Европските воени сили почнаа да пристигнуваат во Гренланд, територија под суверенитет на Данска, откако преговорите во Вашингтон меѓу американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, државниот секретар Марко Рубио и министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд не успеаја да ги решат разликите околу иднината на минерално богатата арктичка територија, пишува Еуроњуз. Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, рече дека ...

Изјавите и потезите на администрацијата на САД во врска со Гренланд повторно ја отворија опасната логика дека во 21 век територии, народи и суверенитети може да се третираат како предмет на геополитичка трговија. Во пресрет на разговорите во Белата куќа, Данска и Гренланд настапија со редок, но неопходен заеднички став: Гренланд не е на продажба, ниту е прашање за кое може да се преговара надвор од волјата на неговите граѓани. Гренландскиот ...

Во својата најнова колумна за Financial Times, угледниот економски и политички аналитичар Мартин Волф предупредува дека американската стратегија за национална безбедност повеќе не ја гледа Европа како партнер, туку како идеолошко бојно поле. Документот, објавен во декември, ја прикажува Европа како континент во „цивилизациско исчезнување“ – загрозен од миграцијата, падот на наталитетот, губењето на националниот идентитет и наводната репресија ...

Додека иранските граѓани масовно маршираат на улиците барајќи слобода, правда и политичка промена, репресивниот апарат на режимот станува сè поефикасен. Според анализа на Foreign Policy, таа ефикасност не е резултат само на внатрешната сила на режимот, туку и на активната поддршка што Иран ја добива од Русија. Москва не е пасивен набљудувач на настаните во Иран. Според Foreign Policy, Русија му обезбедува на Техеран технологии за надзор и ...

Во контекст на обидот на премиерот Христијан Мицкоски, преку лидерска средба во која СДСМ одби да учествува, Џабир Дерала остро го критикува потегот на власта да укине демократски заштитен механизам за време на изборите воведен токму поради заштита од изборните кражби на партијата што сега е на власт. Во меѓувреме, шефот на владејачката партија, по тричасовната лидерска средба, соопшти дека на средбата со политичките лидери е постигната ...

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со соседната членка на Европската Унија и НАТО, Романија, доколку се одржи референдум. Таа го смета обединувањето како начин за заштита на кревката демократија на Молдавија од рускиот притисок, објави Ројтерс. Санду, чија проевропска партија доби нов мандат минатиот септември, повторно ја обвини Русија за мешање во внатрешните работи на Молдавија, поранешна ...

Претседателот Доналд Трамп е информиран за широк спектар на тајни и воени алатки за употреба во Иран, изјавија двајца претставници на Министерството за одбрана за американскиот партнер на Би-Би-Си, Си-Би-Ес њуз. Нападите со ракети со долг дострел остануваат опција за потенцијална интервенција на САД, но претставници на Пентагон, исто така, презентираа сајбер операции и психолошки одговори на кампањата, велат изворите. Министерот за надворешни ...

На 14 јануари 2026 година, премиерот Христијан Мицкоски најави меѓупартиска лидерска средба во Клубот на пратеници во Собранието, со почеток околу 12:00 часот. Според владиниот наратив, целта е создавање консензус за реформски закони и укинување на техничката влада, како дел од евроинтеграциската агенда на земјата. Исто така, се предвидува разговор за изборни реформи – статусот на изборниот законик и препораките за подобрување на изборниот ...

Во текст објавен на порталот на Глобус на Божиќ, беше објавивена реакција по повод некои делови од изјавите на Мицковски пред Соборниот храм, што инаку беа од негова страна искористени како класичен утрински брифинг што си го прави секој ден, без оглед на местото и поводот. Во текстот под наслов „Што треба да му доенсе паричето на Мицкоски?“, стоеше и предвидувањето дека „… пред наредните парламентарни избори, што треба да се случат годинава, ...

ЏАБИР ДЕРАЛА 2026 година не е изборна година. Нема закажани парламентарни избори, нема институционален рок и нема процедурална потреба во овој момент да се менува изборната рамка. Токму затоа повикот на премиерот Христијан Мицкоски за „лидерска средба“ чија цел е да се укине техничката (преодна) влада е политички толку индикативен. Не се работи за реактивен потег, туку за подготовка. Со тоа што свикува средба за укинување на една изборна ...

Експлозии одекнаа во среда наутро во центарот на Кијив, додека Русија ги засилува нападите со дронови и ракети врз градската енергетска и грејна инфраструктура, искористувајќи ја ниската температура надвор во обид да го скрши моралот на Украинците, пренесува Кијив Индипендент. Локалните власти објавија на 14 јануари дека воздушната одбрана е активна во главниот град поради уште еден руски напад со беспилотни летала. Тие не прецизираа што ...

КЛУЧНИ НАОДИ Локалните избори 2025 потврдија постоење на системска дискриминација врз постарите лица и лицата со попреченост преку непристапни избирачки места. Пристапноста не е третиранa како демократска обврска, туку како секундарно и техничко прашање, и покрај законските обврски и повеќекратните препораки. Голем број избирачки места се наоѓале на катови без лифтови, без рампи, со скалест пристап или со несоодветно уредени влезови. ...

ЗОРАН ИВАНОВ Лидерските средби, средби на претседатели на политички партии, за кревката македонска парламентарна демократија, освен на слави и прослави, би било добро да ги нема. Лидерските средби зачестени во македонската политичка пракса се вонинституционална појава. Граѓаните излегуваме на избори. На тие чинови избираме преставници во собранието, во парламентот и таму врз основа на нашите убедување, понекогаш или почесто и врз основа на ...

Жителот на САД, Доналд Трамп, ја прогласи својата операција во Венецуела како победа, пофалувајќи го „спектакуларниот напад“ што доведе до успешно апсење на паднатиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес. Сепак, додека администрацијата на Трамп го слави она што го смета за победа, други изразија сериозна загриженост за начинот на кој САД го спроведоа својот напад, пишува Тајм. Обединетите нации по нападот соопштија ...

Сведоци од различни делови на Иран опишуваат насилна и координирана акција на безбедносните сили против антивладините протести што избувнаа низ целата земја поради влошената економска состојба,се наведува во статија на Би-Би-Си. Омид, демонстрант во раните четириесетти години од мал град во јужен Иран, за Би-Би-Си изјави дека безбедносните сили пукале директно кон невооружени демонстранти со автоматски пушки од типот „калашников“. Зборувајќи ...

Околу 70% од Кијив е без електрична енергија по уште еден руски масовен напад во текот на ноќта на 13 јануари, а Укренерго, државниот оператор на електричната мрежа, вели дека силите на Москва имаат за цел да го „исклучат градот“. Веќе се соочуваат со хроничен недостиг на електрична енергија при температури за кои се предвидува дека ќе паднат и до -22 степени во наредните денови, а најновиот напад доаѓа само четири дена по последниот масовен ...

Точно на пладне денеска на иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски во Клубот на пратениците ќе се одржи лидерска средба на парламентарните партии. Како што е најавено, според дневниот ред на средбата ќе се разговара за клучни реформските закони во правосудството, изборот на народен правобранител, измените на Изборниот законик, можноста за укинување на техничката влада, како и за други прашања предложени од учесниците. За првпат лидерска ...

Клучни наоди Локалните избори 2025 се одвиваа во атмосфера на системски притисок Практиките на притисок, условување и купување гласови не се изолирани инциденти Клиентелизмот беше системски поврзан со други манипулативни практики Злоупотребата на државни институции и јавни ресурси Купувањето гласови ескалираше особено во вториот круг Отсуството на ефикасни истраги, Локалните избори во 2025 година повторно се одвиваа во амбиент обележан со ...

Непознато лице во неделата на 11 јануари фрлило непознат предмет кон зградата на амбасадата на Бугарија, која се наоѓа во центарот на Скопје, и ја искршило влезната врата. Тоа го покажуваат фотографиите што ги објави министерството за надворешни работи на Бугарија проследени со остра реакција, нарекувајќи го овој чин како напад на самата држава Бугарија. Во соопштението на Софија се вели: „Министерството за надворешни работи на Република ...

ДРАГАН МИШЕВ Сите среќни и весели со остварените резултати на вчерашните повторени локални избори, кои што се одржаа во Маврово – Ростуше, Гостивар, Врапчиште и Центар Жупа. И Мицкоски со освоеното градоначалничко столче во Маврово – Ростуше, и Таравари со победата ан АА, како дел од коалицијата со ДУИ/НАИ во градоначалничката трка за Гостивар и Врапчиште. ДПТ со очекуваната победа на единствениот кандидат за градоначалник на Центар Жупа. ...

Клучни наоди Уредите за идентификација со отпечаток од прст повторно се покажаа како најслабата алка во изборниот процес, без да ја зголемат довербата и ефикасноста како што беше најавено. Проблемите не се само технички, туку укажуваат на длабоки и системски институционални слабости: лошо планирање, недоволно тестирање, слаба имплементација и нејасна одговорност. Основните проблеми присутни од 2021 година (обука, подготовка, планови за ...

Доналд Трамп повторно ја постави Гренландската криза како геополитички приоритет за САД, со изјави дека американската влада „неспорно“ треба да преземе мерки за да го добие островот, автономна територија под суверенитет на Кралството Данска. Според него, Гренланд е од витално значење за националната безбедност на САД и воопшто не исклучи ниту можност за сила. Овие изјави предизвикаа шок во Европа, а Данска остро реагираше, предупредувајќи ...

Русија лансираше бран беспилотни летала кон Кијив во текот на ноќта на 12 јануари, погодувајќи зграда во градот, објавија локалните власти. Неколку експлозии се слушнаа во главниот град околу 1:30 часот по локално време, според новинар на Кијив Индепендент од терен. Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Кијив, објави дека избувнал пожар во неспецифицирана „нестанбена зграда“ во областа Соломијански во градот. Видеата ...

Македонскиот вицепремиер Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците, учествуваше во одбележувањето на 9- јануари (Ден на РС), во организација на властите на помалиот ентитет во Босна и Херцеговина, празник и датум кој е прогласен за неуставен и дискриминаторски кон Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговина, се вели во соопштението на Странка на демократска акција на Македонија. За организаторите на овој антиуставен настан се ...

Во текот на изминатите неколку години, Иран беше сведок на голем број народни востанија, кои варираа и по обем и по барања. Сепак, тековното масовно протестно движење што ја зафати целата земја во последните денови од 2025 година се смета за она што всушност може да го собори автократскиот режим на земјата. Демонстрациите од 8 јануари во Иран беа најголемите во последниве години и понасилни од многу претходни протести. Голем број згради беа ...

Завршија денешните повторени избори за градоначалници во четири општини. Коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), неофицијално победи во општините Гостивар и Врапчиште. ВМРО-ДПМНЕ го освои градоначалничкото место во Маврово и Ростуше, додека во Центар Жупа беше избран единствениот кандидат од Демократската партија на Турците во Македонија. Невзат Бејта од ВЛЕН не успеа да добие нов мандат во Гостивар откако загуби за повеќе од ...

МИЛАН ГРУЈИЌ Следната година ќе имаме избори, а кога точно, тоа зависи од Александар Вучиќ, но и од многу други работи што ќе се случат. Денес, нема никој што може точно да ви каже кој месец или датум е. Освен аналитичарите. Тие знаат сè. Оние што не доаѓаат од телевизија, професионалците. Да имав можност да ја предвидам иднината, така ќе заработував пари. Дури и Вучиќ не знае кога ќе бидат изборите, изјави Драган Ѓилас, претседател на ...

До 11 часот, излезеноста на гласачите во четирите општини каде што има повторени избори за градоначалник е 3,33 отсто, објави Државната изборна комисија (ДИК). Од вкупно 128 192 избирачи колку што се запишани во Избирачкиот список, до 11 часот на гласање во четирите општини излегле 4 271 избирачи. Најголема излезеност има во Маврово-Ростуше односно 5,90 отсто. До 11 часот на гласање во оваа општина излегле 624 гласачи од вкупно 10 575 колку ...

До 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23 298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128 286 гласачи. Гласањето се спроведува на 215 избирачки места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). До 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, ...

Граѓанките и граѓаните кои се соочуваат со пречки при остварување на своето право на глас можат да пријават изборни нерегуларности во ЦИВИЛ на следниве начини: ОНЛАЈН ПРИЈАВА 📧 Е-пошта: monitoring.civil@gmail.com 💬 Порака на Фејсбук (не во коментари, туку преку Messenger) 📞 Телефон: 02 5209 176 🖥️ На располагање е и ОНЛАЈН ПРИЈАВА на изборните нерегуларности. 🔒 ЦИВИЛ ја гарантира доверливоста на податоците и заштитата на изворите. НИЕ ТИ ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
8.75
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
70%
1017
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
1.78
88%
1019
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1004
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
82%
1017
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1010
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1010
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
4.12
85%
1017
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
97%
1009
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
76%
1021
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Паладиум

56617.46

Калај

49.78

Кобалт

64.04

Цинк

3.37

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Злато

159322.70

Бакар

12.10

Алуминиум

3.06