Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Денеска кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), предводен од претседателката Савка Тодоровска, како и со членките на мрежата на НСРР. Средбата помина во конструктивна атмосфера исполнета со идеи и искуства, каде во фокусот беа предизвиците и можностите за унапредување на положбата на жените во градот. Шукова истакна дека Скопје има ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска испрати писмо/реакција до претседателот на Адвокатската комора на РСМ кое МИА го проследува интегрално. Почитуван Претседател на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Во името на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија би сакал најостро да реагирам на начинот на кој дел од адвокатите јавно го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во кочанската дискотека ...
Пејачот Харис Џиновиќ го одложи својот настап на Јахорина, кој беше закажан за утре. Како што се наведува, концертот е одложен поради смртта на Халид Бешлиќ. „Концертот е одложен поради тажната вест за смртта на великанот на нашата музичка сцена, Халид Бешлиќ. Како знак на почит кон неговиот лик и дело, беше одлучено да се одложи датумот за да имаме сите можност достоинствено да се збогуваме со човекот кој одбележа генерации“, изјавија од таму. ...
Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесена предлог спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1, кои како што информираат од Обвинителство, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 ...
На граничен премин „Богородица“ спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, казниво по Кривичниот законик, соопшти денеска Царинската управа. Оттаму наведуиваат дека осомничената, македонска државјанка, патувала ...
Косовскиот Парламент денеска беше конституиран, осум месеци по парламентарните избори, со изборот на косовскиот Србин Ненад Рашиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „За слобода, правда и опстанок“, за потпретседател на Собранието, јави весникот Коха диторе. Рашиќ доби поддршка од 71 пратеник, девет беа против, а 24 воздржани. Тој е министер за заедници и враќање во оставка и е петти, последен потпретседател на Парламентот. Останатите четворица ...
Во август годинава издададени се 280 одобренија за градење, за 1.8 проценти повеќе во однос на август лани. Најмногу одобренија за градење, 179, се за високоградба. Југоисточниот е регионот со најмногу одобренија за градење во август, 61, по што следуваат Полошкиот со 60 и Скопскиот со 46. За изградба се предвидени 646 станови, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, ...
Заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, заедно со кандидатката за градоначалник на Велес Маја Хеско и носителот на советничката листа Јованче Манасков, денеска се на средби со граѓаните на Велес. Во директен контакт со граѓаните Каранфилова Пановска зборуваше за приоритетите на програмата на СДСМ за развој на Велес. „Во центарот на оваа програма сте вие, луѓето, граѓаните и реалните потреби со кои се соочувате. Нашата цел е да ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска говореше за програмата каде се опфатени плановите за обнова и ревитализација на Старата Скопска Чаршија, симболот на духот и историјата на градот. „Старата Скопска Чаршија е душата на Скопје. Денес Чаршијата е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа. Но, таму каде што другите гледаат проблем, јас гледам можност,“ изјави Шукова, нагласувајќи дека ...
Неформална средба на верските лидери и претставници на високообразовните верски институции, студентите и младите од верските заедници денеска беше организирана од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) под наслов „Едно поинакво кафе“. Целта е, како што беше посочено, вмрежување и покажување на јавноста на кој начин всушност функционираат верските заедници односно колку е конструктивен дијалогот помеѓу нив со цел и ...
Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски да не чекаат избори и да го исчистат градот сега, после избори, ситуацијата со хигиената е алармантна, порача кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во гостување во Вистинска телевизија. – Самиот премиер излегува со Орце Ѓорѓиевски и вели дека ќе го исчистат Градот Скопје за 72 часа ако победи нивниот кандидат. Зошто сега не го исчистат за 72 часа? Кандидатот за градоначалник на ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера на својата официјална Фејсбук страница објави дека добил поддршка за втор градоначалнички мандат од еден од најистакнатите офталмолози во земјата, д-р Христијан Дума, поранешен директор на Универзитетската клиника за очни болести. Д-р Дума е признат експерт кој со децении се грижи за здравјето на граѓаните и претставува голем авторитет во областа на офталмологијата. Во ...
Исто како што Земјата орбитира околу Сонцето, повеќето планети во и вон нашиот Сончев Систем имаат своја ѕвезда-домаќин. Некои, пак, таканаречени „одметнати“ планети немаат своја ѕвезда – и, малку се знае за нивното потекло. Астрономите забележаа токму таква планета којашто нуди нов увид во оваа појава. Научниците од Астрономската опсерваторија во Палермо, при Италијанскиот национален институт за астрофизика (ИНАФ) велат дека новооткриената ...
Шведска ќе инвестира 3,5 милијарди круни (околу 370 милиони долари) во нови системи за одбрана од дронови, соопшти министерот за одбрана Пол Јонсон. „Во последно време имаше нарушувања на воздушниот простор и се забележани дронови, што потсетува дека воздушните закани имаат сè поголема улога во современото водење војна“, напиша Јонсон на социјалната мрежа Икс. Шведска, која е членка на НАТО, ќе набави системи за неутрализирање на беспилотни ...
Европската унија воведе нови правила за платено политичко рекламирање, кои денеска стапуваат во сила, барајќи сите такви реклами јасно да бидат означени и да се открие кој платил за нив и колку, соопшти Европската комисија. Правилата, исто така, бараат информации за тоа дали рекламата е насочена кон одредена публика, и имаат за цел да се спречи странско мешање во европските избори, пренесе ДПА. Комисијата соопшти дека регулативата ја штити и ...
Годишната нуклеарна вежба на НАТО Стедфаст Нун (Steadfast Noon) ќе започне в понеделник, 13 октомври, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата Марк Руте. Тој истакна дека вежбата има цел да обезбеди сигурност, безбедност и ефективност на способностите на НАТО за нуклеарно одвраќање. „Овие тренинзи испраќаат јасен сигнал до секој можен противник дека Алијансата има капацитет да ги заштити сите свои членки од која било закана“, нагласи ...
Дури пет тони пиперки украле од млад земјоделец од околината на Лудбрег, во хрватска Подравина, и тоа очигледно не им било доволно на крадците, па го онеспособиле и неговиот систем за наводнување. Производителот на зеленчук Тадеј Бохорч од Свети Петар требало да собере неколку тони пиперки на својата парцела овие денови, но крадците го престигнале. „Во неколку наврати во текот на ноќта, ми украдоа околу пет тони пиперки и ги уништија цевките за ...
Во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Ова е исклучителна можност за нашите претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на пазарот. Мерката 3 ...
Со гордост ви ја претставуваме Првата лиценцирана Академија за Make-up артисти, создадена под менторство на познатиот шминкер Дадар, чија креативност и професионализам го поставија врвот на домашната beauty сцена. Академијата претставува уникатна можност за сите кои ја носат љубовта кон шминката во себе и сакаат таа страст да ја претворат во професионална кариера. Академијата е осмислена така што им овозможува на учесниците да го совладаат ...
Кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за ТВ21 истакна дека кога станува збор за животната средина, политичките интереси мора да бидат оставени на страна, а соработката меѓу институциите да стане приоритет. „Јас мислам дека кога станува збор, пред сè, за животната средина, не треба да ги гледаме политичките интереси. Тие интереси конечно мора да излезат од Градот Скопје, а впрочем и од сите институции, ако навистина ...
Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. Дваесет и пет годишниот Фатон Нури, пред Судот призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за делото „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ ќе се брани и ќе ...
Управата за хидролошки работи соопшти дека од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Времето денеска до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска попладне ќе ги прими во Елисејската палата лидерите на главните политички партии во земјата, но на состанокот нема да бидат поканети водачите на радикалната левица и крајната десница, јави телевизијата БФМ ТВ. Средбата се одржува во момент кога Макрон треба да избере нов премиер – шести по ред во рамки на неговиот втор претседателски мандат. Политичката криза во Франција се продлабочи во ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори на компанијата „Енерго солар системи“. Како што информира РКЕ, станува збор за два батериски система со вкупна инсталирана моќност од 2600 киловати, инсталирани во склоп на две различни фотонапонски електроцентрали кои се веќе изградени и во функција. ...
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 во Гент го игра дуелот против фаворитот во групата селекцијата на Белгија. По одработените мини-подготовки нашата репрезентација ја очекува тежок натпревар. – Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ...
Луѓето кои објавуваат на социјалните мрежи ноќе, имаат поголема веројатност да се соочат со лоша ментална состојба, покажува ново истражување. Со други зборови, кај „ноќните (онлајн) птици“ има поголема опасност да пројават симптоми на депресија и анксиозност, според истражувачите. Повеќето научни трудови за менталната благосостојба и социјалните мрежи, се наведува, се сосредоточуваат на фреквенцијата на користење на интернет. Научниците од ...
Седумгодишно дете загина, а три лица се ранети во синоќешните руски напади во областа Запорожје во централна Украина, додека девет лица се повредени во Киев, соопштија украинските власти. Киев синоќа беше цел на голем руски напад, по што источниот дел од главниот град на Украина остана без електрична енергија. Министерството за енергетика соопшти дека низ целата земја „Русите нанесуваат масовни удари врз украинската енергетска инфраструктура“. ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Неготино, рече дека е време Неготино да добие вистински градоначалник, фер однос и чесна власт која го цени трудот, изразувајќи поддршка за кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петар Мантев. „Петар е човек од народот. Човек што знае што значи да се работи, да се создава и да се води со разум, а не со ароганција. Со него, Неготино ќе добие ...
Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Скопје од СДСМ, во интервју за ТВ 21 нагласи дека воведувањето систем за селекција на отпад на ниво на домаќинства е суштински чекор за справување со зголемените количини на отпад и за намалување на притисокот врз Вардариште и депонијата Дрисла. „Мора да почнеме со селекција на отпад уште од дома. Ако граѓаните добијат соодветни канти, контејнери и камиони што ќе го подигнуваат селектираниот отпад, ...
Аналитичарот Благојче Атанасовски, кој со години ги следи и анализира изборните кампањи во земјава, оценува дека во повеќе од триесет и пет години повеќепартиска демократија, македонските политички партии најчесто ја повторуваат истата кампањска матрица со меѓусебни обвинувања, стари ветувања и предвидлив настап. Сепак, тој забележува и неколку позитивни исклучоци во овие локални избори, меѓу кои особено се издвојува кампањата на кандидатот за ...