Советот за безбедност на ОН вчера го одобри мировниот план на Трамп за Газа. Гласањето обезбедува легален мандат на ОН за визијата на администрацијата за тоа како да се надмине прекинот на огнот и да се обнови Појасот Газа опустошен од двегодишна војна. Резолуцијата повикува на влегување на Меѓународни сили за стабилизација, демилитаризација и управување со Газа. Предлогот, исто така, предвидува „Одбор за мир“ кој ќе го надгледува мировниот ...

Студентите на Техничкиот факултет во Нови Сад во блокада, објавија доцна синоќа на својот Инстаграм профил дека успеале да го вратат својот профил, откако бил хакиран. Студентите во блокада објавија дека се вратени и студентски профили на социјалната мрежа TикToк што беа под забрана (banned). Oколу 03:00 часот утрото во понеделникот беше организирана кампања за масовно пријавување на нашиот профил и профилот беше затворен неколку часа. Успешно ...

Делови од глобалната Интернет мрежа денеска не работат или работат со чести прекини поради технички проблем во Cloudflare. Посетителите на веб-страниците пријавуваат грешка која укажува дека проблемите на Cloudflare значат дека страницата не може да се отвори. Cloudflare е клучна компанија за интернет инфраструктура која обезбедува услуги како што се мрежа за испорака на содржина (CDN), заштита од DDoS напади и подобрување на безбедноста и ...

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х, на 1364 ден од руската војна во Украина објави за уште еден руски ракетен терор врз регионот Харкив и Днипропетровск во кој загина 17-годишно девојче. Day 1364. Russian missiles hit Kharkiv region, killing a 17-year-old girl. In ...

Во рамки на Европската есенска недела на ХИВ и СПИ тестирање, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА ги повикува сите граѓани на бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ), кое се спроведува во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно, од 17 до 21 ноември, секој ден од 15 до 18 часот. -ХИВ денес е контролирана здравствена состојба, кога е откриена навреме. Луѓето кои редовно се тестираат и ...

Историјата на уставните и политичките промени во Северна Македонија е исполнета со важни моменти кои ја одредија насоката на државата и нејзината национална и етничка структура. Граѓаните на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, ја изразија својата волја и го дадоа својот глас тогаш Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна држава Македонија, што уставно-правно се заокружи со донесувањето на Уставот на Република ...

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, вечер ќе престојува во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Според најавите, Вадефул ќе оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак, ќе се одржи билатерална средба на двете делегации. Вадефул ја ...

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без ...

Утрово најмалку две ТВ станици не ги почнаа вестите со Мицкоски. Внимавајте – главна вест на Канал 5 и Телма беше сечењето на торта во Брисел која е „направена“ од албанскиот премиер. Мицко го имаше подолу во утринските вести, бидејќи надвор врне па нема посвеж настап за денес. За креирање на неговиот прес или поточно дневен брифинг (според правилата на таа форма на известување) што му доаѓа и како дневна заповед за уредниците. Па и во ...

Железничка пруга помеѓу Варшава и Лублин беше дигната во воздух во „невиден чин на саботажа“, објави полскиот премиер Доналд Туск на 17 ноември., пренесува Кијив Индипендент. Полскиот премиер истакна дека рутата е „од клучно значење за испорака на помош на Украина“. „Ќе ги фатиме сторителите, кои и да се“, рече Туск на X. Blowing up the rail track on the Warsaw-Lublin route is an unprecedented act of sabotage targeting directly the security of ...

Десетици илјади Словаци протестираа против популистичкиот и проруски премиер на земјата, Роберт Фицо, по повод 36-годишнината од Кадифената револуција, која го заврши комунистичкото владеење во земјата во 1989 година, но која неговата влада неодамна ја отстрани од списокот на национални празници. И покрај поројните дождови, демонстрантите се собраа низ целата земја, вклучувајќи го главниот град Братислава и источниот град Кошице, пренесува ...

Од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди, кој се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, информира Министерството за дигитална трансформација. Сите студенти може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ваучерите, односно подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември 2025 година. Од Министерството за дигитална ...

Велика Британија повторно го зајакнува своето присуство на Западен Балкан. Министерот за одбрана Џон Хили објави во Берлин дека Првиот баталјон на полкот на војводата од Ланкастер (1 Ланкс) е распореден во Босна и Херцеговина со цел зајакнување на безбедноста и отпорноста во регионот, објави Forcesnews, пренесува Сензорбих. Овој потег е дел од поширок ангажман на земјите-членки на Е5 – Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Полска – ...

Руските окупатори застрелале двајца заробени војници на украинските вооружени сили на периферијата на населбата Затишшија во Запоришката област, според украинската организација за мапирање и аналитика „Дип Стејт“, која го објави инцидентот на 15 ноември, пренесува Кијив Индипендент. Убиството на воени заробеници (ВО) ги крши Женевските конвенции и се смета за сериозно меѓународно воено злосторство. Инцидентот не е изолиран случај: украинската ...

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалните мрежи на 1363 ден од руската војна во Украина објави за уште еден руски ракетен терор врз станбен квартал во Харкивскиот регион во кој има повредени и ранети цивили, меѓу кои и деца. Ден 1363. Ракетен удар на рф врз станбен квартал во ...

Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ Кога ќе влезеш во погрешен воз, сите следни станици ќе бидат погрешни. Оваа мисла чија адреса не ја знам е добар начин да ја отслика нашата транзиција во која влеговме со преминот кон плуралистичко општество. Tој премин, кој започна со реформите на тогашниот премиер на сојузната влада – Анте Марковиќ и беше прифатен со акламација, после распадот на федерацијата (дисолуцијата би бил точниот термин) се ...

Врз основа на тримесечен континуиран мониторинг, ЦИВИЛ ги мапира актерите, каналите и наративите што ги движат руските и српските операции за влијание низ медиумскиот, политичкиот и културниот сектор во земјата. Открива како свештеничките, политичките и дигиталните мрежи ги засилуваат про-кремљските рамки за време на изборните периоди, ја еродираат јавната доверба и ги парализираат реформите. Извештајот завршува со индикатори за рано ...

ЉУБОМИР КОСТОВКИ Големиот корупциски скандал во ИПАРД Агенцијата добива пошироки размери. Освен што е загрозена помошта од 128 милиони евра од ЕУ, денеска откриваме и информации кои се доставени до нас за директни врски со највисоките структури во Министерството за земјоделство. Меѓу петтемина осомничени во овој случај се наоѓа и Јасмина Костадинова, поранешна посебна советничка на Цветан Трипуновски, назначена токму во моментот кога тој ја ...

Наталија Ходемчук, вдовица на Валериј Ходемчук, првата жртва на катастрофата во Чернобил во 1986 година, почина во Кијив откако претрпе тешки повреди во масовниот руски напад во текот на ноќта на 14 и 15 ноември, пренесува Кијив Индипендент. Државната агенција за управување со зоната на исклучување соопшти дека Ходемчук, 73, била критично повредена кога дрон удрил во станбена зграда во населбата Троешчина, целосно изгорувајќи го нејзиниот стан. ...

Во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши го потпиша актот за одржување повторени избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша, како и Центар Жупа. Изборите ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство. „Со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските ...

По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против советник од партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК), Љубе Темелков за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа ...

Во центарот на Скопје денес се одржа Маршот за ангелите, собир кој повторно ги обедини родителите на загинатите млади од трагедијата во дискотеката „Пулс“ и голем број граѓани што им даваат поддршка во борбата за правда. Маршот започна точно во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, каде што постепено се собираа десетици луѓе со фотографии, транспаренти и пораки поврзани со трагедијата. Учесниците тргнаа по однапред утврдена рута од плоштадот ...

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, е прогласена за виновна за злосторства против човештвото и осудена на смрт, пренесува Би-би-си. Специјален трибунал утврди дека таа е одговорна за наредување на насилно задушување на протестите предводени од студентите минатата година, за време на кои ОН проценува дека загинале до 1.400 луѓе, повеќето од огнено оружје од безбедносните сили Хасина ја нарече одлуката на судот „пристрасна и политички ...

Од денеска стапува во сила одлуката со која се забранува фрлање смет во Скопје од 22 до 06 часот. Инспекторите, како што најавија градските власти, ќе бидат на терен и по полноќ, за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1.300 до 1.800 евра, а може да биде и повисока во зависност од типот на отпад. Во контролите ќе бидат вклучени сите ...

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Помалку од еден месец нѐ дели од одбележувањето на 77 години од усвојувањето на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, на 9 декември 1948 година. Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на злосторството геноцид, оддавање чест на нивното достоинство и спречување на ова злосторство (International Day of Commemoration ...

Соединетите Американски Држави ќе го означат Картел де лос Солес, за кој САД тврдат дека е предводен од венецуелскиот претседател Николас Мадуро и други високи функционери, како странска терористичка организација овој месец, објави државниот секретар Марко Рубио во неделата, пренесува Си-ен-ен. „Ниту Мадуро ниту неговите соработници не ја претставуваат легитимната влада на Венецуела“, соопшти Стејт департментот во соопштение за медиумите. ...

Претседателот Доналд Трамп во неделата вечерта ги охрабри републиканците во Претставничкиот дом да гласаат за објавување на досиејата на Џефри Епштајн и да се откажат од она што тој го нарекува „демократска измама“, означувајќи силен пресврт од неговите напори да го дискредитира напорот да се принуди Министерството за правда да ги објави сите досиеја на случајот Епштајн, пренесува Си-ен-ен. „Републиканците во Претставничкиот дом треба да гласаат ...

ОЛИВЕР АНДОНОВ Не сакам да пишувам за актуелните политички случувања во Македонија иако за само две недели од завршувањето на локалните избори се случија неколку настани кои во нормални и демократски развиени држави несомнено ќе предизвикаа паѓање на владата. Сакам да пишувам за идеолошко-филозофскиот пристап кон македонската идеја и нејзината живост. Нешто за што најпрво би требало да стане збор во МАНУ и во рамки на универзитетската ...

Италија истражува наводи дека „воени туристи“ им плаќале на српските сили да убиваат Босанци „за забава“ – а неколку се обвинети за пукање во деца. Богати странци плаќале десетици илјади фунти за да станат „викенд снајперисти“ и да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево, според наводите што ги истражуваат италијанските власти, објави Телеграф. Покрената е истрага за тврдењата дека ентузијасти за оружје и крајно десничарски екстремисти ...

Во последните недели Северна Македонија повторно се соочи со сериозна дебата за судскиот систем. Додека власта истакнува дека се спроведуваат реформи и дека институциите се стабилни, меѓународните извештаи укажуваат на системски слабости што го загрозуваат кредибилитетот на правосудството. Европската комисија во својот „Rule of Law Report 2025“ ја истакнува потребата од подобрување на независноста на судството, предупредувајќи дека ограничените ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
69%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1009
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.82
82%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
90%
998
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1002
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1004
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
83%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
85%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Цинк

3.24

Родиум

255598.44

Кобалт

55.67

Паладиум

45879.12

Никел

471972.96

Калај

40.11

Сребро

1837.41

Платина

53106.37

Злато

135322.28

Бакар

10.76

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89