Лионел Меси со солзи во очите ја прослави победата над Египет во драматичните случувања во Атланта, па и покрај тоа што има освоено се што може да се освои во кариерата, со својата реакција покажа дека се уште многу му значи играњето за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ не ги криеше емоциите и се расплака по последниот судиски свиреж, а неговата емотивна реакција меѓу првите ја коментираше Златан Ибрахимовиќ. Како експерт за „Фокс Спортс“, ...

Египет испушти предност од 2:0 и уште долго ќе ја памети пропуштената шанса против Аргентина, но голем дел од африкансите фудаблери го завршија мечот со помисла дека се „ограбени“ од судијата Франсоа Летексие. На Египќаните им беше поништен гол поради прекршок и нагазнување во зачетокот на акцијата и стрелец на голот беше Зико, па иако истиот играч во продолжение повторно постигна регуларен гол за 2:0, на крајот една спорна ситуација во ...

Вардар со големи амбиции влезе во дуелот против Купс, но реалноста е дека македонскиот првак ќе мора да покаже далеку повеќе на реваншот за да остане жив во квалификациите за Лигата на шампиони. Денеска на националната арена „Тодор Проески“ гостуваше финскиот првак и беше јасно дека предизвикот за Вардар нема да биде воопшто лесен, но малку кој очекуваше лесна и комотна победа на ривалите со резултат 0:2. Иако вовендиот дел од мечот му ...

Јан Ленард Штруф е незгоден тест за било кој ривал кога е во прашање тревната подлога, а тоа го почувствува на своја кожа и светскиот рекет број еден, Јаник Синер. Иако не загуби ниту еден сет, Синер беше во голема мера тестиран од германскиот специјалист за трева, а мечот можеше да отиде и во друг правец ако искористеше сет топка во вториот сет. Штруф подобро го почна мечот и далеку полесно ги освојуваше своите сервис гејмови, но Синер успеа ...

Белгија се покажа посилна од потценувачките најави и срамниот преседан кој го направи ФИФА, а откако рано утрово го потопи САД со 4:1 во осминафиналето на Светското првенство, „црвените ѓаволи“ добија голем број неутрални фанови на своја страна. Светската спортска јавност се сврте против домаќинот на турнирот поради сите перипетии и срамната увертија со напаѓачот Балогун, па бидејќи Белгијците знаеја како да се израдуваат на високата победа ...

Лотар Матеус беше критички настроен кон Јулијан Нагелсман и ја пренасочи вината кон селекторот по мундијалското фијаско, па иако не навлегуваше во такви теми по болната елиминација на Бразил, легендата не крие дека е задоволна од епилогот кој го режираа Норвежаните. Ерлинг Халанд и соиграчите го елиминираа фаворитот и се пласираа во четвртфиналето, а за Матеус, посебна сатисфакција е тоа што спакуван за дома е Нејмар. Во својата редовна ...

Сонот на Аргентина за одбрана на светската титула останува жив, и тоа во ситуација кога светскиот шампион изгледаше дека е паднат на колена пред Египет. Африканската селекција се покажа како исклучително незгодна репрезентација за актуелниот шампион, но за Египќаните не се покажа како доволно ниту водството од 2:0. Првото полувреме донесе гол на Ибрахим и голманско шоу на Шобир во воведните 45 минути, бидејќи покрај тоа што му одбрани пенал ...

Руди Гарсија ги измеша картите и пронајде идеална стартна 11-ка во играчи кои не беа стартери на почетокот на Светското првенство, но испадна дека тоа е добитна комбинација за убедлива победа против САД. Белгијците имаа посебен мотив за игра по преседанот кој го направи ФИФА и им одржаа лекција на домаќините на нивни терен, меѓутоа победата од 4:1 не донесе само добри вести за Руди Гарсија. Белгискиот селектор може да биде презадоволен од ...

Египет води на паузата меѓу двете полувремиња против големиот фаворит Аргентина, најпрво поради голот кој го даде Јасер Ибрахим, но најмногу поради голманското шоу на Мостафа Шобир. Африканците знаеја како да ја претворат во гол својата единствена стопроцентна шанса која ја создадоа, а откако рано поведоа, му „фрлија ракавица“ на светскиот шампион. Аргентина брзо се разбуди и создаде неколку стопроцентни шанси, но убедливо најголемата беше ...

Македонија со максимален ефект од шест победи на шест натпревари ја мина воведната претквалификациска фаза за Евробаскетот, а како една од четирите селекции кои победија во своите групи, сега ќе биде дел од втората претквалификациска фаза во која одново ќе гледаме систем во групи. ФИБА одреди полудиригирана ждрепка и ги одреди носителите на четирите групи, а ждрепката која ќе се одржи во Минхен на 16-ти овој месец ќе ги распредели ...

Контроверзната одлука на ФИФА да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун не донесе посакуван резултат за американската репрезентација, но и покрај убедливата победа на Белгија со резултат 4:1, оваа тема е доста актуелна во јавноста. Преседанот кој го направи ФИФА ги разлути неутралните фудбалски фанови и голем дел од легендите на овој спорт, па во ситуација кога водечките луѓе почнаа да слушаат претседатели на земји домаќини и да ја ...

Карло Анчелоти се најде на удар откако Бразил доживеа ново големо разочарување на Светско првенство, но лошиот и болен пораз од Норвешка не ја менува трасата на „кариоките“, кои одлучија да му изгласаат доверба на Италијанецот. Анчелоти доби нов долгорочен договор неколку месеци пред мундијалот и водечките луѓе јасно му ставија до знаење дека се задоволни од неговата работа, па иако дел од медиумите почнаа да бараат оставка од Италијанецот, ...

Нуно Мендеш доби најголем дел од дуелите со Ламин Јамал и навистина добро се справи со најопасниот крилен напаѓач на Шпанците, но неговото тело попушти и кажа „стоп“ во воведните 10 минути од второто полувреме. Големата ѕвезда на ПСЖ важи за еден од најдобрите леви бекови во светот и тоа уште еднаш го покажа во дуелот со Јамал, а иако на хартија го доби дуелот, сепак не можеше да го доигра мечот. Без него на теренот, Португалија прими гол и ...

Македонскиот ракомет ќе биде доста застапен на европската сцена во натпреварувачката 2026/2027, Вардар ќе не претставува во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер во Европската лига, додека во Европскиот Куп на ЕХФ ќе имаме дури четири претставници. ГРК Охрид како шампион во оваа конкуренција бараше вајдал карта за настап во Лига Европа, истата не ја доби и останува во Европскиот Куп каде ќе тргне од второто коло. Тој ќе ја има улогата на ...

Англија е една од репрезентациите која се избори за билет за четвртфиналната фаза на Светското првенство каде за ривал ќе ја има селекцијата на Норвешка. Англичаните го преживеаа тешкото и незгодно гостување во Мексико Сити на култниот „Ацтека“, место на кое му пресудија на домаќинот Мексико со 3-2. Овој триумф носи самодоверба, надеж дека оваа селекција може да стигне до самиот крај, се „пали“ и јавноста на острвот, па Џон Тери го спореди ...

Екипата на ГРК Охрид не доби вајлд карта и нема да биде дел од второто по ранг натпреварување на ЕХФ-Европската лига. Имено актуелниот освојувач на Европскиот Куп не доби специјална покана, па Македонија ќе остане со еден претставник во оваа конкуренција и тоа во името на Еурофарм Пелистер. Македонскиот вицепрвак ќе биде една од 32 екипи кои ќе учествуваат во сезоната 2026/2027. „Зелено-белите“ се дел од првиот шешир заедно со Фленсбург, ...

Португалија на хартија важи за селекција која има супер квалитетни играчи, играчи од најсилните лиги, играчи со доста титули и токму поради ова земјата од Пиринеите имаше статус на еден од главните фаворити за пехарот на Светското првенство. Меѓутоа поранешните европски шампиони имаа лош настап на мундијалот, забележаа само една победа во групната фаза против Узбекистан, потоа на стартот на нокаут фазата дојдоа до среќна победа над Хрватска ...

Шпанија мина уште една пречка на Светското првенство, најголемиот предизвик во досегашниот дел од турнирот, селекцијата на Португалија. Шпанците славеа против соседот од Пиринеите со 1-0 и тоа со погодок во завршната фаза на натпреаврот кога по одличната акција и потоа асистенција на Феран Торес, реализираше Микел Мерино. -Беше навистина фантастичен натпревар, финале пред финалето и како што се очекуваше, страдавме до самиот крај. Одигравме ...

Селекцијата на Белгија многу полесно од очекувањата ја доби битката со Соединетите Американски Држави на Светското првенство. Домаќините имаа статус на благи фаворити поради се што покажаа претходно ан турнирот, меѓутоа Белгијците беа екстра мотивирани од повеќе причини особено по одлуката на ФИФА да му се поништи црвениот картон Фоларин Балогун и да му се дозволи да настапи токму против нив. „Црвените ѓаволи“ славеа со 4-1, а по последниот ...

Белгија забележа победа над Соединетите Америкаски Држави од 4-1 во мечот кој рано утрово се одигра во осминафиналната рунда на Светското првенство. Белгијците дадоа по два гола во двете полувремиња, победа по која не го криеја задоволството поради се што се случуваше во изминативе денови. „Црвените ѓаволи“ беа потценувани од Американците, целата приказна со поништениот црвен картон на Балогун, одлуката на ФИФА, реакциите, коментарите од ...

Италија е една од најмноќните фудбалски сили на планетава, земја со четири освоени Светски титули, но и воедно селекција која трипати во низа не успева да се пласира на мундијалите. Тоа е повеќе од една деценија што јасно говори дека Италијанците се соочуваат со доста проблеми за кои едноставно немаат решение. Андреа Пирло беше дел од последната генерација која донесе пехар за „аѕурите“ на најголемата планетарна сцена, а како човек чиј збор ...

Англија ја доби битката со Мексико во Мексико Сити и остана во игра за пехарот на 23. Светско фудбалско првенство. „Гордиот албион“ ја доби драмата со пет гола, мечот во кој најголемиот дел од второто полувреме го одигра со играч помалку, но покажа карактер, пронајде начин да даде погодок и со десетмина на теренот и на крајот да слави со 3-2. Хари Кејн беше еден од играчите кој имаше огромна улога за овој триумф, но токму фудбалерот на Баерн ...

Португалија не се прослави на 23. Светско фудбалско првенство, настан на кој доживеа елиминација во осминафиналето од соседот Шпанија. Овој неуспех ќе донесе промени во националниот тим, селекторот Роберто Мартинез си заминува, а останува да се види каква ќе биде иднината на дел од играчите особено на Кристијано Роналдо. Напаѓачот веќе порача дека ова му е последно СП, но не истакна и дека репрезентативната кариера му е завршена. И додека се ...

Португалија не се прослави на 23. Светско фудбалско првенство, настан на кој доживеа елиминација во осминафиналето од соседот Шпанија. Овој неуспех ќе донесе промени во националниот тим, селекторот Роберто Мартинез си заминува, а останува да се види каква ќе биде иднината на дел од играчите особено на Кристијано Роналдо. Напаѓачот веќе порача дека ова му е последно СП, но не истакна и дека репрезентативната кариера му е завршена. И додека се ...

Милан повлече неколку важни потези во досегашниот преоден рок, доведе нов тренер во името на Рубен Аморим, потроши огромна сума на пари за ангажман на португалскиот репрезентативец Гонсало Рамош, а следна цел е да ја засили дефанзивната линија. Трансфер мета на „росонерите“ е еден од клучните играчи на Лацио, Марио Хила. Лацијалите се подготвени да се разделат со Шпанецот, ама под нивни услови и веќа ја одбиле првата понуда на Милан вредна 25 ...

Англискиот фудбалски стручњак, Лиам Росениор се враќа на сцената и повторно ќе предводи клуб од најдобрите Топ 5 лиги во Европа. Росениор не се прослави на клупата на Челси каде издржа само неколку месеци и токму новиот ангажман треба да му помогне да ја врати самодовербата, да се врати на посакувата патека. Имено тој е назначен за тренер на францускиот прволигаш Париз кој минатата сезона ја заврши на 11 место во Лига 1. foto: parisfc.fr Ова ...

Бутел продолжува да го гради тимот за натпреварувачката 2026/2027, сезона за која официјално се доведе двајца талентирани ракометари на бековски позиции. Нови членови на македонскиот прволигаш се Андреј Ѓорѓески и Тодор Аксентиев. Ѓорѓески доаѓа од Алкалоид и ја покрива левата бековска позиција, додека Аксентиев кој настапува на спротивната страна пристигна од екипата на Мулти Есенс. Двајцата потпишаа договори до летото 2028 година. ...

Со максимален ефект од шест победи во исто толку натпревари, сениорската репрезентација на Македонија на убедлив начин ја заврши првата рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 и како првопласирана во групата „А“ обезбеди место во следната фаза од квалификацискиот циклус. По комплетирањето на натпреварите од првата рунда, познати се четирите национални селекции кои директно изборија пласман во втората рунда од ...

Португалија го заврши настапот на Светското првенство и тоа во осминафиналната фаза во која беа поразени од соседот Шпанија. Португалците важеа за еден од топ фаворитите за пехарот на овој мундијал, меѓутоа уште од првиот натпревар се виде дека некои работи не функционираат, групната фаза на крајот се мина без пораз, а со многу среќа беше мината Хрватска во првата нокат рунда за да веќе во следниот меч доживеат пораз кој го елиминираше од ...

Аргентина се уште е во игра за одбрана на титулата на Светското првенство, а новата пречка кон остварување на таа цел е селекцијата на Египет. Тоа е соочување кое е закажано за денеска од 18 часот, меч во кој „гаучосите“ на хартија се фаворит, но и натпревар кој ќе покаже дали битката со Зеленортските Острови беше само лош ден за јужноамериканците или навистина постојат толку слабости во играта на селекцијата која ја предводи Лионел Скалони. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
52%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.44
66%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.11
83%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
58%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.21
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.4
91%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.81
42%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.57
48%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
64%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.79
75%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.44
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Паладиум

43435.66

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Бакар

13.54

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00