Пиринејското дерби меѓу Шпанија и Португалија беше одлучено со гол на Микел Мерино во 91-та минута, но бидејќи ова не беше последно возбудување во судиското продолжение, видовме и мала драма меѓу досегашни соиграчи од Манчестер Сити. Бернардо Силва потпиша договор со Реал Мадрид за време на мундијалот, а како играч кој влезе од клупата, ја имаше најдобрата шанса за израмнување во самиот финиш. Силва не погоди од непосредна близина со глава во ...

Англија оствари огромна победа над Мексико на култниот стадион „Ацтека“, победа која ќе им донесе огромна самодоверба во пресрет на клучните натпревари на Светското првенство. Англичаните славеа со 3-2, атмосферата во соблекувалната беше фантастична, па дел од играчите успеаа да го насамарат селектор Томас Тухел со една повреда. Дефанзивецот Џон Стоунс почна да се жали на повреда, Деклан Рајс помогна информацијата веднаш да стигне до Тухел ...

Белгија издвојува убедлива победа над Соединетите Американски Држави (4-1) и на тој начин формираше уште еден пар од четвртфиналната рунда на Светското првенство. Предводникот на „црвените ѓаволи“ Руди Гарсија се одлучи на овој меч да тргне без Доку, Лукаку и Де Брујне во почетната постава, потег кој на крајот се покажа исправен и најдобар доказ е остварениот резултат и пласманот во наредната фаза. Де Кетеларе го отвори резултатот во 9 ...

Селекцијата на Бразил не успеа да ја преживее Норвеша и доживеа елиминација од 23. Светско фудбалско првенство. „Кариоките“ ја имаа улогата на фаворит на хартија, имаа свои шанси кои не ги искористија, а во финишот стигна казната преку Халанд кој даде два погодоци пред Нејмар да ги постави конечните 2-1. Со ова заврши уште еден мундијалски сон, нешто што го направи среќен и задоволен легендарниот германски ас Лотар Матеус. -Драго ми е што ...

Кристијано Роналдо го заврши своето шесто мундијалско патување без позначаен успех, па како играч кој најави дека го игра своето последно Светско првенство, не изостанаа и солзите по поразот од Шпанија. Голот на Микел Мерино донесе победа за Шпанија вредна четвртфинале на Светско првенство, но истовремено, ја испрати Португалија дома како една од селекциите кои атакуваа прва светска титула во својата историја. Кристијано Роналдо како капитен ...

Бразил одамна не важи за селекција која сее страв и трепет на светските турнири, па иако и натаму ќе остане најголема велесила кога се освоените титули во прашање, јасно е дека „кариоките“ мора да фатат поинаков пат за да се вратат на старата слава. Карло Анчелоти по елиминацијата од Норвешка посочи дека овој пораз треба да означи нов старт на еден циклус до следното светско првенство, па иако Италијанецот изгледа како трпелив човек кој ...

Педри е дел од шпанската селекција која минува чекор по чекор и веќе е во четвртфиналето на Светското првенство. Шпанците можеби не блескаат како што многумина очекуваа, меѓутоа играат сигурно, знаат што сакаат и засега се функционира како што треба. Во меѓувреме има и други селекции кои одат по тој пат и сакаат да дојдат до топ 8, а меѓу нив е и Аргентина која е предводена од Лионел Меси. Ветеранот и со 39 години прави разлика, ги носи ...

Хавиер Агире прифати да му служи на Мексико и да го води националниот тим на Светското првенство на кое се кодомаќини, а откако одлично го подготви тимот за најважната фудбалска сцена, „ацтеките“ го високо подигнати глави го завршија турнирот. Поразот од Англија со резутлат 2:3 не донесе премногу големо разочарување кај Мексиканците, кои водени од Агире и неговиот помошник Рафа Маркез, воспоставија добри темели кои можат одлично да се ...

Целосната промена во водечката структура и стручниот штаб беше јасна најава дека ќе има корените промени и во играчкиот кадар на Пелистер, а во раната фаза на месец јули, пристигна потврда дека се ослободени шест фудбалери. Фудбалската гордост од Битола денеска ја информираше јавноста дека се завршува соработката со шестмина фудбалери, а станува збор за играчи чии договори истекоа на крајот на месец јуни. – Пелистер им се заблагодарува на ...

Кристијано Роналдо самиот призна дека го игра последниот турнир на Светските првенства во најавата за пиринејското дерби со Шпанија, а откако неговиот тим претрпе пораз, стана јасно дека завршува мундијалскиот сон на капитенот. Роналдо ќе ја заврши својата играчка кариера без титула на светските првенства, бидејќи и во неговиот последен шести обид завршува доста порано од предвидувањата и очекувањата. Португалија немаше многу среќа и налета ...

Норвешка приреди сензација и го победи Бразил во осминафиналето на Светското првенство, па со тоа оствари историски и најголем успех во своето фудаблско патување. „Викинзите“ за првпат во историјата ќе бидат дел од четвртфинална фаза на еден мундијал и до тоа стигнаа со две идентични победи од 2:1 во нокаут фазата, најпрво против Брегот на Слоновата Коска, а вчера и против Бразил. Ерлинг Халанд и соиграчите му приредија ново големо ...

Килијан Мбапе одолеа на сите удари и провокации кои ги доби од парагвајските фудбалери, па откако реши да го заврши натпревар без да се поздрави со голем дел од ривалите, францускиот капитен се најде на удар во јужноамериканската земја. Игнорирањето на голманот Орландо Хил посебно се најде во центарот на вниманието, но убедливо најголеми реакции предизивка една изјава на сенаторка на Парагвај. Селест Амарилја испрати жестока порака со ...

Официјалното соопштение на ФИФА со кое Џани Инфатино се обидува да се оправда од срамната одлука во корист на САД дополнително ги разлути неутралните фудбалски фанови, бидејќи самиот претседател на ФИФА призна дека добил притисок од Доналд Трамп за да му биде поништен црвениот картон на напаѓачот Балогун. Најдобриот голгетер на Американците на овој мундијал заработи црвен картон на мечот против Босна и Херцеговина поради невнимателен старт и ...

Аурелио Де Лаурентис започнува сосема нов проект со нов тренер на челот на тимот, откако Антонио Конте реши да стави крај на својата двегодишна авантура во клубот. Трофејниот струњак самоиницијативно побара да си замине и газдата на клубот му ја отвори вратата, а многу брзо осигура и елитна замена во името на Макс Алегри. Доскорешниот тренер на Милан одново си обезбеди нов амбициозен проект, но сега за првпат ќе работи со човек кој обично ...

Вардар долг период чекаше да се врати на врвот во македонскиот фудабл, а девет години по историскиот пласман во Лигата на Европа, црвено-црниот великан повторно ќе биде дел од елитните квалификации. Новиот македонски првак утре ќе игра во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони и за свој предизвик ќе го има Купс, двомеч на кој голем дел од фудбалерите на Вардар ќе треба да се докажуваат на европска сцена. Позитивните изданија на ...

Марк Касадо е еден од оние фудбалери за кои планирано е да бидат ставени на трансфер листата, се со цел да се обезбедат средства кои ќе им овозможат на Ханси Флик и Деко да донесат посакувани засилувања. Касадо пред една година беше откровение во тимот на Ханси Флик и се изнаигра во првата сезона на Германецот, но оваа втората беше прилично тешка и поради тоа се даваат големи шанси да го напушти „Камп Ноу“. Барселона како клуб се уште се нема ...

Роберто Мартинез ќе се обиде да стане првиот селектор кој ја елиминирал својата родна земја на едно Светско првенство, откако оваа вечер како селектор на Португалија ќе брка таков потфат против селекцијата на Шпанија. Португалија и Шпанија ќе го одиграа големото пиринејско дерби во осминафиналето на Светското првенство, што воедно е реприза на последното финале во Лигата на нации. Португалија го доби тој натпревар во пенал рулетот и покажа ...

После подолго време, Вардар се враќа во фудбалска Европа и ќе биде дел од квалификациите за Лигата на шампиони, фаза која ја стартува утре со натпревар од првото коло. Ждрепката донесе силен и незгоден противник во името на Купс кој е првак на Финска, но сите во Вардар се уверени дека квалитетот сепак ќе исплива на површина и дека утре ќе се прикажат во вистинско светло на домашен терен. Натпреварот се игра на националната арена „Тодор ...

Наместо автоматска казна од еден меч неиграње поради црвен картон, дисциплинското тело на ФИФА го поштеди Фоларин Балогун и му изрече условно отслужување на казната, што значи дека најдобриот американски голгетер сега е ослободен за да игра против Белгија. Овој преседан на мундијалите предизвика лавина од реакции во јавноста и жестоки пораки во изминатите 24 часа доби Џани Инфантино, а после силните критики кои ги доби, првиот човек на ФИФА ...

Нејмар ја започна својата фудбалска приказна во најсилната бразилска репрезентација пред 16 години на „МетЛајф стадионот“ во Њу Џерси, а судбината посака да стави и крај на репрезентативната кариера на овој стадион. Дебито против селекцијата на САД датира од далечната 2010-та година и Нејмар цели 16 години беше лидер на Бразил, но откако во доста поинаква улога го дочека овој мундијал, истиот на крајот го завршува со најтешка можна вест. Неј ...

Арина Сабаленка се уште го има статусот на најдобра светска тенисерка, па иако тоа не го оправдува со изданијата на грен слем турнирите оваа сезона, Белорусинката и натаму е број еден на ВТА листата. Последен шок за неа беше вчерашниот пораз од Наоми Осака во осминафиналето на Вимблдон, неуспех кој дојде по големото разочарување кое го имаше и на Ролан Гарос. Сабаленка е позната како тенисерка која тешко ги прифаќа поразите, па по најновиот ...

Кристијано Роналдо на официјалниот прес пред Шпанија потврди дека го игра своето последно Светско првенство во кариерата, а обраќањето пред пиринејското дерби го искористи за да се пресмета со дел од новинарите. Во период кога ја брка првата светска титула во петтата деценија од животот, Роналдо се уште се соочува со новинари кои попрво им даваат значење на неуспесите, отколку на успесите, а тоа го натера португалскиот капитен да предизвика ...

Роналдо Назарио беше човекот кој имаше улога на посредник за ангажман на Карло Анчелоти, па иако Италијанецот доби поддршка од цела јавност пред мундијалот, новото разочарувачко издание носи критики и за трофејниот фудбалски стручњак. Изненадувачки или не, токму Роналдо Феномено реши да го искритикува Анчелоти за неколку потези кои ги повлече пред турнирот и за време на истиот, па неговата изјавата дефинитивно најсилно одзвонува после ...

Инволвираноста на Џордан Хендерсон на ова Светско првенство беше минорна кога е во прашање минутажа која ја доби, а со исклучок на мечот со Панама кога влезе во завршницата, некогашната ѕвезда на Ливерпул не доби ниту една минута на останатите средби. Така беше и рано утрово против Мексико на „Ацтека“ стадионот, па во ситуација кога никој не зборуваше за него, самиот се погрижи да се најде во центарот на вниманието. Хендерсон заработи една од ...

Македонија успешно ја заврши првата фаза од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029, фаза во која забележавме победи во сите шест натпревари. Селекторот Жозеп Марија Берокал се соочи со доста кадровски проблени, но успеа со оние играчи кои ги имаше на располагање да ја оствари целта. -Ни недостигаа неколку важни играчи, особено на бековските и центарските позиции, но секогаш мораме да се фокусираме на оние што ги имаме на ...

Барселона е мирна кога е во прашање трансфер пазарот што е сосема спротивно од големиот ривал Реал Мадрид кој веќе официјализираше неколку трансфери, а се најауваат и уште некои нови имиња. Шпанскиот првак само го доведе Ентони Гордон што во моментов изгледа прескромно особено ако се остане само на неговиот потпис. Со Барса се поврзуваат повеќе играчи, меѓутоа засега се оди тешко особено кога е во прашање Хулијан Алварез, играч кој би бил ...

Бразил имаше високи цели на Светското првенство, сонуваше за враќање на титулата по пауза од 24 години, но тој мундијалски сон сега е готов и за тоа се погрижи селекцијата на Норвешка. Норвежаните се изборија за славје од 2-1 со двата гола кои во завршницата ги постигна Ерлинг Халанд. Оваа елиминација во осминафиналната рунда е болна и разочарувачка за „кариоките“ и за тоа е свесен капитенот Маркињос кој им се извини на сонардониците, но и ...

Ерлинг Халанд за важи за една од најдобрите „деветки“ во светот на фудбалот, фудбалер кој знае да ги матира ривалите, а последен состав кој го почувствува тоа беше селекцијата на Бразил. Норвежанецот беше добро чуван во најголемиот дел од средбата, меѓутоа на играчи од тоа ниво мора да се внимава низ сите 90+минути затоа што може да се појави и да се уништи, па така беше токму против „кариоките“, даде голови во 79 и 90 со што донесе огремна ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) или поточно нејзинита тела се одлучија да повлечат одлука која предизвика „земјотрес“ во светот на фудбалот, одлука за случајот Фоларин Балогун кој наместо поради црвен картон да го пропушти осминафиналето, тој ќе биде во комбинација за настап на Американците во соочувањето со Белгија. ФИФА му го поништи црвениот картон на Балогун, Американците посилни за дуелот со Белгија Трамп и се заблагодари на ФИФА ...

Тотенхем е најамбициозниот англиски премиерлигаш во овој летен преоден рок во кој прво ги обезбедија дефанзивците Енди Робертсон и Маркос Сенеси како слободи агенти, а потоа агресивно го нападнаа пазарот. Прво беше доведен стоперот Јан Пол Ван Хеке од Брајтон, потоа беше комплетирана операцијата за Матеуш Фернандеш за да денеска официјален стане трансферот на Сандро Тонали. „Петлите“ го носат италијнскиот репрезентативец од Њукасл за сума ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
52%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.44
66%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.11
83%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
58%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.21
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.4
91%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.81
42%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.57
48%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
64%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.79
75%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.44
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Злато

137126.15

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50