Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Атина, откако првиот носител во полуфиналето вечерва рутински го победи Германецот Јаник Ханфман со 6-3, 6-4. За 38-годишниот Ѓоковиќ, ова е 144. финале во кариерата во која освои точно 100 турнири, од кои 24 на грен слем турнирите. Оваа година, Ѓоковиќ играше во две финалиња пред Атина. На Мастерсот 1000 во Мајами загуби од младиот Чех Јакуб Меншик, додека ја прослави ...

Во турскиот регион на Црното Море и планинскиот дел на Непал, постои мед кој има речиси митска репутација – „дели бал“, што буквално значи „луд мед“. Пчелите го произведуваат од цветовите на виолетовиот рододендрон, растение чиј нектар содржи природен токсин наречен родотоксин. Само една лажица може да предизвика благ седативен ефект, но ако претерате, лесно можете да завршите во болница. Сепак, локалните жители го користат овој мед како ...

Јапонија се соочува со рекордно зголемување на смртоносните напади од мечки. Така, властите во северната префектура Акита ја повикаа војската да постави стапици и да обезбеди логистичка поддршка за контрола на популацијата на мечки, затоа што војската не смее да убива мечки, а заловувањето сè уште го извршуваат лиценцирани ловци, чиј број, пак, се намалува поради стареењето на населението. Проблемот е толку сериозен што и Британската влада ...

Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград изгласаа за целосна блокада на наставата. Тоа е прв фалултет во главниот град на србија што објави дека стапува во блокада откако почна на 3 ноември официјално новата учебна година. Во изјава за белградски медиуми еден од студентте од тој факултет вели дека постојат многу причини за таа одлука. „Ниту едно од барањата што ги имавме не беше исполнето. Постојано баравме избори, ќе ...

Лекарите и медицинскиот персонал од државните болници во Грција денеска излегоа на протест пред Министерството за здравство во Атина, во рамки на втор ден од штрајкот, изразувајќи незадоволство од, како што велат, „бедната состојба“ во јавното здравство, која ги погодува и пациентите и здравствените работници. „Пациентите страдаат. Нивните животи се загрозени поради недостатоците во јавниот здравствен систем, и покрај надчовечките напори на ...

Денес, бугарскиот парламент донесе закон со кој рафинеријата на руската групација Лукоил во Бургас, на Црното Море, се става под државна контрола. Ова е последица на американските санкции воведени во октомври против овој руски нафтен гигант, што ја загрижи бугарската влада дека руската рафинерија, најголемата компанија во Бугарија со промет од 4,68 милијарди евра во 2024 година, ќе мора да се затвори според санкциите. Американските санкции, ...

Унгарската Влада подготвува сеопфатен договор за инвестиции, образование, обука и технологија со американската компанија од секторот за вселенска технологија и одбрана Војаџер Технолоџис (Voyager Technologies), изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто во Вашингтон. Според него, договорот ќе и овозможи на Унгарија да има активна улога во проектот на компанијата за изградба на вселенска станица. Сијарто додаде дека Voyager ...

Данска планира да воведе национална минимална возраст од 15 години за пристап до одредени социјални мрежи, соопшти денеска данската Влада. Сепак, родителите ќе имаат можност да им дозволат на своите деца да се регистрираат на социјални мрежи од 13-годишна возраст, пренесе ДПА. Според Министерството за дигитализација, новиот закон има за цел подобра заштита на децата и младите во дигиталниот свет. На тој начин, како што објаснија од ...

По инцидентот во кој мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум беше малтретирана во јавност, а настанот беше снимен со камера, нејзината влада денеска претстави план за борба против сексуалното вознемирување, со кој тоа ќе биде класифицирано како тешко кривично дело во сите сојузни држави. Планот предвидува кампања за охрабрување на жртвите да ги пријавуваат случаите и подобрување на пристапот до правда. – Сите жени, адолесцентки и ...

За петтоосоменичeната во случајот, со иницијали Ј.К., Судот, како што инфирмираа оттаму, го прифатил променетиот предлог на јавниот обвинител и ѝ определил мерка куќен притвор На четворица од петтемина осомничени за давање и примање поткуп, меѓу кои и на актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјодeлството, Основниот кривичен суд Скопје попладнево им одреди мерка притвор од 30 дена. Ваквиот епилог доаѓа откако сите ...

„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито. „Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи по поднесената кривична пријава од МВР и врз основа на сите обезбедени докази поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик, за лажно пријавување бомба во основно училиште во Радовиш. -Осомничената 40-годишна радовишанка, на 29 октомври од Скопје пријавила дека е поставена ...

Делови од јужна Србија денес се поплавени, а според метеоролозите од Хаилц Србија, причината е што во текот на минатиот месец неколку циклони произведоа голема количина дожд во јужниот дел на Србија. Новиот, сегашен, циклон овој пат произведува неколку десетици литри дожд на квадратен метар, како резултат на што имаше поплави на територијата на Лесковац. Центарот на циклонот е на запад од Србија, а зоната на врнежи ќе се регенерира до крајот ...

Српските медиуми денеска пренесуваат изјава на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која вели дека – кога ги слуша интервјуата на српскиот претседател Александар Вучиќ, не е сигурна дали станува збор за едно или за повеќе лица, бидејќи некои од неговите изјави се слушаат во Москва, а други во интервјуа од други географски точки. „Кога ги читам сите овие интервјуа на претседателот на Србија, се ...

Затворањето на аеродромите во Белгија и неодамнешните упади на дронови во Шведска потврдуваат дека Европа е во опасност, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за одбрана Тома Рение во одговор на прашање за коментар на ЕК на најновите инциденти со неидентификувани беспилотни летала во Белгија. – Она што е јасно, како што рече и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е дека ова е хибридна војна, изјави Рение, ...

Шпанската полиција денеска уапси 13 лица осомничени за припадност на венецуелската криминална банда „Трен де Арагуа“, соопштија властите. Апсењата се извршени во градовите Барселона, Мадрид, Жирона, Ла Коруња и Валенсија. Ова е прва операција во Шпанија за разбивање на наводна ќелија на венецуелската криминална банда, која во февруари беше означена од Владата на САД како странска терористичка организација, се нагласува во полициското ...

Во Основниот суд во Струга денеска беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, поради оправдано отсуство на бранителот на првообвинетиот лекар. На претходното рочиште, одржано во септември, тој бараше изземање на судечкиот судија, и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола, па предметот беше разгледуван во Врховниот суд во ...

По смртта на неговиот татко, Димитриј ја наследил титулата војвода, и бидејќи бил воспитан како христијанин, тој го проповедал христијанството наместо да го истребува според наредбата на царот Максимилијан. Кога царот дознал што прави Димитриј, го фрлил во темница, а потоа го избодел со копје. Неговото тело било фрлено, но христијаните го пронашле и тајно го закопале. Исцелувањата почнале да се одвиваат на местото каде што бил погребан Свети ...

Митровден е празникот со кој ја започнуваме серијата зимски прослави. Оваа година Митровден „паѓа“ во сабота, па затоа домаќинките подготвуваат голема гозба. Ова е нашиот предлог за менито за Митровден: Предјадење: На празничната трпеза е задолжителна закуска составена од сушено месо, сирење и маслинки. Во последниве години, чорбите се апсолутен хит на празничните трпези. Во постојаната трка со времето, супата е она што најмногу му ...

Инфлацијата во октомври преку индексот на трошоци на живот во однос на септември бележи намалување од 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Намалувањето се должи на помалите трошоци во делот на транспортот за 6,1 процент, мебелот и одржувањето на домаќинствата за 0,3 проценти и во делот образование и култура за 0,1 процент. Зголемување на трошоците на живот има во делот на алкохолните пијалоци и тутунот и облеката и ...

Околу 67.500 лица во Шведска имаат врски со криминални банди, се наведува во извештајот објавен денеска од шведската полиција. Од нив, 17.500 се активни членови, а уште околу 50.000 лица се дел од нивното најблиско опкружување, се наведува во документот кој се фокусира на долготрајниот проблем со криминалните мрежи во земјата. – Сè уште имаме премногу голема група лица кои или активно учествуваат во банди или имаат врски со нив, изјави ...

Европската комисија денеска усвои одлука за воведување построги правила за издавање визи за руските државјани, како резултат на зголемените безбедносни ризици, саботажите и потенцијалната злоупотреба на визите. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас посочи дека ваквата одлука се носи во услови на најризична безбедносна средина во Европа во последниве децении предизвикана од руската илегална ...

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, директоот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ и човек поставен од министерот Цветан Трипуновски е фатен во скандал со мито. Ова е уште една потврда дека корупцијата во земјоделието цвета, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството била дувлно на злоупотреби на парите за земјоделците од ИПАРД програмите. Повеќе од година и пол низ земјоделските кругови се зборува дека се ...

Вчера во попладневните часови под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица. Поради постоење на основано сомнение дека првосомничениот сторил продолжено кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, додека три лица како посредници сториле кривично дело Примање ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, предложи мерка притвор за петмина осомничени за кривично дело поткуп, а меѓу нив е и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, кој функцијата ја извршува од јули лани. „Вчера во попладневните часови истражители и полициски службеници реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица. Поради постоење на ...

Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%. Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку ...

55 од понеделник и уште 20 автобуси до Нова година – Скопје се сака со дела! На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици. Овој потег ...

Колку пати алармирав, укажував, зборев во текот на изминатата година – дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби. Предупредував јавно дека ИПАРД 3 ќе крахира. Дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата ИПАРД 3 програма, вредна околу 100 милиони евра, која требаше да биде ...

Постраствените љубители на алкохол, во просек на возраст од 64 години доживуваат мозочен удар, во споредба со просекот од 75 години кај луѓето кои пијат помалку алкохол. Ново истражување, објавено во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), покажува дека честото пиење алкохол може да предизвика мозочен удар, во просек – едно десетлетие порано. – Нашите наоди посочуваат дека (пречестото пиење) не само што ја зголемува сериозноста од мозочен удар со ...

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки, соопшти денеска Царинска управа. Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин на излез од државата, на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје. Проценетата вредност на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
70%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
94%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
79%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Злато

157055.75

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Калај

48.47

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Бакар

11.66

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28