Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Ресторан во Падова, северна Италија, е прогласен за најдобар ресторан во светот на Светските готварски награди за 2025 година. Наградите – познати и како „Оскари на угостителската индустрија“, имаат цел „да ги прослават и наградат“ готвачите, угостителите и нивниот придонес во светот на храната, задоволството и гурманството, и сега се доделуваат по шести пат. Тие се поврзани со посеопфатните Светски туристички награди, коишто се одржуваат од ...
Европската комисија денеска во виетнамскиот главен град Ханој во името на ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против кибер криминалот, чија цел е зајакнување на меѓународната соработка за борба против кривични дела извршени преку системи за информатичка и комуникациска технологија и за споделување докази во електронска форма за сериозни кривични дела. – Борбата против кибер криминалот е приоритет за ЕУ. Кибер криминалот не познава ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за ...
Единицата за економски криминал при СВР Скопје денес го приведе директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, и одзеде дополнителна документација поврзана со постапувањето на претпријатието. Според првичните информации, лишени од слобода се две лица, а по комплетирање на материјалите се очекува поднесување кривична пријава до обвинителството. Приведувањето следи по повеќемесечни контроверзии околу управувањето со јавната ...
Пробиштип ќе добие ново лице со новите проекти на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општината. Меѓу најавените мерки се воведување на ново специјализирано возило за собирање на смет, поставување на подземни контејнери во централното градско подрачје и изградба на нови урбани елементи, вклучително и фонтани за пиење вода на повеќе локации. „Пробиштип повторно ќе биде чист, модерен и уреден град – каков што заслужуваме сите“, истакна ...
Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. – По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за Загрозување ...
Нема изговори и оправдувања за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа го предизвика ова, но мора да знае дека таквата одлука е безумие што ќе има последици. Зад ваков чин стои одговорност, затоа што со него се загрози здравјето на целиот град. Никој нема право да ја жртвува безбедноста на граѓаните за свои лични или омазднички цели, вели во интервјуто за МКД.мк Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, ...
Дежурната служба на „Македонија пат“ утрово околу 7 часот по добиената информација за кратко време ги расчисти поситните одрони од карпа паднати на автопатот Скопје-Велес, пред тунелите кај Башино Село, информира за МИА, Божидар Цветковски технички раководител на Подружницата Автопат на „Македонија Пат“. Тој воедно со фотографија од терен демантира некои медиуми кои утрово известија за голем одрон од карпа на овој дел од автопатот ...
Кумановската полиција лиши од слобода двајца фудбалери на клубот „Беса“ од липковско Слупчане, бидејќи физички нападнале играчи од гостинскиот клуб „Аеродром“ од Скопје, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од село Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во село Слупчане ...
Стопанската комора на СМ и “ДСИ Моментум Солушнс” – Скопје организираат инфосесија поврзана со официјалната најава на новиот јавен повик од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) за Мерка 3„Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД III програмата. Повикот се очекува да биде објавен во текот на месец ноември, а периодот за аплицирање ќе ...
„Во програмата за вториот мандат предвидуваме изградба на модерен дом за стари лица, нова градинка, два покриени базени, катни гаражи, зголемени субвенции за учениците, бесплатни екскурзии и оброци. Продолжуваме да работиме во интерес на сите центарци, без поделби“. Ова вчера, го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски на средбите со граѓани, на терен, од врата до врата. Тој, потенцираше дека во изминатите ...
Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ денеска повторно протестираа поради неисплатената плата за септември. Од 8 до 11 часот ја блокираа крстосницата пред Зоолошката градина – Скопје и булеварот „Илинден“, кај Матично. Најавуваат дека ако во текот на денешниот ден не ја добијат платата, утре, од 7 до 9 часот, ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. – За жал, и ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информираат радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година. – Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно ...
Драги сограѓани, мои Аеродромци, нашата визија за Аеродром е јасна: општина што дише чисто, живее уредено и се грижи за здравјето на своите жители. Затоа, предвидуваме целосна реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби, како и воведување комунална полиција со широки овластувања. Таа ќе биде во служба на граѓаните, со задача да обезбеди ред, чистота и безбедност во секое маало, на секоја улица. Во нашиот план ...
Германскиот град Минхен се приклучи на трката за германски кандидат за домаќин на Летните олимписки игри во 2036, 2040 или 2044 година, откако жителите на овој баварскиот град ја поддржаа кандидатурата на ререфердум во неделата. Повеќе од 60 проценти од гласачите на референдумот се изјаснија „за“ Минхен да биде домаќин на Летните олимписки игри. Вкупно 1.097.034 жители на Минхен имаа право да гласаат, од кои 460.217 го искористија своето ...
Иако секој родител го сака најдоброто за своето дете, понекогаш ненамерните грешки во грижата може да придонесат – тоа почесто да се разболува, особено наесен. Некои потези имено, наместо да го зајакнат здравјето на детето, имаат спротивно влијание. Тука спаѓа претоплување на малечкото, претерување со дезинфекција на површините, забрана за контакт со животни, забрана за игра на отворено и прибегнување кон антибиотици при првиот знак на ...
Притвор е одреден за млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода скопјанецот Б.А., на возраст од 25 години. – Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР – Центар и Бит ...
Повеќе од 8000 летови вчера беа одложени низ САД, бидејќи отсуствата од работа на контролорите на летање, поради проблеми со буџетското финансирање на нивните плати, продолжија да го попречуваат американскиот воздушен сообраќај, а финансиската блокада на федералната администрација влезе во 26-от ден. Американскиот секретар за транспорт, Шон Дафи, рече дека Федералната управа за воздухопловство во саботата имала проблеми со персоналот за ...
Демократски избраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека нема да се откаже од политиката. „Не се откажувам од политичкиот ангажман, ќе продолжам да се борам за овој народ на најдобар начин. Јас му овозможив на претседателот на Република Српска да се појави во Кремљ, Унгарија, а камоли да зборува за соработка со Србија. Имаме контакти со важни европски лидери“, нагласи Додик, гостувајќи во утринската програма ...
Во 2005 година, кога го составував првиот состав на Управниот одбор на Комората, неизбежно беше името на Илија Гечев, човекот кој во меѓувреме стана синоним за „агресивниот“ бизнис како одлика на новото време. Во петокот (24.10.2025 г.) тој наполни 70 години. Во името на Стопанската комора, најзначајната бизнис-асоцијација кај нас, сакам да му го честитам јубилејниот роденден и да му посакам уште многу успеси и долг живот. Илија Гечев е ...
Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор. Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев денеска информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје за сторено кривично дело насилство од член 386 став 4 од ...
Макалото со својата уникатна комбинација на вкусови и текстури, е симбол на македонската традиционална кујна и совршен избор за секоја трпеза. Состојки: Подготовка: Исчистете и исецкајте две чешниња лук и додадете сол. Земете толчник и изгмечете го кромидот и посолете. Гравот го вариме заедно со суви пиперки и кромид. Кога ќе се свари, ги вадиме пиперките и ги додаваме на изгмечениот кромид.Сварените суви пиперки ги лупиме со лажица и ги ...
Она што го објави портпаролката на германското Министерство за надворешни работи, Катрин Десауер, може да се нарече дипломатски шок: во петокот, на редовната прес-конференција на германската Влада во Берлин, таа објави дека Јохан Вадефул (ЦДУ) нема да патува во Кина во недела. И тоа беше патување кое беше планирано долго време и беше откажано само 48 часа пред заминувањето. Портпаролката додаде дека патувањето „се одложува, а не се откажува“. ...
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка. „За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“. Синоќа ...
Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој даде брифинг за ситуацијата во текот на ноќта. Според него, руските сили собориле 34 украински дронови што летале кон главниот град, објавува „Киев Индепендент“. Руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека вкупно 193 дронови биле пресретнати во текот на ноќта, вклучувајќи 40 над Московската област. Министерството потврди дека 34 од авионите биле ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објавата на рускиот претседател Владимир Путин за успешното тестирање на нуклеарна ракета денеска ја оцени како „несоодветна“. „Несоодветно е Путин да го каже тоа. Тој треба да ја заврши војната во Украина“, изјави американскиот претседател за време на неговата азиска турнеја. „Оваа војна, која требаше да трае една недела, е на прагот да влезе во својата четврта година“, рече Трамп, додавајќи дека Путин ...
„Општествената улога за еден поединец е најважна за создавање здрава и стабилна држава, а Стопанската комора е највисокиот облик на организирање и на дејствување што овозможува компаниите да дејствуваат, да помагаат и да придонесуваат во општеството во кое живеат. Затоа, ние како компанија сме и ќе бидеме дел од Комората сѐ додека постои компанијата“, изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на ...
Денешниот ден носи динамична енергија и силни космички влијанија. месечината во хармоничен аспект со венера отвора врати за љубов, комуникација и нови шанси во кариерата. некои знаци ќе блеснат во својот полн сјај, додека други ќе треба внимателно да ги следат своите инстинкти. Еве што велат ѕвездите за секој знак посебно: Овен (21.03 – 19.04) Денес ќе бидете полни со енергија и иницијатива. работните обврски ќе бараат концентрација, но ...
Стотици илјади цивили се заробени поради ескалацијата на борбите во Ел Фашер, главниот град на суданската држава Северен Дарфур, соопшти вчера Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA). „Со борците што се продлабочуваат во градот и отсечените патишта за бегство, стотици илјади цивили се заробени и преплашени – гранатирани, гладни и без пристап до храна, здравствена заштита или безбедност“, рече координаторот на ОН за ...
За домашниот енергетски сектор следните седум денови ќе бидат многу важни и потоа ќе се разговара со „руски, американски и европски партнери“ за да се најде решение за снабдувањето со гас и нафта,. Доколку не се најде решение тогаш државата во наредната недела потоа, сама ќе донесе одлуки. Тоа синоќа на Инстаграм го објави српскиот претседател Александар Вучиќ. „Следната недела е исклучително важна и во таа недела ќе разговараме со руските, ...