Парламентот на Хондурас изгласа измени на Кривичниот законик, со што максималната казна за убиство на жена се зголемува на 60 години затвор. Основната казна за убиство на жена ќе остане помеѓу 25 и 30 години затвор, но во отежнувачки околности може да биде и од 30 до 40 години затвор. Во случаите што вклучуваат сексуално насилство или киднапирање што резултирало со смрт на жртвата, казната може да достигне 60 години затвор. Хондурас има ...

Американски воен хеликоптер вчера се урна во Ормуска Теснина, а двајцата членови на екипажот се спасени, објави „Њујорк тајмс“. Весникот наведува дека е непознато дали хеликоптерот „Апачи“ е соборен или се урнал поради дефект или некоја друга причина. Белата куќа и Централната команда на американската армија (ЦЕТКОМ) сè уште не го коментирале инцидентот. МИА Американски воен хеликоптер вчера се урна во Ормуска Теснина, а двајцата членови на ...

Во Албанија со денови траат масовни протести против изградба на хотелски комплекс на заштитен дел од албанското крајбрежје, кој треба да го гради зетот на Доналд Трамп. Протести освен на изворната локација, секоја вече има во главниот град Тирана каде се скандираат навредливи пораки кон премиерот Еди Рама. Но, тоа, очигледно не го вознемирува Рама кој уверува дека комплексот ќе се гради и против противењето на јавност. Додека демонстрантите ...

Унгарската полиција уапси седум лица осомничени за перење пари во рамките на меѓународна криминална организација, додека двајцата наводни водачи сè уште се во бегство, објави истражната канцеларија КР ННИ. Според полицијата, криминалната мрежа перела пари од меѓународната трговија со дрога и други криминални активности, користејќи ја Унгарија како транзитна точка, објави МТИ. Истражителите изјавија дека осомничените, меѓу кои и Талал Марадини ...

Повеќе од 300 мигранти, кои минатото лето се упатиле кон Велика Британија, биле киднапирани, мачени и им се заканувале со присилно земање органи – дознава Би-би-си. Минатото лето групи мигранти од ирачки Курдистан летале за Либија, каде што биле однесени во комплекс, а подоцна затворени по наводен спор во врска со плаќањето помеѓу либанската милиција и ирачкиот шверцер Ноа Арон. Според информациите, милицијата барала 5.000 долари за секој ...

Кина ги повика САД да ја исправат, како што рече, погрешна одлука за вклучување на неколку кинески компании, вклучувајќи ги „Алибаба“ и „БИД“, на списокот на компании што Вашингтон ги смета за поврзани со кинеската војска. „Кина постојано се спротивставува на премногу широкото толкување на националната безбедност на САД, создавањето дискриминаторски листи и неразумното потиснување на кинеските компании. Ја повикуваме американската страна да ...

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 13 лица по извршените претреси на 16 локации во Калесија, Живинице, Братунац, Шековиќи и Осмаци, каде што биле пронајдени оружје, муниција и експлозивни средства. Акцијата ја спроведоа припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Кантоналното обвинителство, а со цел сузбивање на нелегалното ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ги повика младите Хрвати од дијаспората да се вратат во татковината и да придонесат за нејзината демографска обнова, предупредувајќи на континуираното намалување на бројот на населението. – Хрватите во Хрватска секоја година ги има сè помалку – изјави Пленковиќ за време на приемот на учесниците во програмата на Летната школа „Татковина“ во Бански двори во Загреб. – Би ни било драго доколку дел од ...

Украина е подготвена да ги сподели своите технологии за дронови со скандинавските и балтичките земји – изјави денеска претседателот Володимир Зеленски за време на самитот на форматот НБ8 (NB8) во Естонија, каде што членуваат пет скандинавски и три балтички држави. Форумот се одржа во период на зголемени тензии предизвикани од неодамнешните зачестени случаи на навлегување украински дронови во воздушниот простор на земјите од регионот. Зеленски ...

Протестите што се одржуваат во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во Зврнец, кај Валона, предизвикаа загриженост во туристичкиот сектор. Според претседателот на Туристичкиот сојуз, Рахман Касај, странски туристи веќе ги откажале резервациите или се повнимателни во изборот на Албанија како дестинација за нивните летни одмори. – Неизвесноста создадена од последните случувања исто така влијаеле на бројот на продадени туристички пакети ...

Пет лица се уапсени денеска во рамките на полициската операција со кодно име „Бела ѕвезда“, спроведена со поддршка на Европол и на агенциите за спроведување на законот од Белгија, Франција и Холандија, јави Анадолија. Косовската полиција соопшти дека претставници на странските институции, заедно со надлежниот обвинител, од самото место го следеле текот на акцијата, која се одвивала на повеќе локации низ Косово. Според полицијата, операцијата ...

Радивој Лагунџин од Иѓош, човек кој ја заменил својата диплома од Факултетот за политички науки со производство на шумски саден материјал, таовде го развива својот расадник. Во неговиот расадник моментално има дури 100.000 садници од багрем, што го направило ова место препознатливо низ целиот регион. Тој вели дека бизнисот го наследил од својата мајка, дипломиран инженер по хортикултура: – Главно произведуваме унгарски бел багрем, кој е многу ...

Владата е во завршна фаза на разгледување на опцијата самата да го реализира проектот за хидроелектраните Чебрен и Галиште, кој се проценува на околу 1,5 милијарди евра. Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека конечната одлука ќе биде донесена по разговори со раководството на ЕСМ. Мицкоски истакна дека државата е блиску до одлука да не се бара приватен партнер за реализација на проектот, кој, како што рече, има ...

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра, пушти во употреба компанијата „Макпрогрес“ во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел кредити од унгарската линија, која ја обезбеди Владата. – Покрај првичните 40 ...

Растот на светската економија и на глобалната трговија се очекува значително да забави оваа година поради нарушувањата во Ормуската Теснина, кои во изминатите речиси 100 дена влијаат врз снабдувањето со нафта, природен гас и ѓубрива по почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран на 28 февруари, пишува Анадолија. Воениот конфликт на Блискиот Исток предизвика сериозни предизвици за светската економија, покрај големите човечки загуби. ...

Германија се соочува со највисоко ниво на сиромаштија во последните години, покажува најновиот извештај на германското Здружение за паритетна социјална заштита. Според податоците, дури 13,3 милиони луѓе живеат во сиромаштија или се изложени на ризик од сиромаштија, што претставува рекорд од 2020 година наваму. Стапката на сиромаштија во текот на 2025 година достигнала 16,1 отсто од населението, што е зголемување од 0,6 процентни поени во ...

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година – соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски. Според него, со правосилната пресуда судовите ги прифатиле трите клучни аргументи на М-НАВ дека најавениот штрајк ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација, изјави: „Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како држава, да го градиме, би рекол, ...

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните – порача премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесени нови економски таргет-мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и, како што рече, „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“. - Од нашата анализа, конкретно ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од ...

ЈП „Национални шуми“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе одржи едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари. Настанот ќе се реализира на Плоштад Македонија, во периодот од 11 до 13 часот. Кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел е подигнување на јавната свест и унапредување на противпожарната ...

Здружението ,,Извор”‘ од Кратово, како и татко и ќерка од овој град, кои според општината го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, со години имале поврзаност со овој споменик на природата, а во еден период и преку проект поддржан и од Европската Унија. Инаку, преку Здружението Извор од Кратово, застапувано од М. Д. , како што може да се види од нивната фејсбук страница, во 2019 година се ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамките на донацијата, како што информираат од МВР, беа предадени 30 алатки за проверка на документи, ...

Намален е бројот на пациенти со сообраќајни повреди во Ургентниот центра Куманово, информираа денеска надлежните. Ортопедскиот хирург, д-р Стефан Трајановски смета дека намалувањето на бројот на повредени лица се должи на примената на системот „Сејф сити“, кој придонесува за подобра контрола и поголема дисциплина во сообраќајот. – Јавно треба да се знае дека проектот „Сејф сити“ дава резултати. Сообраќајниот трауматизам е значително намален ...

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави денеска дека рехабилитацијата на Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз напредува според планот и оти тројцата треба да бидат подготвени за првиот натпревар на Светското првенство на 15 јуни против Зеленортските острови. „Закрепнувањето на сите тројца оди според планот и доколку не се појави ништо неочекувано во наредните денови, тие треба да бидат достапни за ...

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, по неговиот реизбор објави дека португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе стане нов главен тренер на тимот. – Ќе продолжиме да бидеме горди на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ – најдобриот стадион во светот. Ќе бидеме горди што ги имаме најдобрите играчи во светот и ќе бидеме горди што ќе го пречекаме еден од најдобрите тренери во светот – Мадридистот Жозе Мурињо. И бидете сигурни, откако станав ...

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стигна до 198 настапи за националниот тим, што го става на второто место заедно со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси. Модриќ 198. настап го забележа синоќа во Вараждин на пријателскиот натпревар против Словенија (2:1), каде што беше и стрелец. Португалецот Кристијано Роналдо останува рекордер со 227 настапи. Сите тројца се вклучени во составите на своите репрезентации за претстојното Светското првенство 2026. ...

Флорентино Перез победи на претседателските избори во Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми, „COPE“, „Marca“ и „As“. Противкандидат на Перез беше Енрике Рикелме. Ова е осма последователна победа на 79-годишникот на претседателските избори во Мадрид. Според „COPE“, Перез доби 64,1 процент од гласовите. Ова значи дека ќе остане на функцијата до 2030 година. Претходно, Перез објави дека доколку биде реизбран, Жозе Мурињо ќе стане нов главен ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во ...

Шест лица се повредени во напад со ладно оружје на железничката станица „Пен“ во Њујорк, соопштија денеска локалните власти. Градската противпожарна служба потврди дека вчера вечерта околу 19 часот добила дојава, дека непознато лице нападнало повеќе лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на градот. „Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите се со лесни до умерени повреди. Петмина повредени се пренесени во ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.18
43%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
0.88
67%
1013
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.92
63%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
42%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.82
70%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.43
74%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
46%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.02
42%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.8
54%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.4
98%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66