Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Сподели Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните. Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа. Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски ...
Сподели Од 24 до 28 декември, просторот пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе се претвори во вистинска празнична сцена исполнета со вкусна улична храна, богата музичка програма и зимска атмосфера за сите генерации. WINTER FESTIVAL носи градска предновогодишна дружба каква што Скопје одамна посакува. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно одбрани street food брендови, меѓу кои: Jojo’s, Sorelle, Destan, Milkey, Oljo’s, La Pizza, ...
Сподели Поранешната градоначалничка Данела Арсовска денеска упати Барање за пристап до информации, до Основното јавно обвинителство Скопје, поточно, до главниот обвинител Гаврил Бубевски, во кое се наведува: “Од медиумите, поточно од вашата изјава за телевизија Канал 5 емитувана на 20.12.2025 година, дознав дека по кривичната пријава поднесена пред три години за загадување од страна на „Титан Усје“, водите два паралелни предмети, што ...
Сподели Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на ...
Сподели Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на ...
Сподели Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, потпишаа нов Протокол за правила за потекло на производи, кој претставува составен дел од Договорот за слободна трговија меѓу двете земји. Правилата за потекло утврдени со Протоколот се усогласени со одредбите на Регионалната конвенција за паневромедитерански преференцијални правила за потекло, со цел подобро да ...
Сподели На 35-тата седница одржана денеска на 22 декември, со почеток во 11 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, под точка 1 донесе одлука за определување на вршител на функција Јавен обвинител на Република Северна Македонија, така што за вршител на функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија се определува Анита Тополова Исајловска – јавен обвинител во Јавното ...
Сподели Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја презентираше Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје, со која започнува ново поглавје во развојот на оваа институција. Стратегијата поставува јасна и амбициозна визија за трансформација на Зоолошката градина во современ центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. Овој стратешки документ претставува суштински исчекор кон модерна, одговорна и ...
Сподели Во Владата денес беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на државата, ја зајакнуваат нејзината стабилност и ја дефинираат нашата визија за економски развој, безбедност и суверенитет, изјави премиерот Мицкоски. Со потпишувањето на договорот за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ...
Сподели Финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем и натаму покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците. Овие оцени беа дадени на седницата на Комитетот за финансиска стабилност, одржана во Народната банка, на која присуствуваа Трајко Славески, гувернер на Народната банка, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии, Бујаре Абази, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, Ремзи ...
Сподели Во текот на овие денови и зимските месеци, кога честата појава на магла и намалена видливост значително ги отежнува условите за одвивање на сообраќајот, се зголемува и ризикот од настанување на сообраќајни незгоди. Намаленото видно поле, отежнатата проценка на растојанијата и побавната реакција на возачите се меѓу главните фактори што придонесуваат за потешки сообраќајни незгоди, вклучително и верижни судири со тешки последици. Со ...
Сподели ДПМНЕ не може да побегне од фактот дека скопјани се гушат во загаден воздух а владата не презема ништо за тоа. Пари има за криминални тендери ама нема да мерки и политики за борба против загадувањето. Каде е милјардата што ја ветуваше Мицкоски за чист воздух и намалувањето на загадувањето за 50%? Не само што нема ништо од тоа, во Буџетот 2025 ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух за 51%, а парите за заштита на животната средина беа ...
Сподели Имплементацијата на мерки кои ќе бидат предвидени во План за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат експерти со докажано искуство и успешни проекти позади нив, а не ПР кампањџии. Мерките од овој план ќе бидат поддржани од градските власти и ќе се бара мерливост на резултатите и отчетност во реализацијата. За дел од мерките ќе бараме помош при финансирањето, а дел од мерките од овој план ќе се финансираат од ...
Сподели Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. ...
Сподели Ретроспективна изложба “Меѓу реaлноста и сонот” на Кирил Ефремов во Даут Пашин амам, на 25 декември со почеток од 19 часот Кирил Ефремов (1938-2020, Штип) своето присуство во македонската уметност го најави во почетокот на 60-те години на 20 век. Сликарство завршил на Училиштетото за применета уметност (проф. Лазар Личеноски и други), а Академија на ликовни уметности I степен во Белград. Кирил Ефремов во почетокот на своето ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им се приклучи на скопските бадникари на јужните падини на Водно, продолжувајќи ја традицијата на собирање дабови гранчиња во пресрет на Бадник. Првите гранчиња симболично ги пресекоа бадникарскиот кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски, со што беше означен почетокот на бадникарските активности. „Секоја година, овде на Водно, се собираме за да ги зачуваме ...
Сподели Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син од гевгелиското село Богородица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес со судска наредба во домот на осомничениот татко на 17 декември биле ...
Сподели „Сина Сенка“ од Брајан Рејнолдс, во режија на Тамара Стојаноска, во вторник, на 23 декември ќе биде изведена во Младинскиот културен центар во Скопје со почеток во 20 часот. Премиерата на претставата се случи во месец ноември оваа година, играат актерите: Кристијан Танчевски, Бобан Алексоски, Мина Јелушиќ Јериниќ, Сара Спиркоска, Ане Блажовски, Ема Лазарова, Кристијан Петковски и Стефан Арсиќ. Оригиналната музика за претставата е ...
Сподели Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, денес беше свечено отворена ликовната изложба „Кон светлината“ на академскиот уметник Новица Трајковски, истакнат творец чија работа е препознаена и ценета на национално и меѓународно ниво. Настанот беше проследен од бројни љубители на ликовната уметност, кои имаа можност да уживаат во делата на Трајковски и да се запознаат со неговото богато творештво. Меѓу ...
Сподели На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. Подоцна, од слобода била лишена и Н.И. (24) од Тетово. Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил ...
Сподели Собранието на РС Македонија направи важен чекор во модернизацијата на својата официјална веб-страница, интегрирајќи напредни технологии за пристапност кои гарантираат полесна и еднаква употреба за лицата со попреченост. Преку овој напредок, дигиталната платформа на Собранието сега нуди механизам што го олеснува пристапот за лицата со визуелни, моторни и когнитивни попречености, правејќи ги парламентарните информации поразбирливи, ...
Сподели Со традиција подолга од 20 години, нуркачите на Нуркачкиот центар Амфора во соработка со здружението за Ретки болести со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид и ја поставија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода, симболично одбележувајќи ги новогодишните и божиќните празници. Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ...
Сподели Главната цел на Микробиолошката лабораторија за контрола на квалитет, најновата инвестиција на „Алкалоид“ АД вредна 3,1 милиони евра, е обезбедување највисоко ниво на контрола на микробиолошкиот квалитет на суровините, примарната амбалажа, полупроизводите и на готовите производи. На простор од близу 700 м2 се спроведуваат активности како што се мониторинг на просториите и површините, мониторинг на системите за производство и ...
Сподели За мене претставува голема чест и задоволство што работи коишто денес ги гледаме во тука во Алкалоид во Скопје и во најсовремените светски фармацевтски компании, индустрии. Тоа што не прави посебно горди е што го имаме тука и сме горди што е македонско. Јас му благодарам на директорот, благодарам на сите луѓе коишто денес ни покажаа со што располага оваа фармацевтска индустрија, оваа компанија. Можам исто така да кажам со ...
Сподели Очигледно е дека во самата ДПМНЕ постои сериозна поделба околу насоката во која ја турка економијата но и државата Христијан Мицкоски. Поранешниот министер за финансии од ДПМНЕ, Кирил Миноски, во своја јавна објава остро го критикува економскиот и општествениот модел што денес го има Македонија. „Економијата на страв е маѓепсан круг во кој сите стануваат жртви, слободата се задушува, а иднината на нашите деца е загрозена“ ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад „Македонија“ присуствуваа на показна вежба на децата од средното скопско училиште „Владо Тасевски“, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“. ...
Сподели Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со новоназначената амбасадорка на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џианг Сјаојен. На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд, како и со улогата и надлежностите на Судот како столб на демократијата и гарант на уставните права и слободи. Тој ги претстави своите заложби за ...
Сподели Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица. Вчера (18.12.2025 ...
Сподели Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување, предвидено во член 279 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за ...
Сподели По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата, на кој беше истакната нејзината клучна улога во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град. „Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните. Резултатите што ги постигнувате не се случајни – тие се ...