Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Македонската нива сè уште се работи, ама сè почесто зад неа стои истиот човек, истата фамилија и истиот трактор што одамна требало да биде во пензија. Земјата ја има. Површините не се мали. Но луѓето што живеат само од земјоделство ги има сè помалку, а механизацијата со која се ора, сее и жнее во голем дел е стара, скапа за одржување и ризична за работа. Официјалната статистика покажува дека во 2025 година во земјава се регистрирани 504.478 ...
Австралиската влада ги заострува мерките против технолошките компании со зголемување на казната на 99 милиони австралиски долари. Сепак, студиите покажуваат дека повеќето тинејџери сè уште ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи. Откако стана првата земја во светот што ја забрани употребата на социјални мрежи за лица под 16 години, Австралија не попушта. Наместо тоа, таа одлучи да го засили притисокот врз технолошките компании. Во ново ...
Инвестициите во вештачка интелигенција сè повеќе стануваат финансиски ризик, предупреди Банката за меѓународни порамнувања (BIS), институција која често се нарекува банка на централните банки. BIS соопшти дека прекумерните инвестиции во нови AI дата центри, сложените финансиски аранжмани и помалку видливите врски меѓу технолошките гиганти, небанкарските заемодаватели и градителите на инфраструктура би можеле да го зголемат ризикот од ...
Една студија покажа дека рутинските крвни тестови можат да откријат индиции за долговечност. Луѓето со висок шеќер во крвта, слаба функција на бубрезите и црниот дроб имале помала веројатност да доживеат 100 години Дживувањето до 100 години порано беше реткост, но денес бројот на стогодишници во светот постојано се зголемува. Иако генетиката игра важна улога, научниците се повеќе се заинтересирани дали знаците на долг живот можат да се ...
Денес ќе биде сончево и многу топло во поголемиот дел од Хрватска, со највисока дневна температура претежно помеѓу 34 и 39 степени Целзиусови, според прогнозата на Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска(DHMZ), кој предупредува на многу висок ризик од топлотни бранови во речиси сите региони. Регионите Осиек, Загреб, Карловац, Книн, Риека, Сплит и Дубровник имаат црвена ознака (многу висок ризик од топлотни бранови), додека регионот ...
Станот може да стои на оглас со месеци, а да не заѕвони ниту еден сериозен купувач. Може и да се продаде за две недели. Разликата не е секогаш во квадратите, локацијата или катот. Често е во тоа како е подготвен, како е претставен и, најважно, по која цена е пуштен на пазарот. На пазарот на недвижности има едно непишано правило: првиот впечаток продава. Купувачот најчесто одлучува уште на фотографиите дали воопшто ќе дојде да го види станот. ...
Една од нашите најголеми ѕвезди, пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники. Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на неговата повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше ...
Хофбраухаус Волтерс, една од најстарите германски пиварници, основана во 1627 година, поднесе барање за стечај, наведувајќи ги зголемените оперативни трошоци и наглиот пад на потрошувачката на пиво. Германската економија е под зголемен притисок од високите цени на енергијата откако Берлин почна постепено да го укинува увозот на руска нафта и гас по ескалацијата на конфликтот во Украина во 2022 година. Притисокот е засилен од неодамнешниот ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека е потребно да се воведат системски мерки за стабилизирање на домашниот пазар на горива, вклучително и зголемување на понудата и одржување на економски оправдани цени, заедно со мерки за зајакнување на контролата и обезбедување на понудата. На состанокот посветен на обезбедување гориво за домашниот пазар, Путин рече дека дел од претходно формираните резерви веќе се пуштени во оптек и дека ...
Со почетокот на главната туристичка сезона, илјадници македонски граѓани секојдневно патуваат кон грчките плажи. Освен долгите колони на граничните премини, многумина ги чека уште едно непријатно изненадување – високите казни за сообраќајни прекршоци. Грчката полиција во текот на летото ги засилува контролите, особено во туристичките места и на главните патни правци. Казните се високи, а за некои прекршоци може привремено да ви биде одземена ...
На прв поглед звучи нелогично. Ако граѓаните имаат повеќе пари во банките, зошто истовремено земаат сè повеќе кредити? Но токму тоа денес се случува во Македонија. Банкарскиот сектор бележи раст и кај депозитите и кај кредитите, што покажува дека финансиската слика на домаќинствата станува сè покомплексна. Парите во банките растат Податоците на Народната банка покажуваат дека депозитите на домаќинствата продолжуваат да растат и претставуваат ...
Многу граѓани имаат чувство дека месечната плата денес трае пократко отколку пред една година. Иако номиналните плати растат, многумина велат дека на крајот од месецот им остануваат помалку пари. Причината не е само висината на платата. Причината е што голем број производи и услуги продолжуваат да поскапуваат. Инфлацијата повторно забрза Според последните податоци на Државниот завод за статистика, потрошувачките цени во април 2026 година биле ...
Apple во четврток објави зголемување на цените за своите MacBook лаптопи и iPad таблети, неопходен одговор на повисоките трошоци за меморија и компоненти за складирање. Се очекуваат и поскапи iPhone-и, а повеќе информации веројатно ќе бидат откриени на традиционалното претставување на производот во септември. Тим Кук минатата недела за The Wall Street Journal изјави дека Apple нема да може да ги одржи сегашните цени поради растечките трошоци ...
Познатиот гигант Фереро иницираше итно повлекување на еден од своите популарни производи Нутела од пазарот. Според официјалното соопштение на Федералната канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната на Германија(BVL), предметниот производ може да содржи парчиња метал, поради што целата серија е веднаш повлечена од продажба. Туѓите тела како што се металните делови во храната претставуваат сериозна закана за здравјето ...
Нови и построги правила за безбедност во сообраќајот ги чекаат сите возачи кои планираат патување со автомобил до грчките одморалишта ова лето, кои, ако ги игнорирате, можат да ви донесат само казни кои воопшто не се наивни, а оние кои не плаќаат – не можат да ја напуштат земјата! Со почетокот на туристичката сезона во 2026 година, Грција годинава промени и некои членови од својот Закон за безбедност во сообраќајот. Една од новините е што во ...
Ѓумбирот, добро познат зачин против гадење, може да помогне и во намалувањето на рефлуксот на киселина или ублажување на горушицата, бидејќи е природно алкален и има антиинфламаторни ефекти што можат да ја ублажат иритацијата во дигестивниот тракт. Ѓумбирот е познат како зачинет корен кој често се додава во азиската кујна или се прави чај, но е повеќе од само зачин за готвење или вкусен пијалок. Меѓу неговите многубројни здравствени ...
Овој викенд Штип дише во спектакуларниот музички ритам на Д Фестивал. Со бесплатен влез за сите посетители за целата музичка и културна програма, единствениот open-air фестивал во Македонија од вчера широко ги отвори вратите за илјадници посетители од земјава и странство, нудејќи тридневно летно доживување исполнето со музика, дружење, уметност и бројни придружни активности за сите што сакаат викенд исполнет со добра енергија. На петте ...
Дали ќе има „Breturn“ по „Brexit“ (игра на глаголите „exit“ и „return“, што значи „да се напушти“ и „да се врати“)? Десет години по референдумот за напуштање на Европската Унија, Обединетото Кралство се кае, но 27-те земји-членки не се чини дека се подготвени да го пречекаат назад во своите редови во скоро време, пишува новинарот на АФП, Умберто Баки. Во последните месеци, анкетите покажаа дека јасно мнозинство Британци се убедени дека ...
Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите кандидати за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки дури и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку функционери, објави денес Брисел за Политико. Предлогот се базира на концептот на „постепена интеграција“, според кој земјите кандидати би добиле поголем пристап до програмите на ЕУ, финансирањето, трговските олеснувања и делови од единствениот пазар, во ...
Според најновите податоци од Европскиот завод за статистика – Евростат, Македонија е земјата во Европа со најниско ниво на потрошувачки цени, кои изнесуваат околу 55 проценти од просекот на Европската Унија. Највисоки цени се забележани во Исланд, Швајцарија, Норвешка, Данска и Ирска. Сепак, економистите предупредуваат дека пониското ниво на цени не значи автоматски и повисок животен стандард, бидејќи цените во голема мера се поврзани со ...
Германија одамна не е земја во која се оди само со куфер, адреса од роднина и надеж дека „ќе се среди“. Се средува, да. Но, прво стигнува киријата, па сметките, па храната, па превозот. И тогаш многумина првпат го поставуваат вистинското прашање: колку пари навистина требаат за нормален живот таму? Одговорот не е ист за Минхен, Дортмунд, Берлин, Хамбург или некое помало место во внатрешноста. Но, економистите со кои се занимаваат со трошоци ...
Ако ви е дијагностицирана срцева болест, намалувањето на внесот на јаглехидрати може да изгледа како очигледен прв чекор. Години диети со низок внес на јаглехидрати и спротивставено медиумско известување ги убедија многумина дека најздравиот избор, особено за пациентите со срцеви заболувања, е да се ограничат јаглехидратите колку што е можно повеќе. Но, тој пристап може да има несакани последици, бидејќи диетите со низок внес на јаглехидрати ...
Како дел од своите општествено одговорни активности, „Sport Life“ обложувалниците донираа средства за поддршка на две организации кои работат со деца со развојни потешкотии – Здружението „Отворете ги прозорците“ и SLP.BOJAN – Центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација. Донациите се наменети за набавка на асистивна технологија, рехабилитациски помагала и дидактички материјали кои ќе придонесат за поквалитетна поддршка на ...
Високите температури се присутни, и веќе го отежнуваат нашето секојдневие. Може да предизвикаат дехидрирање, па дури и топлотен удар, и сериозно да ја нарушат нашата здравствена состојба. Па се случува покачување на телесната температура со прекумерно потење, кратко и отежнето дишење, силно забрзан пулс, лошење, главоболки, како и дезорентација, грчеви во мускулите и општа физичка истоштеност, работи кои се само дел од симптомите на ...
На прв поглед изгледа како стара селска работа: сливи на решетка, јаболка исечени на тенки кругови, круши што полека ја губат водата и го задржуваат вкусот. Но зад таа слика денес има сè повеќе бизнис. Сушењето овошје, велат познавачите на агросекторот, веќе не е само начин да не пропадне родот, туку можност за мала семејна фирма, дополнителен приход, па дури и извоз. Во време кога земјоделците често се жалат дека свежото овошје тешко се ...
Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите кандидати за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки дури и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку функционери, објави денес Брисел за Политико. Предлогот се базира на концептот на „постепена интеграција“, според кој земјите кандидати би добиле поголем пристап до програмите на ЕУ, финансирањето, трговските олеснувања и делови од единствениот пазар, во ...
Во пресрет на овогодишното издание на фестивалот „Охридско лето“, А1 Македонија ја претстави кампањата „Културна врска“, чиј централен дел е новата џез-интерпретација на легендарната македонска народна песна „Билјана платно белеше“, создадена во соработка со Националниот џез оркестар. Како генерален спонзор на „Охридско лето“, А1 Македонија годинава одлучи поддршката на културата да ја преточи во трајна вредност, музичко дело што останува ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 26 јуни 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 175,72 евра/mwh, додека на MEMO цената е 117,96 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 71,77 евра за мегават час, а на MEMO 117,76 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово, една од најголемите и најсовремени инвестиции од ваков тип во земјата и регионот, во вредност од 115 милиони евра. За време на посетата, амбасадорката се запозна со капацитетите на објектот, одржливите стандарди и практики применети во неговата изградба, како и со софистицираните логистички процеси и ...
Македонија не е земја во која луѓето лесно зборуваат дека не им е добро. На работа се молчи, дома се трпи, во друштво се глуми дека „се е во ред“. Пред лекар се оди кога веќе не се може. А кога телото и главата ќе почнат да попуштаат, многумина не бараат разговор, одмор или системска поддршка, туку најбрзо решение е апче за смирување. Дијазепам. Лексилиум. Хелекс. Антидепресиви. Таблети за спиење. Таблети за анксиозност. Таблети за да се ...