Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Најголемиот универзитет во земјава годинава има вкупно 10.918 слободни места за нови студенти, од кои 5.306 се за редовни кои се финансираат од Буџетот и плаќаат 200 евра партиципација, 4.522 се за редовни со школарина, кои плаќаат по 400 евра и 1.090 се за вонредни студенти. Притоа, исто како и минатата ...
Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“ како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни. Tаканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката македонско-бугарска меѓувладина комисија” за стотина македонски научници се ништовни и ...
На факултетите и институтите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, на 30 мај од 12 до 14 часот ќе се спроведе гласање за избор на ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година. На конкурсот се пријавија шест професори и сите кандидатури беа прифатени од Универзитетската изборна комисија. Нивните програми за работа се објавени на веб-страницата на УКИМ (ukim.edu.mk). Во пресрет на изборите, ...
Со подновен концепт и збогатена програма започнува 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (15-29 август, Охрид) 65 македонисти од 17 земји ќе учествуваат на 57. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а вкупно 150 македонисти (семинаристи и истражувачи на 51. Меѓународна научна конференција) ќе ја развиваат грандиозната македонистичка мисија во древниот град Охрид. ...
Крсте Петков Мисирков е македонски филолог и историчар, великан на македонската национална преродба… Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија, денешна Грција, на 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија, денешна Република Бугарија на 26 јули 1926) — македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач ...
На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на ...
Денес (21 февруари 2022), по долгогодишно боледување, на 71 годишн возраст почина проф. д-р Драги Михајловски, еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен покрај другите творештва и по преводите на Шекспир, преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир. Драги Михајловски е роден 16 октомври 1951 г0дина во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола. Дипломирал ...
Со неколку настани денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, кој беше прогласен во 2019 година со одлука на Владата. На овој ден во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се ...
Промоција на книгата „Дијалектите на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство – стручно-правни аспекти“ на м-р Александар Јорданоски на 5 октомври 2022 (среда), од 12 часот, во објектот Порта Македонија. Модератор на промоцијата на книгата ќе биде д-р Марјан Патлиџанковски, додека промотори на истата се проф. д-р Михајло Марковиќ од Државниот универзитет во Тетово и м-р Ивона Опетческа Татарчевска од Управата за заштита на ...
Делото „Дијалектите на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство (стручно-правни аспекти)“ од авторот м-р Александар Јорданоски е стручна монографија која излегува од печат во бурни и непредвидливи времиња за македонскиот идентитет, којшто сам по себе ги вклучува јазикот и неговите дијалекти, фолклорот, ракописното наследство, песните, умотворбите, игрите… Авторот во оваа стручна монографија ги анализира негувањето, грижата и ...
Историјата на современиот македонски литературен јазик и правопис не почнува од 1945 година, туку неговите теоретски и практични основи се поставени во Македонското научно-литературно другарство во С.Петербург во илинденската 1903 (1905) година. Врз основа на Националната програма од 12 ноември 1902 година на новооснованото Другарство, испратена до руската влада и до Советот на С.Петербуршкото словенско благотворно друштво, објавена и во ...
Во рамки на соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, наскоро ќе започне настава по македонски јазик на новоотворениот Лекторат по македонски јазик. Наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска. Во тек се процеси на одредување на статусот на предметот Македонски јазик, ...
Македонскиот јазик денес (18 јануари 2024) одекна од срцето на Тирана. На Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана повторно беше отворен Лекторатот по македонски јазик како дејност на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје. На свечената церемонија пригодни обраќања имаа ректорката на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Биљана Ангелова, ректорот на Универзитетот во Тирана ...
Александра Велева е добитник на наградата „Дијалог” за 2012 година за книга од млад истражувач. Таа наградата ја добива за книгата „Интеркултурната комуникација изразена во масовната култура”. Одлуката за ова признание ја донесе жирито во состав д-р Снежана Веновска-Антовска (претседател), д-р Веле Смилевски и д-р Јован Дамјановски. Добитничката на наградата Александра Велева магистрира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, а сега е ...
Промоција на делото „КУЛТУРОЛОШКИ ТОЧКИ НА МАКЕДОНИЈА“ од м-р Александар Јорданоски во Музејот на македонската борба за државност и самостојност на 22.3.2023 (среда), со почеток во 12:00 часот. Модератор: м-р Даниела Станковска-Плачковска Промотори: д-р Марјан Патлиџанковски, книжевник м-р Марјан Гијовски, историчар Извадок од книгата… Патриотизмот на денешницата нужно побарува квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето, ...
Студијата на проф. д-р Дејан Донев „За нашите етички основи“ ја доби наградата „Константин Философ“ за филозофска книга на годината, за 2024. Донев е втор добитник на оваа награда што ја доделува Филозофското друштво на Македонија. Во 2023-та, беа востановени награди „Константин Филозоф“ во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач. Одлуката за Наградата за филозофска книга на годината е ...
Почина Иван Микулчиќ, еден од најзначајните претставници на современата македонска археологија (25. 03. 1936 – 26. 06. 2020) „Професорот на Филозофскиот факултет во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Господарот на вербалната едукативна визуелизација на минатото, предводникот на теренските археолошки истражувања на Македонија од втората половина на 20. век Истражувачот кој ја задолжи македонската, балканската и светската археологија ...
Македонската Влада, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Како што соопшти Министерството за култура, Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше ...
Во текот на минатата недела, Музејот на Народната банка одржа 18 интерактивни едукативни е-средби со ученици од 3. до 9. одделение од 6 основни училишта од Општина Центар. Овие едукативни е-средби ги следеа околу 1000 основци, што дополнително укажува на успешноста на активностите, имајќи ја предвид заложбата за претставување на нумизматичкото културно наследство пред што поголем број ученици. Е-средбите помеѓу кустосите, конзерваторите и ...
Во моментов на Археолошкиот локалитет Стоби се работи на расчистување на работите на терен и подготовка за овогодинашната програма на Националната установа „Стоби“. Програмата на Националната установа „Стоби“ за 2021 година опфаќа 17 проекти, од кои 11 директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, три проекти во областа на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство, еден ...
Археолошкиот музеј на Македонија ќе ја отвори изложбата “Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион”, на 09.03.2023 (четврток), со почеток во 13:00 часот. Изложбата е организирана од Завод и Музеј Струмица, Завод и Музеј Штип и Археолошкиот музеј на Македонија. Публиката ќе има ретка прилика да види на едно место дел од археолошките предмети од локалитетите Орниче, с.Костурино; Канли Чаир, с.Дамјан; Страната и Чаушов камен, с.Ангелци; ...
„Македонска песнарка“ нa Ѓорѓија Пулевски, објавена 1879 година во Софија, е првата одделна стихозбирка на македонски јазик во нашата литературна историја. Во оваа поезија е одразена македонската национална идеологија и суштина на Македонското (Кресненско) востание (1878-9), а песните биле пеени меѓу револуционерите, за што биле и наменети. Во збирката, освен македонски народни песни, Пулевски објавил и 3 свои авторски поеми: – „Плачење ...
Почина Петре Камчевски, историчар и хроничар на Кавадарци и Тиквешијата. Од Музеј галеријата Кавадарци, каде што своевремено беше кустос – советник историчар и директор, попладнево информираа дека Камчевски починал после кратко боледување. – Кавадарци и Македонија изгубија голем човек, извонреден интелектуалец, елоквентен историчар, историски хроничар, човек кој беше своевидна историска енциклопедија, потсетија од Музејот. Роден бил во 1952 ...
Методија Андонов Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп во типично работничко македонско семејство кое живее под жезлото на заедничката држава Кралството СХС. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Ченто е олицетворение на цела една генерација Македонци кои не престанале да живеат и работат за независна, смаостојна и обединета Македонија во нејзините етнографски граници. Роден ...
Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи промоција на постхумно објавената книга „Македонскиот идентитет и македонското прашање“ од авторите, универзитетски професори Ванче Стојчев и Александар Стојчев, историчари, специјалисти за воената историја на земјава од античко до денешно време. За темите од најновата книга на двајцата автори „Македонскиот идентитет и македонското прашање“ ќе зборуваат уредниците проф. д-р Наде Проева и ...
На денешен ден (4 февруари 1872) се родил Гоце Делчев еден од најголемите македонски дејци и револуционери, борец за независна и самостојна Македонија… Денес, Македонија и Македонците во татковината и во светот одбележуваат точно 153 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење во дваесеттиот век Гоце Делчев. Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејскиот дел на ...
Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ), во рамките на своите активности од 1994 година навака, а по повод одбележување на 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, организира годишни Советувања кои во согласност со предложените теми на Меѓународниот комитет на музеите – ИКОМ. Согласно ваквата востановена пракса на МНК ИКОМ, оваа година Советувањето е на тема „Моќта на музеите“, и ќе се одржи во НУ ...
На 9 јуни (четврток) во 12 часот во просториите на Институтот за етнологија и антропологија ќе се одржи омаж за македонските етнолози Бранислав Русиќ, Вера Кличкова, Нијази Лиманоски, Ѓорѓи Здравев и Љупчо Неделков, а по повод годишнините од нивното раѓање или смрт. Оваа година се навршија 110 години од раѓањето на проф. д-р Бранислав Русиќ, основоположникот на современата македонска етнологија. Ланската, ерата на Ковид 19 што направи вакуум ...
Продукција АРИСТОН е создадена од м-р Никола Ристевски во 2019 година во Свети Николе, Овче Поле, Република Македонија, како последица од истражувачката работа, објавувањето на книги и успешното промовирање на Македонија на неколку балкански медиуми и на History Channel. Причина за создавањето на видео продукција која ги промовира културното наследство и природните ресурси на Ристевски и тимот бил огромниот природен, културен, духовен и ...
Институтот за македонска литература со научен собир одбележа 110 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски (1912-2004), основоположник на македонската фолклористика, и половина век од објавувањето на целокупниот опус на собирачот на народни умотворби Марко Цепенков, во 10 тома од редакција под раководство на Пенушлиски. Во говорот насловен „Аманет од работната соба на Пенушлиски“, таа направи ретроспектива на клучните достигнувања кои, како што ...