Цените во САД минатиот месец пораснаа со најбрзо темпо во изминатите три години, соопшти Бирото за статистика на трудот. Стапката на инфлација во мај достигна 4,2 проценти, што е највисоко ниво на индексот на потрошувачки цени од април 2023 година. Повисоките цени на нафтата и гасот, по американско-израелските напади врз Иран придонесоа за зголемувањето на цените. Цените на енергенсите нагло се зголемија поради блокадата на Ормуска Теснина и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговарајќи на новинарско прашање да ја објасни претходната изјава дека Иран „мора да ја плати цената“, истакна: – Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно, посочи Трамп. Тој на прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето истакна: Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставува, дека имам право на тоа“. Трамп претходно го обвини Иран дека со дрон соборил американски хеликоптер „Апачи“ во ...

Италијанскиот астронаут од Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави вчера раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, Џаред Ајзекмен. Се очекува лансирањето да се случи во 2027 година. Но, не се очекува вселенското летало да слета на Месечината, туку само во орбитата на Земјата заради тестови. Посадата ќе ги ...

Косоновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс на денешното сведочење за неговата поврзаност со покојниот сексуален предатор Џефри Епстин изјави дека никогаш никого не повредил и оти средбите со покојниот сексуален предатор биле „сериозна грешка во процената“. – Никогаш не сум бил сведок, ниту имал никакви индикации дека Епстин бил вмешан во тековни криминални активности. Никогаш не сум бил на неговиот остров, ранч или во неговиот дом во Флорида. ...

Американскиот Конгрес синоќа одобри речиси 70 милијарди долари за финансирање на агенциите за спроведување на законите за имиграција, што се смета за голема победа на претседателот Доналд Трамп во неговите напори да ги продолжи своите цврсти имиграциски политики во остатокот од неговиот втор мандат. Мерката, која беше поддржана од Републиканците, помина во Претставничкиот дом со тесно мнозинство од 214 наспроти 212 гласа откако претходно беше ...

Бројот загинати во силниот земјотрес што го потресе јужниот дел на Филипините се искачи на 45 лица, 630 се повредени, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на Националната агенција за цивилна заштита. Најмногу од новопријавените жртви се од провинцијата Давао Оксидентал, каде шест лица загинале во свлечиште, а две починале откако врз нив паднале делови од урнати објекти, изјави заменик-директорот на Канцеларијата за ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања, поради епидемијата на ебола во делови од Централна Африка, а со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на Светското првенство во фудбал. Според неименувани официјални претставници, на 1 јуни САД испратиле дипломатски документ во кој изразиле загриженост поради епидемијата и ги повикале европските земји да воведат ...

Инфлацијата во Албанија во мај достигна највисоко ниво во последните две години и изнесува три отсто. – За споредба во мај 2025 година инфлацијата била 2,2 отсто. Стапката на инфлација регистрирана во мај оваа година е највисока во последните 29 месеци – од јануари 2024 година – кога инфлацијата изнесуваше 3,4 проценти. Цените најмногу се зголемија кај транспортот, енергијата, киријата, објави државниот Институт за статистка, ИНСТАТ. ...

Употребата на канабис кај тинејџерите во Грција достигна рекордно ниво во последните 25 години, објави електронското издание на весникот „Катимерини“, повикувајќи се на податоци од извештај на грчкиот национален центар за Европската агенција за дроги. Според податоците, 11,5 отсто од 16-годишните млади во Грција користат канабис. Во последните десет години случаите на лекување зависници од канабис се зголемени за 32 отсто. Кај лекувањето на ...

За три, четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка. Тоа попладнево за Радио Белград го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката СНС за претстојните парламентарни избори. Зборувајќи за потенцијалните датуми за одржување вонредни избори, тој рече дека „тоа нема да биде изненадување за никого“ и дека нема да каже „дека го скратува својот мандат, туку дека поднесува ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска (10 јуни) започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година. -Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, се наведува во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. ...

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција посветена на тестирањето за рано откривање на рак на грлото на матката, информираат од Фондот. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани состојбите и трендовите во спроведувањето на скрининг-програмите, опфатот на осигурениците со ПАП и ХПВ тестирање, како и користењето на овие превентивни услуги. Ќе бидат ...

Висок функционер на Белата куќа ја бранеше одлуката на американската администрација за забрана на влез во САД на неколку меѓународни учесници на претстојното Светско првенство во фудбал 2026 година, нагласувајќи дека мерките се неопходни за да се осигури максимална безбедност за време на турнирот, јавува агенцијата Анадолија. Ендрју Џулијани, извршен директор на Работната група на Белата куќа за Светското првенство, изјави дека одлуката за ...

Дигиталните свидетелства од оваа година се воведуваат за учениците од прво до трето одделение, а в година ќе бидат воведени и за учениците од четврто до шесто одделение – најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. – Како Министерство обезбедивме електронски печати и електронски потписи, а оваа година, за да не се случи во некое училиште, можеби во рурална средина или во училиште со послаба техничка опременост, учениците да ...

За мене, начинот на кој што јас всушност го гледам тој нон-пејпер, иако не сум експерт за толкување на такви документи, мислам дека првин тоа што треба да се случи е да се усвојат уставните измени, за да може да се започнат преговорите – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас кој при посетата на Штип одговараше на новинарско прашање, дали нон пејперот на Франција и Германија овозможува Македонија да ги отвори преговорите со ЕУ, без промена на ...

На Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици заради организирано учество во гаснење на пожари на отворен простор и шумски пожари, посочи денеска директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Како што истакна на прес-конференција тие се потребни за пополнување на работните места возачи на специјалните противпожарни возила (22 пинцгауери, 5 хермелини и 15 БТР-и ...

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), со поддршка на вработените во дејноста денеска одржаа заедничка прес-конференција во паркот „Жена Борец“ поради ставањето на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри на дневен ред на денешната 104-тата собраниска седница. Од собирот вработените како најзасегнати од дејноста испратија ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање рак на грлото на матката – ХПВ-генотипизацијата и ликвид ПАП-цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања и подобрување на пристапот на жените до превентивна здравствена заштита. Според новите ...

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со дитекторот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ и претставници од изведувачот „Ѓулермак“ изврши увид на ...

Во Русија се очекува во текот на оваа година да бидат одобрени за примена две вакцини против глиобластом, еден од најагресивните мозочни тумори, соопшти директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова. Скворцова изјави дека наскоро се очекува одобрение за првата онколошка вакцина. „Се надевам дека во текот на 2026 година ќе добиеме одобрение за примена на онколошката вакцина против глиобластом. Прво ќе биде ...

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, преку своите адвокати во Париз, поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и пет други швајцарски фудбалски службеници и обвинители, објави АП. Седумдесетгодишниот Платини тврди дека пред десет години се случил заговор против него за лажно обвинување и влијание за да се спречи да стане претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Адвокатите на Платини, исто ...

Андреја – синот на починатиот музичар Владимир Блажев славеше полуматура. Неговата мајка Маја Блажев, исполнета со емоции поради отсуството на прерано починатиот Панчо на социјалните мрежи сподели фотографија со својот син и испрати порака: „Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број. Оној најбитниот ни фали, но животот продолжува, сине. Ти посакувам успеси на секое поле, да си жив и здрав, твојот успех е и мој“. Maja му ...

Кејт Мидлтон ретко зборува за најтешките моменти низ кои поминала за време на борбата со тешката болест, но за време на емотивната посета на центарот за лекување во Манчестер направи исклучок. Принцезата од Велс отворено зборуваше за тоа колку болеста влијае не само на дијагностицираната личност, туку и на децата, родителите, партнерите и сите оние кои секојдневно минуваат низ страв, неизвесност и закрепнување заедно со пациентот. Кејт, на ...

СВР Битола информира дека во битолската полиција било пријавено дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело. Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 2 јуни во СВР Битола негов роднина пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот С.Б. со што се укинува мерката притвор што му беше претходно определена. Како што соопштуваат од Основниот кривичен суд, Советот постапувал по жалба со понудена гаранција на осомничениот, изјавена против решение на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше ...

Во Чиле синоќа се откриени и конфискувани над сто тони наркотици, скриени во пратки со дрвен материјал, наменет за Европа. – Благодарение на заедничката работа на обвинителството, поморската полиција и царината, запленети се 1.080 тони дрво третирано со разни дроги, што претставува историски удар врз организираниот криминал во нашата земја, се наведува во соопштението на чилеанската влада. Тоа е најголема заплена на дрога во историјата на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека во завршна фаза е постигнувањето на договор со Иран за завршување на војната во Персиски Залив. – Во завршна фаза сме од она што ќе биде многу, многу добар договор, објави утрово Трамп социјалните мрежи. Тој додаде дека договорот би можел да се постигне во рок од два до три дена. Трамп го потврди падот на американскиот хеликоптер во близина на Ормуска Теснина, наведувајќи дека пилотите се добро. ...

Унгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност. Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на Парламентот. Од следниот месец основната бруто плата на унгарските народни избраници ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.18
43%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
0.88
67%
1013
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.92
63%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
42%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.82
70%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.43
74%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
46%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.02
42%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.8
54%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.4
98%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Калај

56.77

Злато

137126.15

Иридиум

252383.36