Повеќе од 200 ученици и 12 членови на персоналот од католичкото училиште „Св. Марија“ во Папири, Нигерија, беа киднапирани во петокот во раните утрински часови. Нападот е втор масовен киднапирачки инцидент во Нигерија оваа недела, пренесува Би-би-си. Властите претходно наредија затворање на сите интернати поради зголемени безбедносни ризици, но училиштето не ја почитувало одлуката. Полицијата соопшти дека вооружени групи, познати како „бандити“, ...

Белгија смета дека „цврстите гаранции“ што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и ги вети на земјата за да обезбеди нејзина согласност за користење на замрзнатите руски средства за исплата на финансиска поддршка на Украина, не се доволни за промена на нејзиниот став, објавија белгиските медиуми повикувајќи се на извори во Федералната влада. Според истите извори, не станува збор за никакви нови гаранции од Фон дер Лајен, ...

Главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден и денеска се води предистражна постапка против лица вработени во УЈП, а на некој начин се поврзани со предметот по случајот со пожарот во дискотеката во Кочани. – Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица вработени во Управата за јавни приходи. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на лицата ...

Исходот од конференцијата на ОН за климата во Белем, Бразил (КОП30) останува нејасен откако Европската унија одби да го прифати нацрт-договорот за кој рече дека нема да ги зајакне глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови. Дводневната конференција требаше да заврши синоќа, но разговорите продолжија доцна во ноќта. Некои економии во развој го критикуваа ставот на ЕУ и побараа блокот да издвои повеќе средства за да им ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал за „достапните дипломатски опции“ за завршување на војната со Русија во денешниот телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Разговаравме за достапните дипломатски опции и планот презентиран од американската страна“, напиша Зеленски на „Х“. „Сега сме подготвени да работиме брзо и конструктивно за да го обезбедиме неговиот успех. Ги координираме нашите ...

Секоја година, почнувајќи од 2014 година, Украина на 21 ноември го одбележува Денот на Достоинството и Слободата. Токму на овој датум се случија два пресудни моменти во поновата историја на земјата — Портокаловата револуција во 2004 година и Револуцијата на достоинството / Евромајданот во 2013–2014 година. Центарот на двата настани беше кијивскиот плоштад на Независноста – Мајдан, познат во светот едноставно како „Мајдан“ – симбол на граѓанскиот ...

Русија се обидува да го блокира спроведувањето на санкциите на САД против извозот на нафта со објавување план за Украина од Вашингтон, изјави денеска во Брисел високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. „Денеска е денот кога санкциите на САД против Русија треба да стапат во сила. Се надевам дека нема да видиме одлука за нивно одложување, бидејќи токму тоа го сака Русија“, им рече ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мирно решение за Украина за да се зачува нејзиниот територијален интегритет. Гутереш го упати својот апел на прес-конференција во Јоханесбург, еден ден пред почетокот на самитот на Г20 таму. Запрашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг. Таквиот план мора да биде во согласност со Повелбата ...

Рускиот амбасадор во Подгорица, Александар Лукашик, изјави дека Собранието на Црна Гора, преку „анти‑руско дејствување“, се обидува да ја дискредитира Русија. Според него, црногорското раководство ја зголемува напнатоста и ја зацврстува улогата на Црна Гора како „непријателска држава кон Москва“, пишува Радио Слободна Европа на српски јазик. Таквите обвинувања, кои звучат сѐ повеќе остро и поинтензивно — како реторика од периодот на ладење на ...

Собирачите на средства за палестинските цивили во Газа бележат „катастрофален“ пад на донациите откако беше објавен прекинот на огнот во октомври, се наведува во статија на Гардијан. Според Гардијан, донациите собрани од волонтери и насочени кон семејства во нужда кои живеат во привремени засолништа и се борат со болести, глад и неухранетост беа потешко да се соберат оттогаш, според организаторите, од кои многумина водеа волонтерски иницијативи ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на граѓаните и индиректно потврди дека Кијив се соочува со силен меѓународен притисок поради новиот мировен предлог кој, според Кијив Индипендент, во голем дел ги рефлектира старите барања на Москва. Зеленски предупреди дека моментот е „едeн од најтешките“ за државата: „Украина може да се соочи со исклучително тежок избор – или губење на достоинството, или ризик да го изгубиме ...

Портпаролот на германскиот канцелар, Фредерик Мерц, штотуку потврди дека Мерц, францускиот Емануел Макрон и британскиот Кеир Стармер разговарале со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рано утрово, пишува Гардијан. Во соопштението, објавено на германски јазик, се вели дека лидерите ја потврдиле својата „непоколеблива и целосна поддршка за Украина на патот кон траен и праведен мир“. Лидерите, исто така, „ги поздравија напорите на САД за ...

Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, е во Украина, по враќањето од службено патување, потврди портпаролката на Рустемов, Дијана Давитјан за Укринформ. Укринформ претходно објави дека Умеров бил на закажано службено патување. Поточно, тој ги посети Соединетите Американски Држави, каде што одржа серија работни консултации и состаноци со цел зајакнување на меѓународната поддршка за Украина, а исто така ...

Хрватски истражувачки новинар поднесе жалба до обвинителите во Милано против српскиот претседател, Александар Вучиќ, за негова наводна вмешаност во аферата „Сараево сафари“, во која снајперисти од Италија и други земји наводно отпатувале во босанската престолнина за да убиваат цивили за време на четиригодишната опсада на градот во 1990-тите, објави Гардијан. Минатата недела, обвинителите во Милано започнаа истрага насочена кон идентификување на ...

ЏАБИР ДЕРАЛА No Peace Without Justice, No Europe Without Ukraine CIVIL Today Кога агресорот зборува за „мир“ додека неговите ракети сè уште паѓаат врз градови и убиваат цивили, светот има морална обврска да ги прочита ситните букви — и да ја види крвта со која е испишан. Планот во 28 точки меѓу САД и Русија за Украина за кој известуваат светските медиуми — изготвен зад затворени врати од пратениците на Доналд Трамп и кремаљскиот фиксер Кирил ...

ЕДВАРД П. ЏОЗЕФ Предавач и виш член на Foreign Policy Institute, Мерил центарот за стратешки студии, Johns Hopkins SAIS Наслов на оригиналот: Balkans Breakthrough for Ukraine: Bring Serbia into NATO & the Kosovo Model into the Donbas – The SAIS Review of International Affairs Во помалку од една година на функцијата, претседателот Трамп ја промени својата позиција за војната во Украина најмалку шест пати пред да се застане на сегашната ...

Претседателката на Косово ја потпиша одлуката за распуштање на косовското собрание, откако еден ден претходно, пратениците по втор пат не успеаја да изберат нова косовска влада. Нови избори на 28 декември. Потпишувањето на указот за распуштање на косовското собрание се случи откако политичките лидери не успеаја да постигнат никаков договор за пратениците да се обидат да гласаат во четврток (20.11.2025) за неколку договори од значење за земјата. ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи Извештај од изборното медиумско претставување и Извештај за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за време на вториот круг од изборната кампања за Локалните избори, од 20 до 31 октомври 2025 година. Примерокот за мониторингот на изборното медиумско претставување и овој пат ги опфати трите програмски сервиси на Јавниот радиодифузен сервис: МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот ...

Низа извештаи во светските медиуми откриваат дека тимот на Доналд Трамп циркулира „нацрт мировен план од 28 точки“ за завршување на војната во Украина. Предлогот — развиен во голема мера преку приватни канали — се чини дека е обликуван без Украина или европските партнери на масата, што предизвикува масовна загриженост во Кијив, Брисел и другите европски престолнини. Според овие извештаи, рамката првенствено била изготвена од пратеникот на Трамп ...

Синдикатот на работниците на РТК ( Радио Телевизија Косово) објави дека во понеделник ќе започне општ штрајк, кој ќе се одржува секој ден од 11:00 до 13:00 часот. Во соопштението се додава дека во текот на овие два часа ќе се запре целата работа во секој сектор на РТК: редакција, администрација, финансии, архива, камера, галерија, мајстор, техничар, продукција, режисери, монтажа, аудио, како и сите други помошни единици, и дека штрајкот важи за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го доби нацртот на новиот план поддржан од САД за завршување на војната на Русија во Украина и очекува да разговара со претседателот Доналд Трамп во наредните денови, соопшти од неговиот кабинет, објави Ројтерс. Два извори изјавија за Ројтерс во среда дека Вашингтон му сигнализирал на Зеленски дека Кијив мора да ја прифати рамката подготвена од САД за завршување на речиси четиригодишната војна, ...

Нерешените билатерални прашања меѓу членките од ЕУ и земјите кои не се членки на Унијата треба да се решаваат билатерално и тие не смеат да се користат како лост за блокирање на процесот на пристапување на земјите кандидати за членство, се наведува во Предлог-извештајот за Стратегијата на ЕУ за проширувањето на Европскиот парламент, во кој се потенцира дека некои од државите кои се стремат да се приклучат кон блокот веќе со години имаат статус ...

Во јули оваа година, 17-годишник патувал 500 милји од својот дом во источна Украина за да собере бомба и телефон скриен во парк во западниот град Ривно. Тој вели дека му биле ветени 2.000 долари (1.520 фунти) за да ја постави бомбата во комбе што го користи украинската воена служба за регрутација. „Кога ги поврзував жиците, помислив дека може да експлодира. Помислив дека можеби ќе умрам“, изјави тој за Би-Би-Си. Влад е едно од стотиците деца и ...

Амбасадорот на Полска во Русија, Кшиштоф Крајевски, беше нападнат од „агресивна“ група демонстранти во Санкт Петербург, во она што полски функционер го опиша како „најсериозен инцидент од ваков вид во последниве години“, пренесува TVP World. Крајевски, искусен дипломат кој е амбасадор на Полска во Русија од 2021 година, отпатувал во Санкт Петербург во неделата за да се сретне со членови на локалната полска заедница за настаните по повод Денот на ...

Специјалниот суд за корупција во Алабнија, (GJKKO) ја суспендираше Белинда Балуку од функциите вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергија, во рамки на истрага поврзана со тендерските постапки за тунелот Ллогара и дел од проектот за Големата обиколница во Тирана. Судот донесе и мерка забрана за напуштање на земјата. Обвинителството ја товари Балуку за неправилности во јавни набавки, а според медиумските извештаи, под истрага се и ...

Европските перспективи на земјата, заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната, беа главни теми на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел. На средбата е потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, на континуитетот во реформските процеси, како и на носењето на ...

Израелските напади низ Газа убија најмалку 32 Палестинци во најновата ескалација на насилството откако стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, пренесува Си-ен-ен. Палестинското Министерство за здравство предводено од Хамас соопшти дека меѓу убиените во нападите, кои продолжија од среда до четврток наутро, има 12 деца и осум жени, додека уште 88 лица се повредени. Израелските одбранбени сили соопштија дека ги извршиле нападите врз ...

Утре почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден (30 ...

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Украина, генерал Кит Келог, ќе се повлече од својата функција во јануари, потврди Белата куќа на 19 ноември. Заминувањето на Келог ќе ја остави Украина без својот главен адвокат во Белата куќа на Трамп во критичен момент, бидејќи земјата се соочува со ескалација на руските напади, влошување на условите на бојното поле и домашна криза со корупција. Келог им кажал на соработниците ...

Ромската фондација за Европа изразува длабока загриженост по усвојувањето на таканаречениот „Шутар закон“ од страна на словенското националното собрание. Словенија направи нешто што Европа ретко признава дека се случува во рамките на Унијата: донесе закон со кој целото малцинство се третира како безбедносна закана. Дозволувајќи влез без налози по домовите, проширени овластувања за надзор и ангажирате на војската во домашното полициско работење, ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
69%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1009
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.82
82%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
90%
998
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1002
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1004
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
83%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
85%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Бакар

10.76

Калај

40.11

Иридиум

145787.60

Платина

53106.37

Злато

135322.28

Паладиум

45879.12

Рутениум

29192.88

Кобалт

55.67

Никел

471972.96

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.89

Цинк

3.24