Елиф Елмас по вторпат се раздели од Наполи, тим кој одлучи да не откупи и го врати назад во РБ Лајпциг, клуб со кој нашиот репрезентативец има договор до 2028 година. Меѓутоа ова не значи дека Елмас нема да го гледаме во Серија А во натпреварувачката 2026/2027 затоа што доаѓаат вест од Апенините кои говорат дека еден од најголемите италијански великани посакува да го води во своите редови. Тутомеркато пренесува дека Јувентус е заинтересиран ...

Мароко веќе го чека својот противник во четвртфиналето на Светското првенство, а тоа ќе биде подобриот од битката меѓу Франција и Парагвај. „Триколорите“ се селекција која покажа најмногу на досегашниот дел од турнирот, селекција која даде 13 гола на претходните 4 натпревари, но за ривал имаат тим кој знае да игра многу тврдо и да шокира фаворити како што беше Германија, но и Турција во групната фаза. Дешамп направи само една промена во ...

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува завршниот меч од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, меч на гостински терен против Луксембург. Ова е соочување на кое ќе настапиме со скратен ростер, но во исто време имаме амбиција и цел да оствариме нова победа и го задржиме перфектниот учинок во оваа фаза. Натпреварот е закажан за утре од 16 часот, а денеска избраниците на Жозеп Марија Берокал имаа можност да го ...

Репрезентацијата на Мароко е прв патник во четвртфиналето на 23. Светско фудбалско првенство, фаза во кој стигна по вечерашната победа над Канада. Мароканците славеа со 3-0, резултат кој не дава јасна, комплетна слика за тоа што се случуваше на теренот, но африканците ги искористија најдобрите шанси и го исфрлија од турнирот еден од ко-домаќините на овој најголем фудбалски настан. Во првиот дел Мароко остана без најдобриот напаѓач Саибари кој ...

Влеговме во втората нокаут рунда на Светското првенство што јасно говори дека ниту една репрезентација нема право на грешка затоа што истата води кон елиминација од турнирот што се игра во САД, Канада и Мексико. Меѓутоа повеќе од јасно е дека од фаза во фаза ќе се збогуваме со националните тимови за да на крајот го добиеме тимот, земјата која ќе биде на тронот во следните четири години. Хари Реднап како човек кој долго време беше во фудбалот ...

Македонскиот ракометен прволигаш Бутел продолжува да го составува тимот со кој ќе настапи во натпреварувачката 2026/2027, сезона во која екипата ќе биде предводена од легендарниот Стојанче Стоилов. Дел од Бутел и во наредниов период ќе бидат и талентираните Марко Каевски и Давид Јаневски. Актуелните младински репрезентативци на Македонија ќе останат во сегашната средина до 2028 година. Претходно Бутел ги врза со нови договори Теодор Тодески, ...

Ова е ден за големи изненадувања на женскиот дел од турнирот на Вимблдон, ден во која беше елиминирана втората носителка Елена Рибакина, но и актуелната шампионка Ига Швјонтек. Втората носителка Рибакина елиминирана, Серена го откажа настапот во дубл на Вимблдон Имено Ига беше шокирана од 21-годишната тенисерка од Филипините, Александра Ијала. Алекс клучниот потег го направи во првиот сет во кој славеше во тај-брејкот со 11-9 и водена од ...

Александер Зверев ја забележа третата победа на Вимблдон, триумф кој го оствари над Американецот Маркос Гирон. Саша важеше за апсолутен фаворит во ова соочување и тоа го потврди на зелениот терен каде го нокаутираше ривалот во три сета. Германецот тргна со убедливи 6-2, потоа наиде на силен отпор и во втората рунда мораше да игра тај-брејк кој го реши со 7-4 за да потоа го заоружи мечот со 6-4. Нареден противник ќе му биде Јиржи Лехечка од ...

Македонските тенисери, Обрад Марковски и Горазд Србљак ја освоија титулата во двојки на ИТФ фјучерсот во Скопје што се игра на земјена подлога за награден фонд од 30.000 долари. Марковски и Србљак денеска остварија две победи, прво во полуфиналето подобри од јужноамериканците Николас Буена и Франциско Томас Гешвинд со 2-0 во сетови, а потоа во битката за трофејот ги надиграа Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија. Мотивираните Обрад ...

Членот на Мерцедес, Кими Антонели продолжува да „лета“ во Ф1 шампионатот, поточно го заокружи овој совршен ден за него со освоената пол-позиција во квалификациите за главната трка за Големата Награда на Велика Британија. Лидерот во генералниот пласман неколку часа претходно славеше на спринтот на Силверстоун за да сега дојде до првата позиција во квалификациите пред утрешната трка. Антонели го доби спринт дуелот со Хамилтон на Силверстоун ...

Започнува осминафиналната фаза на Светското првенство, шестнаесет репрезентации кои се борат за билет за четвртфиналето, влез во топ 8. И во оваа втора нокаут рунда имаме парови во кои одредени селекции се апсолутни фаворити на хартија, но хартија е едно, теренот е друго и тоа најдобра во 1/16 финалето го почувствува Германија која беше елиминирана од Парагвај. Исто така не треба да заборавиме дека Англија се мачеше со ДР Конго, Аргентина ...

Со дуелот меѓу Канада и Мароко се отвара осминафиналната рунда на Светското првенство, меч по кој ќе го дознаеме првиот патник во Топ 8 фазата на собирот на најдобрите селекции на планетава. Канада е еден од ко-домаќините на овој настан, меѓутоа веќе втор меч игра надвор од својата земја и тоа во САД, овојпат во Хјустон против селекцијата која на минатото СП го освои четвртото место. Селекторот на Канаѓаните, Марш се одлучи за формација 4-4-2 ...

Серена Вилијамс ги разочара тениските фанови откако во последен момент сепак го откажа настапот во дубл на Вимблдон, во кој требаше да игра заедно со својата сестра Винус. Ветеранката заработи повреда при поразот во првото коло во сингл конкуренција, а очигледно не успела навреме да го санира проблемот и не сака да ризикува посериозен проблем. Сестрите Вилијамс требаше да се соочат со Солана Сиера и Камила Осорио, но на крајот нема да има меч ...

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски избори место во големото финале на ИТФ фјучерсот што се одржува во Македонија и тоа откако во денешното полуфинале оствара драматична победа над Јанаки Милев. Калин го доби првиот сет со 6-4, но потоа доживеа пад во играта и Бугаринот со 6-2 израмни на 1-1 во сетови. Во решавачката трета рунда Милев во десеттиот гејм имаше две меч топки, а откако тие не ги искористи нашиот Калин доби на самодоверба и ...

Одличните настапи на Ајуб Буади за мароканската репрезентација отворија дебата во француската јавност за тоа зошто „триколорите“ го испуштиле фудбалерот кој е роден и долго игра во Франција. Буади на 18-годишна возраст ги воодушеви фановите кои го следат мундијалот, а причината што го избрал Мароко е што немал трпение да чека да биде повикан од Дидие Дешамп. Тоа го потврдил техничкиот директор во Француската федерација, Ибер Фурние. – Буади е ...

Кол Палмер е една од големите премиерлигашки ѕвезди кои извисија на списокот на Томас Тухел за СП 2026, а деновиве тој првпат ја коментирал ваквата ситуација пред англиските медиуми. Многумина сметаат дека Палмер требало да добие место во мундијалскиот состав, но ѕвездата на Челси мора да ги гледа сонародниците на тв екраните, а преку „Тајмс“ испратил порака и до селекторот. – Секој фудбалер сонува да игра на СП, но не можам да ја променам ...

Златан Ибрахимовиќ не штедел комплименти за репрезентативците на Зеленортските Острови, кои утринава загубија во продолжение по голема драма од актуелниот светски шампион Аргентина. Поранешниот фудбалер како стручен коментатор на „Фокс“ зборувал за она што се случувало на натпреварот во Мајами и ги пофалил членовите на поразената селекција. – Овие момци се херои. Тие станаа идоли на сите жители на малиот остров, тие сега се големи ѕвезди. – ...

Килијан Мбапе во минатото добиваше многу критики од француската, но и пошироката фудбалска јавност, но неговите настапи на актуелното светско првенство докажаа дека напаѓачот го променил својот пристап и поради тоа очекувано добива многу комплименти. Во тој стил е и изјавата на Жером Ротен, поранешниот француски репрезентативец, кој инаку во своите емисии не се штедеше во критиките за Мбапе во периодот кога ја доби и капитенската лента од ...

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман е познат по својот брутален начин на критикување кога има некоја негативна појава на фудбалската сцена, а веќе поранешниот селектор Јулијан Нагелсман е негова најнова жртва. Неуспешниот настап на СП 2026 доведе до отказ за Нагелсман и итни преговори со Јирген Клоп, а Хаман вели дека досегашниот селектор зад себе оставил лоши три години. – Не сум многу изненаден од она што се случи. Дали сум ...

Калин Ивановски обезбеди финале во сингл на квалитетниот фјучрс во Скопје, а шанса за титула на овој турнир имаат и Обрад Марковски и Горазд Србљак, кои пак ќе бидат финалисти на турнирот во игра на двојки. Ивановски ја продолжи одличната серија пред домашната публика и денеска беше подобар од седмиот носител, бугарскиот ривал Јанаки Милев, кого го победи со 2:1 во сетови. Милев е далеку подобро рангиран на АТП ранкингот, но Ивановски денеска ...

Лос Анџелес Лејкерс продолжува со реконструкцијата на ростерот во пресрет на новата сезона, а последен играч од кого се откажа клубот од Калифорнија е Диандре Ејтон. По само една сезона во која имаше респектабилен просек, Ејтон се сели во редовите на Вашингтон, додека Лејкерс ќе го добие Џејден Харди и два пика од втората рунда на драфтот во 2031 и 2032 година. Лејкерс го обезбедија Вокер Кеслер од Јута, но сега се ослободуваат од Ејтон, кој ...

Кими Антонели е победник на спринт трката на патеката Силверстоун и дополнително ја зголеми предноста во однос на ривалите во генералниот пласман на Формула 1 шампионатот. Членот на Мерцедес долго му правеше притисок на водечкиот Луис Хамилтон и успеа без проблеми да го претрка на половина од спринтот, по што рутински го задржа првото место до крајот. Актуелниот светски шампион Ландо Норис не беше конкурентен за првото место и во ниту еден ...

Аргентинската репрезентација се мачеше во натпревар со продолжение на кој требаше да доминира, а на крајот успеа да ги елиминира Зеленортските Острови во натпревар на кој противникот постигна автогол во завршните моменти и ги спаси „гаучосите“ од пенали. Селекторот Лионал Скалони бил искрен по средбата и поделил многу комплименти за противникот во шеснаесетфиналето, потврдувајќи дека евентуалната елиминација би била вистински шок кој би се ...

Раководството на Јувентус се уште не успеа да обезбеди нов квалитетен голман, мисија на која работи неколку месеци, а се чини дека го пренасочило својот фокус кон Серија А. По досега неуспешните обиди да се доведат искусни голмани како Алисон, Мартинез и Викарио, италијанските медиуми тврдат дека „бјанконерите“ сега размислуваат за Зион Сузуки. Одличниот голман на Парма и јапонската репрезентација е достапен за клубовите кои би издвоиле околу ...

Бразилската репрезентација досега не ги импресионираше своите фанови, па и покрај фактот што оствари пласман во осминафиналето, јавноста и медиумите не го поштедија селекторот Карло Анчелоти од многу критики. Бразилците правеа пресврт против Јапонија, во осминафиналето се среќаваат со Норвешка, а Анчелоти решил да одговори на критиките истакнувајќи го своето големо искуство како тренер. – Она што го знам сигурно е досега сум подготвувал 1400 ...

Македонската кошарска репрезентација ќе ги комплетира претквалификациите за ЕП 2029 со гостување кај Луксембург, а селекторот Жозеп Марија Берокал направи неколку промени во ростерот за оваа средба. Андреј Јакимовски бил ослободен од селекторот поради претходно најавени обврски поврзани со неговиот трансфер во редовите на Наполи, додека Марко Луканоски ќе и се приклучи на репрезентацијата за играчи до 20 години. На позицијата натурализиран ...

Хозе Луис Чилаверт реши да му реплицира на Кристоф Дигари во пресрет на осминафиналниот дуел меѓу Франција и Парагвај на СП 2026, но тоа го направил со несоодветен коментар, со кој по којзнае кој пат предизвика скандал во јавноста. Легендарниот парагвајски голман беше дел од генерацијата која загуби минимално од Франција на СП во 1998 година, кое на крајот заврши со победа на „триколорите“, а последниве години често го привлекува вниманието ...

Анге Постекоглу изминатиот период заработи неколку откази, но ќе се надева дека такво нешто нема да му се случи во новиот клуб. Австралискиот стручњак е назначен за нов предводник на Ал Наср, екипата предводена од Кристијано Роналдо која стигна до шампионската титула во последната сезона од првенството на Саудиска Арабија. Постекоглу ќе го наследи Жорге Жезус, кој реши да замине откако ја оствари главната амбиција на клубот од Ријад, а новата ...

Франција ќе се обиде да ги продолжи импресивните настапи на СП 2026 и во осминафиналето со Парагвај, а селекторот Дидие Дешамп сепак останал без еден важен играч во ростерот за оваа средба. Медиумите потврдија дека Орелијан Чуамени нема да биде во комбинација за вториот дуел од нокаут фазата, откако не добил зелено светло од лекарскиот тим. Чуамени се пожалил на тегоби на бутниот мускул и го запалил црвениот аларм во францускиот состав, при ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) вчера им направила драма на делегациите и фановите на Англија и Мексико, бидејќи неколку часа течеле преговори за поместување на осминафиналната пресметка на овие две селекции на „Ацтека“. Натпреварот треба да се игра во 18 часот по локално време, но за тој период е најавено невреме и ФИФА размислувала да го помести почетокот за точно на пладне во текот на утрешниот ден. Првично двете делегации не биле ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
56%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.42
74%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.02
78%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.88
57%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.53
66%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.63
94%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.94
42%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
52%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.32
65%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
72%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.04
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36

Калај

56.77

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Рутениум

53852.50

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Паладиум

43435.66

Злато

137126.15