Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Ејпл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки. • Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин на излез од државата, на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје. Проценетата вредност на златото изнесува 538 илјади ...
„Ова што го кажа и новиот градоначалник на Град Скопје е многу важно затоа што на тој начин ќе се растерети гужвата малку со користењето на ова превозно средство, но и она што е уште поважно е што ќе ја намалиме емисијата на штетни честички во воздухот, ова исто така има и еколошки позитивни ефекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска од Скопје. – Ние рековме кога станува збор за квалитетот на воздухот, чуда се невозможни, треба време ...
На 06.11.2025 во 14:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода лице(45) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и предмети со остатоци од растителна материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен ...
Министерот за здравство, Азир Алиу вчера оствари работна средба со италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери на која стана збор за актуелни теми од областа на здравството. -На денешната средба со амбасадорот Палминтери имавме пријателска и конструктивна дискусија, при што ги афирмиравме одличните билатерални односи меѓу нашите земји. На средбата стана збор и за вклучувањето експерт токму од Италија, кој ќе биде дел од меѓународната експертска ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер. Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување. Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и ...
Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, денес одржа работен состанок со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. Беким Фетаји, како и со претседателот на Синдикатот на Универзитетот, проф. Авни Авдиу. За време на средбата, соговорниците разговараа за можностите за зајакнување на соработката меѓу Собранието и академските институции, со посебен фокус на подобрување на квалитетот на образованието и потребата од одржливи реформи ...
Сопштение на СДСМ: Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета. Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал. Очигледно станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот. И тоа е систем ...
Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија. На “Х” мрежата, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта напиша дека изградбата на железницата е потик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната безбедност. ” Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија и ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.10.2025 до 31.10.2025 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно ...
Соопштение на СДСМ: Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот. Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен. Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање. За Сиљановска-Давкова, забрзаната интеграција во Европската Унија е македонски стратешки приоритет, а дијалогот – единствен начин за решавање на регионалните и глобалните проблеми и ...
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на Форум за социјални претприемачи организиран од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) во Скопје. Целта на настанот беше да се поттикне соработката за развој на социјалното претприемништво како поттик за вработување на младите, јакнење на заедницата и подобрување на регионалната соработка преку меѓукултурен ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје. Директорката детално ја запозна со програмата на 60. јубилејно издание на фестивалот којшто ќе се одржи во јуни следната година под провокативното мото „Храбриот нов театар“. Импресионирана од иновативноста на програмската содржина, ...
Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ со освоени 13.512 гласови го победи кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој пак освои 12.378 гласа. Лукровски синоќа се обрати во јавноста и пред карпошани: Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние ...
Голема акција се случуваше денеска. Во Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК истражители од истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршеа претреси на повеќе локации низ Македонија поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа Неофицијално е уапсен директор на јавна институција за земање поткуп. Подетални информации се ...
– Започна големата акција за чистење на Скопје, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на фејсбук и објави фотографии како на почетокот на акцијата присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. – За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува, напиша тој. фото фан страна на ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето. Прогноза за 08.11.2025 Минимална температура: 6°C до 12°C ...
До сега се отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје, соопшти градоначалникот на град Скопје Орце Ѓоргиевски, за кои тврди дека со години примале плата без да се појавуваат на работа. „Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува ...
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот Ѓело Ѓошев. Најпрво ...
Соопштение на МВР: Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Ноември 2025 ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари работна средба со претставници на Државната изборна комисија: Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија; Абдуш Демири, потпретседател на Комисијата и Александар Даштевски, член на Комисијата. Средбата ја организира претседателот на Собранието во функција на членот 132-а од Изборниот законик, согласно кој треба да се одржат повторени избори за ...
– Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри. Тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони, фронтранери, па потоа ќе добиеме ново вето и нови проблеми; рече Мицкоски како коментар за последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на земјава. Во извештајот да потсетиме се бара Македонија да ги направи уставните измени со што ќе ги внесе Бугарите во Уставот како засебно малцинство, а со тоа би се отвориле првите поглавја ...
Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) ја одржа Четвртата годишна конференција за здравство, под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, која оваа година беше посветена на потребата од конкретни и навремени чекори за поефикасно и подготвено здравство. „Од самиот почеток, нашата цел беше да создадеме платформа за континуиран дијалог меѓу институциите, индустријата, академијата и пациентите. ...
Министерот за правда Игор Филков денес учествуваше на одбележувањето на значајниот јубилеј по повод 90-тата средба на правниците, организирана од Македонското здружение на правници. Обраќајќи се пред присутните правни експерти, професори, судии, обвинители, адвокати и млади правници, министерот Филков истакна дека оваа традиција претставува мост меѓу правната наука и практиката, меѓу различните правни професии и генерации кои веруваат во моќта ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска победи Центар што го сакаме, победија граѓаните на фер и демократски избори. Во продолжиме, Ви го пренесуваме неговото целосно обраќање: „Денес е голем ден за сите нас. Денес победи Центар што го сакаме! Денес победија граѓаните домаќини, победи прогресивното, модерното, чесното, слободното и правичното! ...
Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел, затоа што друга алтернатива за нас не постои. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на работилницата што Министерството за образование и наука ја организираше со повеќе други институции и партнерски домашни и ...
Денеска (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба. Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75 ...
Денеска (06.11.2025) во 03:46 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.Д.(52). Од пожарот било зафатено и патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.З.(45). Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Нема повредени лица, а увид е извршен од увидна ...