Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг. Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43%, а за Мециновиќ 30.659 или 13,20%. Зад нив следуваат Башким ...

По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови. Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем ...

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот круг. Излезноста во првиот круг на осмите локални избори, од независноста на земјава досега, што се одржаа вчера, најверојатно ќе биде најмала досега со 48.29% според обработени 99.94% избирачи од 3 472 избирачки места од вкупно 3 474. Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во земјава имало на ...

На локалните избори, во прв круг беа избрани градоначалници во 44 општини, додека во 33 ќе се гласа во втор круг. Во три општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Според податоците на Државната изборна комисија, градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, ...

Состојбата на Блискиот Исток, институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, случувањата во Србија, владеењето на правото во Бугарија, претстојниот Самит на ЕУ, мерките кон Русија и приоритетите на Унијата за 2026 година се меѓу темите за дискусија на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Заседанието ќе започне доцна попладнево со дебати посветени на Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, на ...

Голема руска фабрика за преработка на гас во Оренбург, најголемата во светот, беше принудена да го запре снабдувањето со гас од Казахстан вчера, потврди Министерството за енергетика на Казахстан. Прекинот се случи по украинскиот напад со беспилотни летала врз објектот, објавија украинските медиуми. Украинската војска претходно соопшти дека објектот, кој се наоѓа во југозападниот регион Оренбург и е најголем во светот, бил цел на напад. ...

Најновиот развој на настаните на Блискиот Исток и позицијата на ЕУ, случувањата поврзани со Украина и односите на Унијата со земјите од индо-пацфичкиот регион ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Совет за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург. Дискусијата за Блискиот Исток ќе се одржи за време на работниот ручек и ќе биде посветена на случувањата по постигнатиот договор за спроведување на Сеопфатниот план за ставање крај ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас е сè уште на сила и рече дека нема да ги укине тарифите за Индија сè додека не престане да купува руска нафта. -Да, е, одговори Трамп кога новинарите го прашаа дали прекинот на огнот е сè уште на сила. Тој исто така рече дека лидерите на Хамас не се вклучени во наводните прекршувања на прекинот на огнот, но дека „некои од ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени. Според прогнозата на УХМР, следува ...

Меѓународните набљудувачи денеска на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025 во Република Северна Македонија. Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент. Мисијата вклучува вкупно 276 набљудувачи од 40 земји, составени од 254 експерти и ...

Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) денеска ќе го претстави извештајот „Следење на конвергенцијата на Западен Балкан кон Европската Унија“ по што ќе следува панел-дискусија. Како што информира ЗМАИ, настанот ќе одговори на прашањето: „Колку години ќе ни требаат да ја стигнеме ЕУ и што да направиме, преку конкретни сценарија, за да го забрзаме овој процес?“ -Ќе бидат презентирани кратки „што-ако“ сценарија со јасни мерки за забрзување на ...

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд. Како што информира Комисијата, по состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. -Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат од ВЛЕН, Изет Меџити, и најави дека за следните политички чекори ќе ја информира јавноста наредните денови. „Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. За следните политички чекори, во следните ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференција објави дека СДСМ победила во три општини – во Крива Паланка, Кривогаштани и во Богданци и дека води во девет други – меѓу кои Центар, Пробиштип, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Валандово, Лозово и Ранковци. За Град Скопје и изборот на градоначалник кој рече дека ќе ги почека резултатите за да биде прецизен. Генерално тој рече дека не е изненаден од резултатите, дека не се такви какви што ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се огласи по првиот круг на локални избори. Мицкоски прогласи победа на партијата во над 30 општини уште во првиот круг, а најави и победа на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, бидејќи има убедливо водство. „Ветивме победа, имаме победа! Македонија избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови. Оваа убедлива победа не е крајот, туку ова е почеток на новата македонска енергија. Во овие недели покжавме дека ...

Генерално имаше мирен ден, но за жал констатиравме и бројни прекршувања на изборниот процес. Злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, кршење на изборниот молк преку агитирање и како и нерегуларности при самото гласање. Во Лозово на пример е спречен е обид за поткуп, документиран и од страна на МВР. Обиди за поткуп има и во други места кои сега се документираат. Во Куманово и во Ѓорче Петров имало ...

Албанските медиуми, без исклучок, отстапуваат посебен простор за денешниот изборен ден, како што во континуитет информираа и за изборната кампања за локалните избори во државава, со оценка дека „изборниот ден мина мирно, без ниту еден инцидент, во демократска атмосфера“. „Граѓаните на Северна Македонија денеска гласаа во прв круг од локалните избори за градоначалници и избор на општински советници во сите 80 општини, плус градот Скопје. Ова се ...

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега обработени речиси 30 отсто од гласовите и податоци од 1 191 избирачко места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 52 општини, Коалицијата ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум, Националната алијанса за интеграција во шест и Демократската партија на Турците во една ...

Од досега обработени 43,32 отсто од гласовите и податоци од 1 713 избирачки места од вкупно 3 474, според досегашните податоци на ДИК, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ, СДСМ и Националната алијанса за интеграција во седум општини и Демократската партија на Турците во една општина. Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ водат во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, ...

Израел денеска објави дека трансферот на хуманитарна помош за Газа е суспендиран „до понатамошно известување“ бидејќи според нив Хамас го прекршил прекинот на огнот, што исламистичкото палестинско движење го негира. Израелски безбедносен службеник го изјави ова анонимно. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, започна пред нешто повеќе од една недела, со цел да се стави крај на двегодишната војна. Израелската армија повторно ја ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе почне да ја отслужува казната во парискиот затвор Ла Санте во вторник, објавија денеска француските медиуми. Кога ќе го напушти својот дом во Париз, ќе биде придружуван од колона сниматели на мотоцикли, објави „Ле Фигаро“. Автомобилот на Саркози ќе вози директно до затворскиот комплекс, каде што поранешниот претседател ќе го пречека директорот на затворот, а чуварите ќе го придружат до крилото ...

Семејството на Стефан Коциќ од Лесковац произведува ајвар веќе 20 години. Стефан, инженер за прехранбена технологија по професија, со својата сопруга многу посветено управува со целиот бизнис на земјоделската фарма „Коциќ“, која ја основал неговиот татко. – Ние сме од земјоделски регион и правењето ајвар е наследен бизнис. Традиционалниот рецепт доаѓа од нашите баби – ја започнува приказната за Курир Бизнис Стефан, а потоа додава дека нивниот ...

Во 19 часот се затвораат избирачките места, а неофицијалните резултати од Локалните избори што се одржаа денеска се очекува да бидат познати во следните неколку часа. Државната изборна комисија најдоцна за 12 часа по завршувањето на изборите треба да ги објави првичните резултати од гласањето. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот ...

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие на ...

Во Демир Капија до 18.30 часот гласале 66.51 проценти од граѓаните со право на глас, на денешните локални избори. Оваа информација ја сподели за МИА, Евгенија Ѓорѓиев, заменик претседателка на Општинската изборна комисија. Во Демир Капија вчера гласаа 64 болни и изнемоштени лица, ден пред локалните избори. Денеска се гласа на 11 избирачки места. -Во единствениот избирачки список се запишани вкупно 3.186 избирачи. Има пет листи за кандидати за ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалнил Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го остварија нивното право на глас во Дебар Маало. Герасимовски, истакнува дека овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар. „Заедно со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Овој ден е важен, затоа што со секој глас ја градиме демократијата и ...

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира претседателот на ДИК Александар Кондарк, излегле да гласаат до 18:30 часот 803 091 граѓанин. Обработени се 3 287, односно 94,62 проценти од избирачки места. На овие 3 287 избирачки места запишани се вкупно 1 721 645 граѓани. За споредба, на претходните локални избори 2021 вкупниот одѕив заклучно со ...

Излезноста во Куманово, според податоците на Државната изборна комисија до 18.30 часот е 44,84 проценти. Претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска, информираше дека ибирачките места навреме се затворени. Право на глас, денеска имаа 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаа на 164 избирачки места. Во општина Липково исто така навреме се затворени 36те избирачки места информираше претседателката на ...

Државната изборна комисија (ДИК) по затворањето на гласачките места, на својата веб страница ќе ги објавува резултатите од денешните локални избори. Првичните резултати избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ДИК ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од ...

Сите избирачки места во Крива Паланка, Ранковце и Кратово се затворени точно во 19 часот, а граѓаните што се затекнале на избирачките места во тој момент го оствариле своето избирачко право, информираат од општинските изборни комисии, од каде посочија дека гласањето и изборниот процес во сите три општини протекле во фер и демократска атмосфера, со непречено одвивање на целокупниот избирачки процес. Излезеноста во Крива Паланка до 18 :30 часот ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.67
91%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
78%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
86%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1010
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Бакар

10.95

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Никел

473339.37

Платина

52952.77