Навистина сум воодушевен од она како општата јавност знае да загризе на одредени теми и да се преокупира со нив, во време кога се отвораат еден куп афери и настани кои се однесуваат на сите нас, на целата држава. Се повторуваат истите шеми кои 30 години се прават. Во време кога се случуваат важи работи, кога се отвораат големи афери, народот да се занимава со баналности. Не така одамна ни се случуваа одредени договори, менување на Устав, промена ...
Уметници, културни работници и здруженија на граѓани кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата, од денес можат да апицираат на објавениот конкурс за финансиска поддршка од страна на Општина Кисела Вода. Буџетот кој е издвоен за оваа намена е во висина од 1.6 милиони денари и има за цел да го поттикне создавањето на ново творештво, да стимулира иновативност и креативност, да помогне во развојот на младите уметници, да промовира ...
Актерката Маја Вељковиќ Пановска е нов в.д. директор на НУ Драмски театар Скопје. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева, која се повлекува од лични причини. Маја Вељковиќ Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 година. По дипломирањето реализира повеќе улоги на сцените на повеќе театри низ Македонија. Од 1999 година е вработена во Драмски театар Скопје. Со ...
Авионот за кој станува збор се вика Overture и е дело на Boom Supersonic, американска компанија за авиони. Boom Overture ветува дека ќе биде најбрзиот патнички авион во светот, кој достигнува брзина од над 2.000 километри на час, двојно поголема од брзината на сегашните авиони. Скоро 20 години по последниот лет на суперсоничниот авион од производителот Concorde, овој тип на авиони се враќаат на сцената. Американскиот гигант American Airlines ...
На сцената на Драмскиот театар Скопје од 13.2.2023 до 19.2.2023 година, ќе можете да ги погледнете следните претстави: ден и час: 15.2.2023 (среда) | 20:00 часот претстава: ВЕРНИСАЖ (мала сцена) Играат: Гордана Ендровска, Роберт Вељановски, Предраг Павловски автор: Ватслав Хавел режија: Теа Беговска ____________________________________ ден и час: 16.2.2023 (четврток) | 20:00 часот претстава: ТАКА ЗБОРУВАШЕ ГЕРТРУДА Играат: Соња Стамболџиоска, ...
Балетот, барем кај нас, е уметност во која низ годините имало многу мал број машки изведувачи. Низ историјата, љубителите на балетот ги паметат балетаните, како еден Екрем Хусеин, а од помладата генерација Кире Павлов и други. Секој помлад македонски балетан, кој посветено работи на својот напредок и раст, тука сме и ние како медиуми да го поттикнеме и промовираме. Виктор Христовски е роден на 17 септември 2009 година во Скопје, Република ...
На моменти имам впечаток дека концептот за Обединета Европа, е закочен токму од самата Европа. Не знам инаку како да ги протолкувам добар дел од нивните постапки, посебно оние кои се однесуваат на проширувањето на ЕУ, интеграцијата на Македонија , но и севкупниот Западен Балкан. Првото нешто во кое Европа, но делумно и САД, потфрлија е самиот начин на решавањето на спорот со Грција. Ова, кое предавничката квинслишка влада на Заев го потпиша, е ...
Овој четврток (9ти февруари), оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и гостите од Турција – Бурџу Карадаг (неи) и Ајкут Коселерли (перкусии). Диригент е Лубнан Баалбаки, а на програмата се Концерт во два става за солист на удиралки и оркестар од Љубомир Бранѓолица, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен“ оп 39 од Фазил Сај и Симфонија ...
Зоран Пејковски за поетската книга „Убавите жени” ја доби наградата „Ацо Шопов” за 2022-ра година, која Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ја доделува за најдобра книга поезија во претходна година. Одлуката ја донесе комисија во состав: Зоран Анчевски (претседател) и Мерсиха Исмајлоска и Славе Ѓорѓо Димоски (членови). Во потесен избор за оваа награда биле и стихозбирките „Кадуцеј и лира” од Сузана В. Спасовска и „Позлатено распетие” од ...
Ова што се случува изминатите две три години, ја доживува сопствената кулминација. Дури и во самата Бугарија, пратеникот и поранешен министер Даниел Лорер на едно телевизиско интервју говореше за апсурдноста на ова кое се случува. „Господинот кој што беше нападнат во Македонија не е бугарски граѓанин. Бугарија треба да ги заштити своите граѓани. Тој е македонски граѓанин кој што се опишува како човек со бугарска самосвест. Меѓутоа, еден од тие ...
Драмски театар со претставата „ Чудна случка со кучето во ноќта“ гостува во среда на 1 февруари во Словенија. Во Љубљана од 31 јануари до 04 февруари во организација на Местно гледалишче Љубљана се одржува словенечкото издание на регионалниот театарски фестивал РУТА Група Триглав. Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, ...
Лиса Мари Присли, ќерката на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 54-година возраст (1 февруари 1968 – 12 јануари 2023). Била пронајдена без свест во својот дом во Калифорнија, и веднаш пренесена во болница, каде што не успеле да ја спасат. Според првичните информации, Лиса Мари починала од срцев удар. Таа тргна по стапктие на својот татко, и имаше музичка кариера. Првиот албум го издаде во 2003 година. Имаше многу бракови, се мажеше ...
Промоција на книгата „Светот без граници“ од д–р Срѓан Керим… Панел: Васко Наумовски, Звонимир Јанкуловски, Абдулменаф Беџети, Ивица Боцевски Пред читателот се наоѓа една мошне интересна книга создадена од еден од нашите најпознати интелектуалци – Срѓан Керим. Имено, се работи за разговори што Керим ги има водено во 2021 година со хрватскиот публицист Дарко Плевник. Книгата има мошне укажувачки наслов: Светот без граници– визија на човекот што ...
Македонија е навистина интересен феномен. Сo самото тоа што за многу политички и општествени промени сме лабораториски заморче и сме подложни на туѓи експерименти, покажува дека сме плодна почва за истражување на она што некој од поголемите сака да го примени. Тука се менуваат тактиките. Се вежбаше концептот за мулти културализам кој по неколку години Меркел го прогласи за мртов кај нив, за територијални прекројувања, билингвални експерименти по ...
Почина Петре Камчевски, историчар и хроничар на Кавадарци и Тиквешијата. Од Музеј галеријата Кавадарци, каде што своевремено беше кустос – советник историчар и директор, попладнево информираа дека Камчевски починал после кратко боледување. – Кавадарци и Македонија изгубија голем човек, извонреден интелектуалец, елоквентен историчар, историски хроничар, човек кој беше своевидна историска енциклопедија, потсетија од Музејот. Роден бил во 1952 ...
Историјата на современиот македонски литературен јазик и правопис не почнува од 1945 година, туку неговите теоретски и практични основи се поставени во Македонското научно-литературно другарство во С.Петербург во илинденската 1903 (1905) година. Врз основа на Националната програма од 12 ноември 1902 година на новооснованото Другарство, испратена до руската влада и до Советот на С.Петербуршкото словенско благотворно друштво, објавена и во ...
Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го ...
Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ! Неуставниот предлог-закон предлага убиство на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог, не само загарантирани со нашиот Устав, туку и темелните вредности на ЕУ, кон кои оваа држава постојано декларира дека се стреми. ...
Дали некогаш некој политичар ќе сноси одговорност за неговите постапки? Постојано кога некоја политичка структура ќе се смени, имаме ситуации кога бројни проекти кое се почнати остануваат на забот на времето, на ниво на карабини или недовршени. Колку објекти од културата, образованието, здравството се почнати од еве шест години останаа нечепнати? Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за спорт на Бит пазар, како и спортската сала зад комплексот ...
(Рецензија за театарската претстава „My name is Medeja“ во режија на Себастијан Хорват од Словенија, а работена според текст на Милан Рамшак Марковиќ, драматург од Србија, 28.09.2022 г). Знаејќи дека театарот има антрополошка функција (во практична смисла на зборот) и од нас бара да ја покажеме каде е вгнездена вината на човекот (кога го претставуваме како сурово животно) не беше тешко да се напише оваа рецензија, затоа што многумина околу нас ...
Уште една одвратна нова година за Македонија и македонскиот народ. После годините на прогон и предавства, дојдоа две ужасни Корона години кои ќе растурија, отуѓија, десеткуваа, разболеа. И таман народот помисли дека ќе излезе од стегите, почна руско-украинската воена криза, која реперкуираше со енергетска криза, а истата ја осакати македонската дисфункционална економија и исплива на површина сите проблеми кои со години се ставаа под чергиче. Во ...
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, КАЈМАК и ОД РАЈОТ се трите наслови со кои Кинотека на Македонија ја започнува филмската програма во 2023 година. КАЈМАК на Милчо Манчевски и СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА на Кристијан Ристески имаа одличен одѕив кај публиката, па практично на барање на филмофилите овие два наслови одново се на филмската програма на Кинотека. Кон нив се придружува и новиот наслов на секогаш интригантниот автор Срѓан Драгојевиќ, црната комедија ...
Не можам, а пред новогодишно да ги пецнам сите оние кои мислеа дека со доаѓање на оваа владејачка структура работите ќе одат на подобро. Се жалеа од репресија, диктатура, дека не сме оделе напред, дека не сме се интегрирале, дека била државата заробена, дека сме изолирани, дека градот се уништил и унаказил, дека се креирала лажна историја и идеологија, но најбитно дека требало да не се плаќа радиодифузна такса, затоа што ради неа многумина имале ...
Во четврток (15 декември) во просториите на Кинотеката на Македонија, ќе се одржи промоција и проекција на филмот „Пред и после“ (Before and After) на македонскиот уметник Киро Урдин, со почеток во 20 часот. Филмот „Пред и после“ на Киро Урдин е со дејствие во околината на реката Мара на територија на Кенија и Танзанија. Едно малу гну и едно мало бафало се родени во непосредна близина. На крајот од животот тие умираат еден покрај друг. ...
Пријатно сум изненаден деновиве од изјавите на две амбасадорки, на САД и на Германија. Единствено што ми пречи, што делува како шаблон кој служи да ги анимира народните маси, за да се омекне ставот за уставни измени, кои се форсира да се случат. Зборуваат за корупција и дисфункционален систем, а првиот муабет им е дека народот давал мито на доктор или учителка. Значи народот е крив, докторите и учителите, а не функционерите. Драги амбасадорки, ...
По фантастичниот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, по многуте гостувања и промоции ширум Европа, Георги Господинов, на радост на бројните читатели. Промоцијата ќе се одржи на 1 декември во кино Фросина (МКЦ) од 21 часот. Модератор: Дарин Ангеловски Промоторки: Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска По промоцијата музички сет со Соња Исмаил. Објавувањето на книгата како и гостувањето на авторот е кофинансирано од Програмата ...
Навистина е фасцинантно колку често ликови со ограничено знаење шират лаги и невистини преставувајќи ги како историски факти, доведувајќи ги во заблуда читателите по разни сајтови и социјалните мрежи. Вината не е толку и до нив, туку и до нас самите. Повеќето луѓе денес малку читаат книги или консултираат релевантни извори, а повеќето својата глад за информации ја задоволуваат по социјалните мрежи, каде се шират извадоци или цитати од некакви ...
На 30 декември 2022 година (среда) во Културно информативниот центар на Македонија во Истанбул, Турција во 19 часот ќе биде отворена изложбата на Беди Ибрахим, со наслов Мојот дневник. Творештвото на Беди Ибрахим во изминативе децении сведочи за импресивно мултимедијално творештво, каде е присутна основната идеја и мотив за концептот на неговите преокупации и личниот уметнички ракопис. Тој твори во различни медиуми и изразни ликовни дисциплини ...
Институтот за македонска литература со научен собир одбележа 110 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски (1912-2004), основоположник на македонската фолклористика, и половина век од објавувањето на целокупниот опус на собирачот на народни умотворби Марко Цепенков, во 10 тома од редакција под раководство на Пенушлиски. Во говорот насловен „Аманет од работната соба на Пенушлиски“, таа направи ретроспектива на клучните достигнувања кои, како што ...
Декември е последниот месец во годината, месецот пред новогодишните и божиќните празници, месец кога се трошат најмногу пари за убави нешта, се прават ретроспективи на сите активности и случувања од целата година. Овој декември Кинотеката на Македонија ќе понуди програма која, посочуваат, со сигурност ќе ве натера да излете од дома и да ја посетите нашата кино сала, бидејќи постпандемично, сите сакаме да го смениме секојдневниот домашен амбиент. ...