Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Кога културата и традицијата се негуваат со љубов и посветеност, тие стануваат најсилниот мост меѓу минатото, сегашноста и иднината. Токму затоа, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост е дел од поддржувачите на фестивалот Охридско лето, најзначајната културна манифестација во земјава и еден од најреномираните фестивали во Европа. Од 12 јули, Охрид повторно ќе стане сцена на врвната музичка и драмска уметност, ...
Стипендистката на Македонскиот оимписки комитет и тениски тренер Даниела Колева успешно го заврши престижниот Меѓународен курс за тренери (International Coaching Course – ICC) во Будимпешта, кој го реализираше со поддршка на програмата Олимписка солидарност. Осумнеделната едукативна програма, организирана од Унгарскиот универзитет за спортски науки (Hungarian University of Sports Science – HUSS), во соработка со Меѓународниот олимписки ...
Баерн Минхен пред неколку дена го потврди пристигнувањето на Исмаил Саибари, а денеска германскиот шампион се пофали и со потписот на Натаниел Браун. Германскиот репрезентативец се врати разочаран од мундијалот, но неколку дена по болната елиминација, повлече многу важен потег во својата фудбалска кариера. Левиот бек доаѓа од редовите на Ајнтрахт Франкфурт, а најавите на германските медиуми се дека Баварците платиле околу 55 милиони евра за ...
Синоќа во Скопје на Вонредното изборно собрание на Шаховската федерација на Македонија беше избран нов претседател – охриѓанецот Дејан Панделески, во предвечерјето на големиот христијански празник, Свети Наум Чудотворец. Шаховската федерација на Македонија на минатите две собранија прикажа негативни финансиски резултати од работењето, а претходното изборно собрание одржано во март 2025 година беше прогласено за нерегуларно од страна на ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше пречек за македонската тенисерка Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на најпрестижниот светски тениски турнир на Вимблдон, каде за првпат во историјата една македонска тенисерка настапи во главната фаза. Со овој гест, Министерството за спорт и Владата испратија јасна порака дека државата знае да ги препознае, вреднува и почитува спортските успеси кои испишуваат нови страници во ...
Јулијан Нагелсман и официјално веќе не е германски селектор, а федерацијата денеска ја потврди таа информација откако е завршен состанокот на највисокото раководно тело. Елиминацијата од Парагвај на СП 2026 донесе големо разочарување за германската фудбалска јавност, па неуспехот беше преголем товар за Нагелсман, кој доби отказ од федерацијата. Преку своите официјални канали, Германската фудбалска федерација му се заблагодари на Нагелсман за ...
Премиерлигашот Борнмут денеска го потврди трансферот на уругвајскиот младински репрезентативец Алваро Родригез, кој доаѓа од редовите на Елче. 21-годишниот фудбалер е роден во Шпанија и има право да настапува и за европската селекција, а потекнува од младинските академии на Џирона и Реал Мадрид. Борнмут ќе плати фиксна сума од 21,4 милиони фунти, истата може да достигне 25,7 милиони фунти преку бонуси, а 50 проценти од сумата ќе заврши кај ...
Француската фудбалска репрезентација го оправдува статусот на еден од најголемите фаворити за триумф на СП 2026, а досегашните настапи најавуваат дека Дидие Дешамп и неговите избраници се решени да донесат уште еден мундијалски трофеј за својата земја. Мбапе, Олисе и останатите добиваат комплименти од сите страни, француските фанови се еуфорични, но тоа сериозно му пречи на Даниел Риоло, еден од најугледните и најпознати фудбалски новинари и ...
Џејлен Браун го напушта Бостон и ќе биде нов член на Филаделфија, а во својот прв коментар за размената признал дека е разочаран од ваквото сценарио. Браун беше лидер на Селтикс, посебно во моментите кога Џејсон Тејтум беше долго повреден и импресионираше со своите бројки во зелениот дрес, но раководството на франшизата реши да го испрати во Филаделфија. – Се уште процесирам што се случи и како се случи. – Возбуден сум, но и разочаран во исто ...
Раководството на Реал Мадрид реши да го повтори чекорот кој го презема во однос на шпекулациите за трансфер на Мајкл Олисе, па денеска издаде слично соопштение поврзано со Енцо Фернандез. Откако стана јасно дека аргентинскиот репрезентативец бара начин да се раздели со Челси и посакува трансфер во Реал Мадрид, дел од медиумите постојано шпекулираат дека Енцо е желба и на Жозе Мурињо и Реал размислува да најде компромис за негово ангажирање од ...
Наполи ќе има нов тренер во новата сезона, а Антонио Конте ќе биде заменет со Масимилијано Алегри. Искусниот стручњак доби отказ по само една сезона на клупата на Милан, па сега прифати нов предизвик во уште една екипа од врвот на италијанскиот фудбал. Наполи и Конте се разделија по двегодишна соработка и едно освоено скудето, а утринава клубот го потврди Алегри, кој мораше да чека официјално раскинување на договорот со „росонерите“. Mister ...
Германската фудбалска јавност е разочарана од раната елиминација на репрезентацијата на СП 2026, а селекторот Јулијан Нагелсман очигледно нема иднина на селекторската позиција и прашање на часови е кога ќе биде потврдено дека заминува од функцијата. Фановите посакуваат реактивирање на Јирген Клоп и негов прв селекторски предизвик, а оваа опција е фаворизирана и од поранешните репрезентативци кои не гледаат поидеална опција од ангажманот на ...
Државното првенство ги даде сите учесници за големото меѓународно финале на Плазма Спортските игри за млади, кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит. Македонија од оваа година за првпат е дел од големото СИМ семејство. Едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа овозможува бесплатен спорт за секое дете, без разлика од каква средина доаѓа. Општина Кисела Вода беше домаќин на Државното првенство, на кое се натпреваруваа ...
Со максимални пет победи од исто толку натпревари, Македонија го завери првото место во групата „А“ и обезбеди пласман во следната фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029. По убедливиот триумф над Ирска, Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена. – Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на следниот ...
Унај Симон има голема доверба кај шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, а нивната долга и успешна соработка му даваат предност во конкуренција на голмани како Давид Раја и Жоан Гарсија. Симон и вчера немаше големи проблеми на дуелот со Австрија, а фактот што неговата репрезентација победи со 3:0, му донесе и мундијалски рекорд. Шпанскиот голман стигна до серија од вкупно 519 минути без примен гол, серија која започна на претходното светско ...
Хрватите попусто се израдуваа на израмнувачкиот гол на дуелот со Португалија во Торонто, бидејќи ВАР проверката утврди дека Игор Матановиќ имал минимален контакт со топката и активирал офсајд ситуација во акцијата во која Гвардиол мислеше дека го израмнил резултатот. Голот беше поништен врз база на записот од сензорот вграден во топката, носејќи големо разочарување за избраниците на Златко Далиќ, кои го завршија настапот на ова светско ...
Манчестер Јунајтед мора да доведе неколку квалитетни играчи во летниот преоден рок, а досега не успеа да ја добие битката за Матеус Фернандеш, кој на крајот потпиша за Тотенхем. Португалецот не го избра клубот чиј лидер е неговиот сонародник Бруно, но Јунајтед брзо мора да се рефокусира на следната цел, а тоа е Карлос Балеба. Екипата од „Олд Трафорд“ одамна го следи фудбалерот на Брајтон, последниот обид да го доведе беше неуспешен поради ...
Хрватска зад себе има големи успеси на светските првенства, но на ова во САД, Канада и Мексико, го заврши настапот уште во првата рунда од нокаут фазата. Избраниците на Златко Далиќ загубија од Португалија во инфаркт завршница, во која им беше поништен гол во последните моменти, а хрватскиот селектор имал сериозни забелешки на судењето на целата средба. – Судењето беше многу лошо, ниту еден прекршок, ниту еден прекин за нас. – Но, Хрватска ...
Фудбалската репрезентација на Швајцарија со два гола го откажа Алжир од амбицијата да избори осминафинале на светското првенство, а за себе обезбеди победа (2:0) во мундијалската нокаут фаза првпат по 1938 година. Швајцарците рано го отворија резултатот во Ванкувер, Манзамби направи проблем за противничката одбрана и го проигра Емболо, кој во 10. минута донесе предност за европската селекција. Алжирците не успеаја да направат нешто конкретно ...
Ламин Јамал не учествуваше во ниту еден од трите голови кои ги постигна Шпанија, но поради максималното залагање и дриблинзите кои ги имаше во завршната третина од мечот, младата ѕвезда на Барселона беше избрана за МВП од ФИФА. „Фуријата“ ги запали моторите во нокаут фазата и го одигра најкомплетниот меч во досегашниот тек на мундијалот, а додека Шпанците ја полнеа мрежата на Австријците, шоуто го украде малиот брат на Јамал. Малечкиот Кејн ...
ФИФА имплементираше низа нови правила во пресрет на Светското првенство и добар дел од нив веќе се применуваат на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но убедливо најкоментирани се две кои внесоа голема нервоза меѓу играчите, но и меѓу фудбалските фанови. Задолжителната пауза за хидратација на средина на секое полувреме направи фудбалот да се подели на четири четвртини и тоа се коси со природата на играта и долгогодишната традиција, па иако ...
Марсел Десаи е добро познато име, некогашен француски репрезентативец кој со својата земја стана европски и светски шампион. Во кариерата беше дел од големи клубови како Олимпик Марсеј, Милан и Челси и остави трага настапувајќи како стопер, но и како последен играч за врска. Десеи денеска од поинаков агол ги прати фудбалските случувања и го издвои играчот кој според него е најдобар стопер на светот, сонародникот Вилијам Салиба. -Кој според ...
Големото европско дерби меѓу Португалија и Хрватска донесе неверојатна фудбалска драма во Торонто, која на крајот донесе и несекојдневни моменти во кои решаваше најмодерната технологија која се воведе во фудаблот. Хрватска одигра потпросечно прво полувреме и имаше голема среќа што на пауза замина со резултат 0:0, но избраниците на Златко Далиќ излегоа со доста поведар дух во вториот дел и веднаш најавија дека ќе се прикажат во друго светло. ...
Германија не се прослави на трето Светско првенство во низа со тоа што овојпат имаше напредок од претходните две затоа што беше мината групната фаза, но потоа дојде огромно разочарување и елиминација од Парагвај во 1/16 финалната рунда. Селекторот Јулијан Нагелсман заработи доста критики со тоа што самиот тој порача дека би сакал да продолжи на сегашната позиција, но како што одминува времето станува јасно дека е минато, односно прашање е на ...
Селекцијата на Шпанија ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Австрија и избори пласман во осминафиналето на 23. Светско првенство кое се одржува во САД, Мексико и Канада. Светскиот шампион од 2010 година издоминира против Австријците и сосема заслужено издвојува победа од 3-0. Избраниците на Рангник не упатија ниту еден удар во рамките на голот на Симон, но затоа Шпанците од друга страна имаа 23 упатени удари, десет директно кон ...
Македонската кошаркарска репрезентација дојде до посакуванииот резултат во соочувањето со Ирска, победа со која ставивме печат на првото место во групата. Сега имаме пет од пет во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, односно добра најава за тоа што следи посериозни предизвици во блиска иднина со тоа што овој дел ќе го заоркужиме во недела против Луксембург. -Очекувавме убедлива победа затоа што Ирска е тврд противник, ...
Франција беше финалист на двете претходно Светски првенства со тоа што во 2018 година се искачи на тронот, а во 2022 загуби од Аргентина. Сега „триколорите“ одново играа на највисоко ниво и имаат една и единствена цел, да станат шампиони и ако се суди по тоа што досега го покажаа сосема заслужено го имаат статусот на први фаворити за пехарот. Веќе се почество се поставува прашањето дали има репрезентација која може да ги запре, да им застане ...
Македонија ја совлада Ирска со 77-56 во средбата од петтото коло од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Со ова нашата селекција го задржа перфектниот учинок во групата и стави печат на првото место и пласманот во наредната рунда. Селекторот Жозеп Марија Берокал е задоволен од она што неговите избраници го покажаа во салата „Лазар Лечиќ“, меѓутоа воедно порача дека работата сè уште не е завршена. -Мислам дека одигравме добар натпревар. Не ...
Македонскиот тенисер, Калин Ивановски успеа да избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот што се игра во Скопје. Ивановски го надигра Лиам Деликата од Малта со 2-0 во сетови (6:4, 6:3), триумф кој го носи на соочување со шестиот носител на турнирот Александер Вајс од Италија кој денеска го доби Амар Хусеиновиќ. Кога се во прашање останатите македонски тенисери Горазд Србљак во заврши настапот во поединечна конкуренција, додека Обрад ...
Шпанија против Австрија е првиот пат од денешната 1/16 финална рунда на 23. Светско фудбалско првенство, меч кој се игра во Лос Анџелес со почеток од 21 часот. „Црвената фурија“ не блескаше во групната фаза, ама рутински ја мина без примен гол, но ова се очекува да биде првиот посериозен испит, испит на кој грешка ќе значи крај на мундијаскиот сон. Де Ла Фунте изведе очекуван состав со тоа што Педро Поро добива шанса од почеток на десната ...