При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил пронајден изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, како и црн ранец марка „Најк Џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти, марка Филипс и кеса со неискористено пиротехничко средство. Ова беше посочено денеска од страна на Јавното обвинителство при изведувањето на ...

Граѓаните мораат јасно да разберат зошто Европската Унија бара реформи пред да нè прими во своето членство. Европа не може и не сака да прими организирана криминална група во својот систем. Реформите не се технички услов, тие се брана против влез на криминал, корупција, партизација на институциите, контрола на медиуми и заробена држава во демократскиот систем во кој владее правило на правото, слобода на говорот и слобода на медиумите. А токму ...

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои оствариле право на пензија според истиот закон, но живеат и ја примаат ...

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за 4 деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека презеле дејствија кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1. Како што информира ЈО, малолетничките, од кои една ...

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, од денеска до 8 мај ќе престојува во прва официјална посета на Република Северна Македонија. Негов домаќин е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со кого ќе има тет-а-тет средба, а потоа и заедничка прес-конференција. Во рамките на посетата предвидени се средби на Берсе со државниот врв, со ресорни министри, како и низа други активности поврзани со ...

За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“ – истакна денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани коментирајќи ја синоќешната фејсбук-објава „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Набргу ќе ви овозможам да се покажете“. – Тоа беше реобјава на објава од еден портал што го објавил ова, јас само потврдив дека сум за предвремени избори. Сите сме за предвремени избори, освен ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во Кавадарци положи цвеќе и оддаде почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник на тогашната ЈНА, го загуби животот и беше првата жртва од Македонија во конфликтот што го предизвика распадот на Југославија. Филипче во објава на социјалните мрежи порача дека војната што се случи во 90-тите години никогаш не семее да се повтори и треба да биде силен потсетник колку скапо може да нè ...

Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Сметам дека е потребно малку прагматизам и политичко обединување – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на конференцијата „30 години на европскиот пат: односите Северна Македонија – ЕУ и патот напред“, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. – Во ...

Ракометарите на Вардар вечерва го играат реванш четвртфиналето од Лига Европа. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ гостува францускиот преставник Монпелје. На првиот дуел пред седум дена францускиот тим го искористи домашниот терен и слабото второ полувреме на Вардар и постигна победа од десет разлика (33:23). Во редовите на Вардар знаат дека предноста на противникот е висока, но сепак се подготвени да се борат. – Не очекува тежок натпревар. Не ...

Екипата на Севиља со победата синоќа над Реал Сосиедад од 1:0 освои нови три бодови и ја „напушти“ зоната за испаѓање во Примера. Севиља на домашен терен во последниот натпревар од 34.коло ја совлада екипата на Реал Сосиедад со 1:0 и ја оствари десетата победа. Решавачкиот гол во 50.минута го постигна Алексис Санчез. До крајот на сезоната во шпанското првенство има да се одиграат уште четири кола, а во опасната зона за испаѓање се од 12.то ...

Реванш полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид што се игра вечерва (почеток 21 часот) привлекува големо внимание. По првиот дуел во Мадрид победник немаше и дуелот заврши – 1:1. За двата тима овој натпревар е од исклучително значење. – Ја чувствувам енергијата во и меѓу тимот, кај нашите навивачи, ова се моментите што сакаме да ги живееме заедно. Имавме многу работа како клуб. По 20 години повторно да бидеме во ...

Ви треба нешто брзо, едноставно, топло и вкусно… Состојки: 500 грама шпагети 400 грама печурки 100 грама сланина 3 чешниња лук 250 грама павлака за готвење магдонос сол бибер Подготовка: Исецкајте ја сланината и пржете ја на сув тефлон (сланината ќе ја ослободи маснотијата). Додадете го сецканиот лук и веднаш потоа сецканите печурки.Ги динстаме печурките додека не испари целата течност што ја испуштаат. Потоа зачинете ги печурките и додадете ...

Најновите сателитски снимки на НАСА покажуваат дека Мексико Сити тоне, велат научниците. Се проценува дека градот со 20 милиони луѓе тоне околу 15 сантиметри годишно. Во неодамнешното соопштение на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, се наведено дека движењето на земјата во Мексико Сити го следи сателитот НИСАР („НАСА-ИСРО Синтетички отворен радар / NASA-ISRO Synthetic Aperture Radar“), лансиран во јули 2025 ...

Најголемата змија која некогаш живеела на Земјата е откриена во рудник во Индија. Станува збор за видот „Vasuki indicus“, кој живеел пред околу 47 милиони години. Според најновите научни анализи, ова праисториско суштество достигнувало должина од приближно 11 до 15 метри – еднакво на најпознатата џиновска змија од праисторијата, Титанобоа. Нејзиното името е добиено по митскиот крал на змиите во хинду традицијата, Васуки. Откритието е резултат ...

На 03.05.2026 година во 09:00 часот, на локалниот пат Тетово – село Волковија, во близина на село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р. (66) од село Јанчиште. При контролата било утврдено дека тој управувал земјоделска машина – трактор „Фергусон“ со тетовски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола. Тракторот е одземен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Поднесени се кривични пријави против родителите на малолетничките кои нападнаа девојче во општина Ѓорче Петров, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Единицата за внатрешни работи – Ѓорче Петров при СВР – Скопје до ОЈО – Скопје денеска поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ – запуштање и малтретирање дете, против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните ...

Вооружен маж вчера отворил оган во близина на Белата куќа, ранувајќи тинејџер кој случајно се нашол во близина, по што припадниците на американската Тајна служба возвратиле на огнот и го застрелале осомничениот. Тајната служба, која е одговорна за заштита на американскиот претседател и други високи претставници, на Х објави дека инцидентот бил „резултат на конфронтација помеѓу вооружено лице и полицијата на Тајната служба“. И осомничениот и ...

Патниците на мал крузер поврзан со сомнителна епидемија на хантавирус беа спречени да се истоварат во Зеленортските Острови (Кабо Верде), а операторот рече дека сè уште ја одредува следната дестинација на бродот. „Оушнвајд експедишн“ вчера соопшти дека се разгледува можноста за пловење кон Канарските Острови, но дека не е донесена конечна одлука. Тројца патници треба да бидат медицински евакуирани во Зелен ‘Рт, островска нација покрај Западна ...

Британскиот премиер Кир Стармер синоќа ги осуди иранските напади со дронови и ракети врз Обединетите Арапски Емирати. Тој го повика Иран да се ангажира во дипломатија за да се спречи понатамошна ескалација на Блискиот Исток, се вели во соопштението од кабинетот на британскиот премиер. „Стоиме солидарно со ОАЕ и ќе продолжиме да ја поддржуваме одбраната на нашите партнери во Заливот. Оваа ескалација мора да престане. Иран мора да се вклучи во ...

Претставници на земјите-членки на ЕУ го вежбаа активирањето на клаузулата за заемна одбрана на блокот како подготовка за можен хибриден напад од големи размери. Дипломатите изјавија за ДПА дека во кризната вежба вчера учествувале амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одговорни за безбедносната политика, како и експерти од европските институции. Се очекува резултатите да послужат и како придонес во подготовките за план за зајакнување на ...

Најмалку 26 лица загинаа, а 61 се повредени по експлозијата во фабрика за огномет во кинеската покраина Хунан, објавија светските агенции и локалните медиуми. Кинескиот претседател Шји Џинпинг повика на темелна истрага за инцидентот. Експлозијата се случи во градот Чангша околу 16:40 часот вчера, објавија кинеските државни медиуми. Близу 500 спасувачи се распоредени на местото на настанот, а во опасната зона се во тек евакуации. Два магацини ...

Американскиот милијардер Илон Маск постигна спогодба со американската Комисија за хартии од вредност (SEC) во граѓанската тужба во врска со доцнењето на објавувањето на неговиот сопственички удел во компанијата Твитер во 2022 година, соопшти федералниот суд во Вашингтон. Според договорот, фонд во име на Маск ќе плати казна од 1,5 милиони долари, без признавање на вината, додека милијардерот нема да мора да ја надомести наводната добивка ...

Русија го ограничи пристапот до мобилен интернет за голем број корисници во Москва во пресрет на традиционалната парада на 9 мај, со која се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Оваа година одбележувањето ќе биде поскромно поради заканите од напади со беспилотни летала од Украина, се наведува во медиумските извештаи. Руските власти воведоа ограничувања на интернетот, блокирајќи одредени мобилни услуги и ...

„Во годишната пролетна акција за чистење на Женевското Eзеро собрани се вкупно 2.592 килограми отпад, меѓу кои дури 36.600 догорчиња од цигари“, соопштија надлежните служби. „Во акцијата учествувале повеќе од 1.000 волонтери, од кои околу 300 биле нуркачи“, пренесе Свиз инфо (Swissinfo) Акцијата за чистење е спроведена на десет локации околу езерото, опфаќајќи подрачја од Колоњ и Нион, до Вевеј и Рол, како и Евијан на француската страна. ...

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска го критикуваше продолжувањето на кривичната постапка против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека тоа го попречува донесувањето одлуки во областа на националната безбедност. Кац на Икс напиша дека за време на актуелната и чувствителна безбедносна ситуација, Нетанјаху морал да ги прекинува судските рочишта за да прима итни повици од него преку безбедна линија, што го опиша ...

Одлуката на САД за повлекување на трупите од Германија е „разбеснувачка и опасна“, изјави денеска баварскиот премиер Маркус Зедер, пренсе ДПА. За време на посетата на Брисел, Зедер рече дека е потребна јасност во врска со американските планови, поради извештаите дека базите погодени од планираното повлекување на 5.000 војници се наоѓаат во Баварија, јужната федерална покраина што со години наназад ја предводи неговата Христијанско-социјална ...

Два земјотреса беа регистрирани во Србија ноќеска – земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 2:35 часот во регионот Бездан, соопшти Републичкиот сеизмолошки институт на Србија. „Интензитетот во епицентарот беше проценет на шестиот степен од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со оваа јачина можат да предизвикаат мали штети на зградите во епицентралното подрачје“, соопшти РСИС. ...

По првиот говор на седница на грчкиот Парламентот во 1999 година, вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ќе се обрати пред грчките пратеници на специјална седница, говор што од Парламентот го карактеризираат како „историски“, јави дописничката на МИА од Атина. Обраќањето на вселенскиот патријарх е по покана од претседателот на Парламентот Никитас Какламанис, а на „седницата од историско значење“ ќе присуствува и грчкиот претседател ...

Со повик за стабилност, одговорност и јасен план за управување, бугарската претседателка Илијана Јотова ги отвори консултациите со силите претставени во Парламентот, при што првата средба беше со „Прогресивна Бугарија“. Во обраќањето таа нагласи дека по изборите земјата влегува во нова политичка ситуација, во која очекувањата од победниците се директно поврзани со преземената одговорност. На консултациите присуствуваа претседателот на ...

Во Кантонот Сараево, 5 мај е прогласен за Ден на жалост во спомен на децата загинати за време на војната во Босна и Херцеговина во 1990-тите години. Според официјалните податоци, 1.601 дете биле убиени за време на четиригодишната опсада на Сараево (1992–1995). Судските пресуди покажуваат дека најмалку 53 од нив биле жртви на снајперисти, а повеќе од 14.000 биле ранети. Многу деца загинале на игралишта пред станбени згради, погодени од ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
8.16
28%
1011
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
0.89
35%
1011
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
3.97
36%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.61
33%
1011
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.59
28%
1010
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
53%
1015
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
5.81
39%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.91
23%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.3
29%
1010
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 32ᴼ
1.34
34%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
4.02
35%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
6.34
90%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36

Калај

56.77

Платина

55652.94

Бакар

13.54

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Паладиум

43435.66

Кобалт

56.29