Израелската армија соопшти дека во синоќешниот прецизен напад врз главниот град на Либан, Бејрут, убиен е шефот на разузнавачката служба на Хезболах, Хусеин Маклед. – ИДФ сега потврдува дека во прецизен напад врз Бејрут синоќа е елиминиран терористот Хусеин Маклед, кој беше началник на разузнавачкиот штаб на Хезболах – се наведува во соопштението на израелската армија. Хезболах со вчерашното лансирање ракети и дронови од јужен Либан врз ...

Руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран и да го спречат нормализирањето на односите меѓу Техеран и арапските земји во регионот. Во официјално соопштение, министерството наведува дека според Москва, сега е јасно дека Вашингтон и Тел Авив не само што се стремат кон смена на режимот во Иран преку „најнечистите средства“, како што е убиството врз раководството на суверена ...

Американскиот министер за одбрана на Пит Хегсет на денешниот брифинг изјави дека САД не ја започнале војната во Иран, иако Техеран со децении води „еднострана војна против Америка“, но оти под водство на претседателот Доналд Трамп ќе ја завршат. Тој додаде и дека нападите врз Иран немаат цел да го сменат режимот во Иран. – Ова не е така наречена војна за смена на режимот, но режимот се смени и поради тоа светот е подобро место, посочи Хегсет. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во деветминутно телефонско интервју за Cи-Ен-Ен вели дека американската војска го „разбива“ Иран, но дека „големиот бран“ допрва доаѓа, додека во изјава за „Њујорк пост“ тој ја остави отворена можноста за испраќање американски трупи на иранска територија „доколку е потребно“, велејќи дека не го загрижуваат анкетите што покажуваат незадоволство кај јавноста поради нападите. „Немам трема кога станува збор ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека разговарал за Иран и регионалната безбедност со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека двајцата лидери се согласиле за важноста на пристапот од 360 степени на алијансата кон безбедноста и нејзината подготвеност да одврати и да се брани од закани од која било насока. „Секогаш сме подготвени да одвратиме и да се браниме од какви било закани, од која било насока“, објави Руте ...

Европската комисија денеска ги презентираше мерките што ги презема по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток во последните денови. Европските комесари денеска одржаа вонредна седница за првична проценка на променетата безбедносна средина, а во петок е превидено повторно да се соберат за да разговараат за промените на пазарот на енергија поврзани со овие случувања. Работата на Европската комисија ќе се раководи од две задачи – поддршка за ...

Американската операција против Иран има јасни цели, порача портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит во ново соопштение. Одговарајќи на објава во која се укажува на наводни противречности во оправдувањето на САД за војната, Ливит ги наведе следниве цели: уништување на иранската ракетна и ракетна индустрија, уништување на иранската морнарица, отстранување на заканите од иранските посредници во регионот, спречување посреднички групи да ...

Катарските воздухопловни сили соборија два ирански бомбардери, соопшти Министерството за одбрана на Катар. „Катарските воздухопловни сили успешно соборија два ирански авиони Су-24. Исто така, пресретнаа седум балистички ракети преку воздушна одбрана и пет беспилотни летала што беа лансирани денеска против неколку области на земјата“, соопшти катарското Министерство за одбрана. МИА Катарските воздухопловни сили соборија два ирански ...

Вкупно шест припадници на американските вооружени сили загинале во борбени дејствија, соопшти Централната команда на САД. Според најновите информации биле пронајдени телата на двајца војници кои претходно се водеа како исчезнати. Тие биле лоцирани во еден од објектите кои биле погодени за време на првичните напади на Иран во регионот. „Големите борбени операции продолжуваат. Идентитетот на загинатите војници засега не се објавува и ќе биде ...

Во Република Кипар веднаш се испраќаат фрегатата „Кимон“, заедно со втора грчка фрегата со напреден анти-дрон систем, како и пар воени борбени авиони Ф-16, соопшти министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас рече дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со кипарскиот претседател Никос Христодулидис, а лично тој во последните два дена е во постојана комуникација ...

Цената на гасот во Европа денеска се зголеми за 20 проценти поради американско-израелскиот напад врз Иран и нарушувањето на транзитот преку Ормуски Теснец. На холандската дигитална берза ТТФ еден мегават-час гас за испорака во април изнесуваше утрово се тргуваше за 39,84 евра и беше за 24,6 отсто поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела. Тоа е највисока цена за гасот од 14 февруари минатата година. Сообраќајот ...

Од полноќ стапуваат во сила нови цени на горивата, при што бензините поскапуваат за еден денар по литар, додека цената на дизелот останува непроменета, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 76,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува со иста цена и ќе чини 71 денар за литар. Непроменета ...

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа значи дека работниците во април ќе земат зголемена минимална плата за овој износ или поточно 26.046 денари во нето износ. Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, направено е зголемување на минималната плата согласно законски утврдените критериуми во Законот за минимална плата. – Ова е системско и законско ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја напушти денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), револтиран од предлогот минималната плата да се усогласи за само околу 1.600 денари. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, преку социјалните мрежи обвини дека Владата, работодавачите и останатите синдикати застанале на иста страна против реално зголемување на примањата на работниците. Според Трендафилов, денеска имало обид ...

Глобалните цени на нафтата скокнаа, а фјучерсите на акциите паднаа по воените напади на САД и Израел врз Иран во кои беше убиен врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, предизвикувајќи одмазднички напади врз околните земји во заливот и затворање на Ормуски теснец. Глобалните цени на нафтата веќе се искачија по нападите низ Блискиот Исток откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот. Приближно 15 милиони барели сурова нафта ...

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ: Нема ништо од зголемување на минималната плата, само законско усогласување од срамни 1.660 денари. Владата на Мицкоски ги изигра работниците кои едвај врзвуваат крај со крај. Со волку ниско ниво на минимална плата работниците се доведени на раб, бидејќи не можат да ги покријат трошоците за основни потреби на своите семејства, за храната и сметки. Владата на Мицкоски нема пари за минимална ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, со највисоки државни и воени почести, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. По пречекот, како што информираат од Кабинетот на претседателката, ќе следува тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Генералниот секретар на НАТО, Руте, ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски и со ...

Согласно последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, повеќе од 400 граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ги напуштат земјите од Блискиот исток во првата можна прилика, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. За граѓаните кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и ...

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатриација и евакуација на нашите граѓани од Обединетите Арапски Емирати преку Кралството Саудиска Арабија. Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, репатриација и евакуација на нашите граѓани кои се затекнати во ОАЕ ќе се одвива преку копнената граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од нивна ...

Во текот на февруари констатирани се 19.066 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Од нив, за брзо возење се 18.172 прекршоци. – Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број регистрирани прекршоци, најголемиот број се за управување возило со брзина поголема од дозволената – ...

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка во големата трагедија попладнево во Скопје со своја објава на социјалните мрежи целиот случај го нарече убиство на неговите најблиски. Во објавата на својот фејсбук профил Александар Стојановски го впери прстот кон институциите на системот, обвинувајќи дека во случајот со трагичен исход со неговите сестра и внука, целосно потфрлиле. „Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во Карпош, каде по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете, информираат од Обвинителството. Оттаму додаваат дека јавниот обвинител наредил обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази. „Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот. Повеќе детали од дејствијата во текот на утрешниот ...

Лејкерси го победија Сакраменто рано утрово на домашен терен во натпревар од регуларната сезона на НБА со 128:104. Лука Дончиќ (28) и Леброн Џејмс (24) беа најефикасни во домашниот тим, додека Ник Клифорд имаше 26 поени за гостите. Лејкерси го добија својот 36-ти натпревар од 60 одиграни оваа сезона и се шести на табелата во Западната конференција. Сакраменто е на последното место со биланс 14-48. Резултати на другите натпревари играни ноќта ...

Централната команда на САД објави нови снимки од воздушни напади врз цели во Иран како дел од операцијата „Епски бес“. „Неразумната употреба на балистички ракети од страна на иранскиот режим со децении претставуваше опасна закана. Сега, по насока на Претседателот, силите на САД ја елиминираат заканата“, се вели во објавата на социјалната мрежа „Х“. Централната команда на САД објави нови снимки од воздушни напади врз цели во Иран како дел од ...

Иран денеска започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби и Бахреин. Силни експлозии одекнаа низ целиот регион, а според првичните извештаи, воздушната одбрана беше активирана во неколку земји. Во Дубаи се снимени „две последователни експлозии“ и млазни авиони што прелетаа над нив. Во главниот град на Катар, Доха, се слушнаа „прилично гласни“ истрели. Во Абу Даби се ...

На социјалните мрежи се објавени снимки од пад на борбен Ф-15 во Кувајт. Иран објави дека неговите сили го собориле авионот. Пилотот на Ф-15 е преживеан, откако успеал безбедно да се катапултира. Според CNN инцидентот се случил во близина на американска воздухопловна база во Кувајт. Засега нема реакција од САД. Тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемија во последните денови, а воздушниот сообраќај над неколку земји во регионот е ...

Базата Акротири на британската кралска воздухопловна сила (RAF) на Кипар беше погодена од дрон Шахед во текот на ноќта, предизвикувајќи мала материјална штета, потврди утрово кипарскиот претседател Никос Христодулидес. „Сакам да бидам јасен: нашата земја не учествува на никаков начин и нема да биде дел од никакви воени операции“, нагласи Христодулидес. Службениците на базата Акротири објавија дека по инцидентот, како превентивна мерка, ...

Израел утринава изврши силни воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се под контрола на Хезболах, откако групата поддржана од Иран лансираше ракети и беспилотни летала кон Израел. Нападот на Хезболах дојде како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, пишува „Гардијан“. Жителите на Бејрут беа разбудени во 3 часот утрово од десетици експлозии додека Израел гаѓаше три различни локации во јужните предградија ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата се убиени потенцијални наследници на врховниот лидер на Иран. Неговите коментари, дадени за Еј-Би-Си Њуз (ABC News) доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен. „Нападот беше толку ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети дека ќе ја одмазди смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран, нагласувајќи дека може да има нови загуби. – За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Точно така – рече Трамп во видео објавено на социјалната мрежа Truth Social. Тој рече дека „Америка ќе ја одмазди нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои и објавија војна на цивилизацијата. ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
44%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.04
67%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
35%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
5.14
39%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
77%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9875

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Бакар

12.46

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Калај

52.70

Платина

66744.95

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53