Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната вонредна прес-конференција, жестоко реагираше на континуираната црна кампања и јавниот линч што власта го води против него. „Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца. Вчера, ...
Комуникацискиот консултант Марјан Забрчанец во емисијата „Стадион“ на Канал 77 посочи дека постои „огромна разлика, на ниво небо–земја“ во начинот на кој биле комуницирани со јавноста Договорот од Преспа и францускиот предлог. Тој потсети дека процесот со Грција бил воден отворено и во континуитет, додека францускиот предлог бил претставен без доволно време и објаснување и затоа предизвикал шок кај јавноста. Забрчанец нагласи дека средбата ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема одговор на ниту едно суштинско прашање кое директно ги засега граѓаните, и наместо да креира политики за граѓаните и за наредок на државата, власта свесно креира дефокус преку јавен линч и црна кампања. „На сите им е јасно што прават. Нема ништо за реалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат секој ден. Само дефокус, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција порача дека фокусот мора да се врати на суштинските приоритети на граѓаните. „На граѓаните им е потребен подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, повисоки пензии, добра иднина, пат кон Европа, за тоа треба да зборуваме, тоа е политика“, рече Филипче. Тој истакна дека секојдневно е изложен на јавен линч, груби лаги, манипулации и црна кампања, кои немаат никаква врска ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро реагираше на бруталната црна кампања и јавниот линч што подолг период власта ја води против него, нагласувајќи дека одговорност ќе има и за оние што ја нарачуваат и за оние што ја извршуваат. „Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец ...
Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Љубљана, Уголино Ливи, кардиохирург од Италија и Хугон Можина, специјалист интернист и специјалист по интензивно лекување во Љубљана, се тројцата странски експерти кои ќе бидат консултирани за случаите на непотребни кардиоваскуларни интервенции, дознава МИА. Според нашите експерти, проблем е што во оваа група нема интервентен кардиолог, кој што всушност ја дава дијагнозата, без ангажман на таков ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека Македонија е доведена во сериозна меѓународна изолација поради политиките на актуелната власт, додека наместо одговори за реалните проблеми, јавноста секојдневно се соочува со дефокус и црна кампања. „Нема одговор на вистинските прашања. За дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари да се зголемат платите и пензии, за мигрантите, за црниот капитал преку Алата банка, за ...
Џоломарите од кавадаречкото село Ресава, парите собрани за Василица, ќе ги вложат во старото училиште, за развој на етно туризам. Од џоломарската група информираа денеска за МИА, дека по отворањето на етно соба во старата училишна зграда, во план им е да направат и апартмани, за престој на туристите кои сакаат да го посетат ова интересно село близу Тиквешко Езеро. – Имаме прекрасна природа, езеро во близина, производство на извонредни вина и ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање потенцираше дека СДСМ не е против системот „Сејф сити“ од аспект на безбедноста, туку во сегашното решение постојат други сериозни и суштински прашања кои мора да се прецизираат . „Еден таков закон кој се однесува на проектот „Сејф сити“ во којшто се регулира еден дел од сообраќајот, со којшто се намалува ризикот од несреќи, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 150 метри и појава на магла има на планинскиот премин Плетвар и слаби врнежи од снег, но без задржување на коловоз кај Смојмирово, информира попладнево ЈП „Македонијапат“. Оттаму истакнуваат дека сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ ...
По прес конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за јавниот линч врз него, се јавија нарачателите на црната кампања од ВМРО со прес конференција. Откако претседателот Филипче најави дека ќе ги гони нарачателите и извршителот за изнесените лаги, и откако го повика Митрев да отиде кај Обвинител да пријави ако смее, излегува ВМРО на прес. Какво разоткривање на целата шема и однапред смислено сценарио. Разоткриени се целосно, ...
Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина. -Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, се вели во информацијата објавена на веб страницата на ЕСМ снабдување. Дефектот предизвикал прекин на ...
Реал Мадрид го отпушти досегашниот тренер Чаби Алонсо, а на негово место ќе биде Алваро Арбелоа. Отказот стигна по поразот во финалето во шпанскиот Супер куп од Барселона. Инаку, Алонсо на клупата на „кралскиот клуб“ дојде летово од екипата на Баер Леверкузен. Во соопштението не е наведено кои се причините за прекинот на соработката, но никој не беше задоволен од резултатите, а Алонсо имаше недоразбирања и со играчот Винисиус. Новиот тренер ...
Чаби Алонсо 44) од денес повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди Кралскиот клуб на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42). Околу два часа по објавувањето на заминувањето на Чаби, Килијан Мбапе објави приказна на Инстаграм во која се збогува со шпанскиот ...
Фудбалерот на Барселона, Рафиња, искажа пофални зборови за тренерот Ханс Дитер Флик. Барселона синоќа во Џеда извојува победа со 3:2 над Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија во 2026 година. – Мојот најдобар момент оваа сезона? Никогаш не би рекол дека ова се моите најдобри моменти, бидејќи сум личност која бара многу од себе! Она што можам да го кажам е дека секогаш се стремам да дадам сè за тимот, помагајќи и во одбраната и во ...
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди Кралскиот клуб на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42). Отказот на Чаби Алонсо ќе биде скап потег за Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата од 8-9 милиони евра по сезона. Шпанскиот ...
Некои хороскопски знаци имаат толку силно чувство за самодоверба што често ја преминуваат границата во самодовербата и влегуваат во царството на суетата. Нивната потреба да бидат најдобри во сè понекогаш може да ги засени нивните односи со другите, но во исто време, ги прави исклучително мотивирани и упорни. Иако другите понекогаш ги сметаат за арогантни, тие едноставно веруваат дека заслужуваат најдобро и јасно го покажуваат тоа. Лав ...
Министерството за внатрешни работи вечерва во потраги го објави 18-годишниот Саитов Саит, осомничен дека со автомобил прегазил пешак во скопската населба Капиштец, по што избегал од местото на несреќата и ја напуштил државата преку граничниот премин Табановце. Саитов Саит е роден на 06.04.2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со адреса на живеење на улица „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. Тој се бара по централна и меѓународна ...
Германските судови примија 15,2 проценти повеќе барања од компании за поведување стечајна постапка во декември отколку на крајот на 2024 година, покажаа денеска прелиминарните податоци од статистичката служба. Во ноември, бројот на барања беше за 5,7 проценти поголем, а во октомври за 6,5 проценти. Пресметката ги вклучува само барањата за кои стечајниот суд веќе донел прва пресуда, ве потсетуваат статистичарите. Податоците за целата измината ...
Во тек е истрагата на кипарските власти за пронаоѓање на 56-годишниот руски тајкун Владислав Баумгертнер, поранешен извршен директор на рускиот гигант за вештачки ѓубрива „Уракали“, кој од средата се води за исчезнат од неговиот дом во близина на градот Лимасол, јави дописничката на МИА од Атина. Кипарската полиција вчера издаде соопштение во врска со исчезнувањето на Баумгертнер со фотографија и детални податоци, барајќи информации што би ...
Во повеќето случаи, жртвите на ужасниот пожар што го зафати барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ починале обидувајќи се да избегаат од запалената зграда, но нивниот излез бил практично затворен. Истрагата открива дека реновираното скалиште, кое водело од подрумот, се срушило под притисок на испаничените луѓе, оставајќи десетици заробени во пламен и чад, пишува Н1. Според истражителите, дури ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, порача дека претседателот на САД, Доналд Трамп, „покажал дека не се плаши да користи воени опции“ кога тоа го смета за неопходно. – Мислам дека една работа во која претседателот Трамп е исклучително добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте опции кои се на маса, изјави Ливит за новинарите. Таа во исто време додаде дека „дипломатијата е секогаш ...
Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок, соопштија денеска вооружените сили. Во својата прва година, програмата има за цел да ангажира 3.000 доброволци. Предвидено е бројот на регрути постепено да се зголемува на 10.000 доброволци годишно до 2030 година и на 42.500 до 2035 година. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат онлајн во копнената војска, военото воздухопловство или морнарицата, или да посетат регионален ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди документот за безбедносни гаранции за Украина од САД да биде финализиран и доставен на разгледување на највисоко ниво, јави Укринформ. – Разговаравме за распоредот за следните две недели во однос на состаноците, подготовката на документите и можните потпишувања. Наредив документот за безбедносни гаранции за Украина од САД да биде финализиран и доставен на највисоко ниво. Ова треба да биде ...
Компанијата Парамаунт Скајденс (Paramount Skydance) поднесе тужба против управата на фирмата Ворнер Брос Дискавери (Warner Bros. Discovery – WBD) пред судот во Делавер, со цел да го спречи планираното спојување со Нетфликс. Парамаунт бара Ворнер Брос да објави дополнителни информации за акционерите да можат да донесат „информирана одлука“. Според наводите во тужбата, Ворнер Брос не го објаснил соодветно начинот на кој ја проценува вредноста ...
Иранската полиција испрати СМС пораки до жителите на Техеран, во кои ги предупредува „да водат сметка за својата младина и тинејџерите“, пренесе Ал Џезира. – Со оглед на присуството на терористички групи и вооружени поединци на некои собири минатата ноќ, и нивните планови да предизвикаат смрт, како и цврстата одлука да не се толерира никакво смирување и одлучно да се пресмета со бунтовниците, на семејствата силно им се советува да водат ...
Во Велика Британија е отворена официјална истрага за тоа дали социјалната платформа Х на Илон Маск ги почитувала законите на Обединетото Кралство по извештаите дека нејзиниот четбот со вештачка интелигенција, Грок, креирал и споделувал сексуализирани слики од деца, соопшти регулаторот Ofcom. Во денешното соопштение, Ofcom наведува дека ќе ја истражи платформата за да утврди дали таа „ги исполнила своите должности да ги заштити луѓето во ...
Рано утрово, таксистите во цела Грција започнаа 48-часовен штрајк, во кој учествуваат такси возачи од целата земја, организирани од нивните синдикати, а без такси превоз два дена ќе биде и грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина. Од Грчката федерација на такси превозници соопштија дека доколку нема решение за нивните барања, не е исклучена можноста да има повторување на 48-часовниот штрајк. Објаснија дека пред неколку дена била ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секоја земја која тргува со Иран ќе биде подложена на царина од 25 проценти за сите трансакции што ги остварува со Соединетите Американски Држави. „Стапува во сила веднаш: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 проценти за сите зделки склучени со Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“. Тој ...
САД пред Советот за безбедност на ОН го осудија руското користење на балистичката ракета од последната генерација „Орешник“ во Украина, карактеризирајќи го потегот како „опасна и необјаснива ескалација“. „Благодарение на лидерството на претседателот (Доналд) Трамп, поблиску сме до договор од кога било од почетокот на војната. И покрај тоа, Русија презеде нови напади врз Украина, вклучително и лансирање на балистичка ракета способна да носи ...