Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Олимпик Марсеј е еден од најголемите француски клубови, но иако доста вложува не успева да се наметне и претставува сериозна конкуренција за Пари Сен Жермен. Тој има проблем и да стекне статус на втора екипа во оваа ера на доминација на „светците“, меѓутоа можеби тоа ќе се промени по најновиот потег, назначувањето на стратегот кој низ годиниве имаше одлични резултати во Лига 1-тоа е Бруно Женесио. Женесио во својот последен ангажман го водеше ...
Македонскиот напаѓач, Милан Ристовски ќе ја смени клупската средина ова лето или поточно ја заврши епизодата во прволигашот од Чешка-Бохемијанс. Тој од 2024 година го носеше дресот на оваа екипа, одигра вкупно 69 лигашки мечеви, а последната сезона ја заврши со пет постигнати голови. Останува да се види која ќе биде новата средина за Милан кој претходно настапуваше во Словачка, Словенија, Хрватска и Македонија каде беше дел од Работнички. ...
Белгија и Сенегал го режираа највозбудливиот натпревар во 1/16 финалната рунда на Светското првенство, не само поради отворената игра и големиот број шанси, туку поради кам-бекот на европската селекција. „Црвените ѓаволи“ беа на работ од бездната и се чинеше дека Руди Гарсија повлекува очајнички потези во еден сигурен пораз, но на крајот испадна дека стратегот на Белгијците прави потези кои донесоа добри одговори на теренот. Сенегал беше ...
Легендарниот Жорж Веа внимателно ги следи случувањата на актуелното светско фудбалско првенство, а во последната изјава за медиум зборувал и за споредбите меѓу Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Двајцата се ривали во Шпанија, но и на ова светско првенсто, а Веа смета дека сепак Мбапе има голема предност, додека шпанскиот репрезентативец допрва треба да го постигне неговото ниво. – Мбапе е феномен, тој е навистина одличен фудбалер и голгетер. – ...
Премиерлигашот Брајтон во новата сезона ќе биде посилен за Лука Вушковиќ, за кого „галебите“ ќе го соборат својот досегашен трансфер рекорд. Преговорите на Брајтон и Тотенхем за правата над хрватскиот репрезентативец траат одамна, а откако првата понуда била одбиена, стигнала и втората, финансиски поисплатлива за лондонскиот тим, па Вушковиќ дефинитивно се сели во Брајтон. Тотенхем ќе заработи фиксни 46 милиони фунти, сумата може да достигне ...
Новак Ѓоковиќ одигра сигурно и во три сета го доби мечот со Стефанос Циципас, со што без проблеми продолжува на годинешното издание на Вимблдон. Српскиот тенисер во првиот сет направи еден брејк и тоа беше доволно за конечни 6:3, а истото се случи и во финишот на вториот сет. Ѓоковиќ му го одзема сервисот на грчкиот ривал во деветтиот гејм, во следниот го потврди и со 6:4 стигна до поубедлива предност. Третиот сет донесе два брејка за ...
Англиската репрезентација имаше негатива на полувреме, но успеа да го добие првиот натпревар од нокаут фазата на СП 2026, па сега може да се подготвува за соочување со кодомаќинот Мексико. Селекторот Томас Тухел има само комплименти за своите фудбалери по крајот на дуелот и истакнал дека Англија заслужила да победи со играта која ја понудила против ДР Конго. – Примивме гол рано, од нивниот прв удар и тоа ја направи ситуацијата уште ...
Сандро Тонали ќе биде нов фудбалер на Тотенхем и официјално ќе соработува со својот сонародник Роберто Де Ѕерби. Вечерва најугледните британски медиуми објавија дека Тотенхем и Њукасл постигнале договор за трансферот на италијанскиот репрезентативец и тој може да достигне 100 милиони фунти. 26-годишниот Тонали ќе го чини лондонскиот премиерлигаш фиксни 92,5 милиони фунти, додека уште 7,5 милиони фунти може да бидат исплатени како евентуални ...
Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ од денеска и официјално е нов член на грчкиот прволигаш Арис. Тимот од Солун потврди дека Димитријевиќ реализирал трансфер од редовите на Зенит и потпишал двегодишен договор со жолто-црните. 28-годишниот Македонец ќе има важна улога во редовите на екипата која ја очекува новата сезона со поголеми амбиции, а доаѓа по полусезона мината во Баерн, клуб со кој настапуваше и во Евролигата. ...
Лос Анџелес Лејкерс ќе има реконструиран ростер во новата НБА сезона, а по разделбата со ЛеБрон Џејмс и Маркус Смарт, денеска се потврдени и неколку нови имиња за кои клубот ќе издвои важен дел од својот селари кап. Првата и најважна вест за фановите на Лејкерс е пристигнувањето на Вокер Кеслер, американскиот центар кој доаѓа од Јута и кој потпишал четиригодишен договор тежок 130 милиони долари. Јута ќе добие и неколку избори на драфтот кои ...
Исмаел Саибари од денеска официјално е нов член на Баерн Минхен и германскиот клуб реши да го потврди додека тој се уште настапува на СП 2026. Мароканскиот репрезентативец ќе биде сериозно офанзивно засилување за германскиот првак, со кој потпишал петгодишен договор, а доаѓа од редовите на ПСВ Ајндховен. Баерн ќе плати окоу 52 милиони евра за Саибари, кој во првата изјава потврдил дека ја донел одлуката по разговорот со тренерот Венсан ...
Карло Анчелоти веќе ја подготвува бразилската репрезентација за осмифиналната пресметка со Норвешка, но на овој дуел нема да смета на Лукас Пакета. Еден од играчите кои го започнаа мундијалот како стартер во составот на „кариоките“, заработи мускулна повреда на дуелот со Јапонија и лекарскиот тим се надева дека ќе може да го врати во ростерот до крајот на мундијалот. Бразилците најавија интензивен третман за мускулната повреда на играчот за ...
Англиската фудбалска репрезентација мораше да прави пресврт на дуелот со ДР Конго (2:1), но на крајот ја оправда фаворитската улога и обезбеди место во осминафиналето на светското првенство. Африканската селекција подобро го започна натпреварот, а веќе во 7. минута Сипенга успеа да го совлада Пикфорд и ги шокираше англиските фанови во Атланта. Англичаните го подигнаа нивото по примениот гол, имаа неколку големи шанси, Кејн бараше и пенал во ...
Мичел Робинсон даде свој придонес за прва НБА титула за Њујорк Никс по навистина долго време, но веќе не е дел од актуелниот шампион. Медиумите потврдија дека Робинсон постигнал договор за тригодишна соработка со Бостон Селтикс и се сели во големиот ривал на Никс, кој за него ќе одвои 47,7 милиони долари. Во шампионската сезона, Робинсон одигра 60 натпревари и имаше важен придонес за екипата, додека во плејофот заврши со просек од 4,8 поени и ...
Англиската фудбалска репрезентација има негатива на полувреме на дуелот со ДР Конго во нокаут фазата на СП 2026, а дел од поранешните фудбалери сметаат дека Хари Кејн требало да добие пенал во спорната ситуација во финишот на првиот дел. Кејн имаше контакт со голманот Мпаси, но судиите проценија дека истиот бил инициран од напаѓачот, кој ги постави нозете, очекувајќи сценарио во кое неговата репрезентација ќе добие удар од белата точка. Алан ...
Нотингем Форест ќе има нов менаџер во новата сезона, а англиските медиуми тврдат дека веќе е познат наследникот на Витор Переира. Португалскиот стручњак преговараше за продолжување на соработката со „шумарите“, но тој и клубот дефинитивно не успеале да пронајдат компромис и Переира ќе ја напушти клупата на поранешниот европски шампион. Негов наследник би требало да биде Оливер Гласнер, австрискиот стручњак кој успешно го водеше Кристал Палас, ...
Новото раководство на Јувентус почна да повлекува први потези во однос на преодниот рок, па наскоро се очекува официјализирање на трансферот на талентиран напаѓач на Џенова. Се работи за 19-годишниот Џеф Екатор, кој минатата сезона постигна три гола во Серија А, но со својот талент и предиспозиции, го привлече вниманието на поголемите клубови. Екатор е напаѓач кој одговара на барањата на тренерот Лучијано Спалети, а оди и во прилог на желбата ...
Раководството на Челси реагираше експресно во завршните моменти од преговорите на Аталанта и Интер за Марко Палестра и на крајот успеа да го добие потписот на италијанскиот репрезентативец. Десниот бек доаѓа за сума од 47 милиони фунти, од кои дел се во вид на потенцијални бонуси и е прво официјално засилување во ерата на новиот менаџер Чаби Алонсо. 21-годишниот фудбалер потпишал шестгодишен договор со Челси, а Аталанта уште еднаш одлично ...
Јаник Синер денеска не мораше да игра пет сета за победа на Вимблдон, но доби сериозен отпор од Нуно Борхес. Во првиот сет Италијанецот не можеше да дојде до брејк против португалскиот ривал, но во тај-брејкот беше подобар со 7:4, а во вториот сет мораше да враќа брејк, за подоцна повторно да издоминира во тај-брејк завршницата. Третиот сет донесе еден брејк повеќе за фаворитот и резултат 6:4, па Синер по 154 минути игра се пласираше во ...
Лос Анџелес Клиперс прифатиле да се разделата со својата голема ѕвезда Каваи Ленард и ќе го испратат искусниот кошаркар во редовите на Торонто Репторс. Ленард се враќа во тимот со кој освои НБА титула во 2019 година, а за возврат Клиперс ќе ги добијат Брендон Инграм и Грејди Дик, како и уште неколку пикови за наредните драфтови. Ленард беше лидер на Торонто кој во 2019 година ја освои титулата победувајќи го Голден Стејт во финалето на ...
Калин Ивановски одлично го започна на силниот фјучрс во Скопје, победувајќи го уште на стартот првиот носител на овој турнир. Најдобриот македонски тенисер имаше сериозен ривал против себе, а тоа е рускиот тенисер Андреј Чепелев, но со доминантна и сигурна игра, стигна до посакуван триумф без загубен сет. Во првиот сет му беше доволен еден брејк за конечни 6:4, додека во вториот, Ивановски набрзина направи два брејка, а до крајот рутински го ...
Во период кога цела германска јавност пишува и зборува за новото мундијалско разочарување кое го режираше националниот тим, нормално е да пристигнат реакции од фудбалери кои во минатото со успех го носеа дресот на „Ди Маншафт“, а таков сигурно е и Михаел Балак. Германија повеќе од една деценија го бара својот идентитет и постојано се губи во почетната фаза на Светските првенства, но третото големо фијаско во низа отвора прашања кои ќе мора ...
Килијан Мбапе пишува нова историја на мундијалите од својот прв наста на Светските првенства кога ја освои титулата со Франција пред осум години, а сега после 18 одиграни натпревари на најважниот турнир во светот, актуелниот капитен на „триколорите“ има 18 постигинати голови. Мбапе почна да го добива епитетот „господи Светско првенство“ поради неверојатната гол-статистиката која ја има на мундијалите, но додека цела јавност говори за тоа и ...
Фудбалската федерација на Македонија во почеток на оваа година, во соработка со УЕФА, го започна процесот на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал. Во рамки на процесот, беше реализирана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставниците на ФФМ вклучени во подготовката на новата стратегија, со претставниците на УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус ...
Франција се прикажа во ново фуриозно издание и запиша четврта победа на ова Светско првенство, турнир на кој се обидува да дојде до трето финале во низа на Светските првенства. Со четвртиот триумф „галските петли“ изборија место меѓу најдобрите 16 во светот, но во ситуација кога јасна цел е големото финале и титулата до Светското првенство, мора да се посочи дека според прикажаната игра, избраниците на Дидие Дешамп полека се издвојуваат како ...
Един Џеко му правеше друштво на Сергеј Барабрез на официјалната прес-конференција која ја одржа Босна и Херцеговина пред натпреварот со Америка, натпревар кој добива дополнително на жар поради провокативните изјави кои доаѓаат од САД. Американските медиуми и експерти целосно ја потценуваат балканската земја и во мислите веќе се во осминафиналето, а бидејќи такви најави пристигнуваа и од Италија пред фамозното бараж финале, јасно е дека ова ќе ...
Станислас Вавринка и Матео Беретини го одиграа убедливо најдобриот и најквалитетен меч во првото коло на Вимблдон, а како квалитетни играчи кои се борат за различни цели во овој момент, на крајот победи помладиот Италијанец. Поранешниот финалист на Вимблдон славеше после четири возбудливи и драматични сета во кои постојано имаше тајбрејк завршница, па со оглед на тоа што нивото на тенис кое го понуди Вавринка беше импресивно, новинарката која ...
Карло Анчелоти ужива во својата улога на лидер на бразилскиот тим, а откако „кариоките“ се пласираа во осминафинале на Светско првенство, дојдоа и моменти за мало опуштање. Анчелоти ја врати бразилската репрезентација на посакуван колосек и засега се оди според планот, но покрај тоа што се обидува да наметне системи од Европа кои можат да им помогнат околу тактичката дисциплина, Италијанецот сепак не сака да им ја одземе магијата која ја ...
Тони Крос фудбалски се одјави во репрезентативниот дрес на Германија на Европското првенство кое се одигра пред две години, а ако тогашниот настап на „панцирите“ беше окарактеризиран како задоволителен, овој на Светското првенство во САД, Мексико и Канада добива тежина на големо фијаско. На трет мундијал во низа, четирикратниот светски шампион се покажа во ужасно издание и добивме потврда дека германскиот тим веќе не важи за фудаблска ...
Американската јавност со голема доза на потценување гледа на Босна и Херцеговина и дел од медиумите очекуваат висока победа на „змејовите“ во 1/16 финалната рунда, но пред да дојде ред да се игра мечот, своја шанса за давање изјави добија и претставниците на балканската земја. Посебно провокативен во најавите беше Тим Хауард, а како поранешен прв голман на Манчестер Јунајтед, неговите зборови силно одекнаа во светската спортска јавност. – – ...