дека во последните 10 години субвенциите константно се движат околу 100 милиона евра што, рече ...
Во исто време, и кириите се зголемија. Просечната годишна цена за изнајмување на обработливо земјиште и трајни тревни површини во ЕУ изнесуваше 295 евра по хектар, што е зголемување од 6,4% во однос на 2023 година, кога просекот изнесуваше 277 евра. Најскапо земјиште во Малта, најевтино во Латвија Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, највисока цена е забележана во Малта, каде што еден хектар чини просечно 201.263 евра. Следува ...
Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15 отсто во однос на истиот период од 2024 година, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од ...
Откупот на тутунот е при крај, откупени се 26 072 тони тутун што е 99 проценти од реколтата со просечна цена од 419,018 денари со што реколтата за 2025 година се смета за успешна, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија. -Ова ни дава за право да мислиме дека реколтата од 2025 година е успешна, особено што во моментов е зголемен интересот за склучување нови договори. За оваа година предвидуваме реколта од 28 000 ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека се исплатени 338.468.141 денар на 9.567 овоштари. Како што информира МЗШВ, исплатата е реализирана во согласност со Мерката 1.6 – директни плаќања од обработлива површина за одржување постојни овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство. – Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските ...
Нема кратење во Програмата за директни плаќања. Во изминатите години, вклучително и за време на претходната власт, Програмата што се носела изнесувала околу 100 милиони евра. Никогаш при нејзиното донесување не изнесувала 140 милиони евра, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24. Тој појасни дека Програмата за 2018 година изнесувала околу 100 милиони ...
На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година 3.2. Директни плаќања за овошје и зеленчук предадени во преработувачки капацитети -Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници од подмерка 1.3. на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет директно или преку еден регистриран ...
Секој земјоделец кој сериозно и посветено работи и продуцира земјоделски производ го нарекувам вистински земјоделец. Сите оние кои сакаат да импровизираат или да го заобиколуваат процесот се т.н. ловци на субвенции, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот во гостување на телевизијата „Стар“ изјавил дека ...
„Како Министерство подготвуваме документ што ќе се нарекува стратегија за оризопроизводство бидејќи ни е важно како држава да ја одржиме оваа стратешка култура поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ „Стар“. Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура. „Еден сегмент што треба ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во своето гостување во „Наткаст“ информираше дека целта на новините во програмата е зголемување на земјоделското производство. „Една од новините што ги предвидува Програмата е зголемување на праговите за тоа кој може да биде корисник на субвенции. Површината за овошни и лозови насади од 0,2 хектари се зголемува на 0,5 хектари, а кај полјоделските култури од 0,5 на 0,7 ...
Болеста сипаници кај овци и кози е потврдена во четири одгледувалишта, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од установата велат дека првпат болеста била евидентирана во едно одгледувалиште во кумановско Лопате, пред еден месец кога Факултетот за ветеринарна медицина Скопје потврдил присуство на болеста сипаници кај овци и кози во едно одгледувалиште – Досега болеста е потврдена во четири одгледувалишта. Во првото примарно ...