Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Министерството за економија денеска соопшти дека Европската комисија, во најновиот извештај за имплементацијата на Планот за раст, потврдила дека Северна Македонија упешно ја спровела реформската мерка 4.1.1 – „Справување со неформалната економија во поддршка на Стратегијата за формализација на неформалната економија“. Целта на мерката е унапредување на формалната економија преку интензивирање на инспекцискиот надзор и примена на пристап ...
Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ организирани од Независниот синдикат на државната администрација денеска протестираа поради неисплата на септемвриската плата. Блокирајќи ја раскрсницата на булеварот „Илинден“, побараа исплата на платата и почитување на одредбите од потпишаниот колективен договор односно исплата на додатоците за плата, регрес за годишен одмор, отпремнина за пензија…. На раководството на претпријатието му ...
Петтиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, ќе го пропушти Мастерсот во Париз. – Имам прекрасни спомени и големи успеси низ годините, особено седумте титули. Се надевам дека ќе се видиме следната година. Ви благодарам, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи. Триесет и осумгодишниот Србин ќе биде заменет во главната жрепка од Французинот Бенџамин Бонци. Ѓоковиќ е седумкратен шампион на Мастерсот во Париз. Турнирот ќе се одржи од 27 октомври до 2 ноември. ...
Во акција на грчката полиција, што од рано утрово е во тек во повеќе делови на Грција, уапсени се 37 лица, членови на криминална организација која незаконски добивала субвенции од Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека операцијата што ја води потсекторот за борба против организиран криминал на северна Грција се ...
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска во 13 часот од Палатата Србија ќе има вонредно обраќање, потврдија од Претседателството. Според српски медиуми, тој ќе зборува по повод нападот во Пионирскиот парк. Пожарoт во неколку шатори поставени од приврзаници на српските власти пред Народното собрание на Србија е изгаснат, иако сè уште може да се види чад. Околу зградата има голем број полицајци, меѓу кои и припадници на Специјалната ...
На Тајван се регистрирани првите случаи на африканска свинска чума, поради што властите уништија најмалку 195 свињи и наредија строги мерки низ целиот остров, соопшти денеска Министерството за земјоделство. Министерството соопшти дека тоа го покажале резултатите од вчерашната анализа на угинатите свињи од фарма во крајбрежниот град Тајчунг. Според министерството, на фармата „превентивно биле уништени 195 свињи“. Фармата потоа била исчистена и ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денеска пред Народното собрание се случил терористички чин. „Се извинувам што ќе морам да го напуштам овој прекрасен состанок, причината е терористичкиот чин што се случи пред Народното собрание и ќе морам малку повеќе да се занимавам со тоа во текот на денешниот ден“, рече Вучиќ на почетокот од своето обраќање во Палатата на Србија на доделувањето бесповратни средства за околу 4.000 луѓе за ...
Жените во Македонија имаат банкарски сметки и кредитни картички на исто ниво како мажите, но имаат добиено само 28 отсто од кредитите достапни преку Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility– GEFF). Соодносот е скоро 10 милиони евра зелено кредитирање помалку за жените, покажуваат резултатите од истражувањето направено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Според истражувањето, жените покажуваат ...
На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше Татјана Соколова Ристова, законски застапник на пациентка која 13 години се лекувала на Клиниката за онкологија. Соколова Ристова пред судот изјави дека лекувањето на нејзината мајка започнало кај друг доктор, но поради лошиот однос, пациентката одбивала да продолжи со терапијата. Особено се противела на хемотерапија, стравувајќи од губење на косата. По ...
Прилепското обвинителство побара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската општа болница . -Основното јавно обвинителство Прилеп до прилепскиот Суд за случајот со Општата болница во Прилеп поднесе предлози за притвор за шест лица, за 15-тина мерка за претпазливиост и за шест до седум правни лица (од Прилеп, Битола, Скопје) предлог за изрекување забрана за учество во постапки за јавни ...
Ако сте љубители на слатки, а сакате нешто лесно, природно и брзо за подготовка — овие какао банана топчиња се идеален избор. Без додаден шеќер, без печење, со состојки што секогаш ги имате дома. Состојки: Подготовка: Изгмечете ги бананите со виљушка додека не добиете хомогена смеса. Постепено додавајте ги мелените бисквити и мешајте. Додадете ги мелените ореви или лешници и сувото грозје по желба. Смесата треба да биде доволно густа за ...
Водечките асистенти со вештачка интелигенција погрешно ги претставуваат вестите во речиси половина од своите одговори, според истражувањето објавено денеска од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и Би-би-си. Меѓународното испитување ги опфатило вештачкоинтелигентните асистенти „Чет-ГПТ“ (ChatGPT), „Копилот“ (Copilot), „Џемини“ (Gemini) и „Перплексити“ (Perplexity) – софтверски чет-помошници коишто користат ВИ и на кој било јазик во светот ги ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека во тек се подготовките за мировниот самит на претседателот на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта. Тој на Фејсбук објави дека шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто е во Вашингтон и оти продолжуваат разговорите, иако датумот на средбата сè уште не е утврден. – Самитот ќе се одржи кога ќе дојде време, истакна Орбан. Според претходните најави, Трамп и Путин ...
Многумина во Европа имаат проблеми кога се справуваат со правилата и законите на ЕУ, кои забавуваат наместо да водат и го блокираат патот наместо да овозможат слобода и можности, па затоа од клучна важност е поедноставувањето на административните процедури, се наведува во заедничко писмо на 19 шефови на држави или влади на членки на ЕУ упатено до претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. – Сега се потребни три чекори: преглед, намалување, ...
Неколку шатори горат пред Собранието на Србија од претпладнево и пожарникарки тимови се обидуваат да ги изгаснат. Според белградски медиуми, приведено е едно лице. На пожарот како што е објавено на социјални мрежи му претходат истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огненои оружје. Веднаш реагираше полицијата по што е приведено едно лице. Засега пожарот за кој не се знаат причините, не е изгаснат. Ovako je počelo u ...
ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција кој јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 а пратеници а СДСМ би имал најмалку 21. Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот кој го доживеаа и падот од преку 140.000 гласа кој е јасен сигнал дека нивните лаги и погрешни политики се прочитани. СДСМ ја продолжува битката ...
СДСМ ја продолжува изборната кампања за вториот круг, во кој се бориме за 17 градоначалнички места. СДСМ докажа дека на овие избори има одлични кандидати кои ја добија довербата од граѓаните. Тие освоија повеќе од 155.000 гласа, и ги повикуваме сите кои ја препознаа чесната понуда на СДСМ и чесните кандидати да излезат во вториот круг. СДСМ ги повикува сите граѓани кои гласаа за другите кандидати што не влегоа во вториот круг, да дадат поддршка ...
Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во Судот во Прилеп. Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со постапка ...
Виљареал и Барселона нема да играат во САД во 17. коло од шпанското фудбалско првенство, објави Ла Лига. Натпреварот требаше да се одржи во Мајами на 20 декември. – Ла Лига длабоко жали што овој проект, кој претставуваше историска и невидена можност за интернационализација на шпанскиот фудбал, нема да се реализира. Домаќинството на официјален натпревар надвор од нашата земја ќе беше одлучувачки чекор во глобалниот развој на натпреварувањето, ќе ...
Во Србија во тек е голема акција на апсења од страна на Управата за криминалистичка полиција со специјални сили на Специјалната антитерористичка единица на повеќе од 30 локации, јави РТС. Синхронизираната обемна акција на членовите на УКП е насочена кон сузбивање на организиран криминал и други тешки кривични дела. Белградски медиуми јавија дека таа акција е насочена кон членови на врачарски клан и членови на криминални групи со кои тие ...
Русија побара од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) помош во воспоставување прекин на огнот со цел да се обнови надворешното напојување на нуклеарната централа Запорожје, соопшти руското Министерство за надворешни работи. – Нападот на украинските вооружени сили на 23 септември го оштети далноводот Дњепровскаја, кој ја напојува нуклеарната централа Запорожје со надворешно напојување. И покрај тоа што реакторите на централата се во ...
Поранешната српска министерка за здравство и директорка на Институтот за онкологија, Даница Грујичиќ, изјави дека руската вакцина за лекување онколошки заболувања покажала одлични резултати кај животни, но дека по клиничките испитувања треба да се види како ќе биде кај луѓето и предложи лаици да не зборуваат за вакцините. „Колку што знам, тие добија одлични резултати на животински модели, како никогаш досега. Ќе видиме како ќе биде кај луѓето“, ...
СУТКОЗ – единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја известуваат јавноста дека на 21.10.2025 година во 11:30 часот, Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена Скопје, одржа состанок на кој се разговараше за состојбата во претпријатието, се наведува во соопштението од СУТКОЗ, кое МИА го објавува интегрално. На состанокот беа поканети раководството на претпријатието, односно директорот ...
Косово стана првата земја која ќе ги прифати одбиените баратели на азил во Британија како дел од планот за „центри за враќање на мигранти“ на британскиот премиер Кир Стармер, пренесува „Тајмс“. Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата земја „сака да и помогне“ на Британија да се справи со нелегалната миграција, во замена за поголема поддршка во зајакнување на националната безбедност од заканите кои доаѓаат од Србија и Русија. „Сметаме ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови. ...
Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле ќе се реализира денеска во организација на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност. Акцијата, како што се наведува во соопштението на организаторот, има цел да придонесе кон уредување и разубавување на просторот околу болницата, како и да ја подигне свеста за значењето на заштитата на животната средина и заедничката грижа за јавните површини. Во ...
Корисниците на неколку улици во главниот град денеска ќе имаат прекинато водоснабдување во одредени периоди од денот, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Стокхломска“ и „Петар Драганов“ ќе имаат прекинато водоснабдување од 09:30 часот поради двоење во шахта на ул. „Московска“ 12. Прекинот, како што соопшти Водовод, ќе трае до завршување со работните ...
Руската војска нападна цели во главниот град на Украина, Киев, со балистички проектили, соопштија локалните власти рано утрово. Прелиминарните извештаи од украинските воздухопловни сили укажуваат дека биле истрелани најмалку четири проектили. Репортер на ДПА слушнал околу десетина експлозии во центарот на градот, претежно од противвоздушен оган. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм соопшти дека избувнал пожар во јужниот округ ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин само кога може да се очекува продуктивен самит. Трамп не ги потврди директно медиумските извештаи кои сугерираат дека планираната средба со неговиот руски колега била одложена или ставена во мирување, пренесе ДПА. Меѓутоа, на новинарско прашање што знае за наводната промена на плановите и дали тоа ќе влијае на неговиот став за ...
Министерството за одбрана на Србија објави дека припадник на 63-та падобранска бригада, загинал вчера во Ниш за време на редовни скокови за обука. Во соопштението се вели дека тоа се случило околу 14:00 часот на воениот аеродром „Наредник-пилот Михајло Петровиќ“. Десетарот Лука Стојановиќ, роден на 24 јули 2004 година во Ниш, бил во служба на српската армија како падобранец во 63-та падобранска бригада од 1 август 2024 година. Началникот на ...