Охрид го запиша најголемиот успех во својата историја со освоената европска титула во ЕХФ Купот, но амбициите на суперлигашот не завршуваат тука и целта е проектот да добие уште поголема димензија во сезоната која претстои. Најдобар доказ за тоа се потезите кои се влечат уште во раната фаза од летото, па откако веќе беа договорени и претставени седум големи летни засилувања, се чини дека ова попладне пукна најголемата „бомба“. Охрид соопшти ...

Новак Ѓоковиќ максимално се потроши во историското четвртфинале против Феликс Оже Алијасим и успеа да закаже полуфинален блокбастер против Јаник Синер, а после тешката и маратонска битка која ја заврши со успех, самиот Србин нагласи дека добро ќе му дојдат два дена одмор. Поволна околност за Новак беше тоа што своето четвртфинале го одигра во вторникот вечерта и ќе може подобро да се регенерира за тоа што следи, односно дуелот против ...

Еден Азар верува во чудо и во шансите на Белгија да направи големо изненадување против Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство, но во разговорот кој го водеше за „Марка“, славното крило говореше и за играчите кои го одбележаа досегашниот тек на мундијалот. Трката за „Златната копачка“ е поизедначена од било кога и дел од истата се три или четири имиња, но според Азар, на крајот признанието за најдобар голгетер ќе му припадне на ...

Арда Туран го врати стариот сјај на Шахтјор Доњецк и ја освои титулата во домашното првнество во својата прва сезона како тренер на украинскиот великан, а тимот со него стигна и до полуфиналето во Конференциската лига на УЕФА. Воведната сезона на Турчинот ги задоволи апетитите на раководните луѓе и Арда со големи амбиции ќе ја стартува втората кампања во Шахтјор, пред која играчите на овој тим дознаа дека нема шега со Туран. Некогашниот ...

Мароко денеска ќе ја предизвика Франција во нова пресметка меѓу двете селекции на мундијалите, бидејќи нивниот пат се вкрсти и на претходното Светско првенство кое се одржа во Катар. Мароканците сигурно ќе сакаат поинаков епилог од оној пред четири години, па иако се свесни дека имаат најголем можен предизвик, „атласките лавови“ веруваат во своите шанси. За тоа говореше и Брахим Дијаз на официјалниот прес кој го одржа пред вечерашното ...

Пјерлуиџи Колина како шеф на ФИФА судиите е задолжен за заштита на своите членови кои носат најважни одлуки на Светското првенство, а последен под лупа на јавноста се најде Французинот Франсоа Летексие кој ја делеше правдата на мечот меѓу Аргентина и Египет. Африканските фудбалери и цела египетска експедиција останаа огорчени од Летексие и луѓето во ВАР собата поради двете ситуации кои беа досудени во корист на Аргентина, односно поништениот ...

Златко Далиќ по враќањето од САД имаше обврска да одработи преговори со водечките луѓе на хрватскиот фудбал, но после краток состанок кој се одржа вчера наутро, беше одлучено да се стави крај на едно незаборавно дружење. Далиќ го наследи Анте Чачиќ во 2017-та година и после цели девет години си заминува како најуспешен селектор во историјата на хрватската репрезентација, бидјеќи на два од трите одиграни мундијали успеа да донесе медали за ...

Кристијано Роналдо го остави зад себе својот шести мундијал и не успеа да стигне блиску до посакуваниот трофеј ниту во последниот обид, но по поразот од Шпанија, самиот нагласи дека една од трите освоени титули има значење на Светско првенство. Португалскиот капитен ја посочи титулата од Европското првенство како трофеј кој е еднаков на еден фудбалски мундијал и апострофираше дека оставил богато наследство за оние кои треба да го заменат во ...

Европскиот шампион Шпанија продолжува во четвртфиналето без примен гол во досегашниот тек на турнирот и дефанзивната стабилност прави „фуријата“ да биде етикетирана како една од трите најголавни фаворити за титулата, без оглед на тоа што дел од најголемите ѕвезди се уште не играат на највисоко ниво на овој мундијал. Педри дефинитивно не ги прикажува партиите од Барселона во досегашниот тек на Светското првенство и фановите се надеваат дека ...

Натпреварите на Светското првенство кои се играат во САД се магнет за многу познати лица од шоу бизнисот, а во прв план се и големите холивудски ѕвезди кои не пропуштаат шанса да ги следат натпреварите во живо. Покрај големите фудбалски ѕвезди од минатото кои се редовен колаж од најголемите настани, турнирот на кој главен домаќин е САД овозможи да видиме холивудски ѕвезди на трибините, а меѓу нив се најдоа и Вуди Харелсон и Крис Рок. Двајцата ...

Феликс Оже Алијасим го одигра најдолгиот меч во својата кариера и сигурно долго ќе го памети тоа, бидејќи Канаѓанецот понуди импресивна борба против седумкратниот шампион Новак Ѓоковиќ на централниот терен на Вимблдон. 14 години помладиот Феликс даде се од себе за да го урне неуништливиот Ноле, но на крајот потклекна во супер тајбрејкот и не можеше да се носи со притисокот, но и извонредно цврстиот противник. Ѓоковиќ беше непопустлив во ...

Барселона тргна доста амбициозно на трансфер пазарот и издвои 80 милиони евра за Антони Гордон, но во скоро време, многу веројатно ќе го потврди и второто летно засилување во играч кој покрива крилни позиции. По лично барање на Ханси Флик, Барселона водела „тајна операција“ и преговори за повремениот германски репрезентативец Карим Адејеми, фудбалер кој целосно се совпаѓа на филозофијата на тренерот на Барса, но и на самата игра на ...

Пред нас е четвртфиналната фаза на Светското првенство, но пред тие возбудувања треба да се затвори осминафиналната рунда на 23. фудбалски мундијал. Осминафиналето донесе интересен фудбал, голови и едно позначајно изненадување ако може и да се каже дека е изненадување, елиминацијата на Бразил од Норвешка. Од овој дел ги имеме најдобрите единаесет според Софаскор, формација 4-3-3 во која најдобро оценети се капитенот на Аргентина Лионел Меси и ...

Влегуваме во завршницата на Светското првенство, останаа само уште осум репрезентации кои имаат еден сон, да бидат шампиони, да бидат на врвот во наредните четири години. Меѓутоа само една селекција може да ја има круната, да го има статусот на првак, односно истиот ќе се бара меѓу Франција, Мароко, Шпанија, Белгија, Англија, Норвешка, Аргентина и Швајцарија. Суперкомпјутерот на Опта направи нова прогноза во која улогата на апсолутен фаворит ...

Хавиер Занети со години ги бранеше боите на аргентинскиот дрес и со огромна пожртвуваност настапуваше за „гаучосите“, но тој едноставно не дочека генерација која може да донесе успех како оваа актуелната на Лионел Скалони. Аргентинците како актуелни светски прваци пристапија на турнирот во САД, Мексико и Канада и се уште се живи во намерата да ја одбранат титулата, а самодовербата сигурно уште повеќе ќе порасне откако направија чудесен ...

Тоа што го најавија угледните шпански медиуми во текот на денот, оваа вечер доби официјална потврда, и тоа во вид на неколку објави од страна на Реал Бетис. Андалузискиот клуб ги прифати условите на Реал Мадрид и дозволи „кралевите“ да задржат 50 проценти од првата на Фран Гарсија, кој во наредните четири години треба да го носи дресот на Бетис. Левиот бек испадна од комбинација уште во конкуренција со Менди и Карерас, а откако Реал Мадрид ...

Шкендија имаше историски пат во Европа изминатава сезона и беше дел од нокаут фазата во Конференциската лига, натпреварување во кое сега ќе се обиде да стигне втора година по ред. Македонскиот вицешампион утре го отвора квалификацискиот циклус со натпревар против ФК Европа од Гибралтар, а поради фактот што не станува збор за некој поелитен ривал, најавите се доста оптимистички од тетовскиот табор. По заминувањето на Јетон Беќири, нов тренер ...

Ерлинг Халанд останува тесно поврзан со Манчестер Сити и со сето она што се очекува од новиот проект кој ќе го води Енцо Мареска, но истовремено, неговото име постојано се поврзува со еден клуб. Реал Мадрид е клубот кој многумина го гледаат како идна идеална дестинација за норвешкиот голгетер, па откако искрена изјава даде неговиот татко Алф Инге по победата над Бразил, сега се интересно признание се јави и Ханс Јоаким Вацке. Директорот кој ...

Бразилската јавност ќе мора да почека уште најмалку четири години за да види генерација која ќе се бори за титулата на светсите првенства, бидејќи оваа првата на Карло Анчелоти режираше идентично разочарување како сите претходно во изминатите две децении. „Кариоките“ и натаму важат за најголеми шампиони на светските првенства со пет освоени титули, но веќе подолго време Бразилците живеат на стара слава и последниот трофеј датира од 2002-ра ...

Килијан МБапе влезе во отворена медиумска војна со парагвајската сенаторка Селест Амарилја, која веднаш по осминафиналето меѓу Франција и Парагвај испорача жестоки критики за „триколорите“, но посебно за капитенот. Сенаторката го прозва Мбапе и посочи дека голманот Орландо Хил требал да му покаже среден прст поради тоа што не му подал рака, но во своето обраќање, француската култура ја спореди со онаа која ја имаат шимпанза. Оваа нејзина ...

Патишата на Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ повторно се вкрстуваа во полуфиналето на Вимблдон, а за разлика од пред една година, сега Италијанецот е тој кој влегува во дуелот како играч кој има поголем товар и обврска да оствари победа. Светскиот рекет број еден како бранител на титулата сигурно ќе сака слатка одмазда за болниот пораз кој го претрпе од Ноле во полуфиналето на Аустралијан Опен, но од друга страна, ветеранот ќе се обиде да даде се ...

Кристијано Роналдо го одигра последниот мундијал во кариерата и такво нешто најави самиот тој уште пред натпреварот со Шпанија, но по поразот и големото разочарување, не сакаше да открива дали тоа беше и неговиот последен танц во репрезентативниот тим. Капитенот допрва ќе одлучува дали вреди да остане во националниот тим, или е време да им остави простор на помладите, но пред да ја слушнеме неговата одлука, португалските оперативци имаа многу ...

Француската фудбалска Федерација се осоколи да достави жалба до ФИФА за смешниот жолт картон кој го доби Мајкл Олисе против Парагвај, особено откако виде како светската фудабалска куќа поништи директен црвен картон за американски репрезентативец во пресрет на осминафиналето на мундијалот. Случајот „Фоларин Балогун“ го вклучи и американскиот претседател Доналд Трамп, а откако беше извршен неверојатен притисок врз ФИФА, дисциплинците одлучија ...

Рубен Аморим прифати интересен и возбудлив проект во Милан откако пред половина година заработи отказ од Манчестер Јунајтед, а како човек кој треба да донесе свежа крв и нови идеи во Милано, веќе самиот има првични замисли за тоа како треба да изгледа тимот. Милан испорача рекорден трансфер и го доведе Гонсало Рамош како ударен фудбалер во нападот, но за Аморим, референтна точка за неговиот Милан и во иднина треба да претставува Лука Модриќ. ...

Манчестер Јунајтед навреме го договори Едерсон од Аталанта, но потрагата по втор играч за врска се претвори во доста сложена мисија, особено откако клубот остана покус во преговори со двајца играчи. Јунајтед најпрво ја загуби битката со Манчестер Сити за Елиот Андерсон, потоа му овозможи на Тотенхем да наддава и да го добие Матеу Фернандеш, но третиот избор на „ѓаволите“ донесе среќа и операцијата е завршена во доста брз период. Неколку дена ...

Александер Зверев за првпат стана грен слем шампион на Ролан Гарос, а еден месец подоцна, за првпат се пласираше и во едно полуфинале на Вимблдон. Германскиот тенисер имаше најтежок можен предизвик во четвртфиналната рунда во Ол Ингланд клубот, бидејќи против себе го имаше тенисерот од кој претрпе седум болни порази во низа. Тејлор Фриц се претвори во „црна мачка“ за Саша во изминатите две години, а после низа тешки удари и непријатни порази, ...

Нападот во фудбалот е оној кој носи возбуда и големи воздишки меѓу фановите ширум светот, но одбраната е таа која најчесто носи титули и големи успеси на клупска и репрезентативна сцена. Оваа теза дефинитивно и се допаѓа на Шпанија која е во импресивна серија без примен гол на мундијалите, без оглед на тоа што на претходниот турнир доживеа елиминација и не ги оправда очекувањата. „Фуријата“ нема примено гол на мундијалите од групната фаза ...

Новак Ѓоковиќ одигра спектакуларен и историски меч против Феликс Оже Алијасим во четвртфиналето на Вимблдон, но неколку часа подоцна, Србинот се најде во билтенот на турнирот со кој се одредуваат казни за претходни престапи. Вимблдон традиционално го објавува својот билтен за претходната натпреварувачка рунда која се одиграла во Ол Ингланд клубот, а во најновиот го има името и на новиот полуфиналист. Ноле го одигра најдолгото четвртфинале во ...

Египетските медиуми не можат да се помират од начинот на кој нивната селекција доживеа елиминација од Аргентина и реакциите во јавноста се навистина жестоки и брутални, а еден од најострите беше човекот кој е вистински лидер на тимот. Хосам Хасан како селектор на африканската селекција беше еден од најгласните по пресвртот кој го направи Аргентина за победа од 3:2, обвини дека првенството е однапред наместено за да шампион да бидат ...

Реал Мадрид се доведе во ситуација да има премногу играчи за една иста позиција со ангажманот на Марк Кукурелја, бидејќи шпанскиот репрезентативец се претвори во четврти активен лев бек во тимот кој ќе го води Жозе Мурињо. Кукурелја е купен со јасна намера да биде стартер во тимот на португалскиот стручњак, но само една година претходно, Реал Мадрид инвестираше многу средства и за ангажман на Алваро Карерас. Кога на овие двајца ќе се ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.07
51%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
1.74
65%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
80%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.93
56%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.18
63%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.84
96%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
40%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
47%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
5.36
69%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
75%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.43
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Калај

56.77

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50