Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Бразил ќе се соочи со Норвешка во осминафиналето на СП 2026, а селекторот Карло Анчелоти направи интересен избор за местото во стартните единаесет кое се ослободи поради повредата на Лукас Пакета. Габриел Мартинели е изненадувањето кое го направи италијанскиот стручњак, па останува да се види каква е неговата идеја за вклучувањето на уште еден крилен напаѓач во составот во кој во нападот го има триото Винисиус, Куња и Рајан. Претпоставките се ...
Македонската сениорска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако на гостувањето во Луксембург славеше со 80:66. И покрај бројните кадровски проблеми и скратениот ростер, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал уште еднаш покажаа карактер и заслужено стигнаа до шестата победа во низа. По натпреварот, Берокал направи анализа на одиграното, потенцирајќи дека неговиот тим ...
Раководството на Њукасл се реши на голема реконструкција на тимот во текот на ова лето, а една од поважните амбиции е да се профитира максимално од трансферите на досегашните први ѕвезди. Ентони Гордон веќе потпиша за Барселона, Сандро Тонали е на пат за промоција во Тотенхем, додека нема да биде изненадување ако Њукасл се откаже и од Бруно Гимараеш. Тоа подразбира дека „црно-белите“ треба да доведат и замени, а денеска е потврдено дека за ...
Раководството на Манчестер Јунајтед и натаму се обидува да обезбеди соодветни засилувања за првиот тим во пресрет на новата сезона, но барем засега е далеку од комплетирање на трансферите на дефицитарните позиции. Во обидот да му донесе квалитетен играч за врска на менаџерот Мајкл Карик, Јунајтед веќе имал контакти со агентите и клубови на повеќе квалитетни играчи, а најновата акција е поврзана со фудбалер на Челси. Англиските медиуми ...
Германските медиуми денеска пренесоа интересна и несекојдневна информација, а според истата многу познато име ќе настапува во аматерската деветта лига во оваа земја. Се работи за поранешниот германски репрезентативец Никлас Зиле, кој до неодамна беше член на Борусија Дортмунд, а сега потпишал за екипата на Тифенбах. Тифенбах се натпреварува во регионалната лига во областа Баден-Виртемберг, а Зиле пред „Скај Спорт“ потврдил дека се радува за ...
Маурисио Покетино денеска добил одлична вест од Светската фудбалска федерација, а во истата се вели дека соодветната комисија го поништила црвениот картон на Фоларин Балогун. Балогун доби директен црвен картон поради еден невнимателен старт на дуелот со Босна и Херцеговина, американските фанови се жалеа дека напаѓачот бил исклучен за ситуации кои на други натпревари не биле санкционирани, за сега да се случи целосен пресврт. Американскиот ...
Роман Сафиулин успеа да му украде еден сет на Новак Ѓоковиќ, но не можеше да го сопре големиот фаворит, дури и на мечот во кој српскиот тенисер не играше најпосакуваното ниво. Првиот сет донесе драматична тај-брејк завршница, но Ѓоковиќ го доби со 8:6 и дојде до посакуваната предност, а вториот сет го доби со 6:3. Русинот успеа да го добие третиот сет со 6:3, но во четвртиот немаше одговор за Ѓоковиќ, па грен-слем рекордерот го заокружи мечот ...
Македонската кошаркарска репрезентација го победи Луксембург (66:80) на гостински терен и со перфектен учинок го заврши настапот во претквалификациите за ЕП 2029. Селекторот Берокал и неговите избраници немаа проблем да ја потврдат разликата во класа против денешниот противник, па и со десет играчи во ростерот стигнаа до шестата победа од шест одиграни натпревари во групата. Македонија уште на полувреме водеше со 46:27 и го најави епилогот, а ...
Шарл Леклер профитираше максимално од проблемот со болидот кој го имаше Кими Антонели и конечно стигна до победа на Формула 1 трка, при што триумфот на Силверстоун му е прв по октомври 2024 година. Ферари беше блиску и до еден-два победа, но Луис Хамилтон ја загуби втората позиција затоа што влезе во бокс за време на безбедносното возило, а тоа не се тргна до крајот на трката и му овозможи на Џорџ Расел да го задржи второто место со истрошени ...
Карло Анчелоти го подготвува својот тим за осминафиналето против Норвешка и веќе направи интересна најава во вид на интервју за бразилски медиум, но тоа го направи и преку официјалната прес-конференција која ја одржа во Њујорк. Дон Карло говореше за квалитетите на противничкиот тим и добрата анализа која ја направил заедно со неговите фудбалери, но на новинарите им приложи и изјава која е доста коментирана во Бразил. Повратникот Нејмар не ...
Калин Ивановски имаше доста проблеми со повреди во изминатата година, но оваа седмица покажа дека непријатниот период е оставен зад него, и тоа со голема победа во неделното финале. Македонскиот тенисер ја освои титулата во Скопје и славеше над Владислав Орлов со 2:1 во сетови, а откако ја доби битката која траеше повеќе од два ипол часа, Ивановски им се обрати на фановите на трибините. Калин доби голема поддршка од љубителите на тенисот, а ...
Дајот Упамекано одработи нов добар натпревар за Франција и помогна тимот да не прими гол, а откако Франција на доста тежок начин се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, германските новинари изнудија коментар за една клупска тема. Додека трае Светското првенство, медиумите постојано лиферуваат информирации поврзани за трансфер шпекулации, па една од нив е поврзана и за Мајкл Олисе. Неверојатната француска ѕвезда е на радарот на ...
Французите минаа многу предизвици за време на мечот со Парагвај во фудбалска гледна точка, а беа сериозно тестирани и на психолошки план поради грубата игра на противниците и големиот број провокации од спротивната страна. „Триколорите“ се соочија со чуден ривал кој на секој начин се обидуваше да го извади фаворитот од рамнотежа, па кога тоа не му успеавше до груба игра и валкани потези на теренот, следеа и провокации. Тензијата на теренот се ...
Пеп Гвардиола си замина од Манчестер Сити после десет години и стави крај на една незаборавна авантура, по што самиот најави дека сега следи период кога ќе се десконектира од фудбалот. Шпанецот сака пауза пред да размисли во кој правец ќе оди неговата кариера, но додека тој одмора и ужива во летниот период, Холанѓаните почнаа да му кројат планови. „Лалињата“ останаа без селектор откако Роналд Куман презема одговорност и си поднесе оставка, па ...
Фудбалот во Јужна Америка се разликува од оној во Европа и чести слики од фудбалските натпревари се остри стартови и безпоштедни битки, но се чини дека играчите од Парагвај вчера малку претераа во намерите да му парираат на актуелниот светски вицешампион. Французите се намачија против агресивните Парагвајци и мораа да се носат со различни ситуации во кои останаа ладнокрвни, па иако на крајот се радуваа „триколорите“, нервозата не изостана по ...
Поради специјална клаузула во својот договор, Дензел Дамфрис стана достапен за голем број европски великани, но беше јасно дека Реал Мадрид ја доби оваа битка уште пред почетокот на летниот преоден рок. Опцијата да си замине за само 20 милиони евра од Интер го натера Реал да реагира уште на крајот на месец мај, а откако Флорентино Перез во јуни го најави како едно од осигураните летни засилувања во својата претседателска кампања, сега конечно ...
Маркус Рашфорд доби статус на стартер на почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, сето тоа како награда за добрите изданија кои ги прикажа како „џокер“ од клупата. Рашфорд беше еден од најактивните англиски фудбалери во моментите кога фаворитот бркаше пресврт против ДР Конго, а добрата атмосфера која ја негува во последно време, сега направи да режира и вирална сцена на последниот тренинг. Англичаните утре наутро ќе играат ...
Килијан Мбапе мораше да ја сочува ладнокрвноста и да презентира неверојатна истрајност во дуелите со парагвајските фудбалери, не само поради битката која ја имаше на теренот, туку и поради провокациите кои мораше да се носи. Францускиот капитен беше мета на неколку парагвајски фудбалери и вистинско чудо е како успеа да одолее на сите провокации, па токму тоа направи Мбапе да биде видно еуфоричен по последниот судиски свиреж. Покрај тоа што ...
Парагвај реши да им парира на Французите со груба игра и низа провокациите на теренот, па иако тоа им успеваше во најголем дел од мечот, еден момент пресуди фаворитот да постигне гол и да се пласира во четвртфиналето. Агресивните Парагвајци направија се што е во нивна моќ да ги дестабилизираат и испровоцираат француските ѕвезди, но таквиот пристап на крајот направи да видиме пенал, по кој Мбапе постигна гол вреден важна победа. Французите ...
Жозима Евора Диаш доби планетарна популарност со неверојатното издание кое го имаше против Шпанија и доби милиони следбеници на социјалните мрежи, но со своите изданија во наредните средби на мундијалот, популарниот Возиња покажа дека тоа не било случајност. Голманот на Зеленортските Острови ги освои симпатиите на пошироката светска јавност и е еден од хероите на мундијалот во САД, Мексико и Канада, без оглед на тоа што тој и неговите ...
Пирнејското дерби меѓу Шпанија и Португалија се очекува да биде едно од „најжешките“ во осминафиналната рунда на Светското првенство, не само поради близината на двете земји, туку и поради големото ривалство кое го негуваат низ децениите. Португалија ја доби последната битка во финалето на Лигата на нации во пенал рулет и тој натпревар беше исклучително израмнет, а од поновата мундијалската историја, за издвојување се оние 3:3 од 2018-та ...
Англија веќе неколку дена се аклиматизира во Мексико Сити и се подготвува за осминафиналето за еден од кодомаќините на Светското првенство, но во најавата за овој дуел, доста многу се зборува за борбата против надморската височина која ќе има европската селекција. Играњето на надморска височина од повеќе од 2 илјади метри дефинитивно не е вообичаено за европските селекции, па во јавноста се појави и шпекулација дека Англичаните почнале да ...
Шпанија не го почна мундијалот на посакуван начин и беше потребно малку време за да го видиме европскиот шампион во свој ритам, но се чини дека „фуријата“ полека ја пронаоѓа својата најдобра верзија за нокаут фазата. Актуелниот европски првак ќе има тешка задача во осминафиналето и ќе гледаме пиринејско дерби меѓу Шпанија и Португалија, а тоа го прави патот до големото финале доста сложен за двете репрезентации. Шпанија загуби од Португалија ...
Стале Солбакен направи официјална најава на осминафиналето меѓу Норвешка и Бразил кое се игра вечерва во Њујорк, а додека го правеше тоа, не пропушти да направи споредба меѓу двете најголеми ѕвезди на двата тима. Ерлинг Халанд го игра својот дебитантски мундијал и ќе даде се од себе да се задржи што повеќе, па иако Бразил влегува со фаворитска улога, „викинзите“ не планираат да се откажат така лесно. Солбакен им ја предаде улогата на фаворити ...
Франција излезе како победник во меч со многу валкани игри од Парагвај, а токму грубата игра на Јужноамериканците и нивниот провокативен став на теренот се едни од најкоментираните работи по пласманот на „триколорите“ во четвртфиналето. Килијан Мбапе како капитен на националниот тим не остана рамнодушен и ги „поздрави“ ривалите по крајот на мечот, но интересно резиме направи и Златан Ибрахимовиќ. Како стручен аналитичар за „Фокс Спортс“, ...
Килијан Мбапе го постигна голот за победа на Франција од белата точка, па и покрај тоа што истиот се покажа како доволен за четвртфинале на Светско првенство, испровоцираниот француски капитен по средбата говореше и за теми кои му тежеа на срце. Мбапе беше провоциран од парагвајските фудбалери во повеќе наврати и некако успеа да се исконтролира на теренот, но затоа по средбата не штедеше критики за Јужноамериканците и нагласи дека Франција ...
Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја засили средината на теренот во овој преоден рок, односно да донесе уште некое име освен Едерсон од Аталната кој се очекува да биде официјализиран во наредниот период. Некои играчи кои се поврзуваа со „црвените ѓаволи“ како на пример Елиот Андерсон, Матеуш Фернандеш и Сандро Тонали одбраа други клубови и ќе се преселат во Манчестер Сити и Тотенхем. Јунајтед има и други фудбалери на листата за кои сигурно ќе ...
Парагвајскиот бункер се покажа како тешко премостлива пречка за уште една голема репрезентација, но за разлика од Германија, Франција успеа да најде решение и со многу мака го реши натпреварот во регуларните 90 минути. Во меч во кој не преовладуваше допадлив фудбал, Парагвајците се погрижија за доста деструктивен фудбал без многу шанси, па во такви услови, беше јасно дека ќе решава еден момент, или натпреварот ќе отиде во продолженија и ...
Германија не се прослави на уште еден голем настан, овојпат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. На претходните два турнири по освојувањето на мундијалската титула, Германците не успеаа да ја минат групната фаза, а и овојпат резултатот беше сличен со тоа што ја минаа првата рунда во која покажаа слабости, но во елиминациите налетаа на Парагвај кој ги исфрли од мундијалот. Овој неуспех се очекува да донесе значајни промени, си ...
Зеленортските Острови важеа за огромен аутсајдер во соочувањето со Аргентина, но на теренот покажаа дека се репрезентација за почит, репрезентација со квалитет, репрезентација која е организирана и која знае што сака, па актуелниот светски шампион мораше да се поти и да игра дополнителни 30 минути за да ги елиминира од турнирот. „Гаучосите“ на крајот славеа со 3-2 и тоа на мечот во кој трипати водеа, но триумфот на крајот сосема заслужено ...