Денеска, во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул. „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР. Денеска, во 08:17 ...

Новото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама започна со спектакуларно отворање кое го приреди НУ Центар за култура-Битола низ мега-изложба на фотографии „Лауреати на фестивалот“, музички перформанс и монодрама која ја изведе актерката Тијана Дапчевиќ. Гостите од градот, државата и странство ги поздрави Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура кој истакна дека на фестивалските сцени во Битола ќе настапат актери од повеќе ...

Царинската управа во моментов со грант средства од ЕУ имплементира клучни реформски проекти вредни 14 милиони евра, чија цел е забрзана интеграција во единствениот пазар на Унијата и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Суштински чекор е воведувањето на единствен идентификациски EORI број за компаниите и за физичките лица, со кој се воспоставува унифициран систем за идентификација на економските оператори и физичките лица ...

Проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност во Венеција, кое ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година. Македонскиот павилјон ќе биде сместен во „Спацио Кастело 77“, на самиот влез во Арсенале, една од главните изложбени локации. Настапот го организира Музејот на современа уметност Скопје, под покровителство на Министерството за ...

„Во услови на светски економски предизвици, зголемувањето на учеството на жените на пазарот на труд носи значителни економски и општествени придобивки. Намалувањето на родовите разлики придонесува за поголема иновативност, поефикасно искористување на човечкиот капитал и за намалување на јазот во приходите. Сепак, жените и натаму се соочуваат со предизвици, како што се пониска застапеност на раководните позиции и ограничен пристап до ...

Со голема посетеност и силни реакции од публиката, вчеравечер беа изведени пет претстави во рамки на „Танц Фест 2026“, како дел од првата „Скопје танцова платформа“, одржани на сцените на Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Македонскиот народен театар. Настаните ги проследија и над 40 професионалци од европската танцова сцена. Фестивалот оваа година нуди интензивна програма со 12 претстави во три дена, со цел промоција ...

Премиерот Христијан Мицкоски на Сител телевизија посочи дека по парламентарните избори во Бугарија се слушнал со Румен Радев и му ја честитал победата и ја истакнал заложбата за дијалог и добрососедски односи. „Ние нудиме креативни решенија континуирано овие две години откако сме Влада. Континуирано бараме средби, разговараме со нашите партнери во Брисел. Малку сме, како да кажам во една дилема, бидејќи кога ќе побараме преку нашите партнери ...

На 23.04.2026 околу 02:30 часот во близина на граничната линија со Грција, во атар на с. Богородица, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода У.Ш.(48) од Скопје, поради сомнение дека со патничко возило „тојота корола“ со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам. По наредба на јавен обвинител, У.Ш. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната стручна едукативна тура, која ќе се одржи во сабота, на 25 април, со почеток во 12:00 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид. Темата на прошетката се постземјотресните обележја во Центар, а низ значајните локации водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева. Граѓаните ќе имаат можност да се ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од ноември – декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 ...

ДОМ остро реагира на предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство кои наместо да ја зајакнат заштитата на јавниот интерес, животната средина и природните ресурси, отвораат сериозен ризик од нивно слабеење. Како политичка партија која активно учествуваше во креирањето и унапредувањето на законската рамка во оваа област сметаме дека секоја измена мора да значи повисоки еколошки ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна со реализација на кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите, под мотото „На матурска прослава без автомобил!“ Кампањата има за цел да испрати силна порака до младите – да не седнуваат зад воланот на матурската прослава доколку консумирале алкохол, туку да ...

Општина Сарај влегува во ново поглавје на афирмација и меѓународна соработка. Посетата на вршителката на должноста на САД во нашата земја, Нејзината екселенција г-ѓа Николе Варнес, претставува значаен момент што сведочи за зголеменото внимание и почит кон оваа општина. Оваа посета доаѓа по претходната посета на амбасадорот на Европска Унија, Микаел Рокас, со што Сарај за првпат се позиционира на агендата на клучните меѓународни фактори. Овој ...

Мицкоски, човекот кој се претставува како „бранител на македонскиот идентитет“, сега отворено ја застапува тезата министрите во неговата Влада да може да имаат бугарски пасоши, наведува во објавата на X претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче за изјавите на Мицкоски во интервјуто на Сител Телевизија. „Мицкоски, човекот кој се претставува како „бранител на македонскиот идентитет“, сега отворено ја застапува тезата министрите во неговата ...

„Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје – приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето воведно обраќање на конференцијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, што денеска се ...

На 22.04.2026 во 11:00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со С.Т.(38) од Скопје, по претходна пријава дека на 18.04.2026 во нејзиниот дом со тврд предмет физички го нападнала нејзиниот 40-годишен поранешен сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 22.04.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје 51-годишен маж пријави дека околу 19:00 часот во ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, на кој ги презентираше новините во предлог законот за заштита од пушење. -Постојниот Закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. ...

Не може министрите во Владата да имаат резервна татковина, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека со законските измени што ги предлага пратеничката група на СДСМ и коалицијата јасно ќе се утврди дека носителите на функции во Владата мора да имаат само едно државјанство, со цел зајакнување на одговорноста и транспарентноста во извршната власт. „Ние ...

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија информира дека по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – програмите беа ...

Отворањето на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ ќе се одржи на 9 мај во Националната опера и балет во Скопје, со што ќе започне едномесечната програма посветена на оперската уметност. Во рамките на фестивалот, публиката ќе има можност да проследи изведби на познати оперски дела од светскиот репертоар, со учество на врвни домашни и странски уметници. Настаните ќе се одвиваат во текот на целиот месец мај. Фестивалот „Мајски ...

Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со ул.„Васко Карангелевски“ до крстосница со бул.„Србија“ и на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„АСНОМ“ до крстосница со пристапна ...

НУ Народен театар Битола ќе ја изведе премиерата на најновата театарска продукција – комедијата „Секстет“, во режија и адаптација на Марјан Георгиевски, на 25 април 2026 година во 20 часот на Големата сцена. Првата реприза е закажана за 27 април во истиот термин. Претставата е современа сценска интерпретација според делото на Марк Камолети, која низ динамичен тек, недоразбирања и неочекувани ситуации ја истражува човечката природа. Се ...

По повод Денот на планетата Земја, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска реализираше акции на засадување дрвја на две локации во Скопје – во Гинеколошко-акушерската болница во Чаир и во детската градинка Фидани. Ново дрво беше засадено во чест на сите деца родени на 22 април, со симболична порака дека секој нов живот доаѓа на свет со право на чиста и здрава животна средина. Акцијата продолжи во градинката ...

Нов удар врз слоободата на медиумите и демократијата. Христијан Мицкоски си го постави пријателот и почесен конзул на Гвинеја, Зоран Ристоски – Ѓузо за директор на МТВ. Единствена квалификација на Ристовски е близината лично со премиерот Мицкоски. Еден конзул за енергетика – Адамовиќ, сега уште еден конзул за МТВ по шемите на Мицкоски. Наместо националниот јавен сервис да биде еден од столбовите на демократијата и во служба на објективно ...

YOVA официјално ја претстави својата нова колекција за сезона пролет/лето 2026 наречена „Блосом“, со која го продолжува својот препознатлив пристап кон рачна изработка, премиум материјали и оригинален дизајн. Моделите од новата колекција се веќе достапни за купување преку официјалната веб-страница на YOVA. Колекцијата „Блосом“ е инспирирана од моментот на цутење – симбол на нов почеток, емоција и лична трансформација. Како пролетта што носи ...

„Економско-социјалниот совет го подигнуваме на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде социјалниот дијалог е клучен во креирањето на политиките“, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. На последната седница се отворени важни прашања што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот ставен на конкретни мерки и законски решенија. Министерот посочи дека е разгледан ...

Самостојната изложба „Наследена носија“ на Мила Добревска ќе биде отворена денеска на 23 април во Охрид, со почеток во 19 часот, во Куќата на Робевци, во организација на Галерија Пионери. Изложбата е инспирирана од традиционалната орнаментика и вез, при што авторката преку современи техники и материјали ги преиспитува основните ликовни елементи. Делата претставуваат спој на наследените вредности и современиот општествен контекст, со акцент ...

Општина Центар е подготвена да ја преземе надлежноста за одржување на хигиената доколку Градот не ги извршува своите обврски, порача градоначалникот Горан Герасимовски во дебатата „Топ тема“ на Телма ТВ. Тој посочи дека општината има капацитет и јасен план како самостојно да се справи со проблемот, особено во услови на влошена состојба со јавната хигиена. „Тоа го покажавме и пред изборите кога се соочивме со огромен проблем со хигиената. ...

Додека другите шират паника, магла и дезинформации, ВЛЕН работи со факти, одлуки и конкретни чекори за албанската култура. За нас, образованието и културата се столбовите на нашата визија за развој на албанското општество. Во овој поглед, албанските културни институции не само што не се во опасност, туку влегуваат во конкретна фаза на зајакнување и функционализација. Посветеноста на Владата на ВЛЕН и заменик-министерот за култура, Седат ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
26%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
38%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
37%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
34%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Сребро

2840.84

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52