Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Екипата на Вардар издвојува победа над Виртус од Сан Марино со 3-2 во последниот тест натпревар на подготвките во Италија. „Црвено-црните“ одново не успеаа да ја сочуваат својата мрежа, но за разлика од соочувањето со Ла Фиорита (1-1) овојпат постигнаа три гола преку Закариќ (2) и Велковски и се изборија за триумф. Шкендија пак на подготовките во Словенија ремизираше против украинска Зорја (2-2). Стрелци на погодоците за клубот од Тетово беа ...
Александер Зверев имаше успешен старт на Вимблдон, грен слем на кој ја има улогата на втор носител. Германецот славеше над Александер Блокс од Белгија со 3-1 во сетови и тоа во меч кој траеше три часа. Ова воопшто не беше лесен предизвик за Саша кој мораше добро да се испоти за да дојде до посакуваниот резултат и тоа во средбата во која решаваа нијанси и потврда за тоа е дека се играа дури три тај-брејка. Освојувачот на Ролан Гарос отвори со ...
Репрезентацијата на Норвешка го доби соочувањето со Брегот на Слоновата Коска и избори пласман во осминафиналето на Светското првенство. Скандинавците славеа со 2-1 во интересниот меч во Далас кој беше одбележан од прекрасни погодоци. Офанзивецот Нуса донесе предност за Норвежаните во 39 минута, предност која беше активна на семафорот до 74 минута кога фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Диало стрелаше за 1-1. По ова се некако изгледаше дека ...
Пелистер на лош начин ја заврши натпреварувачката 2025/2026 и тоа со драматичен пораз од Шкендија Арачиново кој значеше преселба во втората лига. Овој неуспех значаше и нова реорганизација на клубот од Битола, па така Димитар Митревски ја доби одговорната улога да биде претседател. Првиот негов потег е назначувањето на нов тренер, а тоа е искусниот Борче Христов со кого е потпишан двегодишен договор. –Веруваме дека неговото знаење, карактер и ...
Калин Ивановски го очекува настап на турнирот во Скопје (Macedonian Open), но пред истиот имаше можност да проговори за Лина Ѓорческа и нејзините резултати со кои избори пласман во главната фаза на Вимблдон. Ѓорческа испиша историја за нашиот тенис, успеа преку квалификациите во кои оствари три победи да дојде до главниот ждреб каде пак во првото коло загуби од една од најдобрите тенисерки на светот Аманда Анисимова. – Лина и нејзиниот ...
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ќе треба да расчисти и реши доста важни прашања во овој летен преоден рок, но во исто време ќе работи и на засилувања со тоа што еден важен ас, трансфер операција веќе официјално е затворена. Нов член на тимот од „Метрополитано“ е 30-годишниот Алехандро Грималдо Гарсија. Грималдо во претходниве три години беше дел од Баер Леверкузен, период во кој беше најдобар лев бек во лигата. Алехандро е дете на ...
Премиерлигашот Тотенхем е еден од најактивните клубови на пазарот, продолжува договори на дел од своите играчи, но и веќе донесе проверени имиња како Енди Робертсон, Маркос Сенеси и Јан Пол Ван Веке. Се споменуваат и други имиња кои се на листата, а едно од нив набрзо ќе биде „чкртнато“ затоа што ќе пристигне во северен Лондон. Повеќе избори пренесуваат дека „петлите“ ја добиле битката со Манчестер Јунајтед за потписот на 21 годишниот Матеуш ...
Леброн Џејмс дефинитивно ја завршува приказната со Лос Анџелес Лејкерс, тимот чиј дрес го носеше од 2018 година. Џејмс одлучил дека е време за разделба со „езерџиите“, но иако во декември ќе го прослави 42 роденден не планира да замине во пензија и ќе ја игра 24. НБА сезона во кариерата. „Кралот“ си заминува од Калифорнија со една освоена титула во 2020 година и се чини оваа разделба е најдобра за двете страни затоа што Џејмс во последните ...
Новак Ѓоковиќ мораше да го пронајде својот најдобар ритам за да ја мине првата пречка на Вимблдон, но покрај тоа што на крајот прослави со победа, за време на мечот со Кинезот Ву се најде и во несекојдневна ситуација. Српскиот ветеран е познат како голем шоумен кој знае како да ја забавува публиката, а во дадената ситуација, се најде во центарот на вниманието со порака за еден млад пар. Младо момче клекна на колена и ја побара својата девојка ...
Италијанскиот прволигаш Милан и официјално го потврди најскапото засилување во историјата на клубот, засилување кое доаѓа од европскиот шампион Пари Сен Жермен-Гонсало Рамош. „Росонерите“ се одлучија за платат фантастични 74 милиони евра за досегашниот резервист на „светците“, сума која според информациите може да дојде и до 90 милиони евра со бонуси. Португалецот има 25 години и најдобрите партии ги имаше во Бенфика од каде премина во ПСЖ ...
Пред нас се уште три натпревари од 1/16 финалната рунда на Светското првенство, натпревари во термините од 19:00, 23:00 и 03:00 часот. Први на големата сцена ќе излезат репрезентациите на Брегот на Слоновата Коска и Норвешка, потоа во акција се впушта првиот фаворит за трофејот Франција и тоа против Шведска, а на крајот домаќинот Мексико ќе се обиде да го продолжи мундијалскиот сон во соочувањето со незгодниот Еквадор. Поранешниот англиски ...
Денеска на Плоштад „Расадник“ во Општина Кисела Вода беше отворено Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади. Најдобрите 580 деца од четирите региони во Македонија се натпреваруваа во десет спортски дисцплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал, баскет 3х3, ракомет, одбојка и одбојка на песок, атлетика, народна топка, пинг-понг, тенис и шах. Победниците (вкупно 204 деца) од првото издание на Плазма Спортските игри за млади ќе ...
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас по вторпат во својата кариера си заминува од италијанскиот прволигаш Наполи. Првиот мандат му беше до 2019 до 2024 година, а овој вториот траеше една сезона и тоа како позајмен играч од РБ Лајпциг. Тој во натпреварувачката 2025/2026 одигра 44 средби за наполитанците, постигна еден гол и запиша четири асистенции што беше недоволно за калчолигашот да го откупи неговиот договор од Лајпциг. -Наполи секогаш ...
Македонија ја очекуваат дуели со Ирска и Луксембург во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, мечеви на кои во конкуренција ќе биде и Нејт Сестина. Сестина некое време има македонски пасош, но ова ќе биде прва шанса да дебитира за селекцијата која ја предводи Жозеп Марија Берокал. –Одлично се чувствувам овде. Тимот ми посака добредојде и моето прво искуство во Македонија е одлично. Имаме добар тим кој може да се натпреварува. ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го одигра својот прв меч на главен турнир на најголемата тениска сцена и тоа на Вимблдон каде ги одмери силите со една од најквалитетните светски тенисерки Аманда Анисимова. Лина не успеа да направи изненадување и загуби со 2:0 во сетови со 6:3 и 6:2, но ова искуство ќе го памети до крајот на животот. -Дури и ако не сакам да слушам пред мечот, тоа е насекаде. Во моментов нема многу работи што се ...
Ендрик мораше да оди по потешкиот пат за да ја придобие довербата од Карло Анчелоти уште во времето кога заедно соработуваа во Реал Мадрид, а сега како човек кој го има за свој надреден во репрезентацијата, младиот бразилски напаѓач конечно дочека поголема минутажа. Анчелоти го вметна Ендрик во игра на стартот на второто полувреме против Јапонија во обид да се избори пресврт, а откако „кариоките“ успеаја во таквата намера, младиот напаѓач не ...
Во внатрешноста на белото палто со кое излезе Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, посебно внимание привлекоа црните букви на кирилично писмо, а пораката која беше сокриена во внатрешноста на сакото предизвика голема интрига кај српските, но и светските медиуми. Легендарниот српски тенисер одигра четири сета на стартот на својот 21-ви настап на Вимблдон и славеше со 3:1 против Кинезот Ву, но сосема очекувано, по победата доста прашања доби и за ...
Роналд Куман е мета на жестоки критики откако Холандија испадна од мундијалот, не само поради прикажаната игра на натпреварот, туку и поради фактот што реши да го промени системот и да ја измени тактиката за дуелот со Мароко. Иако беа на прагот од победа, примениот гол во 91-та минута промени се за „лалињата“, па слободно може да се каже дека тие беа поголеми среќници што мечот отиде во пенал рулет. Вербруген ги одржа своите соиграчи во игра, ...
Германија како фудбалска нација важеше за вистинска велесила и една од најголемите селекции на сите големи натпреварувања, но тој тренд се промени во последните десетина година и потврда за тоа добивме и на турнирот во САД, Мексико и Канада. „Ди Маншафт“ важеше за вистински гигант од кого стравуваа сите останати селекции од светот, но после последната титула освоена во 2014-та година, бележиме период во кој Германците едноставно не личат на ...
Американката Аманда Анисимова ја оправда фаворитската улога во дуелот од првата рунда против Лина Ѓорческа, но не пропушти да подели нови пофални зборови за македонската тенисерка која испиша историја. Лина дебитираше на грен слем турнирот во Лондон и го стави македонското знаме на светската тениска мапа, па покажа добар тенис и во пресметката со минатогодишната финалистка на Вимблдон. Тенисот е суров спорт и тоа најдобро го знае Анисимова ...
Џошуа Кимих е еден од оние играчи кои преземаа одговорност по новиот мундијалски срам на Германија, нешто што и се очекуваше од играч кој е капитен на овој германски тим. Ѕвездата на Баерн Минхен говореше по болната елиминација од Парагвај и призна дека заслужено ги пакуваат куферите, особено откако тимот одиграл три разочарувачки натпревари против ривали кои се далеку од светска класа. Со исклучок на првиот меч против аутсајдерот Курасао, ...
Лина Ѓорческа вечно ќе го памети 30-ти јуни како ден во кој испиша македонска историја, од едноставна причина што тенисерката од Тетово стана првата од нашата земја која настапила на еден од главните турнир на четирите грен слем турнири. Лина се погрижи да го видиме македонското знаме на најпрестижниот тениски турнир во светот и имаше свој настап денеска на теренот број 2 на Ол Ингланд клубот, но може слободно да се каже дека и достоинствено ...
ГРК Охрид почна да прави проекции за новата сезона уште пред историската титула во ЕХФ Купот, па добар дел од засилувањата ги потврди уште во месец мај. Амбициозниот суперлигаш има за цел да се надградува и дополнително да се прикажува во извонредно светло на домашна и европска сцена, па водејќи се по тој патоказ, Охрид денеска го потврди и седмото летно засилување. Мартин Ивановски е македонски репрезентативец кој реши да се врати во својот ...
Германската јавност со денови и месеци ќе бара вина за новото мундијалско фијаско кое го приреди националниот тим, па иако товарот најмногу се очекува да падне на селекторот Јулијан Нагелсман, дел од експертите веќе почнуваат да го вперуваат прстот и кон самиоте играчи. Џошуа Кимих беше доволно искрен за да призна дека одговорноста треба да се бара кај самите фудбалери, па иако капитенот не сакаше да именува соиграчи, во јавноста посебно ...
Парагвај го режираше најголемото изненадување во досегашниот тек на мундијалот и го елиминираше четирикратниот светски шампион Германија, а иако признание мора да им се оддаде на сите играчи кои се појавија на теренот, еден сепак се издвојуваше. Орландо Хил го одржа својот тим во игра во регуларниот дел и потоа во дополнителните 30 минути игра, по што прерасна во национален херој и во пенал рулетот. Високиот парагвајски голман со својот стави ...
Бен Ротенберг важи за еден од најпознатите и највлијателни тениски експерти во модерната ера на овој спорт, а неговите објави често знаат да имаат милионски споделувања и да предизвикаат безброј реакции. Познатиот новинар специјализиран за тенис е посебен и поради фактот што им дава на значење на резултати кои не се баш најпопуларни за светската јавност, па како таков, сега издвои дел од своето време и за најдобрата македонска тенисерка во ...
Јаник Синер не изгледаше најсвежо и најразиграно на стартот на 139-то издание на Вимблдон, но сепак успеа да ги надмине препреките и после пет сета да обезбеди тежок пласман во втората рунда. Миомир Кецмановиќ го притисна Италијанецот и го натера да се враќа од негатива од 2:1 во сетови, па откако светскиот рекет број еден успеа во намерата да направи пресврт, можеше да биде задоволен поради две причини. Првата поради фактот што успеа да го ...
Холандија покажа добра игра во групната фаза и се издвои како една од селекциите кои можат да бидат фаворити од сенка, но кога дојде моментот на вистината, „лалињата“ потклекнаа на првиот голем предизвик. Среќата не ги посака и уште во воведната нокаут рунда добија исклучително тежок противник, па иако беа блиску до победа, Холанѓаните на крајот загубија од Мароко во драматичен пенал рулет. Роналд Куман мораше да се помири со нов пораз и ново ...
Јулијан Нагелсман е оној кој сигурно трпи најголеми критики по новото мундијалско фијаско за Германија, но иако звучни и реномирани медиуми бараат експресна смена, младиот стручњак кој има важечки договор до 2028-ма година не планира да се откаже така лесно. Третото големо разочарување на трето Светско првенство во низа прави работите во Германија да изгледаат исклучително лошо и хаотично, па иа покрај тоа што актуелниот германски тим не ...
Бразил мораше да прави пресврт против Јапонија и на потешкиот начин избори осминафинале, но за разлика од Германија и Холандија, „кариоките“ си ја завршија својата работа и не дозволија рана сензација. Тимот на Карло Анчелоти покажа карактер во тешки околности против организираните и трудољубиви Јапонци, па иако херој беше Мартинели кој постигна гол за 2:1 во 96-та минута, одново главен двигател на играта на Бразил беше Винисиус Жуниор. ...