Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање предупреди дека разузнавачките служби очекуваат нов масовен руски напад врз земјата во следните неколку дена, пренесува ДПА. Зеленски истакна дека Русија планира да го искористи екстремно студеното време, при што нападите најверојатно ќе вклучуваат дронови со цел исцрпување на противвоздушната одбрана пред ракетните удари. Тој ги повика граѓаните строго да ги почитуваат ...

Германската војска (Бундесвер) се соочува со сериозен скандал по покренувањето истраги за сексуално вознемирување, десничарски екстремизам и употреба на дрога во елитната 26-та падобранска регeмента, стационирана во Цвајбрикен. Обвинителството истражува повеќе од десет пријави против припадници на оваа единица, вклучувајќи истакнување нацистички симболи, користење илегални супстанции и тешки прекршувања на воената дисциплина. Скандалот доаѓа ...

Кинеската државна компанија „Донгфанг Винд Пауер“ потпиша, како дел од иницијативата „Појас и пат“, договор за испорака на 48 ветерни турбини за проект за еолска енергија од 300 MW во Србија, вреден 495 милиони евра, објави специјализираниот кинески индустриски портал Seetao, пренесоа српските медиуми. Ветроелектраната, означена како Витело во меѓународните извори, одговара по сите параметри на проектот Ветрозелена, најголем веиот ветропарк ...

Српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека во вторник наутро, по речиси 100 дена, преку нафтоводот Јанаф ќе бидат испорачани првите количини од 85.000 тони нафта, што треба да се испорачаат оваа недела, објави Министерството. „Рафинеријата во Панчево почнува со работа околу 16 јануари, во секој случај пред крајот на неделата, а очекуваме првиот дизел да излезе од производство и да биде на ...

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, за време на говорот одржан на редовниот собир пред владата во Тирана, секој понеделник, ја обвини владата дека е „најсрамниот и најраспаднатиот режим во Европа и светот“. Бериша рече дека режимот предводен од премиерот Еди Рама се темели на измама, пропаганда и измислици, додавајќи дека „каде и да го допрете, тече кражба, кражба и само кражба на Албанците“. Во својот говор пред поддржувачите на ...

Се стабилизираат состојбите на пазарот за јајца во Европа што резултираше со намалени цени на јајцата и во нашата земја, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески по забележителниот пад на цената на јајцата на домашниот пазар во просек за 40-тина денари. Падот на цената во некои маркети беше забележан и пред Нова година, а денес на повеќето проджни места. -Не станува збор за владина мерка, туку за движењата на пазарот. ...

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет. Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во образложението истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет. Претседателката Сиљановска ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, врз основа на оригиналните записници од гласачките места. Согласно овие податоци, во Гостивар најмногу гласови освоил Ваљбон Лимани од НАИ, во Маврово-Ростуше Онер Јакуповски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Општина Врапчиште Исен Шабани ...

Нема потреба од предвремени парламентарни избори а исто така нема повеќе потреба ниту од техничката или така наречена Пржинска влада смета собранискиот спикер Гаши. На денешниот брифинг со новинарите одговарајќи на новинарски прашања на овие теми само кратко посочи дека предвремените избори се главната причина поради која многу владини проекти кои се почнуваат остануваат недовршени или се одолговлекува процесот . – Лично сум поборник за ...

Екипи на ЈП „Лајка“ од утринава се на терен во Општина Карпош по повеќе пријави од граѓани за појава на поголема глутница кучиња, при што претпријатието најави безбедно и хумано заловување согласно законските процедури. Истовремено, здружението „Анима Мунди“ пласира сомнеж дека дел од кучињата се „непознати“ за локалната улична популација и дека можеби станува збор за организирана дислокација, со наводи за животни со ушни маркици од Албанија. ...

Состојбата предизвикана од обилните врнежи од дожд и снег на територијата на целата држава се следи и е стабилна, оцени вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Битолски регион, како што посочуваат од ЦУК, на подрачјето на Општина Демир Хисар се евидентирани заезерени површини на земјоделско земјиште во атарите на селата Граиште, Бараково, Единаковци, Света и Жван. Поради оштетување на мост, предизвикано од реката Боишка затворен за ...

Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом во Велес драстично бил зголемен бројот на пациенти од сите возрасти со симптоми на грип како што е покачена телесна температура која не се симнува и по неколку денови, кашлица, болки во коските, мускулите и општа слабоста на заболениот, информира денеска за МИА портпаролот на оваа јавна здравствена устаноа д-р Славица Нешова Пановски. Таа потенцира дека постојано имаат ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјава ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени Целзиусови. ...

Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во светот. Секоја маска носи порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот. Се верува дека преку маските Василичарите го ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе оствари проштална средба со амбасадорката на САД Анџела Агелер. Агелер својата дипломатска мисија во земјава ја почна во ноември 2022 година. Таа во декември се најде во фокусот на јавноста не поради протоколарен крај на мандат, туку поради политичка одлука од Вашингтон. Американската амбасада тогаш потврди дека таа е меѓу дипломатите што ќе бидат повлечени, во пакет што медиумите го поврзаа ...

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари). Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик, соопшти денеска Јавното обвнителство. Во првиот случај, информира ЈО, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нов скандал, нова бомба, за тендерски пирамиди во општините под контрола на ВМРО, каде јавните пари завршуваат кај фирми блиски до партијата. Фактите се јасни: една иста фирма, „Пирамид билдинг солушнс“, во период од 2022 година до денес има добиено 51 тендер, вредни над 16 милиони евра, исклучиво во општини под контрола на ВМРО. 51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма. Нема пари за поголема минимална ...

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за играч на месецот во Ла Лига за декември, објави прес-службата на шпанското првенство. Осумнаесетгодишниот крилен напаѓач ја освои наградата втор пат по ред. Претходно беше прогласен за најдобар во ноември. Во декември, Јамал одигра пет натпревари во Ла Лига и постигна два гола. Тој постигна девет гола и 11 асистенции во 22 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. МИА ...

Најдобриот македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски нема судии натпревари на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Објаснувањето од Европската ракометна федерација е дека македонските судии се отстранети од списокот поради манипулација. – Пред ЕП 2026 судиите требаше да поминат тест за нивната физичката подготвеност. Овој процес вклучува и видеоснимки од „Тест за фитнес во повеќе фази“. По доставувањето ...

Македонската ракометна репрезентација, по завршувањето на настапите на „Жолтиот куп“ во Винтертур, попладнево се селат во Данска. Според планот на патување, македонската експедиција денес преку Цирих и Франкфурт ќе отпатува за Силкеборг каде се очекува да пристигне околу 16 часот. Во земјата кодомаќин на Европското првенство 2026 избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги доработат подготовките пред своите настапи на шампионатот. Во ...

Напаѓачот на Реал, Килијан Мбапе, денес тренираше со остатокот од тимот, објави веб-страницата на мадридскиот клуб. Утре Реал Мадрид ќе игра против Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „Крал Абдула Спортс Сити“ во Саудиска Арабија. Мбапе ги пропушти последните два натпревари на Реал Мадрид против Бетис (5:1) во Ла Лига и Атлетико Мадрид (2:1) во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп поради повреда. ...

Возењето во зима не е ризично само поради снег и мраз. Влажниот коловоз, чест во зимските месеци поради дожд, топење на снег и ниски температури, е една од најчестите причини за губење контрола и сообраќајни незгоди. Комбинацијата од вода, кал, сол и маснотии на патот значително го намалува прилепувањето на гумите, дури и кога условите визуелно изгледаат „безбедни“. Намали брзина – но навреме На влажен коловоз патот на сопирање е значително ...

Според статистики на Акуведер (AccuWeather), Јапонија се издвојува како најснежна земја во светот, поточно, три јапонски градови со над 100.000 жители се на врвот на листата на најснежни места. Градот Аомори, на најголемиот јапонски остров, е лидер по снежни врнежи- секоја година во просек тука паѓаат 7,9 метри снег. Дебелата снежна покривка ги покрива улиците од ноември до април, а тротоарите се оградени со наноси снег и мраз што стануваат ...

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, побарал од родителите да го контактираат исклучиво преку неговите адвокати. Според извори блиски до семејството, адвокатските тимови на Бруклин и неговите родители размениле правни писма во кои е нагласено дека комуникацијата треба да биде формална и посредувана преку правни застапници, јавува британскиот „Дејли мејл“(„Daily Mail“). Бруклин посебно нагласил дека не сака јавни изјави на ...

Претстојни електрични возила Акура РСХ (2026) Фото: Youtube Акура го враќа името РСХ како електричен кросовер. Моделот ќе користи нова електрична платформа на Хонда и ќе биде фокусиран на спортско чувство во комбинација со секојдневна практичност. Афила 1 (2026) Фото: ЕПА Моќност: 483 коњски сили Досег: 480 км Цена: $102.900 / $89.900 (во зависност од пакетот за опрема) Афила 1 е електрична лимузина создадена од партнетство помеѓу Сони и ...

Ако често се будите сред ноќ со забрзано чукање на срцето и чувство на страв поради вознемирувачки сон, не сте сами. Истражување објавено во списанието Sleep покажува дека околу 5,1 проценти од луѓето имаат барем еден кошмар неделно. Иако најчесто ги поврзуваме со детството, кошмарите се присутни и кај возрасните и можат значително да го нарушат квалитетот на спиењето и психичката благосостојба. Кошмарот претставува интензивен и ...

Планетарните настани на самиот почеток на 2026 година создаваат необична астролошка слика што директно влијае на финансиската сигурност. Додека многумина ќе се грижат за трошоците и неизвесноста, Бикот, Рибите, Стрелецот и Девицата ќе имаат можност да доживеат значително зголемување на приходите и финансиско олеснување. Бик За Бикот, сигурноста е основа на сè, но претстојниот период носи многу повеќе од рутинска сигурност. Години напорна ...

„Опен ал“ (OpenAI) најави нова функција наречена „ЧЕТ- ЏПТ- Здравје“ (ChatGPT Health), која ќе им овозможи на корисниците посебен простор за разговори поврзани со здравјето и благосостојбата. Според податоците на „Опен ал“, повеќе од 230 милиони луѓе неделно го користат „ЧЕТ-ГПТ“ за прашања поврзани со медицински теми. Со новата функција, ваквите разговори ќе бидат одвоени од стандардните сесии, а целта е подобра приватност и заштита на ...

Овие меки и мирисни кифлички од млечно тесто се идеални за појадок, ужина или свечена трпеза. Лесни за подготовка, а можат да се полнат по желба – со сирење, шунка, виршли или да се остават празни. Совршен домашен рецепт што секогаш успева. Состојки: 1 кг пченично бело брашно 1 јајце 1,5 дл масло 50 грама путер 1 кесичка сув квасец 2 лажици шеќер ½ лажица сол 6 дл млеко Подготовка: Во малку млако млеко додајте го сувиот квасец и шеќерот. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Кобалт

45.39

Платина

66744.95

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40