Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Партијата на пензионери, во потполност го поддржува влегувањето во собраниска процедура на Предлог Законот со кој би се забранило да пратениците во македонското Собрание поседуваат двојно државјанство, што е едно од нашите залагања како партија одсекогаш. “Исто така бараме и ја подржуваме идејата да ова правило се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата земја. Со донесување на еден оваков Закон, би се ...
„Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води“, изјави од Виена премиерот Христијан Мицкоски по средбата со австрискиот канцелар Кристијан Штокер. “Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување. Време кога сигурноста не се подразбира, кога енергијата станува политика, заедно со економијата се прашање на опстанок. Во такви околности, зборовите имаат помала тежина од одлуките, а декларациите вредат ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека предлог Законот за државјанства не е доволно прецизен и има недоречености особено во делот на неговата примена. Филипче посочи дека СДСМ во однос на ова законско решение ќе интервенира со амандмани. „Класична измама на власта. Се предлага Закон за државјанство на пратеници и се кажува, се предлага, да пратениците не може да имаат двојни државјанства. И тоа е ...
Министерската конференција во Будва, одржана во рамки на Берлинскиот процес, Министерот Минчев, ја заокружи со низа значајни билатерални средби со свои колеги и високи претставници од регионот и од Европската Унија, со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во клучните реформски области. Во фокусот на разговорите беа реформите во јавната администрација, кои министерот Минчев ги потенцираше како суштински предуслов за ...
До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP ( 190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. Агенцијата ја следи состојбата и ...
Од утре Државниот архив на Македонија ќе биде присутен на Саемот на книгата со повеќе од 40 изданија што ја претставуваат нашата богата историја и културна меморија. Во рамки на саемот ќе се одржат две промоции: На 23 април промоција на „Османлиски документи за историјата на Македонија“ од автор доц. д-р Аднан Шериф, и На 26 април промоција на Јубилејна публикација „Државен архив – Столб на македонското битие“ од автор доц. д-р Бранислав ...
Денес во Собранието се одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторските права. Претседателот на Собранието, Африм Гаши рече дека иако во Собранието се навикнати да зборуваат за закони и законски процедури, задоволството е од поинаква природа кога во оваа сала зборуваме за книгата – таа основна единица во која се обликува човечката мисла. “Собранието, во рамките на своите надлежности, прави континуирани напори за унапредување на законската ...
Денес во Собранието на дневен ред е предлогот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поднесен од на пратеничката група на Левица, со кој може да се стави крај на една тивка, но огромна неправда во системот. Станува збор за укинување на таканаречениот плафон за придонеси – одредба која им дава привилегија на најбогатите, а товарот го остава на грбот на обичниот работник. Во сегашниот систем на придонеси, ...
Собранието денеска ќе ја одржи 98. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и предлог законските измени на Законот за Владата, со кој се предвидува создавање услови за укинување на моделот на техничка влада. Предложеното законско решение, со одложната примена, како што се вели во образложението од предлагачот – Владата, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и ...
Проекцијата на документарниот филм ,,Велигден”, ќе се одржи на 23. април, со почеток во 20 часот, во кино салата на НУ Музеј на РС Македонија. Во рамките на НУ Музеј на РС Македонија работи Центарот за музејска едукација кој преку својата работа со различни целни групи, како децата од предшколска возраст, основно и средно училиште, студентите, лицата со попречености и лицата од трето доба, реализира едукативни проекти. Во овие 33 години ...
Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош. Ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски. Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за екстрадиција е намерно оставање простор на Никола Груевски и негова ...
Саемот на книгата е доказ дека, иако светот постојано се менува, љубовта кон книгите останува – тивка, упорна и трајна. Во ера на промени, единствената константа е читањето. Животот се менува со брзина на светлината, но книгите траат со длабочина на мислата. Овој Саем на книгата учествуваме со (не)менувањето на светот со книги што имаат тенденција да го променат на подобро: со Габор Мате и неговата „Во светот на гладниот дух“, „Анксиозната ...
Жално е да се гледа како ДУИ се препелка во сопствената кал. Имаа мандат во владите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вкупно цели 20 години, а освен гол популизам, нивните наводни остварувања за Албанците немаат никаква реална политичка тежина, реагираат од ВЛЕН. Сега излегуваат на виделина сите нивни манипулации. Наместо системски и долгорочно да ги решаваат прашањата за правата на Албанците тие ни оставија во наследство фалични алатки кои биле само ...
Со цел да се спречи растот на цените и да се помогне на земјоделците и домашното земјоделско производство, денеска на 166-та владина седница, Владата донесе Одлука каде што се ограничува маржата на цената на вештачките ѓубрива. Целта е да се обезбеди достапност до ѓубривата и да се заштитат земјоделците од растот на цените. Станува збор за две одлуки кои што ќе стапат на сила и истите ќе се применуваат до 31.05.2026 година. Првата одлука се ...
За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра, информираат од Царинска управа. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за ...
Слоганот „Отвори прозорец кон нови светови“ го одбележува 38. издание на Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 23 до 29 април во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во текот на седумте дена, посетителите ќе имаат можност да избираат од богата понуда на книги од домашни и од странски автори, да присуствуваат на над 100 промоции, средби со автори, работилници и дискусии. Со учество на повеќе од 60 издавачки куќи и очекувани околу 30 000 ...
Драмскиот театар Скопје одбележува 80 години постоење со праизведбата на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Претставата носи силна општествена порака, инспирирана од современите глобални состојби, и претставува своевидна постмодерна рефлексија на „Диво месо“ од Горан Стефановски. Во претставата играат: Рубенс Муратовски, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Сара Климоска, ...
На 20.04.2026 во 22:45 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од пехчевско село пријавила дека на 19.04.2026 околу 20:30 часот во нејзиниот двор во селото, нејзиниот поранешен сопруг М.М.(42) од истото село физички ја нападнал неа и нивната 16-годишна ќерка. На 20.04.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 21:00 часот, по претходна вербална расправија, била физички нападната од ...
Во однос на изнесените ставови во јавноста за неопфатеност на категории на граѓани во здравственото осигурување, споделуваме точни и целосни информации за опфатот на осигуреници, изјави денеска Сашо Клековски, ФЗОМ. Македонија е дефинирана како социјална држава, а согласно Законот за здравствено осигурување постојат повеќе основи за задолжително здравствено осигурување, со што системот е поставен инклузивно и социјално одговорно. Обезбедено ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), кој се одржува во Женева. Темата на овогодишниот форум е „Заедничко трансформирање: иновативни и правични активности за Целите за одржлив развој“. Во својство на ко-претседавач, министерот Муцунски ја отвори пленарната сесија, нагласувајќи ја потребата ...
Уште не постои важечко барање за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија. Барањето поднесено од претходната влада СДСМ е истечено, а актуелната Влада на Мицкоски не поднела ново барање. Исто така, нема активна потерница од Интерпол за негово апсење. Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не направиле за да го вратат Груевски во Македонија и да одговара пред правдата. Ова не е случајност. Ова е јасен доказ дека Мицкоски ја штити криминалната ...
Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk е повторно во функција кој поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги беше привремено недостапен. По надминувањето на техничките предизвици и завршувањето на неопходните активности за надградба, услугите на порталот повторно им се ...
Во рамки на стратешката заложба за поддршка на образованието и локалната заедница, рудникот за бакар Бучим ја поддржа реализацијата на младинскиот едукативен формат „Late Night ECO / Ecologically Speaking“. Овој проект е посветен на продлабочување на знаењата за екологијата, одржливоста и заштитата на животната средина меѓу младата популација. Проектот се фокусира на едукација на ученици и студенти преку дигитални платформи и има за цел да ...
Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава. Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец ...
Согласно проекциите на Државниот завод за статистика, до 2070 година Македонија ќе има само 3.760 деца до десетгодишнa возраст и 3.209 лица под 30 години. Дополнително на тоа пензионерите ќе ја надминат бројката на работотспособно население, а проекциите се дека до 2070 во земјава најбројно население ќе биде на возраст над 70 години, за што зборуваат и бројките, според кои население до 30 години ќе биде за скоро 10.000 помалку од население ...
Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на свечената седница по повод 35 години од основањето на СДСМ.Филипче додаде дека граѓаните заслужуваат поинаква политика и подобра иднина. -Лагите, лажниот патриотизам, сировиот национализам на штета на меѓуетничките односи заврши. Ја враќаме власта во рацете на граѓаните. И затоа вечерва, на 35-годишнината на СДСМ, сакам да ...
По долго боледување, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении. ЗНМ изразува длабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на Гордана Дувњак. Како долгогодишен член на ЗНМ и поранешен член на Советот на честа при ЗНМ, таа активно ...
На 22 април, на големата сцена во МНТ премиерно ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“ од Франц Ксавер Крец, најпознатиот и најизведуваниот жив германски драмски автор, чија комплексност се мери со делата на Бертолт Брехт. Претставата ја потпишува наградуваната белградска режисерка Татјана Мандиќ Ригонат, препознатлива по бескомпромисен и форензички точен театарски јазик. Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони ...
Во саботата (18.04.2025-та година), во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, попозната уште меѓу граѓаните како „Партизан“, под покровителство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, и коорганизаторство на самата Општина, се одржа Европско првенство во кинеско борење – SHUAI JIAO2026 на кое учество освен од нашата држава, зедоа тимовите од Италија, Германија, Србија, Шпанија, Франција, Босна и Херцеговина, како и претставници ...
Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”). Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцираше важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи уметници, продуценти и културни организации од Европа, регионот и пошироко. ...