Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по објавувањето на Извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија, истакна дека документот јасно го покажува длабоко назадување на државата под власта на ВМРО-ДПМНЕ особено во делот на демократијата и владеењето на правото е особено загрижувачки. „Во делот на демократија и владеење на правото не беа направени обиди за усвојување уставни измени поврзани со ...

Ситуацијата во центарот на Белград е мирна, каде веќе четврти ден Дијана Хрка, мајка чиј син загина лани при уривањето на бетонската настрешница во Нови Сад лани, штрајкува со глад пред Народното собрание барајќи ја вистината за смртта на нејзиниот син, како и распишување вонредни парламентарни избори. Во знак на нејзина поддршка се повеќе луѓе од претпладнево се собираат за да и дадат поддршка. Еден ден по големиот комеморативен собир одржан ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро одговори на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го обвини во едно интервју дека „го поддржува Путин“ со блокирање на преговорите за пристапување на Украина со Европската Унија. Зеленски рече дека нема намера да понуди отстапки на Будимпешта, на што Орбан одговори дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо, пишува Евроњуз (Euronews). Во интервју објавено ...

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Шестмината ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата, нагласувајќи дека е најлошиот извештај којшто Македонија го добила во изминатите десетина години. „Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот ...

Министерството за образование и наука објави повици за доделување средства во основните и во средните училишта за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции и малолетничка деликвенција за учебната 2025/2026 година. ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека извештајот на Европската Комисија потврди дека државата е во целосен застој – економијата е во стагнација, во образованието има дебакл, а институциите се парализирани. „Во делот на економија и јавните претпријатија, има ограничен напредок кон функционална пазарна економија, реализацијата на јавни инвестиции останува слаба. ...

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново истражување потврди – најмалите деца најмногу шират вируси, објави „Еуроњуз“ (Euronews). Написот објавен во списанието „Педијатрикс“ (Pediatrics) посочува дека децата на возраст од три до 10 години имаат поголема веројатност да пренесат ...

„Гугл“ привремено го отстрани својот нов модел на вештачка интелигенција, „Џема“ (Gemma), од својата платформа „АИ студио“, откако беше откриено дека четботот генерирал лажно обвинување за сексуален напад, против американската сенаторка Марша Блекбурн. Несаканата случка настанала кога сенаторката го поставила прашањето: „Дали Марша Блекбурн е обвинета за силување?“. На тоа, „Џема“ одговорила со измислена приказна, тврдејќи дека за време на ...

Веб-страниците на белгиските телекомуникациски оператори „Проксимус“ и „Скарлет“ утрово беа цел на хакерски напади, за што одговорност презеде прорускиот колектив „NoName057“. Засега нема индиции дека при хакерските напади биле предизвикани прекини или проблеми во интернет и телекомуникациските услуги на корисниците на двата телекома. Според последните информации, и „Проксиум“ и „Скарлет“ ја повратиле контролата над своите веб страници. ...

Градоначалникот на Тузла Зијад Лугавиќ претпладнево потврди дека во пожарот во Домот за пензионери загинале 11 луѓе. Голем број повредени се превезени во Универзитетскиот клинички центар Тузла, каде им се укажува итна медицинска помош. Тројца полицајци и петмина пожарникари се задржани на лекување, сите се надвор од животна опасност. Меѓу повредените се и медицински работници, како и вработени во Домот за пензионери Тузла. Директорот на Домот ...

Белгискиот премиер Барт де Вевер за утре закажа вонредна седница на Советот за национална безбедност на Белгија, на која главна тема ќе бидат зачестените инциденти со појавата на дронови над аеродроми и воени бази во земјата. Седницата е закажана на предлог на министерот за внатрешни работи Бернар Квинтан, кој синоќа по временото затворање на аеродромите во Брисел и Лиеж поради забележани дронови во нивниот воздушен простор, побара од ...

Италијанскиот новинар Габријеле Нунцијати доби отказ од новинската агенција Нова откако на брифинг на Европска комисија постави прашање дали Израел ќе ја плати обновата на Појасот Газа. Тој со прашањето направи паралела со барањата на Европска Унија, Русија да ја финансира обновата на Украина Нунцијати истакна дека по брифингот имал „тензични разговори“ со претпоставените, а на 27 октомври бил известен за прекин на договорот. Агенција Нова ...

Тековното затворање на владата на САД стана најдолго во историјата на САД, достигнувајќи го својот 36-ти ден денеска, бидејќи Конгресот останува без одобрен федерален буџет. Претходно, најдолгото затворање на владата во историјата на САД се случи за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, оставајќи многу федерални операции во голема мера запрени повеќе од пет недели во периодот на крајот од годината 2018-2019. Колку долго ќе ...

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем. – За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една ...

До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на ...

Добар ден од Брисел. Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, пријателска средба. Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба. Повторно разговаравме за актуелните ...

Новоизбраниот градоначалник на американската метропола Њујорк – Зохран Мамдани, изјави дека ќе стави крај на „културата на корупција“ од која имаат корист милијардери како американскиот претседател Доналд Трамп. Триесет и четиригодишниот кандидат на прогресивното крило на Демократската партија ја доби трката против поранешниот гувернер Ендру Куомо и претставникот на Републиканската партија на Трамп – Кертис Слива. -Ќе ставам крај на ...

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив и ќе го конфискува неговиот имот, додека претреси се вршат и во две други исламски здруженија, објави денеска Министерството за внатрешни работи. Седум згради беа претресени во Хамбург од раните утрински часови, додека 12 згради поврзани со здруженијата Генерација Ислам и Реалност Ислам беа претресени во Берлин и покраината Хесен како дел од прелиминарните истраги. -Ќе одговориме со ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Truth Social“ изјави дека поразите на неговата Републиканска партија на изборите се должат на тоа што неговото име не е на гласачкото ливче, како и на парализа на буџетот. „Трамп не беше на гласачкото ливче и затворањето на владата се двете причини зошто републиканците ги загубија вечервашните избори, велат анкетарите“, напиша претседателот. Во Вирџинија, дом на многу федерални ...

Мафини совршено меки, миризливи и полни со вкус. Состојки: Подготовка: Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. Намастете ги калапите со масло и наросете ги со пченкарно брашно. Измешајте пченкарно брашно, обично брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, црн бибер. Во мал сад измешајте јогурт, маслиново масло и јајца. Измешајте ги сувите и влажните состојки и додадете ги тиквичките и пармезанот. Ставете по 1 полна лажица од смесата ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради основано сомнение за сторено кривично дело Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, на 30 октомври четворицата делувале како група и со употреба на физичка сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Настанот се случил во двор на мотел во Скопје. Оштетениот најпрво со една од ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 5 978.9 милиони евра и бележи раст од 2.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8 494.3 милиони евра, што е за 3.5 % повеќе во споредба со лани, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска ...

Таксистите во областа Атика, поширокиот регион на Атина во 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) кои реагираат за министерската одлука со која им се дозволува на приватни комбиња да пренесуваат патници, но и одлуката од 1 јануари 2026 година такси возилата задолжително да ...

Напорите на земјите-членки на Европската Унија да се договорат за нови климатски цели се одолговлекуваат. По околу 15 часа преговори до раните утрински часови денеска, министрите за животна средина на ЕУ во Брисел не успеаја да постигнат компромис за климатската цел до 2040 година. Тие, исто така, не беа во можност да се договорат за обврската за намалување што се бара според Парискиот договор за климатските промени од 2015 година – документ ...

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ синоќа по вторпат беше затворен повеќе од час и половина поради забележан нов дрон, само неполн час откако водушниот сообраќај од и кон него беше возобновен по речиси едночасовен прекин, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ. „Зевентем“ првично беше затворен за сообраќај нешто пред 20 часот откако во воздушниот простор над аеродромот беа забележани три дрона. По нешто ...

Поранешниот европски комесар за правда и министер во неколку белгиски влади, Дидие Рејндерс е официјално обвинет за перење пари, откако бил сослушан од истражните органи на 16 октомври, објавија синоќа бриселските медиуми. Обвинението против Рејдерс е покренато поради сомнежи дека „перел“ пари со сомнително потекло, на тој начини што најчесто со готовина купувал т.н. „е-билети“ за игри на среќа, чија вредност е помеѓу едно и 100 евра и може ...

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина. Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови. Според најавит еод ...

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“. Ова се наведува во вчера објавениот Извештај на Европската комисија за ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
75%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
81%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.91

Родиум

336779.07

Паладиум

546.56

Алуминиум

3.03

Сребро

2460.50

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Кобалт

64.04

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91

Злато

159231.39