Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Во општините Струга и Вевчани сите избирачки места се отворени навреме, точно во 7 часот и гласањето за локалните избори тече нормално, потврдија за МИА претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска. – Сите 101 избирачко место во општина Струга се отворени навреме и процесот на гласање тече нормално, изјави Жута. Гласањето почнало навреме и се било во најдобар ред и на трите избирачки места во Вевчани, каде право на ...
Објавена е снимка од двојното пукање што се случи во петокот во Пеќ, во близина на Основниот суд. На неа се гледа осомничениот со две пушки АК-47 како пука кон таргетите кои возеле, објави Коха. За среќа, полицијата брзо интервенирала и го уапсила. Едниот од повредените е на лекување во УЦКК, додека другиот е во стабилна состојба во болницата во Пеќ. Полицијата објави дека на местото на настанот запленила два долги пиштоли АК-47, два револвера, ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на спринт на Големата награда на САД вечерва во Остин. Холанѓанецот заврши 0,395 секунди пред второпласираниот Џорџ Расел од Мерцедес. Третото место му припадна на Карлос Сајнц од Вилијамс, 0,791 секунди зад победникот. Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис се судрија во првиот круг. Пјастри го удри автомобилот на Нико Хулкенберг, а потоа се удри во својот клупски колега. Двајцата возачи не ...
Летовите од меѓународниот аеродром „Хазрат Шахџалал“ во главниот град на Бангладеш, Дака, се обновени вечерва откако голем пожар го зафати товарниот комплекс и предизвика значителни прекини во воздушниот сообраќај, јави ДПА. Првиот авион полета во 21:06 часот по локално време, кратко откако пистата беше отворена во 21 часот, изјави претставник на аеродромот. Пожарот што избувна попладнето на аеродромот го принуди властите да ги откажат сите ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување, кратко откако палестинската амбасада во Египет соопшти дека преминот ќе се отвори в понеделник. „Отворањето на преминот ќе биде разгледано во зависност од тоа како Хамас ќе го исполни својот дел од договорот – враќањето на телата на мртвите заложници и спроведувањето на договорената рамка“, се вели во соопштението од ...
Најавениот протест против американскиот претседател Доналд Трамп почна во Њујорк, како прв од повеќе од 2.500 собири, што денеска се организираат низ САД. Илјадници луѓе веќе го исполнија Тајмс Сквер за собирот организиран од коалиција на организации собрани во движењето „Без кралеви“ (No kings), кое собира милиони граѓани против, како што велат организаторите, „авторитарната политика“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Протестите почнаа ...
Од вкупно 8 856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот гласале 7 935 гласачи. Од вкупно 2 162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 1 400 гласачи, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК). Во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи. – Гласањето за сите овие категории на ...
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на продолжението на 147. седница отфрли четири приговори поднесени од граѓани за заштита на лично избирачко правo, а прифати еден. Отфрлени како неосновани беа приговорите на Аријета Селими од Сарај, на Бесар Селими од Сарај, на Ќеримка Селимовска од Сарај и на Егзон Исмаили од Сарај бидејќи по проверката било утврдено дека сите овие лица се запишани во избирачкиот список. Членовите на ДИК едногласно го ...
Косово е примено во Европскиот економски и социјален комитет, објави Косовската радио-телевизија (РТК). Ова е првата европска институција што го прифати Косово како членка, иако сè уште нема статус на земја-кандидат за членство, забележува јавниот медиум. Косово долго време сака да се приклучи во ЕУ, но останува единствената земја на Западен Балкан што сè уште нема статус на земја-кандидат за членство. Косово аплицираше за членство во ЕУ на ...
Лабораториските испитувања на чешката организација на потрошувачи „dTest“ открија присуство на хемикалијата бисфенол А (БПА), поврзана со нарушување на половите хормони, дебелина и зголемен ризик од рак, во цуцлите за бебиња, произведени од трите големи европски брендови „Philips“, „Curaprox“ и „Sophie la Girafe“, како и „Foshan City Saidah“, пишува британскиот весник „Гардијан“. Иако сите цуцли се означени дека се „без БПА“, испитувањата ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска на платформата Икс објави дека по вчерашните разговори на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа и со европските лидери, сосема е јасно дека солидарноста на Европа со Украина во борбата против руската „агресија“ денес е поважна од кога било досега. Зеленски вчера рече дека клучните теми на разговорите во Белата куќа со американскиот претседател биле испорака на системи за противвоздушна ...
Непречено и без никакви проблеми и недоследности се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти попладнево Државната изборна комисија (ДИК). Според ДИК, до 15:30 часот од вкупно 8 848 болни или немоќни лица кои може да го остварат своето право на глас на овие локални избори, гласале 5 ...
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста. Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, ...
Навивачите може да се соочат со одбивање на влез во Соединетите Американски Држави за Светското првенство во 2026 година, објавува „The Sun“. Ова се должи на заострените гранични политики на претседателот Доналд Трамп, кои ќе вклучуваат следење на социјалните медиуми. Се забележува дека одбивањата може да се направат за минати коментари или и за помали кривични пресуди. Под овие околности, се препорачува патувањето на Светското првенство да се ...
Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции. Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба. Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница 147. отфрли седум приговори поднесени од граѓани за лично избирачко правo, а прифати три. Отфрлени како неосновани беа приговорите на Радица Радеска од Битола, Зилќафете Мемеди од Желино, Иџaл Камбери од Желино, Гордана Радеска од Битола, Јетон Далипи од Струга, Весна Трајкова од Кичево и Оливер Трајановски од Куманово. Прифатени, пак, беа приговорите на Божидар Алтипармаков од Битола, Адис ...
Министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, на социјалните мрежи објави дека „од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи, што претставува зголемување од 6 отсто во споредба со истиот период минатата година“. “Овој позитивен тренд сведочи за одржливиот развој на туристичкиот сектор и за заедничката посветеност на промоцијата на Албанија како гостопримлива и сè поатрактивна дестинација”, напиша Гонџја. ...
Протести на повеќе од 2.600 локации наречени „Без кралеви“ (No kings) се закажани да се одржат денеска низ сите 50 американски држави, масовна мобилизација против политиките на претседателот Доналд Трамп за имиграција, образование и безбедност, за кои организаторите велат дека ја туркаат земјата кон автократија. Вториот ваков протест од ваков обем, во градовите, предградијата и малите градови низ САД по сличните во јуни, се смета за мерка за ...
Холандските разузнавачки служби АИВД и МИВД ја намалија размената на информации со своите американски партнери, наведувајќи ја како причина политичката ситуација во САД и загриженоста поради политизацијата на разузнавачкиот сектор и почитувањето на човековите права, објави денеска весникот „Де Волкскрант“. Директорите на АИВД, Ерик Акербум и МИВД, Питер Рисинк потврдија дека станале „поселективни“ во соработката со ЦИА и НСА. „Вистина е дека ...
Тековно се спроведува гласањето на болни и немоќни лица во Куманово, соопшти денеска претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска. Право на глас имаат 166 болни и немоќни лица. – Во затворот Куманово гласањето почна во 07 часот и ќе трае до 19. Ќе има две смени, избирачки одбори. Во старскиот дом, исто така, навреме почна гласањето, изјави Цветковска. Во Куманово укинати се три избирачки места, во селата Косматац, Сушево и Винце. Утре, ...
Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето таму за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Како што истакна Кондарко, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на ДИК, денешното гласање генерално се одвива без никакви проблеми, ...
Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, објави 7 клубот од Милано. Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал во целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус со приходи од 464 милиони евра. ...
Некои луѓе отворено покажуваат кога се уморни или под притисок, додека други го кријат својот стрес зад насмевка. На површината, тие изгледаат смирени и весели, но внатрешно се борат со грижи и притисок што ретко ги споделуваат со другите. Токму меѓу хороскопските знаци има такви кои имаат посебна вештина да ги кријат своите проблеми за да се заштитат себеси или луѓето околу нив. Вага Вагата е позната по тоа што сака да одржува хармонија во ...
Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Синоќа во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило „застава 101“ со неготински регистарски ...
Европската комисија изјави дека секоја можна средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин би била добредојдена доколку таа би придонела за постигнување „праведен и траен мир“ во Украина, објави Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција, портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, рече дека „претседателката (Урсула) фон дер Лајен го поздравува секој чекор што води кон праведен и траен мир за Украина. ...
Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта. Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка. – Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои ...
Во Казнено поправната установа КПД „Идризово“ гласањето за локалните избори почнало нареме и се одвива во најдобар ред, информираат од Избирачкиот одбор на избирачкото место 2536. -Гласачкото место се отвори на време. Гласањето почна во 7:00 часот и тече во најдобар ред. Се надевам дека и до крајот на гласањето ќе остане така, изјави Јадранка Митиевска, претседател на Избирачкиот одбор на ова избирачко место. Таа истакна дека вкупниот број ...
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во понеделник ( 20 октомври) ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд. По состанокот, како што информираат од Комисијата, ќе бидат спроведени интервјуа со кандидатите, кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. Во насока на зголемена транспарентност, интервјуата ќе бидат одржани пред независни ...
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија. Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори. Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера побара од Врховниот суд на САД да дозволи распоредување на Националната гарда во Чикаго. Трамп претходно овој месец објави дека ќе испрати стотици војници од Националната гарда во третиот по големина град во САД за борба против криминалот и заштита на федералните полицајци. Сепак, федералниот суд го замрзна распоредувањето на трупите, велејќи дека нема доволно докази дека имало ...