Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ ја информираше јавноста дека е во тек втората фаза од донацијата на столчиња за терените и стадионите ширум нашата земја. Во втората „операција“ ќе бидат донирани близу 9.000, а на крјаот на процесот таа бројка ќе биде над 30.000 столчиња. -Ветивме дека ќе инвестираме во подобри услови за фудбалот. И тоа го правиме. Во првата фаза дониравме 8.270 столчиња за стадионите и ...
Норвешка против Англија е третото четвртфинале на Светското првенство, меч кој е закажан за утре од 23 часот. Скандинавците се најпријатно изненадување, „гордиот албион“ секогаш има највисоки цели и сонува за титула, па има доста причини за одлична фудбалска претстава во Мајами. Ерлинг Халанд како лидер на Норвежаните се обиде фаворитската улога да им ја препушти на Англичаните и порача дека притисокот е на нивна страна, а на ова стигна ...
Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Белгија со 2-1 и обезбеди место во полуфиналето на 23. Светско првенство каде ќе ги одмери силите со Франција. Шпанците беа многу подобар ривал од „црвените ѓаволи“ на соочувањето во Лос Анџелес, ја контролираа играта, ја имаа топката во своите нозе, се закануваат кон голот на противникот, но дури во 88 минута дојдоа до голот вреден победа, гол дело на Мерино. По шутот што го упати Кубарси, нововлезениот ...
Екипата на Милан официјално го претстави новото засилување за сезоната 2026/2027, засилување кое доаѓа од ривал од Серија А и тоа од редовите на Лацио. Нов член на „росонерите“ е дефанзивецот Марио Хила за кого ќе бидат издвоени 30 милиони евра. Марио се наметна по доаѓањето од Реал Мадрид, одигра неколку добри сезони и го привлече вниманието на повеќе екипи, но Милан беше оној кој беше најконкретен и го обезбеди стоперот до 30 јуни 2031 ...
Новак Ѓоковиќ доби тениска лекција од Јаник Синер на денешниот полуфинален меч на Вимблдон, меч во кој во ниту еден момент не беше закана за најдобриот тенисер на светот. Италијанецот беше одличен на свој сервис и притоа во трите „рунди“ направи по еден брејк што беше доволно за 3-0, трипати по 6-4. Ѓоковиќ доби можност за прва анализа и призна дека едноставно бил немоќен да направи нешто повеќе против Синер. -Не знам што можев да направам ...
Манчестер Јунајтед е во потрага по засилувања на средината на теренот во овој преоден рок, а едно од имињата за кои беше договорено дека ќе пристигнат на „Олд Трафорд“ е Едерсон од Аталанта. Двата клуба ги договорија условите за зделката, а Едерсон требаше по завршувањето на обврските со бразилската репрезентација да ги заврши медицинските прегледи и да се затвори операцијата. Меѓутоа по се изгледа Бразилецот не ги минал тестовите и ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години имаше успешен старт на Европското првенство Б-дивизија што се игра во Братислава. Во првиот меч на турнирот, избраниците на селекторот Никола Велев го совладаа домаќинот Словачка со 71:63. Ова беше соочување во кое видовме изедначена кошарка во три четвртини, ама не и во вториот период во кој нашите кошаркари комплетно го надиграа ривалот со 26:11. Ова беше клучот за триумфот кој носи ...
Франција го чека противникот во полуфиналето на Светското првенство, а тој ќе биде подобриот од вечерашното четвртфинале меѓу Шпанија и Белгија. Ова е меч кој се игра во Лос Анџелес и кој ќе го суди англискиот арбитар Мајкл Оливер, средба за која двајцата селекторот направија некои интересни потези кога се во прашање почетните постави. Предводникот на „црвената фурија“, Луис Де Ла Фуенте направи изненадување и го седна Педри на клупа, поточно ...
Најдобриот тенисер на светот, Јаник Синер оствари рутинска победа над Новак Ѓоковиќ во вечерашното полуфинале на Вимблдон. Тениските фанови очекуваа спектакл, сличен меч како на турнирот во Мелбурн одигран на почетокот на оваа календарска година, но наместо тоа видовме доминација на Италијанец, еден вид на репризан од минатата година кога на истиот овој терен исто го суреди Србинот со 3-0 во сетови. Wimbledon 2025 SF: Sinner D. Djokovic 6-3 ...
Португалија важеше за еден од топ 5 фаворитите за пехарот на Светското првенство, но не се прослави на турнирот во САД, Мексико и Канада каде забележа само две победи на петте натпревари и настапот го заврши во осминафиналната рунда. Тука воедно беше и крајот за селекторот Роберто Мартинез кој ја извршуваше оваа функција од 2023 година. Португалците или поточно нивнава федерација брзо се впушти во акција за наследникот на Шпанецот и тоа ...
Барселона имаше две успешни сезони под водство на Ханси Флик и тоа со лимитирани инвестиции, финансиски средства, ситуација која треба да се промени ова лето и стратегот да ги добие играчите кои ги посакува и со кои би можел да го направи тој посакуван исчекор, да се освои титулата во Лигата на шампионите. Веќе официјално е договорен Ентони Гордон кој пристигна од Њукасл, а на Англичаенцот за брзо време треба да му се приклучи германскиот ...
Искусниот македонски стручњак Борче Христов ја доби одговорноста да биде нов предводник на Пелистер, тим кој неочекувано доживеа колапс и испадна во Првата македонска лига во минатата сезона. Сега доаѓа нов бран на „зелено-белите“, предизвик и една единствена цел, експресен кам-бек во најсилната домашна фудбалска конкуренција. Веќе е формиран стручниот штаб на Христов, луѓето кои ќе му бидат најблиски соработници, а тоа се Трајче Стојковски ...
Работнички ќе го гледаме во Втората македонска лига во натпреварувачката 2026/2027, предизвик во кој ќе тргне со нов тренер во името на Баже Јанакиевски. Јанакиевски е познат по одличната епизода која ја имаше во тимот на Башкими, тим кој успеа да го врати во ПМФЛ, иста цел која сега ќе ја има со популарните „романтичари“. -Баже Јанакиевски е нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Тој денеска означи старт на подготовките за новата сезона, а ...
Еурофарм Пелистер 2 ќе биде предводен од Бранислав Ангеловски во новата сезона, па се влечат потези со кои клубот ќе се претстави во најдобро светло во натпреварувачката 2026/2027. Денеска е потврдено уште едно засилување и тоа на голманската позиција-Марко Трајков. Трајков во својата кариера има настапувано за тимот на Голден АРТ и составот на Тинекс Пролет. Претходно „зелено-белите“ ги обезбедија Божидар Илиески и Кристијан Симоноски. ...
Најдобриот германски тенисер, Александер Зверев избори место во големото финале на најпрестижниот грен слем турнир Вимблдон. Саша за првпат во кариерата ќе игра финале на трева на најголемата тениска сцена во Лондон, меч за титула со што стана трет Германец со ваков резулат во Опен ерата по Борис Бекер и Михаел Штих. Во денешното полуфинале Зверев ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Артур Фери кој правеше чуда во изминативе две ...
Првиот тренинг за пресезонските подготовки на Реал Мадрид е закажан за 13-ти јули во понеделник, но три дена претходно, Жозе Мурињо реши да го собере својот стручен штаб и да ги презентира првите идеи кои ги има замислено за тимот. Искусниот стручњак дочека втора етапа во „кралскиот клуб“ и ќе биде навистина интересно да се види како ќе се одвиваат работите, а покрај неговиот верен стручен штаб кој го следеше во Бенфика, во Реал ќе му се ...
Јирген Клоп е во исчекување на клучните преговори за преземање на германската фудбалска репрезентација, но пред да се случи тоа, искусниот стручњак педантно и професионално си ги извршува задачите кои ги има на актуелното Светско првенство. Како фудбалски експерт за „Магента ТВ“, Клоп од стартот на турнирот прави стручни анализи за се она што се случува на мундијалот, па истото важи и за четвртфиналната фаза. Клоп вчера беше крај теренот кога ...
Манчестер Јунајтед договори двајца играчи за врска во Едерсон и Андреј Сантош, но ниту еден од нив не го задоволува Пол Сколкс кој верува дека клубот прави погрешен потег, посебно со играчи кој доаѓа од Челси. За фудбалер кој ретко добиваше шанса до пред неколку месеци, Јунајтед одлучи да издвои 50 милиони фунти, па тоа за Сколс е вистинска бесмислица во ситуација кога на првиот тим му е потребен играч кој гарантира сигурност и квалитет како ...
Франција доминантно ја победи селекцијата на Мароко со 2:0 и измаршира до ново полуфинале на Светско првенство, трето во низа за „триколорите“ под водство на Дидие Дешамп. Килијан Мбапе беше доволно инспириран за да си ја поправи грешката од првиот дел кога не реализираше пенал, а суровоста која ја покажа на теренот со гол и асистенција, ја продолжи и пред француските новинари со кои се соочи по средбата. Во моменти на голема еуфорија, ...
Мохамед Уахби го наследи Валид Реграги за да го продолжи добриот мундијалски пат на Мароканците, но на патот на „атласките лавови“ повторно застана Франција која вчера одново се покажа како кобна за африканската селекција. Актуелниот светски вицешампион со едно доминантно издание заслужено славеше со 2:0, па иако теренската иницијатива и разликата во квалитет беше очигледна, селекторо Уахби смета дека првиот гол на Французините пристигна ...
Деклан Рајс одигра цел меч против Мексико и покрај тоа што имаше ситни проблеми со задната ложа, но откако успеа да го преживее напорниот натпревар на „Ацтека“, ѕвездата на Арсенал се соочува со нови проблеми пред четвртфиналето со Норвешка. Како што јавуваат угледните медиуми од Островот, Рајс ги пропуштил двата последни тренинзи на Англија во изминатите два дена, но уште поважно, нема никаков контакт со соиграчите во изминатите 48 часа. ...
Килијан Мбапе продолжува како вистински лидер на Франција на трето Светско првенство во низа, а во потерата да ги урне сите голгетерски рекорди на мундијалите, напаѓачот вчера постигна уште еден погодок. Иако најпрво не реализираше од пенал во првото полувреме, Мбапе во вториот дел одговори со маестрален гол и асистенција до Усман Дембеле, но покрај сите пофалби кои ги доби од француската јавност, сигурно поважна за него ќе биде изјавата од ...
Белгија на Руди Гарсија беше на работ од бездната и пред елиминација во 1/16 финалната рунда против Сенегал кога до самата завршница губеше со 2:0, но чудесниот пресврт против Африканците направи „црвените ѓаволи“ да добијат на самодоверба и да измаршираат до четвртфиналето. Белгијците и одржаа фудбалска лекција на Америка во осминафиналната рунда и славеа со убедливи 4:1, па иако малку кој ги гледаше како екипа која може да дојде до ...
Дарко Панчев како голем фудбалски фанатик ги следи сите случувања на мундијалот во САД, Мексико и Канада, а како човек кој е достоен да говори за сите актуелности на Светското првенство, легендарната „Кобра“ беше специјален гостин во утринската емисија на „Спортал“. Македонската „Златна копачка“ говореше на голем број теми во видео разговорот кој го водеше со српскиот медиум, но посебен за издвојување е делот во кој говори за фијаското на ...
Тјери Анри има обврски како стручен аналитичар за „Фокс Спортс“ на ова Светско првенство, но блискоста со големите ѕвезди и авторитетот му овозможуваат да има и силна конекција со луѓето кои се задолжени за логистика на француската репрезентација. Тити ја бодри Франција на секој одигран натпревар на мундијалот и од рунда во рунда има поголема самодоверба дека тимот може да оди до самиот крај, а вчера по средбата со Мароко, славниот напаѓач ги ...
Како дете од Битола и фудаблски продукт на Пелистер, Мартин Мирчевски реши да се врати во својот дом по пауза од девет години, а откако во изминатиот период насобра големо интернационално искуство, сега направи кам-бек во период кога навистина му е потребен на клубот. Мирчевски вчера беше претставен како прво големо летно засилување за новиот проект и целта ќе биде да се врати тимот во елитната Прва лига, па како човек кој добро му се познати ...
Пабло Гави важи за голем воин на теренот кој никогаш не се жали за ништо во фудбалот, а таков е случајот и во ситуација кога има прескромна минутажа на ова Светско првенство. Со исклучок на воведниот меч кога беше стартер против Зеленортските Острови, Гави на останатите четири меча одигра вкупно пет минути, но и покрај тоа што се загуби во ротацијата на Луис де ла Фуенте, за младата ѕвезда на Барселона поважен е тимскиот и национален успех. – ...
Третиот натпреварувачки ден од четвртфиналната фаза е резервиран за дуел меѓу Норвешка и Англија, а во пресрет на натпреварот кој се игра утре, главна ѕвезда меѓу „викинзите“ дефинитивно е Ерлинг Халанд. Неверојатниот напаѓач досега запиша седум голови на својот дебитантски мундијал и продолжува да го носи тимот кон завршната фаза, но сега на нивниот пат стои Англија која дефинитивно има уште поголеми амбиции на ова Светско првенство. Англија ...
Адрие Рабио издоминира во средниот ред на вчерашниот натпревар против Мароко и извонредно го диктираше темпото на игра, со што само потврди дека е исклучително важно да се има така искусен фудбалер на клучен дел од теренот во тимот на Дидие Дешамп. За разлика од некои други француски фудбалери кои покажаа големи симпатии кон Мароканците во вид на тешења на теренот и позитивни изјави по средбата, Рабио не беше баш најблагонаклонет кон ...
Кристијано Роналдо неславно го заврши и својот рекорден шести мундијал во кариерата, а со тоа и официјално стави крај на патувањата на светските првенства. Самиот португалски капитен потврди дека натпреварот со Шпанија значи одјава за него од мундијалите, па иако дополнително ќе носи одлука за тоа дали е време да се повлече од репрезентацијата, во моментов најактулна тема е онаа поврзана за елиминацијата од турнирот во САД, Мексико и Канада. ...