Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година. Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, ...

Кога некој ќе каже дека купил автомобил за 15.000 евра, најчесто сите мислат дека тоа е цената што ќе ја плати. Но вистината е дека купувањето е само првиот чекор. Во следните пет години ќе следуваат регистрација, задолжително осигурување, можеби каско, гориво, редовни и вонредни сервиси, гуми, акумулатор, паркинг, патарини и неизбежната амортизација. Сите тие трошоци ретко се пресметуваат однапред, а токму тие ја прават разликата помеѓу ...

Порано луѓето знаеја точно за што трошат пари. Сметка за струја, вода, телефон, храна. Денес ситуацијата е сосема поинаква. Секој месец од банкарските сметки автоматски се повлекуваат десетици мали износи. Некои се по 99 денари, други по 299, 600, 1.200 или 1.500 денари. Ниту еден од нив сам по себе не изгледа страшно. Но кога ќе се соберат, излегува дека голем дел од семејниот буџет исчезнува без речиси никој да го забележи. Ова се ...

Сто илјади денари не се мала сума. За некого тоа се неколку месечни рати од кредит. За друг тоа е првата сериозна заштеда. За трето семејство тоа е фонд за непредвидени трошоци, поправка на автомобил, летен одмор, школување на дете или почеток на некаква инвестиција. Но во 2026 година прашањето повеќе не е само: „Колку пари имам?“ Прашањето е: Што прават тие пари додека стојат? Ако стојат дома, инфлацијата ги јаде. Ако стојат на трансакциска ...

Бакшишот, онаа банкнота што срамежливо се остава под чашата, наскоро би можел да добие свое место и на фискалната сметка. Наместо „остави нешто за келнерот“, гостите би можеле да добијат јасна ставка на сметката, доброволна напојница, внесена во систем, видлива за газдата, за работникот и за даночните власти. Идејата не е нова, но повторно се враќа во угостителските кругови во регионот. Причината е проста. Се плаќа сè повеќе со картичка, а ...

Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на вредноста на парите, одржувањето на ценовната и финансиската стабилност и градењето доверба во економијата, особено во услови на зголемена глобална неизвесност. Ова го истакнува гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, во интервјуто дадено за публикацијата на Народната банка „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка и идни предизвици“ (80 Years of ...

Кина продаде 5 милијарди евра во обврзници деноминирани во евра, што е нејзин најголем ваков договор во европската валута и втор за седум месеци. Министерството за финансии на Пекинг продаде петгодишни, осумгодишни и 12-годишни обврзници со распон од 3,12 и 22 базични поени, соодветно, над просечната своп-каматна стапка, според лице запознаено со ова прашање кое зборуваше под услов да остане анонимно, цитирано од „Bloomberg“. Овие нивоа се ...

Сладолед од ванила, а ванила никаде. На хартија звучи како ситна финта, ама за купувачот што плаќа поскапо мислејќи дека зема производ со вистинска ванила, тоа веќе не е само прашање на вкус. Тоа е прашање на доверба. Потрошувачките проверки покажуваат дека секој петти сладолед што се продава како ванила воопшто не содржи вистинска ванила. Наместо тоа, во дел од производите се користат ароми, синтетички ванилин или други замени кои треба да ...

Застрашувачки податоци. На годишно ниво расте бројот на убиства во Македонија. Официјалните податгоци на Државниот завод за статистика покажува дека во 2025 година бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 6.8 % во однос на претходната година и изнесува 546 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.7 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во ...

Кинескиот производител на автомобили „Geely“ се подготвува да го лансира својот нов електричен модел „EX2“ на европскиот пазар. Станува збор за компактен градски кросовер кој треба да се натпреварува со модели како „Renault 5 E-Tech“ и „Volkswagen ID. Polo“. „Geely EX2“ користи електричен мотор сместен на задната оска, кој развива 114 ks и 150 Nm вртежен момент. Енергијата ја обезбедува LFP батерија од 39,4 kWh, а проценетиот домет според ...

Високите температури носат со себе бројни предизвици, од проблеми со спиењето до ризик од изгореници. На многумина им е особено тешко да одлучат што да јадат во такви услови, а некои целосно се откажуваат од готвењето и преживуваат со грицки. Меѓутоа, ако сè уште сакате да јадете одреден оброк, нутриционистка сподели совети за храната што ја препорачува за време на топлотен бран, но и за онаа што треба да се избегнува, пишува „Metro“. Храна ...

Производител на чипови за паметни телефони е во преговори за изградба на прилагодени чипови за напојување на милијарди кратки видеа на „TikTok“. „Qualcomm“ наводно е во напредни преговори за обезбедување услуги за дизајн на прилагодени чипови за кинескиот технолошки гигант „ByteDance“, истата компанија која стои зад „TikTok“. Според информациите, „Qualcomm“ би можел да биде вклучен во дизајнирање прилагодени чипови специјално прилагодени на ...

Технолошкиот гигант „Samsung“ планира програма за откуп на акции во вредност од околу 90 трилиони вони (58,61 милијарди долари) откако се согласи да им даде бонуси за акции на своите вработени за време на неодамнешните преговори за плати. Веста ги зголеми акциите на компанијата за повеќе од 6 проценти. Производителот на мемориски чипови може наскоро да објави детали за планот, соопшти агенцијата, повикувајќи се на неименувани извори од ...

Европската унија (ЕУ) ќе предложи реформа на банкарскиот сектор за отстранување на финансиските бариери во рамките на блокот и намалување на неговата зависност од странските банки за критични потреби за финансирање, според нацрт-извештајот на Европската комисија (ЕК) што го виде „Euronews“. Извештајот, кој треба да биде доставен на 15-ти јули, ги поставува темелите за пошироки реформи во банкарскиот сектор што се очекуваат во 2027-ма година. ...

Премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна и недвосмислена порака до ланците на супермаркети во државава во која посочи дека претераа со зголемувањето на цените и дека наредниот период ќе следат мерки. Имавме со маркетите и трговците долг и би рекол искрен разговор и на тој состанок дефиниравме една цел. Се сложувам со вас дека претераа и тоа беше и мојата порака и ценам дека искрен беше дијалогот. Таков состанок треба да направиме и со ...

Летната жештина, спортските настани и ладното пиво се неопходен дел од топлите денови за многумина. Но, лекарите предупредуваат дека алкохолот за време на високи температури може сериозно да го загрози здравјето и да го зголеми ризикот од топлотен удар, дехидратација и срцеви проблеми. Европа моментално се соочува со нов топлотен бран, а според податоците објавени во стручното списание „The Lancet“, бројот на смртни случаи поврзани со ...

Климата дома не е проблем. Проблем е кога ја пуштаме како да сакаме за десет минути да ја претвориме дневната соба во ладилник. Надвор 36 степени, внатре некој ја мести на 18, ги отвора вратите, оди од соба во соба, па на крај се чуди зошто сметката за струја скокнала како летна температура во јули. Сцената е позната. Се враќате од работа, влегувате во станот, воздухот тежок, прозорците загреани, ѕидовите „дишат“ топлина. Првата реакција е ...

Денес влегува во собраниска процедура “ЗАКОНОТ ЗА ТРОТИНЕТИ”, односно Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот. Според пратеникот Игор Здравковски, со овој закон се ограничува возраста на минимум 18 години за да управува лице со тротинет. Исто така, се забранува возење на двајца на едно возило и брзината се ограничува на 20 км/час. Ова е потреба, но и последица на сѐ она што се случува во изминатите две години ...

Управата за јавни приходи ги известува сите граѓани дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година. Секој граѓанин чија пријава покажува износ за доплата должен е да ја изврши уплатата навреме, со цел да избегне дополнителни трошоци и камати. За граѓаните на кои им е донесено или ќе им биде донесено решение со корегиран износ, рокот за уплата изнесува 15 дена од денот на ...

АЛТА Банка АД Битола, во рамки на својата определба за општествена одговорност и поддршка на иницијативи кои создаваат позитивна вредност за заедницата, го поддржа детскиот духовно-образовен камп „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрила на молитвата“, кој се одржува од 22 до 29 јуни во Охрид. Поддршката на Банката е насочена кон реализација на активностите во рамки на кампот, како и кон обезбедување практични летни подароци за ...

Македонската економија повторно испраќа сигнал кој економистите го следат со внимание. Потрошувачката останува релативно стабилна, но увозот продолжува да расте побрзо од извозот. На прв поглед тоа изгледа како обична статистика, но зад бројките се крие прашање што директно влијае врз животниот стандард, домашното производство и идниот економски раст. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во текот на 2025 година ...

На прв поглед бројките изгледаат контрадикторно. Од една страна, банките секој квартал објавуваат раст на депозитите на населението, а од друга страна голем дел од граѓаните велат дека животот станува сè поскап и дека на крајот од месецот остануваат со сè помалку пари. Како е можно банкарските штедни влогови да растат, а истовремено многу семејства да чувствуваат финансиски притисок? Податоците покажуваат дека македонскиот банкарски сектор ...

Долгиот живот не мора да значи здрав живот. Многу луѓе денес живеат значително подолго од претходните генерации, но тие дополнителни години често се придружени со хронични болести, когнитивен пад или општа слабост. Овој јаз помеѓу очекуваниот животен век и времето поминато во добро здравје е едно од најголемите прашања со кои се соочува истражувањето за стареењето. Но, научниците кои ги проучуваат семејствата со необично долговечни членови ...

Во Србија, просечната бруто плата во април оваа година изнесувала 168.008 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 121.805 динари(1 040 евра), објави денес Републичкиот завод за статистика на Србија. Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за април 2026 година била номинално повисока за 11,4 проценти, а реално за 7,8 проценти, додека просечната нето плата била номинално ...

Чипсови има многу, но не секој чипс има карактер. Инспириран од четирите природни елементи, Виталиа ја претставува својата најсмела иновација досега – Elements, нова генерација на air-popped чипсови создадени за сите кои сакаат вистинско крцкаво задоволство, без компромис. Достапни во 4 вкусови, од длабоките и егзотични ноти на Protein Chips Garam Masala & Curry, преку свежината на Sour Cream & Onion, до интензивниот карактер на ...

Илон Маск повеќе не е трилионер откако вредноста на неговите компании, особено SpaceX и Tesla, нагло падна за време на глобалната распродажба на берзата во вторникот, покажува индексот на милијардери на Bloomberg. Богатството на Маск сега се проценува на околу 957 милијарди долари. Порано овој месец, Маск накратко стана трилионер откако SpaceX излезе на берза во историска првична јавна понуда, проценувајќи ја компанијата на повеќе од 2 ...

Моторите во зима најчесто молчат. Стојат под церада, во гаража, во двор, на паркинг, со извадена батерија и со сопственик што само повремено ќе ги запали колку да „фатат душа“. А регистрацијата тече. И осигурувањето. И трошокот. Токму затоа дел од моторџиите повторно ја отвораат темата за таканаречени периодични регистрации, односно можност мотоциклите и скутерите да се регистрираат на шест месеци, наместо задолжително за цела година. ...

Бананите се меѓу најпопуларните видови овошје бидејќи се практични, заситувачки и богати со растителни влакна, витамин Ц и калиум. Бидејќи содржат природни шеќери, некои се прашуваат дали можат да му наштетат на црниот дроб, особено кај луѓе со неалкохолна масна болест на црниот дроб (MASLD). Гастроентерологот и хепатолог д-р Ќин Рао вели дека бананите, и покрај нивната содржина на шеќер, можат да имаат позитивен ефект врз здравјето на црниот ...

До пред неколку години лешникот кај нас повеќе се гледаше како „нешто за проба“, култура за ентузијасти и луѓе што сакаат да експериментираат со земја. Денес сликата полека се менува. Во Пелагонија, Повардарие, делови од источна Македонија и околу селата каде што има вода и добра почва, сè почесто никнуваат насади со лешници. Не е масовна приказна, ама веќе не е ни реткост. Математиката е таа што ги влече земјоделците. Познавачите велат дека ...

Nasdaq Composite ослабе како што паднаа акциите на Micron Technology, а инвеститорите со нетрпение го очекуваат објавувањето на заработката на производителот на чипови по затворањето на пазарот. Технолошкиот индекс падна за 0,43% и заврши на 25.476,64, додека S&P 500 падна за 0,10% на 7.358,22. Индустрискиот просек Dow Jones додаде 182,06 поени, или 0,35%, и заврши на 51.848,90. Цените на нафтата продолжија да паѓаат во среда. ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.99
22%
1011
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
1.96
41%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.27
40%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.85
37%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
0.45
33%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.2
72%
1017
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
4.92
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.67
20%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.42
28%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
3.13
44%
1011
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
2.68
38%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
3.92
50%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.27

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Злато

137126.15