Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Тинејџер од Куманово монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка, полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. – Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка, соопшти полицијата. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на ...
Еден кавадарчанец бил пријавен за закани кон тетка, друг за обид за напад врз сопругата со тврд предмет, а трет за закани и обид за напад врз таткото. Сите настани се случиле во еден ист ден, а тројцата биле лишени од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Вчера во 14:55 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода 39-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје. Oколу 11:30 часот патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18 годишник удрил во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди, а тинејџерот со возилото избега од местото на настанот. Преку камерите на „Безбеден град“ и дополнителни проверки на камерите на околните ...
Во изминатото деноноќие, полициски службеници на Министерството за внатрешни работи интервенирале по повеќе пријави за семејно насилство на подрачјето на Скопје, Делчево и Штип, при што неколку лица биле лишени од слобода. Според соопштението од МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.К. (41) од Велес, по пријава од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка дека истиот ден околу 08:00 часот, во семејниот дом во ...
Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл денеска, пред заминувањето за Вашингтон, се заложи за поголема меѓународна соработка во областа на критичните суровини. – Германија и Европската Унија се посветени на фер, заснована на правила и сигурна трговија, нагласи лидерот на Социјалдемократската партија (СПД) и вицеканцелар на Германија пред неговото заминување од Берлин. Соединетите Американски Држави ги поканија министрите за финансии ...
Секоја зима, голем број земји се соочуваат со мраз и снег на патиштата. Со децении, камената сол беше главниот сојузник на возачите, бидејќи ефикасно го топи мразот и го намалува бројот на сообраќајни несреќи. Но, зад ова практично решение се крие сериозна еколошка цена. Кога солта се расфрла по патиштата, дождот и снегот брзо ја носат во реките, езерата и почвата. Таму таа ја зголемува соленоста и ја нарушува чувствителната рамнотежа на ...
Високи американски претставници на администрацијата во вторник ќе го информираат американскиот претседател Доналд Трамп за конкретните опции за одговор на протестите во Иран, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски претставници. Службениците изјавија дека на состанокот ќе се разговара за можните следни чекори, вклучувајќи воени напади, распоредување тајно кибер оружје против иранските воени и цивилни објекти и ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио оствари телефонски разговор со мексиканскиот министер за надворешни работи Хуан Рамон де ла Фуенте, со цел зајакнување на соработката во борбата против наркокартелите. Разговорот доаѓа по заканите на претседателот Доналд Трамп за можни копнени напади врз криминалните мрежи во Мексико. „Државниот секретар Рубио разговараше со министерот Де ла Фуенте за потребата од посилна соработка за разбивање на ...
Израел и Германија потпишаа договор за соработка во сферата на безбедноста, насочен против заканите од Иран и неговите сојузници во регионот, соопшти канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Договорот, потпишан од премиерот Нетанјаху и германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, ги осудува активностите на Техеран, како и на групите Хезболах, Хамас и јеменските Хути. Во документот се наведува дека овие актери ...
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во 10:00 часот (9 часот по македонско време) ќе му го врачи мандатот за состав на влада на кандидатот за премиер посочен од најголемата парламентарна група во 51-вото Народно собрание – ГЕРБ-СДС, соопшти прес-службата на шефот на државата. И покрај ова, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, веќе најави дека неговата формација веднаш ќе го врати мандатот. – Ќе го земеме и ќе го вратиме мандатот, но ве ...
Компанијата „Мета“ деактивирала повеќе од половина милион кориснички профили во Австралија како последица на првата во светот забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, соопшти денеска компанијата. Според „Мета“, во периодот од 4 до 11 декември биле отстранети вкупно 544.052 профили за кои било проценето дека припаѓаат на корисници под 16 години. Од нив, 330.639 биле на „Инстаграм“, 173.497 на „Фејсбук“, а 39.916 на ...
Германската Влада остро одговори на обвинувањата на американскиот министер за здравство, Роберт Кенеди Помладиот, кој тврди дека Берлин ги погазувал правата на пациентите и вршел политички прогон врз лекарите за време на пандемијата на Ковид-19. Министерката за здравство на Германија, Нина Варкен, во официјална изјава ги отфрли овие тврдења како „целосно неосновани и некоректни во однос на фактите“. Претходно, Кенеди преку видеообраќање ...
Меѓу членовите на „Одборот за мир“ за Газа што се очекува да ги предложи американскиот претседател Доналд Трамп ќе се најдат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, но во него ќе нема столче за претставник на Европската Унија, објави лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на изјава на функционер на ЕУ. ЕУ пројави интерес за учество во „Одборот“ уште при одлуката за негово ...
Бугарскиот премиер во оставка Росен Жељазков го врати неисполнетиот истражувачки мандат за формирање влада како кандидат за премиер на ГЕРБ-СДФ веднаш откако го доби од претседателот Румен Радев. Во петокот, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека ќе го вратат мандатот. Денешниот мандат беше првиот што го даде претседателот. Според Уставот, шефот на државата треба да му предаде втор мандат за формирање влада на кандидат за премиер ...
Студен бран го зафати регионот на Западен Балкан, а во Србија е прогласена вонредна состојба во 11 општини поради екстремно ниските температури и високите снежни наноси, јавуваат локалните медиуми. Околу 9.000 домаќинства во Србија се без електрична енергија. Вонредна состојба е воведена во општините Ваљево, Лозница, Осечина, Крупањ, Мали Зворник, Владимирци, Сјеница, Мајданпек, дел од Пријепоље, Лучани и Ивањица. Снегот го ограничи пристапот ...
Ситуацијата во поголемиот дел од Албанија и Косово останува комплицирана поради обилните снежни врнежи и дожд што ги погодија двете земји во последните денови, објавија албанските и косовските медиуми. Според информациите од Албанската Национална агенција за цивилна заштита (AKMC), цитирани од ATA, најпогодените од лошото време во Албанија моментално се Скадар, Драч, Дибер, Берат, Фиер, Корча и Ѓирокастро. Во окрузите на Скадар, се известува ...
Постојаниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Србија, Лев Ратновски, оцени дека Србија се соочува со надворешни шокови и предизвици во енергетскиот сектор, но силните девизни резерви и ниската стапка на јавен долг обезбедуваат потребен простор за спроведување на структурни реформи, објави во новото издание „Нова економија“. Расположението на инвеститорите кон Србија ослабе во текот на изминатата година, што се одржува со ...
Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на сопственикот на луксузниот бар „Констелејшн“, Жак Морети, каде што 40 лица го загубија животот во пожарот на новогодишната ноќ. На сопственикот на барот лоциран во луксузниот одморалиште Кран-Монтана му е одреден тримесечен притвор, со можност за продолжување, објавува „Темп“. Сопственикот на барот претходно им кажал на истражителите дека вратата за помош на ...
Српскиот Институт за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ објави денеска совети за зачувување на здравјето во услови на ниски температури на воздухот, нагласувајќи дека долготрајното изложување на студени временски услови и ниски температури може сериозно да го загрози здравјето. Тие посочуваат дека ниските температури, придружени со ветер и зголемена влажност на воздухот, дополнително може да ја влошат здравствената состојба на ...
На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време), грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, односно 23 часот по македонско време, и како и досега, ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси. Грчките земјоделци и вчера попладне ...
Повторувајќи го барањето до Владата да прогласи вонредна состојба по поплавите во земјата, лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша упати несекојдневен апел до граѓаните. – Каде и да видите министри, фрлајте јајца или домати по нив, тие се главната причина за вашите несреќи, рече Бериша на тркалезната маса на дел од опозицијата и граѓанското општество. Бериша образложи и зошто опозицијата бара техничка влада за подготовка на ...
На листата на 100 најбогати луѓе во регионот, составена од весникот „Недељник“, на првите две места се граѓани на Србија, додека третото место го зазема бизнисмен од Хрватска. На листата на 100 најбогати има и четворица Црногорци, како и две лица, кои не се од светот на бизнисот. На листата на „Недељник“ се наоѓаат вкупно 20 милијардери, предводени од сопственикот на „Делта Холдинг“ Мирослав Мишковиќ, чие богатство се проценува на ...
На состанокот на Меѓуминистерскиот комитет за цивилни вонредни ситуации, со кој раководи премиерот Еди Рама, презентирани беа информации за ситуацијата создадена од невремето во последните денови, како резултат на екстремно високото ниво на врнежи од дожд. -Моментно врнежите од дожд се намалени низ целата земја, освен во Драч. Досега, низ целата земја се пребројани 1.587 поплавени домови и други објекти. Евакуирани се 339 лица и 51 семејство. ...
За 6,7 отсто се зголемил патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина во 2025 година, додека пак бројот на летови бележи пораст од 5,7 проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Според статистичките податоци од аеродромот, минатата година бројот на патници достигнал 33,99 милиони, од кои 24,3 милиони се однесуваат на патнички сообраќај од странство. И домашниот и меѓународниот сообраќај на најголемиот грчки ...
Уставниот суд на Косово денеска донесе одлука за поништување на 13 закони кои беа усвоени на собраниската седница одржана на 5 декември 2024 година. Судот оцени дека законите се донесени спротивно на процедурите предвидени со Деловникот на Собранието. Меѓу поништените акти се Законот за Државно биро за верификација и конфискација на неоправдано стекнат имот, како и законите за платен промет, задолжително здравствено осигурување, државна ...
Договорот ЕУ-Меркосур, проблемите со кои се соочува примарниот сектор, како и нивните, како што велат, праведни барања, ќе бидат главните теми што земјоделците ќе ги покренат на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во вторник, како што одлучија на неколкучасовниот состанок одржан во областа Никеа кај Лариса, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот на Грчкиот комитет на блоковите, односно претставниците на сите земјоделци ...
Жена, на возраст од 47 години настрадала кога врз неа која паднале делови од конструкцијата на големиот трговски центар Космос во Солун. Таа се здобила со повреди на главата и вратот. Грчките медиуми јавуваат дека жената била свесна кога пристигнала Брзата помош и дека веднаш била пренесена во болницата „Папаниколау“ за понатамошно лекување. Инцидентот се случил на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните и објектите за брза ...
Според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, денеска во земјата ќе преовладува облачно и студено време, со појава на слаб снег или снежно провејување на одделни места. Во северните делови, особено во Војводина, времето ќе биде претежно суво, додека во останатите региони локално ќе има снег, проследен со умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Утринските температури на повеќе места се спуштаат и до –8 степени ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2025 година, изнесува 7 395.6 милиони евра и бележи раст од 2.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, 10 509.9 милиони евра, што е за 3.8 % повеќе во споредба со 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска ...
Цените на угостителските услуги во декември во однос на ноември 2025 година не бележат промени, додека во однос на декември 2024 година сe зголемени за 3.5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 проценти, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2,3 проценти. МИА Цените ...