Неколку илјади државјани на една од земјите-членки на ЕУ се уште се наоѓаат во Иран, изјави висок функционер на ЕУ за проценките на европските служби. Многумина од нив имаат и иранско државјанство и не мора нужно да ја напуштат земјата, додаде функционерот. Точниот број на оние што бараат евакуација не е објавен. Се проценува дека многу поголем број државјани на ЕУ се заглавени во земјите околу Иран поради откажувања на летови предизвикани од ...

Грчката полиција презеде зголемени безбедносни мерки на објекти од израелски и американски интерес, посочи портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду во интервјуа за телевизиите ЕРТ и Скај и нагласи дека овие мерки не се ограничуваат само на дипломатските мисии, туку се прошируваат и на деловни и трговски објекти кои би можеле да претставуваат потенцијални цели, јави дописничката на МИА од Атина. Димоглиду објасни дека мерките се ...

Цените на нафтата утринава нагло пораснаа, а берзанските индекси паднаа во раното тргување откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот. Цената на американската сурова нафта синоќа се зголеми за дури осум проценти, на околу 72 долари за барел, а подоцна се стабилизираше на 71 долар. Суровата нафта Брент, која служи како глобален репер, првично скокна за повеќе од 12 проценти на околу 82 долари, но подоцна се сведе под 78 ...

Просечната потрошувачка кошничка што Владата веќе ја изготви, но сè уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите ќе биде меѓу точките од дневниот ред на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), најави за МИА министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што изјави за МИА во петокот, на седницата на ЕСС ќе биде објавена и точната сума за колку ќе се зголеми минималната плата. -Просечната потрошувачка кошничка веќе ...

Во земјата денеска ќе преовладува прeтежно облачно време. По одделни котлини има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 2, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко. Во делови од котлината има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Според објавата на Автомотосојузот на Македонија, на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено ...

Поради дефект на ул. Тодор Чангов број 81, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот. Поради дефект на улица Сердарот 31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Сердарот, дел од Драчевска, Речиште и Партизански Пат. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од ...

Авиокомпанијата „Виз Ер“ соопшти дека привремено ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток. Од компанијата информираат дека по неодамнешната ескалација на безбедносната ситуација во Иран донесена е одлука за суспензија на летовите до и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија заклучно со 7 март. „Континуирано ги следиме ...

– Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток. Таа додаде дека институрциите ќе ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) размислува за одложување на интерконтиненталните плејоф натпревари за Светското првенство во 2026 година закажани во Мексико поради нагло зголемување на криминалот. Според „Атлетик“, натпреварите од завршниот турнир се исто така под знак прашалник. Во неделата на 22 февруари, мексиканското Министерство за одбрана спроведе операција за апсење на Рубен Немесио Осегуера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е изоставен од составот на „Лос Бланкос“ за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите на УЕФА против Бенфика. Претходно беше објавено дека 27-годишниот Французин бил принуден да го напушти вчерашниот тренинг на тимот поради болки во коленото, кое го повреди во декември. Мбапе има проблеми со коленото по трет пат оваа зима. Во најлош случај, француската ѕвезда би можела да го пропушти Светското ...

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, го промени системот на казни за играчите кои ја прекршуваат дисциплината. Играчите сега подлежат на парични казни за доцнење на тренинзите и тимските настани, наместо на суспензии на натпреварите, како што беше случај претходно. Во шпанската ТВ емисија „Ел Хормигеро“, играчот од средниот ред Педри и напаѓачот Феран Торес зборуваа за промените на тренерот. – Малку го променивме правилото за точност. Ако ...

Според најавите, стадионот „Тронг Донг“, кој е закажан да се отвори во 2028 година, ќе има неверојатни 135.000 седишта, што го прави најголемиот стадион на планетата и го надминува претходниот рекордер од Пјонгјанг. Инспириран од античкиот бронзен тапан на Донг Сон, симбол на виетнамската култура, овој монументален објект нема да биде само спортска арена, туку и центар на големи концерти, фестивали и национални настани. Работата започна во ...

Англиската фудбалска федерација (ФА) им изрече денеска високи казни на лондонските премиерлигаши Челзи и Вест Хем Јунајтед поради масовната тепачка меѓу фудбалерите на крајот од натпреварот одигран на Стемфорд Бриџ на 31 јануари, во кој домашниот тим победи со 3-2. Челзи ќе мора да плати 325.000 фунти, додека Вест Хем Јунајтед 300.000 фунти поради конфликтот во кој учествуваа околу 20 играчи. Сè започна кога крилниот напаѓач на Вест Хем, Адам ...

Шпанскиот фудбалски гигант Реал почна денеска истрага откако навивач на Кралскиот клуб, наводно, извел нацистички поздрав за време на вчерашниот реванш натпревар од плејофот во Лигата на шампионите против Бенфика во Мадрид. Според извештаите, пред почетокот на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, еден од навивачите, најверојатно, извел нацистички поздрав додека телевизиските камери го снимале стадионот. Неколку моменти подоцна, обезбедувањето ...

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола побарал од својот напаѓач Ерлинг Халанд да престане да разговара со претставниците на Реал Мадрид околу негов евентуален трансфер во Кралскиот клуб, јавија денеска шпанските медиуми. Според истите извори, Гвардиола и раководството на англискиот клуб се загрижени дека постојаните шпекулации околѕ наводен трансфер на Халанд во Реал би можеле негативно да влијаат врз норвешкиот напаѓач во клучниот дел од ...

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, е самокритичен по синоќешниот натпревар со Бенфика (2:1) во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите. – Реал Мадрид се мачеше во првото полувреме. Имавме проблеми во одбраната и не контролиравме добро многу области, поради што примивме гол. Во второто полувреме ги намаливме тие области, а нашата игра се подобри. Кога ја држиме топката предолго без да ја движиме брзо и директно, тоа му дава можност на ...

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, стана ко-сопственик на шпанскиот клуб од Втората дивизија, Алмерија. Според официјалното соопштение на Португалецот, договорот е склучен преку неговата компанија, „CR7 Sports Investments“. Износот не е откриен. – Кристијано Роналдо го објавува стекнувањето на 25 % од акциите во шпанскиот клуб од втората дивизија, Унион Депортива Алмерија, што е значаен чекор во континуираното проширување на неговото ...

Во седиштето на УЕФА денеска (почеток 12 часот) ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето од годинашново издание од Лигата на шампионите. 16 екипи ќе се борат за пласман за финалето кое ќе се игра на 30.мај во Будимпешта. Според пласманот во 1/16 финалето слободни беа осумте првопласирани екипи: Арсенал, Барселона, Баерн, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Спортинг и Тотенхем. На овие осум екипи им се приклучија осумте победници од 1/16 ...

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е најатрактивната двојка од осминафиналето од денешното извлекување во Лигата на шампионите што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Бранителот на трофејот ПСЖ за противник го доби премиерлигашот Челзи, додека Барселона за ривал го доби тимот од Премиер лигата Њукасл. Изненадувањето норвешкиот првак Бодо/Глимит за ривал го доби Спортинг, додека Галатасарај по триумфот над Јувентус ќе игра против уште ...

Во седиштето на УЕФА по Лигата на шампионите со извлекување беа одредени и двојките за Лига Европа. Најинтересен секако може да биде дуелот на двете италијански екипи Болоња против Рома, додека Лил го пречекува премиер лигашот Астон Вила. Двојки за осминафиналето: Ференцварош – Брага Генк – Фрајбург Штутгарт – Порто Болоња – Рома Панатинаикос – Реал Бетис Селта – Олимпик Лион Нотингем Форест – Митјиланд Лил – Астон Вила Термин за првите ...

Првото дерби од плеј офот од Супер лигата се игра попладнево во Автокоманда, каде Алкалоид е во улога на домаќин на лидерот Вардар. Овие две екипи играа и претходниот викенд во последното коло од регуларниот дел, а новиот распоред сакаше со нов натпревар да го стартуваат и плеј офот. За играчите на Кирил Лазаров (Алкалоид) само победа е опција за продолжување на шансите за титулата, додека за тимот на Иван Чупиќ (Вардар) евентуален триумф ќе ...

Ситуацијата на Блискиот исток е исклучително тензична по нападот на Израел над Иран, а и земјите во регионот се во состојба на готовност. Во Абу Даби се играше турнирот за јуниори, кој Евролигата го откажа, откако најпрво натпреварот меѓу Монако и Арис беше прекинат од безбедносни причини. Салата каде што се играа натпреварите е во непосредна близина на воените бази, кои беа цели на бомбардирањето. „Квалификацискиот турнир на јуниорската ...

Немав поим која е таа, вели 83-годишен Британец кој учествувал во видеоспотот „Опалит“ на Тејлор Свифт. Бари Рејнолдс (83) од Кент учествува во спотот во кој настапуваат и повеќе познати личности, меѓу нив пејачот Луис Капалди и ирскиот актер Домнал Глисон. Тој изјавил дека неговите внуки биле „многу изненадени“ кога дознале дека ќе се појави во спотот, но признал дека во тој момент немал претстава за кого станува збор. Тој редовно настапува ...

Шпагетите со песто Genovese се класично јадење од италијанската кујна кое се одликува со свеж вкус и едноставна подготовка. Комбинацијата од свеж босилек, ароматичен лук, квалитетни сирења и маслиново масло создава богат и миризлив сос кој совршено се вклопува со тестенините. Овој рецепт е идеален избор за брз, а сепак елегантен ручек или вечера. Состојки: 30–40 грама свеж босилек 40 грама пинјоли 40 грама рендан пармезан 40 грама рендано ...

Истражување објавено во научното Нејчр Комјуникешнс (Nature Communications) откри дека специфична генетска варијанта на генот ЦХРНБ3 (CHRNB3) може значително да ја намали желбата за цигари. Оваа варијанта влијае на β3 потединицата на никотинските ацетилхолински рецептори, кои се клучни за наградувачките ефекти на пушењето врз мозокот, пренесува порталот Траст мај сајанс (Trust my science). Истажувањето е направено врз на 37.897 активни пушачи ...

Во новиот филмски проект наречен „EPiC – Елвис Присли на концерт“, публиката ќе има можност да го доживее „Кралот на рокенролот“ како никогаш досега. Визионерскиот режисер Баз Лурман носи уникатно искуство во кое Елвис пее и ја раскажува својата приказна, а сè е базирано на неодамна откриени и целосно реставрирани снимки од неговите легендарни изведби, објавува Index.hr. „Додека работевме на филмот „Елвис“ од 2022 година, почнавме да ...

Извршниот директор на водечката државна Втора германска телевизија – 2ДФ, Норберт Химлер побара строги правила за употреба на слики и материјали создадени со помош на вештачка интелигенција, по неодамнешните контроверзии околу употребата на такви материјали како илустрација во вести на информативната програма на радиодифузерот, јави ДПА. – Може да користиме само слики чие потекло можеме да го утврдиме без никакво сомнение. И ако не сме ...

Истражувачки тим на Универзитетот на Кјото, Јапонија, заедно со компанијата „Тераверс“ со седиште во истиот град и кинеската „Икс-НОВА“, разви човековиден робот со будистички изглед и нарави и со вештачка интелигенција, создаден да води разговори и да комуницира со луѓе, пренесува Танјуг. Роботот, наречен „Будароид“ (Budaroid), е заснован на хуманоидниот робот „Јунитри Г-1“ (Unitree G1), произведен од кинеската компанија „Јунитри роботикс“, и ...

Бројот на родени деца во Јапонија во 2025 година падна на 705.809, што е најниско ниво откога има евиденции за тоа – од 1899 година. Оваа бројка ја означува 10-тата година по ред со рекордно ниска бројка – соопшти тамошното Министерство за здравство. Во споредба со претходната година, стапката на наталитет падна за 2,1 отсто, што ги одразува стареењето на населението во Јапонија и вознемиреноста и одгледувањето деца поради повисоките трошоци ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
44%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.04
67%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
35%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
5.14
39%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
77%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9875

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Калај

52.70

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Цинк

0.00