Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
На Клиниката за токсикологија во текот на новогодишната ноќ примени се вкупно 31 пациент од кои најмладиот пациент има 14 години. Доктор Нико Беќаровски денеска во изјава за медиумите информираше дека се работи за 14-годишна пациентка. Од вкупниот број примени пациенти, 13 биле малолетни. Најстарата пациентка примена на Клиниката за време на новогодишната ноќ имала 44 години. Поголем е бројот на пациенти од машки пол, односно 21 од пациентите ...
Руската војска ќе одговори на нападот на украинската војска врз Херсонската област во кој беа убиени 24 лица, а повеќе од 50 се повредени, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. – Немилосрдна одмазда за нападите врз цивилите во Херсонската област во новогодишната ноќ е неизбежна. Тие наскоро ќе одговараат во офанзива на руските вооружени сили, соопшти Медведев. Украинските сили извршија ...
Денеска, на првиот ден од новата година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги посети полициските службеници од Одделот за информатика и телекомуникации на МВР, кои службено се ангажирани на врвот Солунска Глава, на надморска височина од над 2.500 метри, во смени кои траат и до 15 дена. -Додека за многумина Новата година започнува во топлината на домот, дел од вработените во Министерството за внатрешни работи ја дочекуваат и ја ...
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска денеска на Клиниката за гинекологија го посети првороденото бебе. Првото бебе во 2026 во државава е девојче – Евгенија, родено на полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК). Родена е со царски рез, тешка е 2,8 килограми и долга 48 сантимери и е трето дете во семејството Камчеви. Мајката е 38-годишната Емилија Камчева. Мајката и бебето на ГАК денеска ги посетија министрите за ...
Бурна новогодишна ноќ имале лекарите на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Примени се пациенти од сообраќајни незгоди, пациенти со повреди здобиени од пад од висина, повредени од пиротехника, пациенти во алкохолизирана состојба, како и едно двегодишно дете со повреда во главата од огнено оружје. Дежурните екипи денеска оценија дека бројот на повредени за време на новогодишната ноќ е значително зголемен во споредба со претходните ...
Новогодишната ноќ поминала главно мирно, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во изјава за медиумите за време на работна посета на Полициската станица Центар (Беко), иформираше дека се случиле два сериозни инциденти – убиство на турски државјанин со нож во скопската чаршија и случај на тешко повредено двегодишно дете, од засега непознат начин, кое е во животозагрозувачка состојба во Клиничките центар. -Седум лица се ...
Новиот чешки премиер, милијардерот Андреј Бабиш, денеска во новогодишното обраќање ги обвини политичарите кои предупредуваат дека постои реална опасност Русија да предизвика војна во Европа, дека се неодговорни бидејќи не треба да го плашат народот со војна, туку нивна должност е да ја завршат војната. – Наместо да трагаме по патишта кои водат кон смирување, сè почесто слушаме приказни за тоа дека војната е неизбежна, дека ќе избие за две или ...
Првото бебе во 2026 во државава е девојче – Евгенија, родено на полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК). Родена е со царски рез, тешка е 2,8 килограми и долга 48 сантимери и е трето дете во семејството Камчеви. Мајката е 38-годишната Емилија Камчева. На полноќ се родени и две близначки во Гинекологија Чаир. Мајката и бебето на ГАК денеска ги посетија министрите за здравство и за социјална политика, Азир Алиу и Фатмир Лимани, ...
Најмалку 40 лица загинале, а околу 100 лица се повредени во пожар во бар во скијачки центар во Швајцарија, соопшти полицијата. Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека проверува дали има италијански државјани меѓу загинатите или повредените во пожар во Швајцарија. Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на смртни случаи. На прес-конференција, шефот на полицијата зборуваше за неколку десетици мртви. ...
Францускиот премиер Себастијан Лекорну вети дека денеска ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и други поранешни високи функционери во Франција, објави БФМ ТВ. Поранешните премиери и министри за внатрешни работи ќе бидат лишени од вкупно 24 автомобили со шофер и 24 обезбедувачи што ги имале доживотно. Секој поранешен премиер и министер за внатрешни работи беше писмено известен од Лекорну непосредно пред почетокот на ...
Проширувањето со Украина, Молдавија, нашите партнери од Западниот Балкан и Турција, врз основа на воспоставената строга и фер условеност, претставува заокружување на визијата за обединување на Европа и ќе го прошири просторот на мир, демократија, безбедност и стабилност, се наведува во приоритетите на претседавањето на Кипар со Советот на ЕУ, што ќе трае од 1 јануари, до 30 јуни 2026 година. – Проширувањето се покажа како една од ...
Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). – Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети првороденото бебе на Клиниката за гинекологија. -Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје. Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град. Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Нека расте жива и здрава, среќна со своите ...
Утре православните христијани го слават Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Кога свети Игнатиј бил дете Исус го зел во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно“. Бил ученик на ап. и ев. Јован Богослов. Во народното верување на овој ден започнале родилните болки на Пресвета Богородица. Како што се пее во народните песни: „Се замачи Божја мајка, од Игната до Божика“. Именден утре ...
Пет украински дронови беа соборени над Москва за време на новогодишната ноќ, изјави московскиот градоначалник Сергеј Собјанин. Тој претходно изјави дека три дронови се неутрализирани до 2:30 часот наутро по московско време. Во серија објави на социјалните мрежи, Собјанин опиша како тимови експерти испитуваат делови од дроновите на местата каде што паднале остатоците откако дроновите биле неутрализирани. Градоначалникот на руската престолнина ...
Гувернерот на Херсонскиот регион во јужна Украина назначен од Русија, Володимир Салдо, изјави дека најмалку 24 лица се убиени, а повеќе од 50 се повредени во напад со беспилотно летало за кој рече дека го извршиле силите на Киев, а кое погодило хотел и кафуле каде што се одржувале прославите за Нова Година. Салдо во објава на Телеграм изјави дека нападот се случил во Хорли, крајбрежно село во близина на полуостровот Крим, кој е под руска ...
Позади нас е една успешна година, вели во своето видео обраќање во однос на сите реализирани проекти во 2025 година вицепремиерот и министер за транспорт Алекдандар Николоски. Николоски преку видео-приказна ги потсети граѓаните на најзначајните инфраструктурни и развојни проекти реализирани во 2025 година, истакнувајќи ја динамиката на работата и конкретните резултати постигнати во изминатата година. Позади нас е една успешна година, вели ...
Времето на првиот ден од новата година ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени. Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени. Во петок времето ќе биде ...
Бугарија од денеска официјално станува 21-ва членка на Еврозоната со што бугарскиот лев ќе биде заменет со еврото како нова национална валута на земјата. Иако, еврото од денеска е во официјална употреба во Бугарија, сепак до 31 јануари во промет ќе може да биде користен и левот, при што за плаќањата во левови, кусурот што ќе се враќа ќе биде во евра. Левовите во кеш ќе може да се менуваат за евра во која било комерцијална банка, пошта или ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 декември. Денеска е Св. маченик Бонифациј. Бонифациј беше роб. Живееше во Рим со својата господарка Аглаида во незаконит брак. Иако и двајцата беа христијани по име, далеку беа од светиот живот. Еден ден Аглаида му даде многу пари на Бонифациј и го прати на Исток да и донесе мошти од некој христијански маченик. Овој отиде во градот Тарс, во Мала Азија, и гледајќи како христијаните ...
Денеска е 19 декември (по стар стил) и се слави Св. маченик Бонифациј Мачеништвото за Христа од грешникот прави светител. Тоа го покажува примерот на светиот Бонифатиј. Тој најпрвин беше слуга на некоја богата и развратна жена во Рим, Аглаида, со којашто имаше нечиста и незаконска врска. Обајцата беа незнабошци. Еднаш Аглаида посака да има во куќата маченички мошти и да ги чува како амајлија што штити од зло. Затоа го прати својот слуга во ...
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова година!“, објави претседателот на Владата, Христијан Мицкокски, неколку минути по полноќ, постирајќи фотографии од плоштадот Македонија во Скопје каде со сопругата, градоначалкникот на главниот град Орце Ѓорѓиевски и присутните граѓани го пречека доаѓањето на Новата ...
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе. – На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство. Бебето е родено точно на полчноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна. Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе. – На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук ...
На првиот ден од 1903 година, на 1 јануари, во Солун почнал конгресот на ВМРО, на кој е решено да се дигне востание во Македонија. Солунски конгрес заседавал до 4 јануари и е познат и како Јануарски конгрес. На овој собир била донесена одлуката за кревање на Илинденското востание иако најголемиот дел од револуционерните дејци се изјасниле против кревање на востание. Централниот комитет на Иван Гарванов и Задграничното претставништво – Христо ...
„Кралскиот клуб“ на почетокот на годината ќе има сериозен проблем, поради повреда надвор од теренот ќе биде нивниот најдобар играч Килијан Мбапе. Според информациите од клубот тој ќе паузира околу 20 дена. Проблемот е сериозен бидејќи Мбапе ги одигра сите 24 натпревари за Реал Мадрид и постигна 29 голови. Тоа значи дека францускиот репрезентативец нема да настапи на завршницата на шпанскиот куп што од 7 до 11.јануари ќе се игра во Саудиска ...
Џон КИРЈАКУ (Кирјаку е бивш офицер на ЦИА, кој одлежа две години затвор затоа што јавно зборуваше за методите на мачење кои се применуваат во Гвантанамо. После излехгувањето од затвор, не можел да с евработи ниту како таксист. За него, се било блокирано. Во последно време е чест гостин на разни подкасти, на кои зборува за американската политика, јавно критикувајќи ги властите на САД. Ова е комплиција на извадови од неколку негови јавни ...
Повредата на коленото на српскиот кошаркар Никола Јокиќ „не е толку сериозна како што изгледаше на почетокот“, објави денеска Денвер. Во клупското соопштение се прецизира дека станува збор за хиперекстензија на левото колено. Сепак, српскиот центар ќе биде надвор од терените најмалку четири недели, што значи дека Денвер ќе биде без својот најдобар играч околу еден месец. Најдобриот кошаркар на Денвер го повреди левото колено изминатата ноќ на ...
Бугарската телеграфска агенција (БТА) е осветлена во новогодипни бои, се пофали самата Агенција со своја објава. БТА е основана во 1898 година од принцот Фердинанд. Има околу 300 вработени и буџет од најмалку 7,5 милиони евра. Функционира врз основа на закон, а сегашен нејзин основач е бугарското Народно собрание кое неодамна го реизбра Кирил Влчев за директор на агнецијата. Бугарската телеграфска агенција (БТА) е осветлена во новогодипни ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека 2025 година била пресудна за иднината на земјата, бидејќи Унгарија морала да донесе стратешка одлука – дали да му се приклучи на европскиот воен курс или да остане надвор од конфликтот, јави Анадолија. Во интервју за државната телевизија М1, Орбан порача дека Европа избрала војна, додека Унгарија свесно одлучила да остане на патот на мирот и суверенитетот. – Да се остане надвор или не – тоа беше ...
Сиднеј ја дочека 2026 година со традиционален огномет, одржан со засилено присуство на полицијата, неколку недели откако вооружени лица убија 15 лица за време на еврејски настан на плажата Бондај. Околу 40.000 пиротехнички ефекти беа употребени на простор со должина од околу седум километри. Во Сиднеј се одржа помен за жртвите од нападот во 23 часот по локално време, а Сиднејскиот пристанишен мост беше осветлен во бела боја, додека на ...