Јавното обвинителство на РСМ денеска испрати претставка до Адвокатската комора на РСМ и претседателот Љубомир Михајловски поради неетички јавен настап на адвокатот Мустафа Хајрулахи во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа. Претставката ја објавуваме интегрално: Почитуван Претседател на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија најостро реагира на неетичкиот и непрофесионален ...

Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски. „Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски. Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на ...

Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија… Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработка на визи за македонските државјани. Толку е периметарот на Мицкоски, ја доведе Македонија во ранг со Сомалија, реагираат од СДСМ. Македонија е опфатена во ...

Ова е Роџер, најновиот член од нашиот тим на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија. Станува збор за 2,5 годишен „чоколаден“ лабрадор кој е вдомен неодамна и кој за исклучително кратко време се прилагоди на персоналот и на пациентите – нашиот четириножен „колега“ е обожаван едноставно од сите! – информираат од ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија. Причините за вдомувањето на Роџер, според директорката на клиниката, проф. д-р ...

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова ...

Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не е се прашања за политички пазар. Техничката влада мора да остане. Укинувањето може да се случи во оној момент кога општеството ќе биде спремно а за тоа се неопходни реформи по европски стандарди особено во делот на правосудството. Кога ќе бидат применети сите реформски закони кои се дел препораките на ЕУ и оценската мисија, во сферата на правосудството, обвинителството, полиција, ...

“Јавноста беше сведок на еден поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби изминативе 35 години државност не се случувало, а тоа е преку една би рекол плодна дискусија во рамките на оваа лидерска средба и во една би рекол дебата којашто морам да кажам во одредена мерка беше полна со предлози и идеи, голем дел од отворените прашања се отворија, за поголем дел од тие отворени прашања имаме исто мислење, имаме заеднички ...

Сподели В сабота, 17 јануари 2026 година, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Ден на млада публика, како дел од официјалната програма на „European Young Audience Award“ – престижна награда што претставува официјална категорија на Европските филмски награди (European Film Awards). На настанот во Скопје ќе учествуваат 50 – 60 ученици од основни и средни училишта, кои истовремено со илјадници нивни врсници од цела Европа ќе ги гледаат ...

Сподели Зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот Регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и во Северна Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн. Публиката на земјите членки на Мрежата ќе има можност да гледа шест наградувани регионални филмови: „Семејна терапија“ од Соња ...

Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од ...

Сподели Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во ...

Сподели Македонскиот народен театар, 2026 година ја започнува со силен уметнички интензитет и разновидна театарска програма. Првиот месец во годината носи богат репертоар, кој опфаќа сценски спектакли, современи и класични драми и стендап-изведби на големата и малата сцена. Програмата започнува на 15 и 16 јануари со големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“. Поради големиот интерес на публиката, двете изведби се целосно ...

Сподели Денеска, со почеток во 12 часот во Клубот на пратеници, започна лидерската средба. На средбата од коалициските партнери во Владата присуствуваат генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ. Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче одби да учествува на средбата, со што за првпат да ...

Сподели Сè започнува со едно едноставно прашање: „Учителке, зошто небото е сино?“ и продолжува со илјадници други, некои смешни, некои сериозни, некои без одговор. Но, сите тие имаат една заедничка нишка – дете кое сака да учи, да открива и да расте. А, покрај тоа, тука е учителот, кој со трпение и посветеност ги охрабрува тие прашања да продолжат. Магијата на учењето се случува тивко, без аплаузи, во секојдневниот живот на училницата, од ...

Сподели Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година. Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите. https://www.facebook.com/share/r/1GpVTqPriq ...

Сподели Традиционалното Џез-матине на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи на 17 јануари (сабота) во „Мака бар“ во Скопје, со почеток во 13 часот. Ќе бидат промовирани новите календари за 2026 година со фотографии на Жига Коритник. Концерт ќе одржи Тони Китановски трио, во чиј состав се: Тони Китановски, гитара, Оливер Јосифовски, контрабас и Алек Секуловски, тапани. Сподели Традиционалното Џез-матине на Скопскиот џез фестивал ќе се ...

Сподели Демократрската Унија за Интеграција, ја информира јавноста дека денес, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ја свика втората седница на Претседателството на Генералниот Совет. На оваа седница се дискутираше за актуелните политички случувања во земјата, како и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ. Исто така, Претседателството на Генералниот совет разговараше и за состанокот на ...

Сподели Денеска ќе биде одржано традиционалното дефиле под маски, со кое ќе биде оживеан Вевчанскиот карневал, привлекувајќи бројни посетители од земјата и странство. Под звуците на музика и во весела атмосфера, маскираните учесници ќе продефилираат низ улиците на Вевчани, прикажувајќи креативни, сатирични и автентични маски инспирирани од актуелни општествени теми, народни верувања и вековната карневалска традиција. Вевчанскиот карневал, ...

Сподели На вчерашната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, по повод поднесениот предлог-закон за УКИНУВАЊЕ на Регулаторната комисија за енергетика изјави дека за 8 години никој во Македонија да не запали сијалица – ЕВН ЌЕ ОСТВАРИ ДОБИВКА ОД 200 МИЛИОНИ ЕВРА, КОЛКУ ШТО ВПРОЧЕМ ИМ ТРЕБАШЕ ДА ГО КУПАТ ЕСМ ОД НАС. „Сликовито, пример, РКЕ воведе мрежарина од 200 денари за сите 600.000 домаќинства во Македонија (тоа значи дека ...

Сподели Градоначалникот Горан Герасимовски на средба со Здружението на пензионери на Општина Центар информираше за проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани во локалната самоуправа во 2026 година. „Во Буџетот за тековната година се обезбедени 15 000 000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им обезбедиме поздрав и поквалитетн живот, повеќе ...

Сподели Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. https://mvr.gov.mk/mk-MK/potragi Сподели Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка ...

Сподели Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи, во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик. Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи ...

Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, се осврна на потребата од донесување нов закон за заштита од пушењето. – Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни индикатори за мерење и следење дали ...

Сподели Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски, ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации околу важни реформски закони и процеси што треба да ја зајакнат нашата држава и демократија. Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски промени во изборното ...

Сподели Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага за сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, појава што веќе директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и самото владеење на правото. Во општина Карпош, во изминатите денови, се појави нова глутница кучиња – животни кои се целосно непознати за локалното население, кои не се дел од постоечката ...

Сподели ВЛЕН е апсолутен победник на локалните избори, со 10 освоени општини, силно потврдувајќи ја граѓанската доверба и широката поддршка што Албанците ја дадоа за промените. Го поздравуваме официјалното завршување на локалниот изборен процес, кој заврши вчера со повторените избори во Гостивар и Врапчиште. Во оваа пригода, им честитаме на кандидатите на опозицијата, Валбон Лимани и Исен Шабани, за нивната победа. Овие избори јасно ...

Сподели Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува инцидентот што се случи вчера, во кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите поединечни акти на вандализам се неприфатливи и се спротивни на принципите на меѓународното право, како и на одредбите од Виенската конвенција за дипломатски односи. Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни ...

Сподели Демократскиот сојуз смета дека градењето единство во врска со нашите стратешки, национални и граѓански интереси е од витално значење за деблокада на евроинтеграциските процеси и владеење на правото. СДСМ и ДУИ во јуни, 2022 година прифатија Преговарачка рамка, без пошироки консултации, со што го блокираа евроинтегративниот процес, загрозувајќи ги европските перспективи на државата и идентитетските обележја на македонскиот народ. ...

Сподели Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик. Првоосомничениот, спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
71%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
93%
1004
weather icon

Софија

8ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1016
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.91
90%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1004
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
4.47
76%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1008
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
81%
1017
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
3.13
97%
1008
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1019
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

49.78

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Цинк

3.37

Платина

83354.78

Сребро

3663.67

Бакар

12.10

Родиум

339190.38

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.06

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04