Италијанската премиерка Џорџа Мелони упати писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во кое побара Брисел да ги ублажи фискалните правила на Европската Унија, со цел да им помогне на владите на земјите членки да го амортизираат економскиот шок предизвикан од војната во Иран и вртоглавиот раст на цените на енергијата. Мелони во писмото побара „инвестициите и вонредните мерки потребни за решавање на енергетската ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, соопшти денеска неговиот кабинет. Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран, потсетува Хина. „Со оглед на постапувањето на израелската страна, Кабинетот на претседателот на ...

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице. Како што соопшти Управата, пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле ...

На денешната редовна седница, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Со тоа, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од два до 11 степени, а максималната од 15 до 25 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне 24 ...

Саем на социјални иновации – UPSHIFT ќе се одржи од денеска до 20 мај во Струмица во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој – LEAD, во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ. На саемот ќе учествуваат тимови од 15 средни училишта од Пелагонискиот регион кои ќе ги презентираат своите иновативни решенија за предизвици поврзани со климатските промени и заштитата на животната средина. Настанот има за цел да ги претстави ...

Собранието денеска ќе ја одржи 102. седница на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања. На предложениот дневен ред е Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, која претходно ќе биде разгледувана и на Комисијата за одбрана и безбедност. На седницата се очекува да бидат донесени ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот медиум „Нова.рс“, зборува за политичко-финансиската мрежа што ги поврзува Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски. „Оваа мрежа не ја откриваме од вчера. Ја разобличуваме со месеци, а секој нов ден носи нови потврди. Христијан Мицкоски во Македонија одамна го нарекуваат ‘малиот Вучиќ’. И тоа не е случајно“, вели Филипче. Тој оценува дека постои целосен „copy-paste“ во ...

По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски и Гордана Сиљановска дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, дека македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени и дека НАТО е една од најдобрите работи што ѝ се случиле на Македонија, останува Мицкоски да признае и за неисполнување на реформската агенда за ЕУ. Уште 13 дена остануваат до рокот што сам си го постави, а реформите за ЕУ не се завршени. Мицкоски ја крие ...

Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави „WorldAtlas“ додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа. Реалноста е сосема поинаква. Граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот. Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредуваше. Нема пари за повисоки плати, нема ...

Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените. Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се македонската пејачка Каролина Гочева, како и континуираните навреди, клевети и ...

Почитувани, Милош Вучевиќ, претседателот на СНС, престојуваше во Македонија. Вистинскиот повод за доаѓањето на Вучевиќ и средбата со Христијан Мицкоски е спасување на медиумската мрежа која со години служи за пропаганда на двете сестрински криминални организации (СНС и ВМРО-ОКГ). Видовме партиски состанок на којшто присуства и Адамовиќ, почесниот конзул на Македонија во Србија и негов бизнис партнер. Но што бара почесен конзул на партиски ...

Македонија е рангирана на шестото место на листата најсиромашни земји во Европа, објавува „WorldAtlas“, врз основа на податоците на Меѓународниот монетарен фонд за БДП по глава на жител според паритетот на куповната моќ. На листата најсиромашна земја е Молдавија, а на второто место е нашиот северен сосед Косово. Во извештајот се вели дека Македонија имала стабилен, но низок економски раст, околу 2% во последните години. Невработеноста се ...

Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за Владата по скратена постапка, со кој се предвидува членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, посочи дека предложеното законско решение е во согласност со иницијативите што претходно беа отворени во Собранието во однос на измените на Законот за пратеници. Тој појасни дека ...

Правосудниот испит и сите други испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик. Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста – изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт. – За првпат централната власт го слушнала гласот на студентите и ќе го реши нивниот проблем еднаш засекогаш, рече Сали. Осврнувајќи се на ...

Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со ...

Денеска во 16:30 часот започна протестот на албански студенти, кои бараат да се полага правосудниот испит на албански јазик. „Обединете се со студентите – сите заедно“, гласи слоганот на протестот, кој е втор протест организиран од албански студенти како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање од страна на министерот за правда. На денешниот протест беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки и се ...

Тотална доминација и уште една победа над Словачка за уште еден пласман на ракометарите на Македонија на ракометен Мундијал. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играа на СП 2027 во Германија во јануари, откако вечерва во исполнетата сала „Борис Трајковски“, и на реваншот ја совладаа Словачка со 38-23. На првиот меч Македонија триумфираше со 31-24. Македонија имаше водство од почетокот до крајот на мечот, не дозволувајќи им на Словаците ниту да ...

Спектакуларно започна 70то издание на Песна на Еврвизија во Виена, Австрија. Преку претставување на 25те финалисти, водителите Викторија Сваровски и Михаел Островски ги најавија финалистите во придружба на Виенскиот симфониски оркестар. Годинашното издание на Евровизија се одржа во арената „Винер Штатхале“ во Виена, откако Австрија минатата година победи со песната „Вејстед лав“. Годинава се пееше на 13 јазици, а повеќето земји направија и ...

Полицијата од СВР Скопје ноќеска лишила од слобода 19-годишен жител на скопското село Бојане, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“. Случајот бил пријавен на телефонскиот број 192 од таткото на осомничениот, кој пријавил дека неговиот син му признал дека усмртил 18-годишно лице од истото село. Според пријавеното, убиството се случило на 15 мај 2026 година во шума во околината на Сарај, каде што 18-годишната жртва била ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција го објави Фронтот за вистина и правда, кој го сочинуваат четири столбови – нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандарт и силно село и земјодолци. Филипче посочи дека клучниот столб на кој се темели програмата е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност. „Овој столб опфаќа полна ...

Министерот за Спорт на Република Македонија, Борко Ристовски ги осуди последните настапи на ФК Вардар при прославата на шампионската титула. По освојувањето на титулата во текот на вчерашниот ден, ФК Вардар преку социјалните мрежи испрати многу лоша порака со скандирањето на навивачки песни во кои се навредуваше со погрдни зборови македонската поп дива Каролина Гочева. Министерот јавно ги осуди овие настани и побара јавно ФК Вардар да се ...

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на Веселин Милиќ, кој беше уапсен вчера во продолжение на операцијата за расветлување на околностите под кои исчезна А. Н., кој последен пат беше виден во ресторан во Сењак на 12 мај. Тој е притворен за да не уништува, крие, менува или фалсификува докази или траги од кривичното дело, како и за да не ја попречува постапката со влијание врз сведоците, а исто така имајќи предвид дека постојат ...

Авион со 132 патници на аеродромот во Сплит се излета од пистата при полетување, пренесуваат хрватските медиуми. Станува збор за авион Ербас А220 на компанијата „Кроација ерлајнс“, кој преминал на тревната површина покрај пистата. Според првичните информации, нема повредени, патниците и членовите на екипажот се симнати од авионот. Инцидентот се случил во 13 и 30 часот додека се подготвувал да полета за Франкфурт. „За време на подготовката, од ...

Владата одлучи да го продолжи важењето на мерките за намалување на ценовниот притисок и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни годинава. Одлуката била донесена на денешната вонредна владина седница, а ја соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи. Според неа, продолжувањето на мерките има за цел да обезбеди стабилност и предвидливост во услови на економски предизвици и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително нестабилно, а во многу делови од земјата се очекуваат поројни врнежи од дожд, електрични празнења и засилен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи, локално процесите ќе прераснат во невреме проследено со пообилен пороен дожд кој ќе надмине 20 литри на квадратен метар, силен ветер со брзина од над 70 километри на час и услови за појава на град. Минималната температура се движи ...

Денеска се одружува 43-от „Марш на ангелите“ и за првпат ќе се пешачи по улиците на Виница. „Во 17.05 часот ќе се маршира за 63-те прекинати животи и неостварени соништа, празни соби и семејства што за секогаш останаа без дел од себе, стои во објавата на Здружението „16-ти Март“. Додаваат дека за ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност и дека условната казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства. ...

Додека европските држави преминуваат кон слободни пазари и ги напуштаат државните монополи, познавачите на индустријата и домашните приредувачи на игри на среќа велат дека Македонија свесно чекори кон криминализација на секторот. Тие посочија дека нацрт-законот кој се турка сè повеќе наликува на веќе виденото албанско сценарио, кое како што велат „под превезот на лажен морал отвори широк простор за нелегалното обложување и профитерство на ...

Фирмата „Мастеф“ во периодот од 2018 до 2021 година добивала тендери и од општини раководени од кадри на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ). Ова е денешната реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за наводите што денеска на прес-конференција ги изнесе Јон Фрчкоски, член на извршниот одбор на СДСМ дека фирмата „Мастеф“, блиска до власта, добила 93 тендери во вкупна вредност од 18,3 милиони евра од институции на централно и на општинско ниво. Од ...

Политичките партии на Албанците во Македонија реагираа остро и со различни ставови во врска со најавениот студентски протест на 18 мај, на кој студентите бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик. Од коалицијата ВЛЕН ја обвинија ДУИ дека се обидува да го инструментализира студентското незадоволство за политички цели и враќање на власт. „ДУИ е распадната. Не може да се опорави по казната што Албанците ѝ ја дадоа со глас. Затоа ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.99
22%
1011
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
1.96
41%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.27
39%
1015
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.85
25%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
0.45
32%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
65%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.81
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.67
20%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.42
28%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.13
43%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
3.13
37%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
3.92
50%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Злато

137126.15

Платина

55652.94